трговски центри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 06:01:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трговски центри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески град го намалува работното време на трговските центри заради штедење струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-grad-go-namaluva-rabotnoto-vreme-na-trgovskite-centri-zaradi-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-grad-go-namaluva-rabotnoto-vreme-na-trgovskite-centri-zaradi-shtedenje-struja/#respond Mon, 22 Aug 2022 06:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=721856

Кинескиот град Чонгкинг од денеска воведе скратено работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран, соопшти администрацијата на градот со над 31 милион жители. Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16:00 до 21:00 часот, за да се овозможи безбедна и рамномерна дистрибуција на електричната енергија и да се обезбедат основните потреби за целото население, градскиот економски и соопшти Комисијата за информации. Мерките ќе продолжат до понатамошно известување, а надлежните ќе одлучат кога состојбата ќе се нормализира, врз основа на временската прогноза и состојбата со снабдувањето со електрична енергија. За наредните денови се предвидуваат температури над 42 степени. Градот Чонгкинг се наоѓа во провинцијата Сечуан, на околу 1.800 километри од Пекинг и има околу девет милиони жители]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-grad-go-namaluva-rabotnoto-vreme-na-trgovskite-centri-zaradi-shtedenje-struja/feed/ 0
Неколку застрелани во трговски центар во Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/#respond Sun, 03 Jul 2022 19:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=699345

Неколку лица се застрелани, а едно е уапсено денеска во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Полицијата на Твитер објави дека пристигнала во трговскиот центар „Филдс“ по пријави за пукање. Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата. Локалните медиуми објавија фотографии од вооружени полицајци на местото на настанот, како и луѓе кои бегаат од центарот. Британскиот пејач Хари Стајлс треба да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време. Организаторот на концертот се уште не одговорил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/feed/ 0
ЕВАКУИРАНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ ВО БЕЛГРАД И НИШ: Добиле анонимни дојави за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evakuirani-trgovski-centri-vo-belgrad-i-nish-dobile-anonimni-dojavi-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evakuirani-trgovski-centri-vo-belgrad-i-nish-dobile-anonimni-dojavi-za-bomba/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=664842

Трговските центри „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград и „Делта планет“ во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба, јави дописникот на МИА од Белград. Контрадиверзантските екипи се во трговските центри „Галерија“-(Белград на вода), „Меркатор“ (Нов Белград) и „Рајичева“ (најстрогиот центар на Белград), изјавија во Министерството за внатрешни работи. Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет“ била поставена бомба. Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите. Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги демантираше наводите за вмешаност на Киев во лажните закани со бомби на патничките летови од Белград до Москва по синќешната изјава на претседателот Александар Вучиќ за наводната вмешаност на Украина и една земја на ЕУ во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија Портпаролот на министерството Олег Николенко за Укринформ изјави дека станува збор за „неосновани обвинувања“. Николенко изјави дека изјавите на претседателот Вучиќ за наводната вмешаност на Украина во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија се „неточни“ и дека е разочаран што Србија сè уште не се приклучила на санкциите на Европската унија против Русија. -Војната можеме да ја завршиме со санкции и преку единство на демократскиот свет. Го повикуваме Белград да застане во одбрана на вистината и целосно да ја поддржи Украина и вредностите на кои се заснова обединета демократска Европа, порача Николенко]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evakuirani-trgovski-centri-vo-belgrad-i-nish-dobile-anonimni-dojavi-za-bomba/feed/ 0
Црна Гора: Укинати ковид сертификатите за трговски центри, публиката се враќа на трибини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ukinati-kovid-sertifikatite-za-trgovski-centri-publikata-se-vrakja-na-tribini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ukinati-kovid-sertifikatite-za-trgovski-centri-publikata-se-vrakja-na-tribini/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=626379

Со укинувањето на ковид сертификатите за трговските центри и враќањето на публиката на спортските трибини, Црна Гора денеска ги ублажи епидемиолошките мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференцијата зборуваше за ублажување на епидемиолошките мерки согласно актуелната состојба и најави дека последната одлука ќе важи до 18 март. Галиќ рече дека бројот на новозаразени лица е намален за околу 50 отсто во последните недели. - Без разлика на овие податоци, секојдневното ниво на заболување е сè уште високо и затоа не треба да има опуштање, рече Галиќ. Според него, податоците за последните седум дена покажуваат дека по бројот на новозаболени на милион жители, Црна Гора е зад најразвиените европски земји како Данска, Франција, Белгија, Гер Тој наведе и дека по 21 декември, кога во Црна Гора стана доминатен омикрон варијантата, бројот на пријавени смртни случаи е 0,3 отсто во однос на вкупниот број на нови случаи, што е за 4 до 6 пати помалку отколку кога делтата била доминантна. . Директорката на Клиничкиот центар Љиљана Радуловиќ изјави дека во црногорските болници од коронавирус се лекуваат 257 пациенти. И покрај општиот пад на бројот на заразени, бројот на лица опасни по живот во Клиничкиот центар на Црна Гора е зголемен за околу 15 отсто во споредба со пред три недели, рече таа, додавајќи дека на 10 јануари 36 пациенти биле изложени на ризик во невакцинираните сочинуваат околу 90 отсто, јавуваат подгоричките медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ukinati-kovid-sertifikatite-za-trgovski-centri-publikata-se-vrakja-na-tribini/feed/ 0
Стравуваат ли македонските власти од терористички напади во Скопје?! Полиција „врие“ пред моловите, граѓаните зачудени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stravuvaat-li-makedonskite-vlasti-od-teroristichki-napadi-vo-skopje-policija-vrie-pred-molovite-gragjanite-zachudeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stravuvaat-li-makedonskite-vlasti-od-teroristichki-napadi-vo-skopje-policija-vrie-pred-molovite-gragjanite-zachudeni/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=601374

Повеќе од една недела во главниот град може да се забележи зголемено присуство на полициски службеници. Ваква глетка забележана е пред и во трговските центри на метрополата. Граѓаните зачудени прашуваат на што се должи ваквото присуство на полицијата во овие објекти? Па оттука почнаа да кружат и разни шпекулации, а истите стигнаа и до тоа дека МВР има сознанија за можни терористички напади. Редакцијата на КУРИР испрати прашања до Министерството за внатрешни работи, а до овој момент немаме добиено одговор. -На што се должи големото присуство на полициски службеници во и надвор од трговските центри и дали се вистинити шпекулациите дека МВР има сознанија за планирани терористички напади во Скопје?, прашавме во МВР. Американската амбасада во Приштина добила известување од Стејт департментот дека „терористичките групи продолжуваат да планираат можни напади во балканскиот регион“. Амбасадата го добила известувањето на 22 ноември, а како што се наведува, можни се напади и на Косово и Метохија. Меѓународните институции во Косово ги предупредија своите вработени да избегнуваат гужви и големи трговски центри во Косово. Интересно е што ова предупредување се случи неколку дена пред вооружениот напад во Глоѓан, кога во петокот вечерта беа убиени тројца патници во локалниот автобус. На travel.state.gov. се споменуваат и неколку локации каде што е потребна претпазливост. „Терористичките групи продолжуваат да планираат можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово. Терористите можат да нападнат без предупредување, гаѓајќи ги туристичките места, сообраќајните центри, пазарите / трговските центри, структурите на локалната власт, хотелите, клубовите, рестораните, местата за богослужба, парковите, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни површини“, наведува американската амбасада на Косово. Мисијата на ОБСЕ на Косово и Метохија ги повика вработените да бидат внимателни и препорачаа големите трговски центри да не се посетуваат до 30 ноември. Некои меѓународни организации ги советуваат своите вработени за можен напад на големите трговски центри како „Алби Мол“ и други во Урошевац. Па оттука се поставува прашањето дали македонските власти стравуваат од можни терористички напади во главниот град?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stravuvaat-li-makedonskite-vlasti-od-teroristichki-napadi-vo-skopje-policija-vrie-pred-molovite-gragjanite-zachudeni/feed/ 0
ТРГОВЦИТЕ РЕАГИРААТ: Новите мерки ги испразнија трговските центри, прометот намален за 40 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovcite-reagiraat-novite-merki-gi-ispraznija-trgovskite-centri-prometot-namalen-za-40-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovcite-reagiraat-novite-merki-gi-ispraznija-trgovskite-centri-prometot-namalen-za-40-procenti/#respond Thu, 26 Aug 2021 08:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=555139

Новите КОВИД мерки целосно ќе го ослабнат бизнис секторот, реагираат трговците. Тие максимално ги поддржуваат напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаат дека мерките се остри. Укажуваат и дека трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец. – Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите константно носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат. Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со едно доза, ни направи да прометот се намали за 40 отсто, што повторно се соочивме со уште еден бран на економски пад на нашите брендови, посочуваат од Фешн Груп. Сити Мол регистрирал големи загуби во последната 1,5 година, од почетокот на пандемијата. -Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итната мерка, поточно посетителите во затворените Молови да влагаат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји, појаснуваат од Сити Мол. Од страна на бизнис секторот велат дека на ваков начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на своите бизниси доколку продолжи со ваквата мерка, така што треба да се најдат други начини да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени. – Земјите во регионот спроведуваат различни методи за мотивирање на поголем број граѓани да се вакцинираат и нема ограничувања за влез во трговските центри. И бевме сведоци дека владите беа во соработка со трговските центри каде што имаше многу станици за вакцинација во трговските центри. Исто така, беше предложена соработка во нашата земја, но за жал остана без никакви повратни информации. Разбираме дека не можеме да ги копираме решенијата на другите земји, реагираат од Сити Мол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovcite-reagiraat-novite-merki-gi-ispraznija-trgovskite-centri-prometot-namalen-za-40-procenti/feed/ 0
Од утре невакцинираните против Ковид-19 нема да можат да влезат во трговските центри, обложувалници и казина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nevakciniranite-protiv-kovid-19-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-trgovskite-centri-oblozuvalnici-i-kazina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nevakciniranite-protiv-kovid-19-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-trgovskite-centri-oblozuvalnici-i-kazina/#respond Tue, 17 Aug 2021 19:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=551868

Владата на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: – сертификат, потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест, или – сертификат, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 годишна возраст. Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство, учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите. Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители, гости, лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица. Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година. Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен бр]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nevakciniranite-protiv-kovid-19-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-trgovskite-centri-oblozuvalnici-i-kazina/feed/ 0
Од утре се отвораат трговските центри во Грција : Мора да се направи претходна резервација од најмногу 3 часа за шопинг – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/#respond Fri, 23 Apr 2021 17:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501331

Во рамките на постепеното укинување на рестрикциите во Грција, од утре повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти генералниот секретар од Министерството за развој на Грција Панајотис Стамбулидис, на денешната прес конференција, моловите исто како и продавниците, ќе работат само со услугите „click inside“ и „click away“, односно посета на продавница по претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг. Стамбулидис ги објасни и правилата под кои ќе работата угостителските објекти што ќе се отворат само во надворешните делови на 3 мај. Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има антисептик, а угостителските објекти ќе бидат затворени за време на полицискиот час од 23 до 5 часот наутро. Од понеделник селф тестовите, односно брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица, поповите и останатиот црквен персонал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/feed/ 0
Руските трговски центри загубија 3,4 милијарди долари оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trgovski-centri-zagubija-3-4-milijardi-dolari-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trgovski-centri-zagubija-3-4-milijardi-dolari-ovaa-godina/#respond Thu, 24 Dec 2020 12:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=447749

Вкупните приходи на трговските центри во Русија се помали за 3,4 милијарди долари во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, изјави денеска претседателот на Рускиот совет на трговски центри, Дмитриј Москаленко. – Според нашите проценки, падот на приходите за време на периодот на карантин и потоа беше околу 3,4 милијарди долари, рече Москаленко. Во првите три или четири месеци приходите беа помали за 80 до 100 проценти, а тешко дека постои трговски центар што имаше помалку од 25 проценти загуби, пренесува ТАСС. Одложени се и роковите за изградба на многу трговски центри, што ќе го одложи нивното отворање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trgovski-centri-zagubija-3-4-milijardi-dolari-ovaa-godina/feed/ 0
Апсурдите на Филипче, ги затвораат угостителските објекти, а трговските преполни со луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/#respond Mon, 21 Dec 2020 20:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=446438

Зошто се носат мерки и препораки за заштита од корона вирусот во Македонија? Дали власта ги носи мерките колку да рече дека нешто работат или навистина се грижат за здравјето на граѓаните? По се изгледа дека мерките се носат заради првата причина, колку да речат „еве имаме мерки“ без разлика дали се тие анализирани или дали се доволни. За тоа доказ е и вториов пик кој трае повеќе од 2 месеци, а за кој власта нема никаков план да го контролира и да го намали ширењето на инфекцијата.  Бројките на заразени секојдневно се околу 1.000 освен кога се тестира помалку, а смртноста и натаму една од највисоките во Европа, односно веќе долг период сме на високото седмо место по смртност во светот на еден милион жители. Во една таква ситуација власта прогласи кризна состојба на која и поминаа 30 дена, а граѓаните не видоа ништо посебно и никаков ефект. Со тоа се потврдија и сомнежите дека истата е прогласена само заради злоупотреба на институциите и државните ресурси, а не за да се спасат животи. Дека мерките кои ги носи владата по препорака на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, доказ се и најновите „празнични“ мерки и препораки. Имено, во пресрет на празниците решија да го скратат времето на угостителските објекти и тие да не смеат да работат после 18:00 часот, како и забранија собири и прослави на отворено, како и изнајмување на викендички за групи на луѓе, како не би се собирале поголеми групи наводно да не ја шират заразата. Сепак, како и се досега, така и овие мерки се донесени без никаков план и стратегија односно колку да се рече дека нешто прават. доказ за тоа се глетките од трговските и градскиот плоштад последниве денови. Во ситуација кога ги затворија угостителските објекти каде постоеја јасни препораки и контроли колку луѓе може да влезат и да седат на една маса, за трговските тоа не важи. Трговските се наполнија со луѓе како и секоја година и како да нема пандемија. Нема никаква контрола контрола колку луѓе влегуваат, па затоа гужвите се страшни, ако се има предвид во каква ситуација се наоѓаме како држава. И додека не убедуваат дека опасно е повеќе од 4 лица да се групираат, од друга страна се толерираат гужвите по трговските како таму да не постои опасност од ширење на заразата. Да не беше трагично ќе беше смешно дека угостителските објекти ги затворија да нема ширење на заразата, во исто време кога не реагираат за гужвите во трговските центри. Но, трговските центри не се единствените места каде има гужви. Како наближија празниците плоштадот во Скопје секојдневно е полн со народ понесен од празничната атмосфера. И тоа е во ред кога народот во вакви тешки времиња бара трошка за радост, но гужвите се незамисливи и нема никаква контрола врз истите. Кога се сеќаваме дека минатата година истиот беше заграден со влез и излез, кога немаше пандемија, сега кога е пикот на корона вирусот нема никакви ограничувања. Да биде можноста за штета и ширење на инфекцијата поголема илјадници граѓани од европските држави периодов пристигнаа во Македонија, но проблемот е што во државава се влегува без ПЦР тест, со што постои голема опасност дел од нив да ја шират заразата. Оттаму необјасниви се мерките кои ги носат и секојдневните фалби дека се спроведуваат кога можеме да видиме дека при нивното носење не се разгледани сите опции и сите опасности од ширење на заразата и третиот бран кој се очекува после празниците. Опасностите се големи, но апсурдите на власта уште поголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apsurdite-na-filipche-gi-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-a-trgovskite-prepolni-so-lugje/feed/ 0