трговија со културни добра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Oct 2022 06:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговија со културни добра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНЕСКО потврди воена штета на 207 украински културни објекти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-potvrdi-voena-shteta-na-207-ukrainski-kulturni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-potvrdi-voena-shteta-na-207-ukrainski-kulturni-objekti/#respond Thu, 27 Oct 2022 06:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=751012

Користејќи сателитски снимки пред и по војната, ОН го документираа оштетувањето или целосното уништување на 207 културни споменици во Украина разурната од војна. „Податоците се собираат на специјално креирана онлајн платформа, која првично ќе биде достапна само за експертите, но наскоро ќе биде отворена за јавноста, изјави во Женева Криста Пикат од образовната и културната организација на ОН – УНЕСКО. Седум споменици на списокот на светско наследство на УНЕСКО досега не се оштетени, посочи таа. „Други згради, како што е Драмскиот театар во Мариупол, ја немаа истата судбина. Стотици цивили побараа засолниште таму веднаш по почетокот на војната во март“, рече Пикат. Руските бомби уништија поголем дел од зградата на 16 март. УНЕСКО ги оценуваше сателитските снимки направени од 9 март до 12 мај. Потврдени се штети на 88 верски објекти, 15 музеи, 76 објекти од историско или уметничко значење, 18 споменици и 10 библиотеки. УНЕСКО притоа соработуваше со Женевскиот сателитски центар на Обединетите нации (УНОСАТ). Кога УНЕСКО ќе добие информации за штетата, УНОСАТ купува сателитски снимки од комерцијални добавувачи направени што е можно порано пред и по уништувањето. Според УНОСАТ, таквите снимки чинат меѓу 250 и повеќе од 1.000 евра, во зависност од тоа како се добиени. Експертите ги обработуваат сателитските снимки за да го утврдат точното уништување. „Тие се користат за документирање на времето и степенот на уништување и, меѓу другото, за развој на планови за обновување“, рече Пикат.(МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-potvrdi-voena-shteta-na-207-ukrainski-kulturni-objekti/feed/ 0
Кривична пријава против струмичанец за сторено кривично дело за недозволена трговија со културни добра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-strumichanec-za-storeno-krivichno-delo-za-nedozvolena-trgovija-so-kulturni-dobra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-strumichanec-za-storeno-krivichno-delo-za-nedozvolena-trgovija-so-kulturni-dobra/#respond Thu, 13 Oct 2022 11:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=744764

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 13.10.2022 до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик. Имено, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети - стари монети и други добра под привремена заштита, на 01.07.2022 година, од страна на ОСОСК во координација со СВР Струмица при извршен преглед на сопрено патничко возило управувано од него, биле пронајдени и одземени вкупно 276 стари монети во различна форма и големина, 10 метални предмети во форма на прстен со различна големина, метален приврзок, четири метални предмети во различни форми и големини, по што лицето е приведено во полициска станица. При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти, по што тој во СВР Струмица доброволно го предал детекторот за метали и друг рачен алат. Од страна на ОСОСК до ОЈО Струмица е доставено Известување, со барање до ОЈО Струмица да издаде Наредби за вештачење на пронајдените археолошки предмети, а по издадените Наредби, одземените предмети на 12.07.2022 се предадени на НУ Археолошкиот музеј на РСМ и на вештото лице вработено во истиот. Според наодот на Комисијата за давање на стручно мислење за археолошки предмети во НУ Археолошки Музеј на РСМ, десетте метални предмети пронајдени кај Б.Б. претставуваат оригинали и спаѓаат во сферата на културното наследство, а по завршената стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, од вкупно 276 монети, 275 претставуваат културно наследство т.е. добро под привремена заштита и како такви имаат своја историска и археолошка вредност, за што до ОЈО Струмица е доставен соодветен Извештај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-strumichanec-za-storeno-krivichno-delo-za-nedozvolena-trgovija-so-kulturni-dobra/feed/ 0