три грчки острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Aug 2020 12:50:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png три грчки острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ одобри 130 милиони евра за изградба на затворени центри за бегалци и мигранти на три грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/#respond Mon, 03 Aug 2020 12:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=385513

Европската Комисија позитивно одговорила и одобрила финансиска помош за Грција во висина од 130 милиони евра за изградба на три затворени и контролирани центри за бегалци и мигранти на грчките острови Самос, Лерос и Кос, јави дописничката на МИА од Атина. -Европската Комисија во дописот до Министерството „ги поздравува напорите што ги прави Министерството за миграција и азил за справување со ситуацијата со мигрантите во Грција и целосно ја препознава итната потреба за оваа финансиска поддршка“, соопштуваат од Министерството за миграција и азил и Грција. Говорејќи за мигрантското прашање на денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, рече дека во изминатите четири месеци за 93,12 отсто биле намалени брановите бегалци и мигранти на островите. Во периодот април-јули 2020 година пристигнале 850 лица, наспроти 12.363 истиот период лани. На островите Хиос, Кос и Лерос, во изминатите четири месеци не било регистрирано ниту едно ново пристигнување, на Самос пристигнале само осум лица, а на Лезбос имало намалување за 85 отсто. Паралелно, како што рече Пецас, продолжува и префрлањето на бегалци од островите во континенталниот дел на земјата и за чеири месеци биле префрлени 11.295, лица, наспроти 3.186. -Владата, како следна цел го поставува зајакнувањето на безбедноста во центрите, во корист како на оние кои престојуваат таму, така и на локалното население, истакна Пецас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odobri-130-milioni-evra-za-izgradba-na-zatvoreni-centri-za-begalci-i-migranti-na-tri-grchki-ostrovi/feed/ 0