Трилатерална средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Jul 2021 22:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трилатерална средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Некоректно: Дали ова значи класична цензура на македонски медиуми од ПР службата во Владата на Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekorektno-dali-ova-znachi-klasichna-cenzura-na-makedonski-mediumi-od-pr-sluzbata-vo-vladata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekorektno-dali-ova-znachi-klasichna-cenzura-na-makedonski-mediumi-od-pr-sluzbata-vo-vladata-na-makedonija/#respond Wed, 28 Jul 2021 22:24:40 +0000 https://kurir.mk/?p=543278

Телевизијата Канал 5 денес го контактирала советникот на премиерот Зоран Заев со барање за дозвола на снимање за време на прошетката по кејот на Вардар, но од таму им било кажано дека не е дозволено да се снима... но дали за сите? Канал 5 ТВ бара сериозен одговор од Владата за селекцијата на медиумите во Македонија, која се повторува неколку пати редум, почнувајќи одамна, но последниот случај беше форумот во Преспа каде во активниот, дебатен дел беа поканети само познати „ведети“ од некогашната „мегапопуларна“ 1ТВ, и новинари од неколку портали, а ниту еден од уредниците или новинарите од националните телевизии. Оваа „селекција“, велат од Канал 5, изгледа се повтори и денес, затоа што нашата редакција, а веројатно и другите редакции на националните македонски ТВ станици, беше информирана лично од г-динот Забрчанец, советник на премиерот Заев, дека нема да има можност за снимање на инсерти или евентуални изјави за време на прошетката во центарот во Скопје, заедно со градоначалникот Шилегов. Но, изненадувањето и истовремено потврда за некоректноста на советникот Забрчанец уследи кога е нотирано дека најмалку две српски телевизии беа присутни на настанот ( Пинк и Танјуг ТВ ), како и најмалку две албански телевизии ( Њуз 24 и Коха ), кои според сите професионални стандарди, си направија соодветни видео материјали пред се заради информирање на својата јавност за дводневната економска и политичка трилатералка на претседателот на Србија и премиерите на Македонија и Албанија. -Дали ова значи класична цензура на македонски медиум(и), оставаме на јавноста и центарот за комуникации при Владата да пресудат, но Канал 5 ТВ ќе ја преиспита комуникацијата со специјалниот советник за медиуми на Премиерот Заев, г-динот Забрчанец - пред се поради сопствената , македонска јавност, заради која постоиме , а не заради политичарите во Македонија, независно на која номенклатура припаѓаат!, пишуваат од Канал 5 ТВ. Сите имаме право на вистински и правовремени информации, без да постои „географска“ селекција на „подобни и неподобни“ медиуми, како во денешниот случај - Македонски од една страна кои немаа право да го снимаат настанот , и Српски и Албански од друга страна кои имаа право, во Македонија, да го снимаат овој значаен настан. За крај, велат од телевизијата- цензурата е со Устав забранета, а Канал 5 ТВ се надева дека ова не е акт на цензура , туку на некоректен и лошо медиумски организиран настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekorektno-dali-ova-znachi-klasichna-cenzura-na-makedonski-mediumi-od-pr-sluzbata-vo-vladata-na-makedonija/feed/ 0
Во понеделник прва трилатерална средба Србија- Грција- Кипар во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ponedelnik-prva-trilateralna-sredba-srbija-grcija-kipar-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ponedelnik-prva-trilateralna-sredba-srbija-grcija-kipar-vo-belgrad/#respond Thu, 01 Apr 2021 12:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=490839

Во присуство на шефот на грчката и кипарската дипломатија Никос Дендиас и Никос Хрисодулидис, кои ќе отпатуваат за Србија, во понеделник во Белград ќе се одржи и првата трилатерална средба меѓу Грција, Кипар и Србија, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, на денешниот редовен брифинг со новинарите, информираше дека Никос Дендиас ќе отпатува за Србија каде што ќе се сретне со српскиот државен врв, вклучувајќи ги претседателот, шефот на дипломатијата, претседателот на Собранието, како и со новиот патријарх. Според Папајоану, за време на посетата ќе стане збор за зајакнување на билатералната соработка, а грчката страна „ќе ја повтори целосната поддршка на европската перспектива како на Србија, така и на земјите од Западен Балкан“. Заедно со Дендиас, за Белград ќе отпатува и заменикот МНР на Грција Костас Франкојанис за да разговара за економските односи меѓу двете земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ponedelnik-prva-trilateralna-sredba-srbija-grcija-kipar-vo-belgrad/feed/ 0
Трилатерална средба во Атина на шефовите на дипломатиите на Грција, Кипар и Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trilateralna-sredba-vo-atina-na-shefovite-na-diplomatiite-na-grcija-kipar-i-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trilateralna-sredba-vo-atina-na-shefovite-na-diplomatiite-na-grcija-kipar-i-izrael/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=421121

Министрите за надворешни работи на Грција, Израел и Кипар, Никос Дендиас, Габи Ашкенази и Никос Христодулидис, денеска ќе одржат трилатерална средба во грчкото МНР, а акцентот ќе биде ставен на зајакнување на соработката и на Источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина. – Разговорите ќе се фокусираат на зајакнување на соработката на трите земји во областите како што се економијата и енергетиката, како и случувањата во Источниот Медитеран и на Блискиот Исток, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trilateralna-sredba-vo-atina-na-shefovite-na-diplomatiite-na-grcija-kipar-i-izrael/feed/ 0