трговија со органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 13:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговија со органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Постојат сомневања за случаи на трговија со органи во Клиничкиот болнички центар Загреб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-hrvatska-postojat-somnevanja-za-sluchai-na-trgovija-so-organi-vo-klinichkiot-bolnichki-centar-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-hrvatska-postojat-somnevanja-za-sluchai-na-trgovija-so-organi-vo-klinichkiot-bolnichki-centar-zagreb/#respond Wed, 08 Jun 2022 13:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=688396

Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година. Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, и двајцата лица со понизок социјален статус, за приматели пациенти од Хрватска. Предметот за кој е покрената истрага прво е предаден на Хрватската лекарска комора поради прекршување на Кодексот за лекарска етика, а потоа и на Државното правобранителство, се вели во соопштението на Министерството. Клиничкиот центар Загреб како одговор на обвинувањата соопшти дека сите трансплантации во институцијата се извршени со одобрение на Етичкиот комитет на установата. „Сите преземени активности и процедури се идентични со процедурите што се спроведуваат во сите други центри за трансплантација во Република Хрватска каде што се извршени трансплантации на бубрези од жив несроден дарител“, се вели во соопштението што го пренесе телевизијата „Н1“. Во Хрватска е дозволена трансплантација на органи од живи несродни донатори, со тоа што строгите контроли подразбираат специфично, психолошко тестирање на донаторот, а потоа е потребна и соодветна документација односно одобренија од стручниот тим на центарот за трансплантација и од Етичкиот комитет на здравствената установа каде се врши трансплантацијата, објави ХРТ. Самото објавување оглас за достапност или за потреба од органи во Хрватска се смета за кривично дело за кое е предвидена и затворска казна во времетраење до три години. „Законодавецот предвидува казна затвор до десет години за трансплантацијата на органи со поседување или посредување, доколку се утврди дека лицето било жртва на трговија со луѓе“, изјави за ХРТ адвокатката Невена Аљиновиќ од Катедрата за форензички науки на Универзитетот во Сплит. Со повеќе од сто трансплантации на бубрези годишно Хрватска е меѓу водечките земји во светот, потсетува ХРТ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-hrvatska-postojat-somnevanja-za-sluchai-na-trgovija-so-organi-vo-klinichkiot-bolnichki-centar-zagreb/feed/ 0
Предлог-закон во Турција за запирање на недозволената трговија со органи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-zakon-vo-turcija-za-zapiranje-na-nedozvolenata-trgovija-so-organi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-zakon-vo-turcija-za-zapiranje-na-nedozvolenata-trgovija-so-organi/#respond Tue, 13 Nov 2018 08:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=127168

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на владејачката Партија на правда и развој Ахмет Демирџан во турскиот Парламент поднесе предлог-закон со кој треба да се стави крај на илегалната трговија со органи. Турскиот парламент неделава ќе расправа за предлог-законот, со кој ќе се дефинираат условите за донирање и примање органи за трансплантација. Потребата од тој закон произлегува по се позачестените извештаи во медиумите за Турци кои продаваат бубрег на црниот пазар. Според нацрт-законот, се укинува  и условот дека треба да се биде во брак најмалку две години за сопругот или сопругата да си донираат или да добијат орган од сопружникот. Исто така е предвидено да се формираат посебни етички комитети во окружните центри каде што има центри за трансплантација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-zakon-vo-turcija-za-zapiranje-na-nedozvolenata-trgovija-so-organi/feed/ 0