трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 18:50:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/#respond Tue, 05 Sep 2023 18:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=874921

Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата. Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија. „Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина“, се вели во соопштението на кубанската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/feed/ 0
Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/#respond Tue, 20 Jun 2023 08:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=847702

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки. При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот. До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/feed/ 0
Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/#respond Wed, 10 May 2023 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=832719

Грчката полиција во соработка со колегите од Северна Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се 104 килограми и 665 грама кокаин, како и 280.000 евра. Кокаинот во Солун пристигнал од Латинска Америка, скриен во специјални делови во контејнер со банани, а од пристаништето бил пренесен во магацин што го користеле членовите на криминалната мрежа. Грчки полициски извори за МИА брифираат дека токму од магацинот, дел од дрогата требала да стигне во Северна Македонија, а веројатно од таму да се испрати во други европски земји. Неофицијално, како што дознава МИА, паралелна акција била спроведена кај нас и уапсени се четири лица поврзани со фиктивна фирма која требала да го преземе кокаинот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/feed/ 0
Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-platforma-za-trgovija-so-kriptovaluti-binance-privremeno-gi-zapre-isplatite-vo-bitkoini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-platforma-za-trgovija-so-kriptovaluti-binance-privremeno-gi-zapre-isplatite-vo-bitkoini/#respond Mon, 13 Jun 2022 15:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=690286

BINANCE, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, денеска соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“. Основачот и извршен директор на Binance, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути.Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи оваа ситуација отколку мојата првична проценка“. Жао додаде дека „ова влијае само врз биткоин мрежата“ и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како BEP-20“. -Средствата се SAFU, додаде тој, а SAFU е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници“, што е фонд што Binance го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства. Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 отсто, или под 24.000 долари за парче, што е најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација. Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови“ и дека тоа го прават со цел „Целзиус денеска го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето“, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-platforma-za-trgovija-so-kriptovaluti-binance-privremeno-gi-zapre-isplatite-vo-bitkoini/feed/ 0
Најавени контроли на субјектите кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/#respond Fri, 04 Mar 2022 17:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=641110

Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/feed/ 0
Уапсени се две лица од Македонија – запленето е оружје, муниција, пари: Сузбиена меѓународна криминална група за нелегална трговија со дрога (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-se-dve-lica-od-makedonija-zapleneto-e-oruzje-municija-pari-suzbiena-megjunarodna-kriminalna-grupa-za-nelegalna-trgovija-so-droga-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-se-dve-lica-od-makedonija-zapleneto-e-oruzje-municija-pari-suzbiena-megjunarodna-kriminalna-grupa-za-nelegalna-trgovija-so-droga-foto-video/#respond Wed, 16 Feb 2022 17:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=632324

Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога по насоки на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од раните утрински часови спроведоа кооординирана акција на шест локации на територијата на Скопје. Во исто време се спроведени и акции во Белгија и Холандија од тамошните истражни органи, информираат од МВР. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело. Според добиеното Барање за меѓународна правна помош, под раководство на белгиски истражен судија се спроведува истрага за криминална организација која меѓудругото се занимава и со неовластено одгледување на канабис и продажба на наркотична дрога. Од дејствијата на Истражниот судија и Федералната судска полиција на Западна Фландрија, утврдено е дека поголемиот дел од членовите на организираната криминална група се македонски државјани или потекнуваат од нашата држава, а останатите се од Холандија, Бугарија и белгиски државјани. Групата на неколку плантажи во Белгија и Холандија неовластено одгледувала канабис од 1 јануари 2020 година, а можеби и порано. Секој член на криминалната група имал своја улога во криминалната организација (оддржување на насадите на плантажите, продажба, транспорт, оддржување на локацијата за одгледување на марихуаната, плаќање на сметки за комунални услуги со лажни патни исправи итн). Осомничените македонски државјани периодично биле на релација Белгија и Холандија - Република Северна Македонија. Воедно, истрагата утврди дека осомничените дел од парите стекнати со кривично дело ги носат во РС Македонија, а со дел купуваат недвижен имот на белгискиот пазар на недвижности. Во акцијата во која учествуваа голем број на полициски службеници, а почна координирано во трите земји во 5 часот наутро, се запленети парични средства, автоматска пушка, пушка маузер, два пиштола, поголема количина муниција, возила и златен накит, како и докази од трансакции на големи суми на пари на банкарски сметки , притоа од слобода се лишени две лица кои ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење на опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Воедно, обвинителството ќе побара и привремено замрзнување на имотот на осомничените лица. Во исто време во акцијата во Белгија од слобода се лишени 11 лица и е извршен претрес на 20 локации, а во Холандија при претрес на пет локации биле уапсени пет лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-se-dve-lica-od-makedonija-zapleneto-e-oruzje-municija-pari-suzbiena-megjunarodna-kriminalna-grupa-za-nelegalna-trgovija-so-droga-foto-video/feed/ 0
Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, осомничени за трговија со дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-sproveduvanje-na-istrazna-postapka-protiv-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-sproveduvanje-na-istrazna-postapka-protiv-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-droga/#respond Thu, 16 Dec 2021 10:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=609225

​Надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик. По повеќемесечна предистражна постапка, вчера во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и полициските службеници од ОВР Гостивар беше спроведена координирана полициска акција. Во акцијата е разбиена организирана криминална група и е пресечен канал за меѓународен транспорт и недозволена трговија со дрога. Воедно се запленети околу 100 кг наркотична дрога – марихуана во вкупна вредност од околу 300.000 евра. Тројцата гостиварци и едно лице од Дебар, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, набавиле наркотична дрога – марихуана и ја сместиле во објект во гостиварско. Во текот на вчерашниот ден, по претходен договор, ја предале на еден од пријавените, кој за одреден паричен надомест требало да ја транспортира дрогата со товарно возило до Р.Бугарија. Околу 17.15 часот, на патарината „Глумово“ при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, од страна на полициските службеници биле пронајдени 19 црни вреќи со 189 пакувања марихуана. Приведените лица во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка со предлог да им биде изречена мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-sproveduvanje-na-istrazna-postapka-protiv-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-droga/feed/ 0
Две лица од Скопје осомничени за трговија со дрога – пренесувале над 150 килограми марихуана по автопатот Скопје-Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/#respond Fri, 10 Dec 2021 12:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=606653

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени скопјани, на возраст од 30 и 51 година, во две патнички возила на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, пренесувале наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена при извршена полициска контрола. Во првиот автомобил „Фолксваген туран“ била пронајдена јутена вреќа со 92.447,7 грама марихуана, додека во вториот автомобил „Опел зафира“ биле откриени 60.540 грама марихуана спакувани во патна торба. Со наредба издадена од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на двајцата осомничени, при што во домот на 30-годишниот осомничен во Визбегово биле пронајдени уште 16.213 грама марихуана, но и 11 куршуми со калибар 7,62Х39 мм кои неовластено ги држел. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство можност да влијаат врз сведоците и особени околности кои упатуваат дека би можеле да го повторат кривичното дело.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/feed/ 0
Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-i-slovenec-pod-istraga-za-trgovija-so-droga-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-i-slovenec-pod-istraga-za-trgovija-so-droga-vo-tetovo/#respond Sat, 07 Aug 2021 11:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=547644

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден македонски и еден словенечки државјанин за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога – 100,49 грама кокаин и 3,2 грама хашиш. Дрогата ја пронашле полициски службеници кои го запреле автомобилот на наплатната станица Желино. За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор заради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-i-slovenec-pod-istraga-za-trgovija-so-droga-vo-tetovo/feed/ 0
СУЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА – приведени 12 лица кои тргувале со дрога и оружје, меѓу нив и полициски службеник (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-kriminalna-grupa-privedeni-12-lica-koi-trguvale-so-droga-i-oruzje-megju-niv-i-policiski-sluzbenik-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-kriminalna-grupa-privedeni-12-lica-koi-trguvale-so-droga-i-oruzje-megju-niv-i-policiski-sluzbenik-foto-video/#respond Wed, 28 Jul 2021 14:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=543101

На 28.07.2021 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје. Членовите на оваа организирана криминална група подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога и оружје. На 28.07.2021, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А.(22), Б.А.(19), М.А.(47), Б.А.(23), С.Ј.(22), Е.Б.(27), З.М.(33), Љ.А.(30), Ш.А.(35), Р.А.(33) (полициски службеник), А.А.(26) и Е.С.(24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштола, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема... Лицата со соодветна кривична пријава ќе бидат предадени на надлежното јавно обвинителство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-kriminalna-grupa-privedeni-12-lica-koi-trguvale-so-droga-i-oruzje-megju-niv-i-policiski-sluzbenik-foto-video/feed/ 0