трговска размена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 08:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговска размена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија бележи рекорден суфицит во трговската размена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-belezi-rekorden-suficit-vo-trgovskata-razmena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-belezi-rekorden-suficit-vo-trgovskata-razmena/#respond Tue, 12 Jul 2022 08:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=703731

Суфицитот во салдото од тековните плаќања на Русија за вториот квартал на оваа година достигнал рекордни 70,1 милијарда долари. Тоа е последица на растечките приходи од извозот на енергенси и други стоки, како и намалувањето на извозот предизвикано од наметнатите санкции поради инвазијата врз Украина. Според податоците на Централната банка на Русија, тоа е најголемиот суфицит на руската тековна сметка од 1994 година. Салдото на тековната сметка е најширокиот показател за состојбата во трговијата со стоки и услуги. За вишокот најмногу придонел колапсот на увозот предизвикан од санкциите, што се смета клучно за економски спас на Русија, во услови кога САД и нивните сојузници се обидуваат да го изолираат руското стопанство. Според Руската централна банка, вкупниот суфицит на тековната сметка на Русија за првите шест месеци од 2022 година достигнал 138,5 милијарди долари. Вкупниот износ на извозот од Русија во второто тромесечие годинава изнесува 153,1 милијарди долари, што е нешто помалку споредбено на 166,4-те милијарди долари забележани во првиот квартал. Податоците на Банката на Русија уште покажуваат дека и увозот се намалил во периодот април-јуни на 72,3 милијарди долари од 88,7 милијарди претходните три месеци. Растечкиот суфицит на тековната сметка, во комбинација со строгите контроли на капиталот што ја ограничуваат побарувачката за девизи, и помогнаа на рубљата да стане валута со најдобри перформанси оваа година меѓу конкурентските економии во развој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-belezi-rekorden-suficit-vo-trgovskata-razmena/feed/ 0
Вкупната трговска размена во првиот квартал 5, 354 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkupnata-trgovska-razmena-vo-prviot-kvartal-5-354-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkupnata-trgovska-razmena-vo-prviot-kvartal-5-354-milijardi-dolari/#respond Fri, 06 May 2022 11:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=672879

Вкупната стокова размена во првите три месеци од годинава изнесува пет милијарди 354 милиони 410 илјади американски долари. Пораст има и кај извозот и кај увозот. Според денешните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во овој период вкупната вредност на извозот на стоки е 2 милијарди 174 милиони и 918 илјади долари и бележи пораст од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува три милијарди 179 милиони и 492 илјади долари, што е за 20,4 проценти повеќе. Трговскиот дефицит изнесува една милијарда 004 милиони 574 илјади долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkupnata-trgovska-razmena-vo-prviot-kvartal-5-354-milijardi-dolari/feed/ 0
Расте трговската размена меѓу Кина и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-trgovskata-razmena-megju-kina-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-trgovskata-razmena-megju-kina-i-rusija/#respond Wed, 13 Apr 2022 08:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=662288

Кинеската трговска размена со Русија минатиот месец бележи значаен пораст, во услови кога официјален Пекинг отворено ги критикува санкциите што Запад ги воведе против Москва заради инвазијата врз Украина. Податоците на кинеските царински служби покажуваат дека минатиот месец севкупната трговска размена со Русија се зголемила за 12,76 проценти на 11,67 милијарди долари. Споредбено со првиот квартал минатата година, тоа е пораст за над 30 отсто. Русија е главен извезувач на нафта, гас, јаглен и земјоделски производи во Кина. Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија и постојано ги критикува „нелегалните“ санкции на западните држави против Москва. Пред самиот почеток на воената интервенција во Укрина, Кина и Русија прогласија „неограничено“ стратешко партнерство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-trgovskata-razmena-megju-kina-i-rusija/feed/ 0
Македонската економија „на респиратор“, бројките кои ги објави ДЗС се застрашувачки, ако продолжи ваков тренд Македонија ќе банкротира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/#respond Tue, 08 Mar 2022 21:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=643655

Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 проценти. Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 67,7 проценти. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и фероникелот, а во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и металите од платинската група и нивни легури. Најмногу во овој период се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/feed/ 0
За една четвртина падната трговската размена меѓу ЕУ и Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-edna-chetvrtina-padnata-trgovskata-razmena-megju-eu-i-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-edna-chetvrtina-padnata-trgovskata-razmena-megju-eu-i-velika-britanija/#respond Wed, 26 May 2021 12:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=515282

Трговската размена меѓу Европската унија и Велика Британија падна за речиси една четвртина во првите три месеци по Брегзит, покажуваат податоци на британскиот Завод за национална статистика. Најголем пад е забележан во трговијата со Ирска и Германија, пренесува бриселскиот портал Еурактив. Извозот во Ирска се намалил за 47,3 проценти во периодот од декември до јануари, со најголем пад на извозот на хемикалии, животни и секторот за храна. Според договорот за Брегзит, воведени се царински проверки за сите стоки што влегуваат во Ирска од Велика Британија. Увозот од Германија, најголемиот трговски партнер на Велика Британија меѓу членките на ЕУ, паднал за 30,5 проценти или 1,7 милијарди фунти, во истиот период. Според договорот меѓу Брисел и Лондон за трговија и соработка, кој стапи во сила на 1 јануари, размената на стоки меѓу двете страни се одвива без царини и квоти по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. ЕУ, сепак, на 1 јануари воведе гранични проверки на извозот од Велика Британија, додека Лондон одлучи постепено да воведува реципрочни мерки до октомври. Британскиот завод за статистика во соопштението информира дека податоците се споредуваат со истиот квартал од 2018 година, бидејќи тоа е последниот период со релативно стабилна трговија. Исто така, се наведува дека е тешко целосно да се издвојат ефектите што ги има пандемијата на коронавирусот и излезот од ЕУ врз британската и меѓународната трговија. Британските министри намалувањето на трговијата го припишуваат на влијанието на пандемијата и резервите на британски компании во ЕУ пред крајот на преодниот рок. Во првиот квартал од 2021 година, вкупната трговија со земјите од ЕУ се намалила за 23,1 процент, а со земјите надвор од Унијата за 0,8 проценти во споредба со првиот квартал од 2018 година. Најголем пад на трговијата е забележан во јануари, кога извозот од Велика Британија во ЕУ се намалил за 40,7 проценти во споредба со декември. Оттогаш, се чини дека трговијата почнала да закрепнува. Во март, трговијата со ЕУ се зголеми за 1,8 милијарди фунти во споредба со февруари. Сепак, компаниите од повеќе сектори имаа тешкотии и доцнења поради новите проверки и бирократските процедури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-edna-chetvrtina-padnata-trgovskata-razmena-megju-eu-i-velika-britanija/feed/ 0
Трговската размена до октомври 9,4 милијарди евра, пад за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/#respond Mon, 09 Nov 2020 08:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=426756

Вкупно 9 396 015 000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит е 1 282 935 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто. Вкупната вредност на извозот е 4 056 540 000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5 339 475 000 евра, што е намалување за 13,2 процента. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/feed/ 0
Пандемијата сериозно ја наруши надворешната трговија на БИХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pandemijata-seriozno-ja-narushi-nadvoreshnata-trgovija-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pandemijata-seriozno-ja-narushi-nadvoreshnata-trgovija-na-bih/#respond Wed, 29 Jul 2020 06:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=382905

Пандемијата на коронавирусот нанесе сериозен удар врз надворешно-трговската размена на Федерацијата БиХ, соопшти Комората за надворешна трговија на БиХ. Според податоците на таа институција, од 1 јануари до 30 април годинава, забележан е пад на извозот од 12,91 отсто, како и пад на увозот од 15,97 проценти. Вистинските негативни ефекти станаа видливи дури во април. Во однос на март, забележан е пад на извозот за 17,17 проценти, како и пад на увозот за 26,17 проценти, пренесува порталот Кликс.ба. При споредбата на надворешно-трговската размена од април 2020 година со истиот месец лани, забележан е пад на извозот за 34,78 проценти, како и пад на увозот за 37,30 проценти, покажуваат податоците на Комората на БиХ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pandemijata-seriozno-ja-narushi-nadvoreshnata-trgovija-na-bih/feed/ 0
СТО: Меѓународната трговска размена нагло ќе падне во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/#respond Thu, 09 Apr 2020 10:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=329665

Меѓународната трговска размена ќе падне нагло во 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирус, проценува Светската трговска организација (СТО), укажувајќи на можни паралели со финансиската криза во 2008 година и Големата депресија од пред 90 години. Трговијата оваа година би можела да се намали од 13 на 32 проценти, проценува СТО, објаснувајќи широк спектар на проценки на неизвесноста создадена од здравствената криза, пренесува Би-Би-Си. Проценката на СТО за пад на трговската размена за 13 отсто се смета за релативно оптимистичко сценарио, појаснувајќи дека тоа рефлектира нагло опаѓање на трговијата во рана фаза и закрепнување во втората половина на годината, благодарение на успешното совладување на здравствената криза во наредните месеци.  Падот на трговијата веројатно ќе биде поголем отколку за време на финансиската криза што го зафати светот пред нешто повеќе од една деценија, предупредува СТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/feed/ 0
Иванов: Македонија и Турција можат многу повеќе во трговската размена и инвестициите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-makedonija-i-turcija-mozat-mnogu-povekje-vo-trgovskata-razmena-i-investiciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-makedonija-i-turcija-mozat-mnogu-povekje-vo-trgovskata-razmena-i-investiciite/#respond Thu, 12 Apr 2018 08:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=39512

Македонија и Турција можат многу повеќе да направат и во инвестициите и во трговската размена. Во 2012 година со турскиот државен врв направивме преглед на нашите билатерални односи и заклучивме дека политичките односи се на одлично ниво, но сепак она што недостасуваше беше економската соработка. Затоа, си поставивме една цел, а тоа е годишната трговска размена да ја зголемиме на една милијарда долари, порача претседателот Иванов во своето обраќање пред турските стопанственици, во Истанбул. На бизнис вечерата, на кој присуствуваше делегација на Стопанската комора на Македонија, раководството на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ) и стопанственици од Турција, македонскиот претседател говореше за унапредување на економските односи меѓу двете земји преку зголемување на трговската размена и на инвестициите. - Нас не радува перманентниот економски развој и економските успеси на Република Турција. Од друга страна, пак, Република Македонија нуди огромен број можности и прилики. Едно е јасно, можеме многу повеќе и во инвестициите и во трговската размена, рече претседателот Иванов. Тој истакна дека како држави и институции се прави се за да се олесни патот кон целта, а, за тоа, како што вели помогнале и географската близина, добрата инфраструктурна повразност и директните авионски линии меѓу Македонија и Турција. - Како што македонската и турската држава си ги почитуваат ветувањата, така и турските и македонските стопанственици знаат да го испочитуваат зборот што ќе си го дадат едни на други. И со тоа, вие, стопанствениците градите доверба која потоа се пренесува на граѓаните, на потрошувачите. Македонските граѓани имаат доверба во турските производи кои по ништо не заостануваат зад европските брендови, им порача македонскиот претседател на присутните стопанственици. Иванов во својот говор нагласи и дека се подобрува договорната состојба меѓу Македонија и Турција и потсети дека историските корени на македонската економија се токму во турските чаршии и турските пазари во кои функционирале еснафите. Членот на управниот одбор на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), Џенгиз Гунај, потсети дека претседателот Иванов е многу значаен за ТОББ и побара негова поддршка за нивелирање на царините меѓу двете земји. - Македонија е во срцето на Југоисточна Европа и е порта кон 650 милиони потрошувачи. Околу 100 турски компании веќе инвестирале една милијарда и 500 милиони долари и отвориле 5.000 работни места во Македонија, рече Гунај. Иванов кој престојува во работна посета на Република Турција, денеска ќе се обрати на претседателската сесија на 21. Евроазиски економски самит, чија цел е унапредување на економската и регионалната соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-makedonija-i-turcija-mozat-mnogu-povekje-vo-trgovskata-razmena-i-investiciite/feed/ 0