трифун костовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Sep 2021 10:07:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трифун костовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трифун Костовски се враќа во политиката: Јас не сум гаталец, јас сум паталец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-se-vrakja-vo-politikata-jas-ne-sum-gatalec-jas-sum-patalec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-se-vrakja-vo-politikata-jas-ne-sum-gatalec-jas-sum-patalec/#respond Mon, 20 Sep 2021 09:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=565747

Трифун Костовски најави дека политички ќе се активира веќе за следните парламентарни избори. Себеси се смета за паталец, ама тврди дека не пати за функција. -Јас реков дека нема да бидам само обичен гласач. На локални избори нема да учествувам, но од следните парламентарните избори не се откажувам. Дали политичка партија или некој фронт - се уште размислувам. Незадоволството во Македонија достигнува до крајни граници. Јас не патам од тоа да добијам функција, нема ниедно место во Македонија на кое некому му е загарантирано. Денеска немаме веќе доверба во политичките лидери. Мојата поддршка е обичниот човек. Има сила во земјава, ама таа треба да се вкалкулира. Јас не сум гаталец, јас сум паталец. Искуството и работата ме учеле да бидам тоа што сум, но ме учеле и да не ја наведнувам главата, вели стопанственикот Трифун Костовски во Студио 10 на ТВ24.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-se-vrakja-vo-politikata-jas-ne-sum-gatalec-jas-sum-patalec/feed/ 0
Костовски до Заев: Патриотизмот не се докажува со пописот, патриотизмот се докажува со грижа за животот и здравјето на своте граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-do-zaev-patriotizmot-ne-se-dokazuva-so-popisot-patriotizmot-se-dokazuva-so-griza-za-zivotot-i-zdravjeto-na-svote-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-do-zaev-patriotizmot-ne-se-dokazuva-so-popisot-patriotizmot-se-dokazuva-so-griza-za-zivotot-i-zdravjeto-na-svote-gragjani/#respond Thu, 25 Mar 2021 19:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=487863

На листата на граѓани на кои им се заканува затвор од 1 до 5 години поради директно лобирање против пописот се наоѓа и бизнисменот Трифун Костовски. Следејќи ги последните настани, а особено последната трагедија која и се случи на Македонија - смртта на двете млади девојки на возраст од 23 и 24 години поради коронавирусот, тој напиша нова колумна „Брука“ која во продолжение ви ја пренесуваме во целост: „Во актуелниов момент се наметнуваат три прашања од кои само едното бара вистинска интервенција. Тие прашања се: вакцинација со каква било вакцина на севкупното население на Македонија, второто прашање е пописот кој треба да отпочне секој момент и третото е предвремените парламетарни избори. Поводот за денешнава моја објава беше вчерашниот ден во кој што згаснаа два млади животи на девојки од 23 години. Од една страна, додека секојдневно згаснуваат животи и заминуваат блиски луѓе, кои за жал нашите власти ги третираат само како статистики и бројки а не како нечија тага од загуба, од друга страна, крајно непримерно, нашиот премиер Зоран Заев нѐ прозива дали сме патриоти или не, врзани со прашањето за пописот. Иритантно, и би рекол дури и нечовечно. Сакам да испратам порака: пописот и вонредните парламентарни избори може да почекаат и треба комплетно посветување за здравјето на сопствениот народ. Како ќе го објасни господинот Заев фактот што вчера двете починати млади личности не ќе можат да се попишат на овој попис. Со упорноста не да го спаси сопствениот граѓанин, туку да ја реализира оваа статистичка операција, која зад себе крие и многу небулози, нѐ доведоа нас граѓаните на Република Македонија на питачки стап. Единствена земја сме во Европа која не обезбедила вакцини за сопствениот народ. Единствена земја сме во светот што секого молиме да ни подари вакцини. Трети сме во светот по број на починати мои сограѓани од оваа пандемија која веќе очигледно дека оваа Влада ниту може ниту сака да ја реши. Срамно е да се живее во оваа земја, посебно е жално за социјалната категорија на граѓани која не само што се бори против Ковидот, туку се бори и за гола егзистенција. Сѐ уште ми одѕвонува призвукот на нашиот Премиер со неговиот глас кога вели дека е патриотски да се попишеме. Каква безочност. Каков срам. Сакам да му порачам на актуелниот премиер, патриотизмот не се докажува со пописот, патриотизмот се докажува со грижа за животот и здравјето на своте граѓани, со обезбедување на достоинствен живот, а тоа се покажува не со зборови туку со дела. Делата кои вие господине Заев ги испорачавте на оваа држава и на своите граѓани се катастрофални. Вашето место одамна не смее да биде во политиката. Македонија има и мудри и искусни луѓе кои можат да се справат со оваа состојба која вие ја направивте неподнослива во последните четири години. Јас одговорно тврдам дека нема да се попишам, од причина што навистина вредносниот систем кој вие го практикувате е вон здрава памет.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-do-zaev-patriotizmot-ne-se-dokazuva-so-popisot-patriotizmot-se-dokazuva-so-griza-za-zivotot-i-zdravjeto-na-svote-gragjani/feed/ 0
Костовски: Од денес ја објавувам мојата граѓанска непослушност кон сите институции во Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-od-denes-ja-objavuvam-mojata-gragjanska-neposlushnost-kon-site-institucii-vo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-od-denes-ja-objavuvam-mojata-gragjanska-neposlushnost-kon-site-institucii-vo-republika-makedonija/#respond Fri, 25 Dec 2020 14:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=448340

Трифун Костовски во соопштение ја објави својата граѓанска непослушност кон македонските институции заради отфрлање на неговата жалба за замрзнатиот имот. „По повод одлуката на основниот Кривичен суд за замрзнување на имотот на Трифун Костовски и отфрлање на жалбата на Костовски како „недозволена“. Почитувани мои сограѓани. Од денес ја објавувам мојата граѓанска непослушност кон сите институции во Република Македонија, бидејќи постапките кои системот ги прави против мене и моето семејство ги надминува сите граници. Можеби сум и единствениот Македонец кој сите спечалени пари надвор во белиот свет сум ги донел во земјава и за жал изгубил од луѓе кои се занимаваат со матни зделки, а се блиски до политичките структури. На мојата жалба до основниот Кривичен Суд Скопје, по основ на замрзнување на мојот приватен имот, добив решение во коешто со големи букви е напишано ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА. Што е дозволено во нашава држава? Јас, кој сиот имот го имам стекнато со пари спечалени вон Македонија, денеска истиот ми е замрзнат, и судот ми велат дека МОЈАТА ЖАЛБА Е НЕДОЗВОЛЕНА, а додека политичари коишто недвосмислено во изминатите години говореа дека стекнале богатство колку еден успешен бизнисмен, … ама пазете од политиката!! таквите луѓе се високо почитувани во нашето денешно секојдневие. Стојам исправено и гордо и отворено им порачувам на сите институции дека можете да ми земете се од мене, ама не можете да ми го земете достоинството и мојот непокор. Ако мислите да ме влечкате по судските лавиринти, по основ на моето неприкосновено право, јас потврдувам дека тоа нема да го дозволам со мојата граѓанска непослушност. Судството кое е контролирано од извршната власт е само продолжена рака на организираниот криминал. Во последната колумна пишував за голготата на нас Македонците. Зарем не е срамно својата лична голгота да ја доживеам во својата веќе слободна Македонија, креирана од моите Македонци. ЖАЛНО“, напиша Костовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-od-denes-ja-objavuvam-mojata-gragjanska-neposlushnost-kon-site-institucii-vo-republika-makedonija/feed/ 0
Трифун Костовски жестоко: Немам зборови за однесувањето на Заев, веднаш да поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-zestoko-nemam-zborovi-za-odnesuvanjeto-na-zaev-vednash-da-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-zestoko-nemam-zborovi-za-odnesuvanjeto-na-zaev-vednash-da-podnese-ostavka/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=438137

Изминатата недела и настаните кои ја одбележаа ја доживувам поразувачки, со поттикнување на многу негативни емоции кај секој поединец во нашава држава. Ковидот катадневно коси со веќе двоцифрени бројки на починати луѓе, и со над илјада новозаразени секојдневно, пишува Трифун Костовски во неговото обраќање објавено на порталот Либертас. -Министерот за здравство, господинот Филипче, тврди дека пикот на очекуваниот есенски бран е зад нас, но верувајте, тешко можам да се согласам со ваквата проценка. Во најмала рака делува несериозно, бидејќи никој во светот не може со сигурност да каже во која насока ќе се движи и колку долго ќе трае пандемијата на Ковид-19, кој е следниот вирус кој ќе нè нападне по справувањето со Ковид-19? Пред севкупната цивилизација на планетата земја се поставува основното прашање – каков ќе биде животот на денешните и идни генерации на човечкиот род, пишува тој. Посебен осврт дава коментирајќи го однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Еве што пишува бизнисменот за премиерот: „Друго нешто што длабоко ме вознемири беше интервјуто на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, господинот Зоран Заев, за бугарската агенција БГНЕС. Анализирајќи ги неговите мисли, изговорени зборови, говорот на тело и мимиката на лицето, се почувствував понижен. Да не се знае дел од специфичните сегменти кои се дел од нашето општество и од нашата историја, не е грев. Во случајов говорам за историјата на нашата Македонија. Недозволиво е од позиција на прв човек на Владата на РМ да се понижува себеси, да го понижува граѓанинот од македонска националност, и останатите граѓани. Вториот непримерен однос на Премиерот Заев е поврзан со судскиот случај ПУЧ, поврзан со организираното насилство на 27 април 2017 во Собранието на РМ, каде во улога на сведок дава контроверзни изјави. Во првата дадена и потпишана писмена изјава го осудува злосторот и луѓето обвинети за тој злостор, за на последното рочиште тоа го повлече, а судијката Русковска мораше да го опомене. Немам зборови како да го опишам ваквото однесување на првиот човек на Владата на Република Северна Македонија. Објаснувањето од страна на неговите сопартијци и политички сојузници во Владата дека си ја жртвува политичката кариера за Македонија да влезе во Европска унија е приказна за мали деца. Тоа барем кај мене не минува. Достоинствено е веднаш да си поднесе оставка од позицијата премиер, а неговите сопартијци подобро нека размислат дали ќе му ја дадат довербата да ја води партијата СДСМ. Анализирајќи ги сите неиздржани изјави и ставови на господинот Заев од самото негово појавување на политичката сцена, говорам во прво лице еднина, господинот Заев не треба да се занимава со политика. Политиката по мене е пресериозен предизвик во развојот на севкупниот напредок на државата и човекот во нејзе како поединец. Искуството, човечките доблести и знаењето, треба да бидат главните одлики на вистински политичари. Оставката е единственото исправно решение, кое го очекувам да биде сторено. Луѓе кои бегаат од одговорноста за стореното лошо дело не ги почитувам“. Целата објава прочитајте ја на ЛИБЕРТАС.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifun-kostovski-zestoko-nemam-zborovi-za-odnesuvanjeto-na-zaev-vednash-da-podnese-ostavka/feed/ 0
Кој стои зад НБРМ: Народна банка го контролира и текот на стечајот на Еуростандард банка за да го прикрие криминалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-stoi-zad-nbrm-narodna-banka-go-kontrolira-i-tekot-na-stechajot-na-eurostandard-banka-za-da-go-prikrie-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-stoi-zad-nbrm-narodna-banka-go-kontrolira-i-tekot-na-stechajot-na-eurostandard-banka-za-da-go-prikrie-kriminalot/#respond Wed, 02 Dec 2020 12:11:51 +0000 https://kurir.mk/?p=437448

За да ги сокрие трагите на парите и криминалот направен во Еуростандард банка, Народната банка го контролира и текот на стечајот на банката, тврди еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски. Во колумна за порталот Либертас Костовски пишува дека НБРМ банка е влезена во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка. -Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Почитувани, одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката. Доказ за оваа моја констатација е фактот што извештајот изготвен од стечајниот управител Душко Тодевски е копија на истиот од Народна банка што го пласираше во времето кога ја однесе банката во стечај. Народна банка не сака да остави ништо на случајот и во дадениот момент се јавува како тотален егзекутор на Еуростандард банка – вели Костовски. Кој стои зад Народната банка? -Тенденциозноста е од невидени размери, а целта не е само да се убие Еуростандард банка како правен субјект, туку и да се скрие трагата на парите. Стечајниот управител одговара само пред судијата кој го назначил, но повеќе од индикативно е дека севкупната контрола на ЕСБ во постапката на стечај се врши од Народна банка – вели тој. Костовски, како што вели, ги поддршува физичките и правните лица оштетени од стечајот на Еуростандард банка во нивното барање за изземање на Фондот за исплата на штедни влогови од стечајната маса на банката. -Сосема легитимно и на место е, бидејќи тие имаат првенство при наплатата од стечајната маса. Нема потреба од создавање на финансиски фондови ако тие не бидат наменети за граѓаните или пак законодавецот смета дека ЕСБ не е последната банка што отишла во стечај, туку ќе следат и други банки. Ваквите прашања поставувајте ѝ ги на госпоѓата Бежоска – вели Костовски. Тој смета и дека банкарскиот систем и банките во Македонија не се толку силни како што кажува Народна банка на чело со гувернерката. -Нема банка во Македонија која нема аномалии во нејзиното работење, нема банка која нема лоши портфолија, само не знам до кој степен, бидејќи „шминката” на сите извештаи и биланси е сеприсутна во нашето секојдневие – додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-stoi-zad-nbrm-narodna-banka-go-kontrolira-i-tekot-na-stechajot-na-eurostandard-banka-za-da-go-prikrie-kriminalot/feed/ 0
Костовски: Одговорно тврдам дека случајот со Еуростандард Банка е органиран криминал и нема да запрам додека не се докаже кој стои зад ова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-odgovorno-tvrdam-deka-sluchajot-so-eurostandard-banka-e-organiran-kriminal-i-nema-da-zapram-dodeka-ne-se-dokaze-koj-stoi-zad-ova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-odgovorno-tvrdam-deka-sluchajot-so-eurostandard-banka-e-organiran-kriminal-i-nema-da-zapram-dodeka-ne-se-dokaze-koj-stoi-zad-ova/#respond Thu, 26 Nov 2020 18:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=434949

Трифун Костовски во своето гостување во емисијата 24 Анализа зборуваше за пропаѓањето на Еуростандарр Банка каде рече дека ова со Еуростандард Банка е органириан криминал и тој нема да запре додека не се докаже кој стои зад ова. Нас ни е забрането да добиваме било какво објаснување или документација од Народна Банка како математички е дојдено до таква ситуација на банката да отиде право во стечај без претхо дно да се користат други мерки. Нека се одземе лиценца на генерален директор, на член на надзорен одбор, нека казни. Од 55 адектавтност да не донесе до по нивни математики 2%. Јас одговорно тврдо дека ова е организиран криминал и отворено тврдам дека нема да запрам додека не се докаже кој стои зад ова, рече Костовски во своето гостување. Тој во своето гостување рече дека тие биле изиграни од страна на Народна Банка. Со новиот управен одбор кој беше со амин на Народна банка и даде логистички дека ќе не поддржи, тука не изигра народна Банка, ги изигра и тие луќе кои дојдоа како нови генрални директори бидејчи дека пред нив е кариера. Чекаа момент при некоснституирано СОбрание, неконституирана Влада тукушто завршени предвремени парламенатрби избори да ја однесат банката во стечај, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-odgovorno-tvrdam-deka-sluchajot-so-eurostandard-banka-e-organiran-kriminal-i-nema-da-zapram-dodeka-ne-se-dokaze-koj-stoi-zad-ova/feed/ 0
Костовски обвини дека со стечајот се кријат пари: Парите, како и полжавот, имаат трага! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-obvini-deka-so-stechajot-se-krijat-pari-parite-kako-i-polzavot-imaat-traga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-obvini-deka-so-stechajot-se-krijat-pari-parite-kako-i-polzavot-imaat-traga/#respond Fri, 13 Nov 2020 15:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=429178

Сопственикот на најголемиот удел во Еуростандард, Трифун Костовски, изјави дека со стечајот е направен обид да се скрие криминалот, а тој е виновен што бил наивен и што слепо му верувал на поранешниот претседател на Управен одбор, Николче Петкоски. За време на надзорната расправа во Собранието за случајот со Еуростандард банка, Костовски, не се согласи со изјавата на гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, дека е направено сѐ банката да не отиде во стечај. -Минатиот март состојбата беше 10 пати полоша отколку сега во август – возврати Костовски. Според него, станува збор за организиран криминал, што не почнал пред една година, туку многу порано. -Падот на адекватноста на капиталот кој беше на крајот од март 6,55 е поради вонредната ситуација со која со сила на закон ни беше наметната забрана за присилна наплата. Ние секој месец имавме 2,5-3 милиони евра на тој начин. Вонредната ситуација траеше 97 дена. Со претходна забрана да работиме со физички и правни лица, сето водеше кон влошување на состојбата на кредитното портфолио – вели Костовски. Тој потсети дека со една уредба бил оневозможен стечај три месеци по укинување на вонредната состојба, а на 29 мај таа уредба била укината и потоа Еуростандард банка отишла во стечај. -Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете – изјави Костовски. Тој не се амнестираше од одговорноста и кажа дека е виновен што како претседател на Надзорниот одбор не ја следел состојбата со кредитното портфолио. -Како членови на Управниот одбор бевме излажани затоа што на чело имавме човек што ни кафе не пие, што го сметавме без ниту една дамка, но тоа не било така – изјави Костовски. На Надзорната расправа Ангеловска-Бежоска доби прашање како 29 фирми од Струмичко не платиле рати од 12,8 милиони евра, а таа се обврза писмено да одговори. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, пак, пред присутните презентираше многубројни предмети кои се отворени за случајот „Еуростандард“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-obvini-deka-so-stechajot-se-krijat-pari-parite-kako-i-polzavot-imaat-traga/feed/ 0
Костовски: Затворањето на Еуростандард банка е организиран криминал, се работи за големи пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kostovski-zatvoranjeto-na-eurostandard-banka-e-organiziran-kriminal-se-raboti-za-golemi-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kostovski-zatvoranjeto-na-eurostandard-banka-e-organiziran-kriminal-se-raboti-za-golemi-pari/#respond Fri, 13 Nov 2020 13:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=429114

Јас тоа што имав да го кажам го кажав во мојот писмен извештај, во кој што убедливо говорам дека се работи за организиран криминал кој што не е почнат од пред година дена, туку почнато е со години наназад, вели сопственикот на пропадната Еуростандард банка, Трифун Костовски на денешната надзорна расправа на собраниска комисија за финансирање и буџет. Костовски посочи дека има три елементи, кои што укажуваат дека одлуките за отворање на стечајната постапка не е исправната, нагласувајќи дека претходно состојбата на банката десет пати била полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај на истата, како и дека ваквата одлука е донесена без собранието како највисоко тело кое ја контролира работата на Народната банка и без формирана влада. Состојбата што госпоѓата гувернер Бежовска ја опиша за ситуацијата и мерките кои ги преземат апсолутно не се баш во ред. Не се во ред од неколку причини, вонредните мерки предвидуваат и одземање на лиценци и на членови на Надзорен одбор и на Управен одбор. Тоа ниту еднаш во историјата не се случило. Падот на адекватноста на капиталот кој што беше крајот на март, 6.55 е слободен пад поради вонредната ситуација со кој што на сила на закон ни беше забрането да вршиме присилна наплата која ние секој месец од тие доспеани побарувања и отпишани побарувања успеавме да наплатиме по минимум два и пол до три милиони евра. Тоа е првиот елемент, вонредната ситуација траеше 97 дена со одземена претходно дозвола да работиме со физички и правни лица, а тоа значи носење на кредитното портфолио во полоша и полоша категоризација. Да имавме во последната година било какви пласмани, па би рекол дека овој проблем настанал од сега, проблемот е многу порано и објективно минатата година во март банката беше десет пати во полоша ситуација за носење во стечај отколку што беше во момент кога се донесе. Друг елемент, кој што сакам да го кажам, е одлука за носење во стечај се носи без вас како собрание, највисокото тело меродавно да ја контролира работата на Народна банка и без формирана влада, вели Костовски и додаде дека првично владата донела уредба со законска сила каде што се забранува отворање на било каква стечајна постапка по завршување ан вонредната состојба, но веднаш потоа донела уредба со законска сила за поништување на ваквата одлука. И уште елемент сакам да кажам, сакав да видам денес меѓу сведоците и делови и членови на бившата техничка влада, но носени се две уредби со сила на закон, едната од 24 март во која вели три месеци после завршување на вонредната состојба нема потегнување на никаков стечај, да би со иста таква уредба на 29 мај значи пред истекот малтене, пред утврдување на тајмингот за предвремените парламентарни избори, таа одлука се поништува, за да може стечајот да се воведе, веднаш по завршувањето, истакна Костовски. Костовски е дециден дека целата постапка со Еуростандард банка е голем криминал бидејќи како што рече се работи за големи пари, додавајќи дека тој не отстапува да го докаже тоа. Друг правен субјект кој веднаш е однесен во стечај, нема освен Еуростандард банка, се работи за големи пари, за голем криминал. Парите имаат траги, бидете убедени, како полжавот и парите трага имаат, со стечајот фактички трагите се кријат, ако сакате да учествувате сите заеднички во вакво покривање на криминал, повелете. Јас од овој мој пат не отстапувам, порача Костовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kostovski-zatvoranjeto-na-eurostandard-banka-e-organiziran-kriminal-se-raboti-za-golemi-pari/feed/ 0
Оштетените штедачи го потврдија Трифун Костовски: Трагата на парите води кон Струмица и СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/#respond Mon, 02 Nov 2020 19:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=423947

Оштетените штедачи ја потврдија изјавата на Трифун Костовски кој минатиот месец кажа дека трагата на парите треба да се бара кај еден функционер на СДСМ. Имено, прва на листата на должници во стечајната маса на Еуростандард банка е групација од поврзани фирми од Струмица, тврдат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка повикувајќи се на извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник. Од Здружението велат дека во портфолиото на поврзани друштва оваа групација има 9 фирми од кои банката има сомнителни и спорни побарувања, кредити кои воопшто не се исплаќани повеќе минати години. – Оваа групација должи фантастични 8,25 милиони евра на банката во кредити кои се ултра ризични и во најголем дел ненаплатливи. Ова е само водечкиот пример, а вакви групации од поврзани фирми има повеќе. Организиран криминал од невидени размери – велат од Здружението. Оттаму додаваат дека се во потрага по вистината и правдата и прашуваат кој се стои зад овие фирми и во кои џебови завршиле нивните пари од депозитите? – Вистината мора да се открие, правдата мора да се задоволи. Ние не сме лопови, ние сме лојални граѓани на оваа земја, плаќаме даноци и придонесуваме за развој на економијата. Нашите пари се украдени на безкрупулозен начин, организирано и свесно. Државата не не заштитила и бараме државата да не обештети, а криминалците веднаш да ги смести таму каде им е местото и да им го заплени имотот – велат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/feed/ 0
Костовски: НБРМ е регулатор, не инспектор- барам оставка од целото раководство бидејќи свесно ја однесе банката во стечај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-nbrm-e-regulator-ne-inspektor-baram-ostavka-od-celoto-rakovodstvo-bidejkji-svesno-ja-odnese-bankata-vo-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-nbrm-e-regulator-ne-inspektor-baram-ostavka-od-celoto-rakovodstvo-bidejkji-svesno-ja-odnese-bankata-vo-stechaj/#respond Tue, 20 Oct 2020 11:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=418486

Сопственикот на Еуростандард банка преку соопштение до јавноста вели дека Народната банка на Македонија е регулатор, а не инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казнува. -Вчера 19. 10. 2020, Народна банка изјавија дека Еуростандард банка отишла во стечај, бидејќи не ја исполнила својата законска обврска за докапитализација. Со нивната изјава потврдуваат дека сите алатки за стабилизирарање на Еуростандард банка не биле користени. Би сакал да расчистиме - Народна банка е регулатор, кој треба да ги регулира финансиските текови во државата. Народна банка не е инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казни. Во случајов, Народна банка не прави разлика во поимањето регулатор и инспектор, вели во своето соопштение Костовски. Тој додава дека невозможно е од 6,55% адекватност на капиталот кон крајот на март 2020 година да падне на 2% адекватност, во рок од  4,5 месеци, во кои 3 месеци и 1 недела имаше вонредна ситуација. -Веселата математика направена од страна на Народна банка не држи, падот од 6,55 % адекватност на капиталот на само 2 % адекватност е чиста математика, со носење на лошите пласмани во уште полоша категоризација. ЗОШТО?, ја прашувам Народна Банка, кога при тој слободен пад на адекватноста на капиталот, кој за 4,5 месеци од 6,55% падна на 2% не ги примени алатките: Вонредни мерки и Администрација. Почитувани дами и господа од Народна банка, барам веднаш оставка од целото раководство поради свесно носење на банката во стечај,  со што загрозивте десетици илјади правни и физички лица. Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш, вели Костовски. Тој додава : „П.С. Подобро да молчите, бидејќи со секој ваш кажан став се деградирате себеси и институцијата Народна банка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-nbrm-e-regulator-ne-inspektor-baram-ostavka-od-celoto-rakovodstvo-bidejkji-svesno-ja-odnese-bankata-vo-stechaj/feed/ 0