три месеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Feb 2021 13:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png три месеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секој десетти пациент има симптоми на коронавирус и по три месеци инфекцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-desetti-pacient-ima-simptomi-na-koronavirus-i-po-tri-meseci-infekcijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-desetti-pacient-ima-simptomi-na-koronavirus-i-po-tri-meseci-infekcijata/#respond Thu, 25 Feb 2021 13:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=473802

Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата. Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека т.н. „продолжен ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен. СЗО апелира политичките актери да направат повеќе за да се посвети внимание и да се третира долготрајниот Ковид, кој, меѓу другото, се манифестира со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на чувство за мирис, дијареја и кивање. Клуге рече дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со Ковид има симптоми и еден месец по добивањето позитивен тест, додека секој десетти има симптоми дури и по 12 недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-desetti-pacient-ima-simptomi-na-koronavirus-i-po-tri-meseci-infekcijata/feed/ 0
Луѓето кои преживеале Ковид-19 заштитени се до три месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-koi-preziveale-kovid-19-zashtiteni-se-do-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-koi-preziveale-kovid-19-zashtiteni-se-do-tri-meseci/#respond Sat, 15 Aug 2020 11:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=391041

Американскиот центар за контрола и превенција на болести неодамна ги ажурираше своите упатства и објавија дека оние кои преживеале Ковид-19 можат со сигурност да се движат и да се дружат со други луѓе три месеци, пишува Њујорк Тајмс. Во јуни, една студија покажа дека нивото на антитела може да се намали за два до три месеци кај лица со потврдена инфекција кои имаат благи симптоми или воопшто немале. Меѓутоа, антитела сè уште може да бидат присутни на ниско ниво, вклучително и под нивото на откривање. Најновите насоки на американскиот Центар одат малку подалеку. „Луѓето кои тестирале позитивно за коронавирус не треба да бидат ставени во карантин или повторно да се тестираат до три месеци ако повторно не развијат симптоми“, се вели во упатствата. „Оние кои повторно пројават силни симптоми во рок од три месеци по првото појавување на Ковид-19, можеби ќе треба да бидат проверени доколку нема друга причина за нивните симптоми“. Другите коронавируси, вклучително и оние кои предизвикуваат САРС и МЕРС, имаат антитела за кои експертите веруваат дека траат околу една година. Во раните денови на ширење на новиот коронавируст во САД, научниците се надеваа дека антителата на овој вирус ќе траат барем толку долго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-koi-preziveale-kovid-19-zashtiteni-se-do-tri-meseci/feed/ 0
Белгија: Осум отсто од населението размислувало за самоубиство во последните три месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=362957

Институтот за јавно здравје на Белгија ги мери и психолошките последици од здравствената криза и рестриктивните мерки врз населението, заклучоците се загрижувачки, јави дописничката на МИА од Брисел. Осум отсто од луѓето „сериозно“ размислувале да посегнат по сопствениот живот во последните три месеци, а 0,4 отсто се обиделе да се самоубијат, открива студијата на Институтот денеска. Анкетата се спровела од 28 мај до 3 јуни врз примерок од 34 илјади луѓе. Институтот заклучува дека социоекономските импликации од кризата имале најголемо влијание врз населението. Па така, 22 отсто од населението бележи влошување на својата финансиска состојба од почетокот на кризата, а со најголеми тешкотии за плаќање фактури се соочиле самохраните родители привремено невработени. Секој десетти Белгиец стравувал да остане без храна, исто толкав број не можеле да си дозволат здрава исхрана, а пет отсто од населението навистина се соочило со недостиг на храна. Од анксиозност и депресија се најпогодени луѓето кои живеат сами и самохраните родители. Центрите за превенција на самоубиство не забележале различен профил на луѓе, но зголемен е бројот на повици на бесплатните броеви за психолошка помош. Психолозите и психотерапевтите констатирале исто така поголеми суицидни тенденции кај своите пациенти. -Кревкоста на безбедносните системи, банкроти, губење работи, светот што се менува, сето тоа може да предизвика неизвесност, анксиозност и страв од колективна или лична пропаст, порачуваат од Центарот за превенција на самоубиства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/feed/ 0