трговски бариери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Mar 2018 07:07:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговски бариери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија и Србија ќе ги укинуваат трговските бариери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/#respond Thu, 08 Mar 2018 07:07:53 +0000 http://kurir.mk/?p=28241

Македонија и Србија ќе формираат меѓувладин комитет за решавање на трговските бариери и унапредување на размената. Ова вчера го соопштија македонскиот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер Расим Љајиќ по работниот состанок за брашното во Скопје. Токму проблемот со брашното, како што рекоа, ги отвори и останатите прашања кои двете страни мора да ги решат за непречен проток на стоките и услугите. Целта на комитетот, но и воопшто на заложбите на владите на Македонија и на Србија, е трговската размена од сегашните 760 милиони евра, како што предочи Љајиќ, годинава да достигне милијарда евра. Комитетот првпат ќе заседава на 14 март во Белград, а ќе ги нотира сите бариери кои постојат од едната или од другата страна. Ќе дискутира и за извозот на македонските производи: вино, алкохол, тутун..., како и за меѓусебното признавање на сертификатите меѓу двете земји. Воедно ќе  понуди конкретни решенија. - Комитетот ќе ја разгледа и оправданоста на маркичките за брашното и нема да има проблем тие да се укинат ако стопанствениците побараат или имаат интерес за такво нешто, рече Николовски по состанокот. Проблемот со брашното настана откако Македонија на 8 февруари годинава воведе нов Правилник за увоз со кој предвиде, маркичките да се ставаат во земјава, по целосната контрола за безбедност и здравствена исправност на пратките, а не како досега, уште пред тие да дојдат на граница, од страна на извозниците. Тоа „ја дигна на нозе“ Србија. Посебно реагираше Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад која побара од државата итно да воведе контра мерки кон Македонија. Николовски и Љајиќ беа во постојана комуникација, телефонски. Српскиот министер требаше да дојде минатиот петок но ја откажа средбата со образложение дека „не е постигнато решение“. Министрите вчера во Скопје договорија за увозното брашно од еден, два и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми да се ставаат во Македонија. По средбата истакнаа дека двете страни направиле отстапки за да се дојде до решение на проблемот. - Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, потенцираа министрите на Македонија и Србија. Николовски рече дека Правилникот, согласно договореното, ќе биде сменет веднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/feed/ 0