тргување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 16:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тргување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прилепчанец заработи кривична пријава за неовластено тргување со оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-zaraboti-krivichna-prijava-za-neovlasteno-trguvanje-so-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-zaraboti-krivichna-prijava-za-neovlasteno-trguvanje-so-oruzje/#respond Wed, 22 Dec 2021 16:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=611758

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(36) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 13.09.2021, при извршена контрола врз лицето бил пронајден пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и осум куршуми кал. 7.65 мм, кој нелегално ги поседувал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-zaraboti-krivichna-prijava-za-neovlasteno-trguvanje-so-oruzje/feed/ 0
Волстрит почна да тргува со вода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-pochna-da-trguva-so-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-pochna-da-trguva-so-voda/#respond Wed, 09 Dec 2020 15:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=440996

На Волстрит неделава се тргува со вода, а нејзината цена варира како цената на нафтата, златото или пченицата,соопшти најголемата светска берза за финансиски деривати „ЦМЕ груп“. Според финансиските експерти со доаѓањето на водата на берзите ќе се овозможи подобро управување на идните ризици поврзани со клучниот природен ресурс. Цената на водата во Калифорнија изминатата година е двојно зголемена. „ЦМЕ груп“ ќе лансира договори поврзани за калифорнискиот пазар за вода, кој е вреден повеќеод 1,1 милијарди долари. Водата за испорака во Калифорнија вчера се тргуваше за 486,53 долари по хектар, што е еквивалент на 1.233 кубици. Првиот договор за вода во САД е објавен во септември кога американскиот западен брег беше опустошен од високите температури на воздухот и пожарите. Агенцијата Блумберг наведува дека договорите би требало да „служат за заштита на најголемите калифорниски потрошувачи на вода од зголемување на цената и како показател за инвеститорите ширум светот“. Кина и САД се најголеми потрошувачи на вода во светот, Според Обединети нации две милијарди луѓе во светот имаат сериозни проблеми со пристапот до вода. ОН предупредуваат дека за неколку години две третини од Земјата би се соочиле со недостиг на вода, што би можело да предизвика големи миграции. Недостигот на вода е поврзан со претераното искористување во индустријата, човековата потрошувачка, како и климатските промени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-pochna-da-trguva-so-voda/feed/ 0
Мицкоски Власта остава простор во спорот со Бугарија за да може да тргува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-ostava-prostor-vo-sporot-so-bugarija-za-da-moze-da-trguva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-ostava-prostor-vo-sporot-so-bugarija-za-da-moze-da-trguva/#respond Tue, 05 May 2020 17:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=342104

Во своето гостување во телевизија 24, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Гоце Делчев е еден од темелите на македонската држава и за него за тоа не може да се дискутира. Со жалење тој констатираше дека од другата страна СДСМ и власта калкулираат и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да калкуираат и тргуваат со македонските национални интереси. -Овој народ, оваа држава се темели врз основа на фунцкионирањето, раѓањето, творењето и борењето на Гоце Делчев и вие да го оспорувате тоа е исто како да оспорувате многу дејци на модерни, современи Европски држави, дека не се дел од тие држави. Тоа за мене не е предмет ниту на дискусија. За жал од спротивната страна гледам сепак еден вид калкуланство и оставање на простор за да може да се прават повторно определени отстапки, некогаш кога повторно ќе имаат можност, се надевам дека ќе немаат можност, да бидам попрецизен сигурен сум дека ќе немаат простор на штета на македонските национални интереси, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-ostava-prostor-vo-sporot-so-bugarija-za-da-moze-da-trguva/feed/ 0