трговци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 13:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Убеден сум дека трговците ќе ги почитуваат мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-ubeden-sum-deka-trgovtsite-ke-gi-pochituvaat-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-ubeden-sum-deka-trgovtsite-ke-gi-pochituvaat-merkite/#respond Mon, 03 Apr 2023 13:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=819566

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките за овошје и зеленчук. Бектеши истакна дека инспекторатите во нашата држава согласно законот се независни и тие директно даваат извештаи на Владата, затоа што, како што рече, „на седница на Владата, сме ги задолжиле сите инспекциски служби во нашата држава да направат засилени контроли, согласно нивните надлежности“. - Координирано ќе биде постапено од страна и на инспекторатите, вклучувајќи ја тука и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Но, јас мислам и убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките и имаме искуство од последните две-три недели, дека над 90 отсто се почитуваат, посебно во големите супермаркети, заради тоа што се зборува за мерка што важи 25 дена, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање, како ќе се контролира почитувањето на мерката. Во однос на времетраењето од 25 дена на мерката, Бектеши појасни дека тоа е така, заради тоа што речиси целосно сме зависни од увозот. - Немаме наше домашно производство, и речиси целосно сме зависни од увозот. Посебно од Грција и од Албанија за повеќето од производите и секако дека не треба да оставиме простор да има такви маржи било тоа и една недела, а не пак да биде месец и пол или два месеца. А, од крајот на април, почетокот на мај, веќе ќе почнат да се пласираат нашите домашни производи, рече Бектеши. На заедничката прес-конференција на Бектеши со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, се постави прашањето како ќе бидат контролирани зелените пазари, „имајќи предвид дека најголем дел овошје и зеленчук се продаваат таму“, на што Трајковски појасни дека Државниот пазарен инспекторат, по донесување и на најновата одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, ќе настапи координирано и со другите институции како што се УЈП и МВР и заеднички во координирани акции ќе ги вршат овие надзори и на пазарите. - Со сите други институции што се надлежни. Доколку немаат регистрирано дејност, значи си има санкција по закон за оној што врши дејност, а не е регистриран, подвлече тој. Прашан како ќе се контролира цената по класа на производи, за да се избегне „да плаќаме за прва, но да добиеме втора или трета класа производи“, Бектеши, рече дека тоа во детали треба да го објасни Министерството за земјоделие или Агенцијата за храна и ветеринарство. - Но, овие одлуки се донесени во целосна согласност и со поддршка од страна на Министерството за земјоделие. Наша обврска, како Министерство за економија, беше да направиме анализи во делот на колку било просечно како цена во тек на март, колку се увезни цени, во делот на маржите, дали се почитуваат одредени маржи или пак не, во делот на квалитетот на овошје и зеленчук обратете се во Министерството за земјоделие или пак во Агенцијата за храна и ветеринарство. Јас сум убеден дека кога ќе се пласираат нашите домашни производи, овие цени речиси за 30, 40 отсто ќе бидат уште пониски од тоа што ние сме ги определиле сега, на денешен ден, дециден беше министерот. Владата денеска ја донесе одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов. Како што соопшти министерот, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-ubeden-sum-deka-trgovtsite-ke-gi-pochituvaat-merkite/feed/ 0
Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/#respond Thu, 23 Jun 2022 09:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=694542

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство. -Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар, смета Витанов. Додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција. -Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената, рече Витанов. Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/feed/ 0
Шестнаесет трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shestnaeset-trgovci-ne-ja-pochituvale-odlukata-za-posebni-uslovi-za-trgovijata-na-oddelni-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shestnaeset-trgovci-ne-ja-pochituvale-odlukata-za-posebni-uslovi-za-trgovijata-na-oddelni-stoki/#respond Mon, 14 Mar 2022 14:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=647056

Шестнаесет трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата според која лебот, маслото за јадење и брашното треба да се продаваат по набавна цена, а дел од останатите прехранбени производи по намалени маржи. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска во изјава за МИА вели дека во петокот и саботата се извршени 162 инспекциски надзори, при што се изречени мерки против 33 трговци. Од нив, 16 трговци не ја почитувале одлуката, а кај 17 трговци на лице место не е најдена потребната евиденција во трговијата. Во однос на информациите дека одредени маркети го ограничувале количеството на прехранбени производи што можат граѓаните да ги купат, Симеска-Димоска вели дека во саботата имаат констатирано такво нешто и дека е поднесен поднесок за нечесно пазарно однесување. Од Пазарниот инспекторат најавуваат дека контролите продолжуваат и денеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shestnaeset-trgovci-ne-ja-pochituvale-odlukata-za-posebni-uslovi-za-trgovijata-na-oddelni-stoki/feed/ 0
Казни од 800 до 10.000 евра за секој трговец кој нема да ги замрзне цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-od-800-do-10-000-evra-za-sekoj-trgovec-koj-nema-da-gi-zamrzne-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-od-800-do-10-000-evra-za-sekoj-trgovec-koj-nema-da-gi-zamrzne-cenite/#respond Tue, 01 Mar 2022 14:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=638724

Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите трговци да ја почитуваат владината одлука за ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи зашто од неа, како што истакна, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало стапи во сила денеска, а минатиот вторник ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија. Со тоа, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31-ви мај годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-od-800-do-10-000-evra-za-sekoj-trgovec-koj-nema-da-gi-zamrzne-cenite/feed/ 0
Трговците кои се занимаваат со малопродажба со барања до Владата и надлежните институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-koi-se-zanimavaat-so-maloprodazba-so-baranja-do-vladata-i-nadleznite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-koi-se-zanimavaat-so-maloprodazba-so-baranja-do-vladata-i-nadleznite-institucii/#respond Sun, 29 Mar 2020 10:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=323795

Трговците кои се занимаваат со малопродажба бараат од Владата и наделжните институции да не ги заборават и во пакетот мерки да бидат вклучени и нивните мали бизниси. -Во Македонија од вкупно регистринани фирми, 80% се микро и мали претпријатија. Тоа покажува дека сме значителен дел од економијата на земјата. И владата треба сериозно да размисли. Сите вие, кога се движите по улица каде и да се свртите гледате мали, малопродажни продавници. Тоа е Македонија, тоа сме ние, а од средина на март сите имаме клуч на врата и со овие загуби ни се заканува целосен колапс и отпушрање на повеќе од 20 000 работници, а за голем дел од нас ова е основен и единствен начин на егзистенција, велат трговците и додаваат: „Затоа бараме: -бруто плати, додека траат мерките од страна на владата, да бидат на товар на државата (март, април, мај) ; - да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн. ; - субвенционирани не повратни средства ; Сите овие мерки бараме да имаат важност се до престанокот на важноста на мерките предложени од страна на владата“. Исто така, велат тие, сакаме да апелираме до сопствениците на објектите, во знак на солидарност да се откажат од закупнината за овие месеци, бидејќи не работиме и молба до Владата да ги употреби сите мехинизми во вонредна ситуација, преку уредба да им наложи на истите да ги замрзнат или олеснат околностите во однос на плаќањето. Товарот треба сите заеднички да го понесеме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-koi-se-zanimavaat-so-maloprodazba-so-baranja-do-vladata-i-nadleznite-institucii/feed/ 0
Трговците да ги почитуваат одлуките за замрзнување на цените, казни до 8.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-da-gi-pochituvaat-odlukite-za-zamrznuvanje-na-cenite-kazni-do-8-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-da-gi-pochituvaat-odlukite-za-zamrznuvanje-na-cenite-kazni-do-8-000-evra/#respond Wed, 25 Mar 2020 06:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=321705

Трговците да ги почитуваат мерките што се однесуваат на коронавирусот во делот на замрзнување на цените, апелираа надлежните. Инспекциите се на терен, а казните изнесуваат осум илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Покрај замрзнување на цените на основни продукти, се замрзнуваат и цените на јужното овошје. -Би сакал да ги повикам сите компании посебно големите и малите трговци, но истовремено и производителите на прехранбени производи да ги почитуваат одлуките од Владата за цените, бидејќи одлуките се конкретни, концизни и прецизни. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) работи и ги прави соодветните контроли, но апелирам граѓаните да пријавуваат  неправилности на бесплатниот телефонски број 191, истакна вчера министерот за економија Крешник Бектеши, потсетувајќи дека е донесена одлука за замрзнување на цените на јужното овошје. Тој истакна дека Министерството за економија првично презеде мерки што се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, посебно на основните прехранбени производи и соодветно на своите надлежности, забрани и извоз на брашно и пченица за други држави. Ги повика компаниите да не ја користат можноста за правење профит, бидејќи, како што рече, сега не е време за тоа. Инспекциските служби во периодот од 19 до 22 овој месец спровеле вкупно 11.358 надзори на терен во насока на спроведување на владините мерки за справување на ширење на корона вирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. Државниот пазарен инспекторат од 19 до 22 март спровел 869 надзори за контрола на замрзнатите цени, при што кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цените на неколку производи, но субјектите, како што беше соопштено вчера, се веднаш задолжени да постапат по одлуката и да ги вратат старите цени од 11 март годинава. – Нашите инспектори и таму постапуваат. Онаму каде што нема да извршат намалување, односно корегирање на цената со 11 март од страна на инспекторите, казните се големи. Согласно Законот за трговија изнесуваат осум илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Затоа апел да ги почитуваат одлуките и да ги вратат цените на нивото на 11 март годинава, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Дел од компаниите што увезувале јужно овошје намерно имале шпекулативен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале со цел цената да се зголеми. Нагласи дека контролите што ги вршат, особено кај големите трговци со јужно овошје, малку ќе потраат за најпрво да се видат залихите што ги имале, а што набавувале после 11 март, со цел да се утврди најголемата маржа што може да ја користат. – Верувам дека лимоните ќе бидат поскапи, но нема да бидат овие цени како денеска, каде има и до 50 проценти разлика. Ако имале разлика во цена од 1 јануари до 11 март – 20 до 25 проценти, нивото на маржа ќе мора да го вратат на тоа ниво, истакна Пауновски. Владата донесе одлука да се замрзнат и цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати согласно  цената која била утврдена на 11 март кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април годинава. Целта на оваа мерка е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои, како што кажа, во изминатите неколку дена пораснале за неколку пати поради зголемената побарувачка од граѓаните како средства за основна заштита од Ковид 19. Се најавуваат и дополнителни мерки во делот на намалување на царините на барање на компаниите од месната и прехранбената индустрија со цел намалување на цените и овозможување непречено работење на оваа индустрија и увоз на репроматеријалите кои им се потребни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-da-gi-pochituvaat-odlukite-za-zamrznuvanje-na-cenite-kazni-do-8-000-evra/feed/ 0