тридневна жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 07:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тридневна жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 07:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=881753

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на својата страница на Фејсбук, партијата го нарече настанот трагичен. Според соопштението, „во српските средини на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а знамињата на Република Србија во сите институции ќе бидат спуштени на половина копје“. - Од името на Српската листа и српскиот народ од Косово и Метохија изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, се вели во објавата на СЛ. Група од над триесет вооружени и маскирани лица рано наутро на 24 септември убија еден полицаец и ранија уште еден во селото Бањска, во северно Косово. Во акцијата што уследи на косовските специјалци беа убиени четворица од напаѓачите и уапсени шест лица. Другите членови на групата, меѓу кои имало и ранети, првично се засолнија во православниот манастир во Бањска, а потоа побегнаа во Србија, соопштија официјални косовски извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Тридневна жалост во Мароко по катастрофалниот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridnevna-zhalost-vo-maroko-po-katastrofalniot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridnevna-zhalost-vo-maroko-po-katastrofalniot-zemjotres/#respond Sat, 09 Sep 2023 19:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=876427

Мароко прогласи тридневна национална жалост по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од илјада луѓе. Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период, се вели во соопштението на кралската палата. Околу 1.204 други се повредени, од кои 721 луѓе се во тешка здравствена состојба. Синоќа во Мароко е регистриран земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridnevna-zhalost-vo-maroko-po-katastrofalniot-zemjotres/feed/ 0
Србија: Прогласена тродневна жалост по убиството на осум ученици и чувар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-proglasena-trodnevna-zhalost-po-ubistvoto-na-osum-uchenitsi-i-chuvar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-proglasena-trodnevna-zhalost-po-ubistvoto-na-osum-uchenitsi-i-chuvar/#respond Wed, 03 May 2023 13:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=830165

Осум деца и лице за обезбедување се убиени, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител, а две од децата се во критична состојба. Убиецот е ученикот од седмо оделение (К.К.) на возраст од 14 години од ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград, која оваа незапамтена трагедија ја планирал еден месец и тоа до најситен детал, беше соопштено на денешната вонредна прес конференција во српската Влада, јави дописникот на МИА од Белград. Посебно обраќање до јавноста најави и претседателот Александар Вучиќ, вечерва во 18 часот. Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ на прес конференцијата рече дека осомничениот сам се пријавил на полицијата да каже дека застрелал неколку луѓе. -Според досега собраните информации, ученикот К. К. подолг временски период го планирал извршувањето на ова кривично дело. Мотивот се уште не е утврден, ниту пак тој не го кажал. Датумот 3 мај 2023 година го избрал затоа што училницата по историја била во близина на влезот на училиштето, каде неговиот клас VII-2 го имал првиот час. Огненото оружје, пиштолот со калибар од 9 милиметри, со три рамки, како и малокалибарски пиштол, гиз ел од станот на татко му, го ставил во торба, а подготвил и понел и четири молотови коктели, изјави Милиќ. Тој додаде дека веднаш по пристигнувањето во училиштето, убиецот го извадил пиштол и го застрелал обезбедувачот Д. В. по што ги нападнал децата и А. Б. -Пукал кон А.Б., кој стоел покрај масата, како и кон С.Н., кој бил покрај клавирот, и го убил. Потоа продолжил низ ходникот до училницата по историја, каде по пат ја заменил рамката, влегол во училница и веднаш пукал од врата кон наставникот и останатите ученици. Потоа ја напуштил училницата, отишол во училишниот двор, каде ја вади рамката од оружјето, вика полиција и после тоа ние го апсиме, изјави Милиќ. Шефот на полицијата го покажа списокот на деца што сторителот го составил и училишниот план на кој ги определил приоритетните цели и начинот на влегување во паралелките со бројот на деца што планирал да ги убие во секое одделение. Министерот за образование Бранко Ружиќ на прес-конференција соопшти дека Владата на Србија донела одлука за тридневна жалост на целата територија на Србија, почнувајќи од петок, 5 мај до недела, 7 мај и дека денеска е откажана наставата во попладневната смена, а утре ќе започне со едноминутно молчење. -Изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија и нашиот образовен систем. Никој не може да ги врати децата на нивните родители. Безбедносниот прстен постоеше, функционирал видео надзорот, а присутен бил и училишниот полицаец. Благодарност до здравствените работници, го молиме Господ да им помогне на сите, изјави тој. Министерот истакна дека, за жал, Србија е дел од светот каде се почесто се случуваат вакви работи. -Евидентно е канцерогеното, погубно влијание на интернетот, видео игрите, таканаречените западни вредности и на сите ни е јасно дека е потребен голем пресврт, заострување на мерките, но и систематско изнаоѓање решенија, рече Ружиќ. Министерката за здравство Даница Грујичиќ им изрази сочувство на родителите кои денеска ги загубија децата и им се заблагодари на здравствените работници кои излегоа на терен. -За 40 години работен стаж ова е можеби моето најстрашно искуство како лекар и како човек, изјави Грујичиќ. Зборувајќи за состојбата на повредените, министерката рече дека шест деца и една наставничка се во здравствените установи во Белград - три деца во Тиршова, четири пациенти во Ургентниот центар. -Двете момчиња кои се во Тиршова се здобиле со повреди на долните екстремитети, тие се стабилни и надвор од животна опасност, додека девојчето кое се здобило со прострелна рана во главата е критично. Направено е се што можеше да се направи, но повредата е голема и се уште се борат за нејзиниот живот, рече министерката. Во Ургентниот центар има три деца, девојче со прострелна рана во пределот на стомакот и повреди на раката. Таа е во стабилна состојба. -Момчето кое се здоби со прострелна рана низ градниот кош и вратот има повреда на рбетот, 5-ти и 6-ти вратен пршлен и е најтешко повреден. Операцијата се уште е во тек, ќе мора да има повеќе интервенции, нешто сега , нешто подоцна, рече министерката. Наставничката е во критична состојба. Таа има повреди на карлицата и раката и се уште е на операција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-proglasena-trodnevna-zhalost-po-ubistvoto-na-osum-uchenitsi-i-chuvar/feed/ 0
Тридневна жалост во Македонска Каменица за сограѓаните кои загинаа во сообраќајка во Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zhalost-vo-makedonska-kamenitsa-za-sograganite-koi-zaginaa-vo-soobrakajka-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zhalost-vo-makedonska-kamenitsa-za-sograganite-koi-zaginaa-vo-soobrakajka-vo-italija/#respond Tue, 11 Apr 2023 07:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=822717

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на сограѓаните кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Во директен судир во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, загинаа тројца македонски и еден италијански државјанин. Од Македонска Каменица загина З. С. (33), од село Саса А. К.(31), а В. И. (30) од село Пекљани, Виничко. „11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата“, велат од Општината Македонска Каменица. Од Советот на Општина Македонска Каменица информираат дека, по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан. Од македонското Министерство за надворешни работи веќе претходно соопштија дека претставниците на конзулатот и амбасадата во Италија се во контакт со дел од семејствата на починатите. Тие ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zhalost-vo-makedonska-kamenitsa-za-sograganite-koi-zaginaa-vo-soobrakajka-vo-italija/feed/ 0
Македонска Каменица е завиена во црно: Тридневна жалост по смртта на две млади лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/makedonska-kamenitsa-e-zaviena-vo-tsrno-tridnevna-zhalost-po-smrtta-na-dve-mladi-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/makedonska-kamenitsa-e-zaviena-vo-tsrno-tridnevna-zhalost-po-smrtta-na-dve-mladi-litsa/#respond Mon, 10 Apr 2023 19:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=822612

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица. Одлуката за прогласување на тридневна жалост во општина Македонска Каменица беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на општина Македонска Каменица. -Македонска Каменица е завиена во црно. Македонска Каменица е во жалост. Згаснаа млади животи. Почитувани сограѓани, Советот на општина Македонска Каменица изразува искрено и длабоко сочувство до фамилиите на трагично загинатите млади момчиња. Денес, Советот на општина Македонска Каменица на вонредна седница едногласно донесе одлука да прогласи тридневна жалост во деновите 11, 12 и 13 април 2023 година, (вторник, среда и четврток). Момчиња почивајте во мир, нека Ви е светол патот во вечноста. Секогаш ќе се сеќаваме на Вас, се вели во соопштението од каменичкиот Совет по повод прогласувањето на тридневната жалост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/makedonska-kamenitsa-e-zaviena-vo-tsrno-tridnevna-zhalost-po-smrtta-na-dve-mladi-litsa/feed/ 0
Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zhalost-vo-grtsija-po-zheleznichkata-nesreka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zhalost-vo-grtsija-po-zheleznichkata-nesreka/#respond Wed, 01 Mar 2023 09:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=806487

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот. Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани. Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса. Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини, се судрија товарен и патнички воз.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zhalost-vo-grtsija-po-zheleznichkata-nesreka/feed/ 0
Тридневна жалост во Бразил по смртта на Пеле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tridnevna-zalost-vo-brazil-po-smrtta-na-pele/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tridnevna-zalost-vo-brazil-po-smrtta-na-pele/#respond Fri, 30 Dec 2022 07:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=782407

Бразил прогласи тридневна жалост по повод смртта на легендарниот фудбалер Едсон Арантес до Насимента Пеле. Во соопштението на бразилската влада се наведува дека Пеле бил голем граѓанин и партиор, кој го возвишувал името на Бразил каде и да одел. Пеле почина вчера на 82 годишна возраст. Последните денови беше во тешка здравствена состојба откако во септември 2021 година му бил отстранет тумор на дебелото црево. ФИФА официјално го прогласи Пеле за најдобриот на 20 век, а магазинот „Тајм“ го стави меѓу 100-те најважни личности во минатиот век.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tridnevna-zalost-vo-brazil-po-smrtta-na-pele/feed/ 0
По смртта на кралицата Бразил прогласи тридневна жалост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-smrtta-na-kralicata-brazil-proglasi-tridnevna-zalost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-smrtta-na-kralicata-brazil-proglasi-tridnevna-zalost/#respond Fri, 09 Sep 2022 05:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=730476

„Официјална жалост е прогласена низ целата земја, во период од три дена, почнувајќи од датумот на објавување на оваа уредба, како знак на тага за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“, соопшти владата на Бразил. Бразилската влада, исто така, на Твитер објави фотографија од младата кралица Елизабета од нејзиното крунисување во знак на почит на монархот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-smrtta-na-kralicata-brazil-proglasi-tridnevna-zalost/feed/ 0
Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zalost-vo-crna-gora-po-tragedijata-vo-cetinje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zalost-vo-crna-gora-po-tragedijata-vo-cetinje/#respond Fri, 12 Aug 2022 19:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=717850

Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост, откако денеска во Цетиње загинаа 11 луѓе, а уште шест се повредени при напад на 34-годишен маж. Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ преку Телеграм објави дека во населбата Медовина загинале 11 лица, а меѓу нив имало и деца. „Ваква трагедија нес е памети во Црна Гора“, кажа Абазовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tridnevna-zalost-vo-crna-gora-po-tragedijata-vo-cetinje/feed/ 0
ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zalost-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zalost-vo-makedonija/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=598765

Владата на Македонија, денеска ја одржи 120-та редовна седница со која претседаваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. На седницата беше донесена одлука за прогласување на ТРИДНЕВНА национална жалост поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани. -Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, информираат од Владата. За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tridnevna-zalost-vo-makedonija/feed/ 0