триполи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Sep 2020 10:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png триполи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бомбаш-самоубиец се разнесе во Триполи, црн чад ги голтна улиците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombash-samoubiec-se-raznese-vo-tripoli-crn-chad-gi-goltna-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombash-samoubiec-se-raznese-vo-tripoli-crn-chad-gi-goltna-ulicite/#respond Tue, 01 Sep 2020 10:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=397723

Силите на командантот Калифа Хафтар во јуни, по 14 месеци борба, ја запреа опсадата на Триполи и повеќемесечното гранатирање на градот. Силна експлозија денеска одекна во Триполи, и густ црн чад се крева високо над градските улици. Локалните медиуми објавија дека станува збор за напад на бомбаш-самоубиец кој со мотор стигнал до раскрсницата на најголемиот пат кој од исток влегува во Триполи од исток, но властите не ја потврдиле информацијата. Силите на командантот Калифа Хафтар во јуни, по 14 месеци борба, ја запреа опсадата на Триполи и повеќемесечното гранатирање на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombash-samoubiec-se-raznese-vo-tripoli-crn-chad-gi-goltna-ulicite/feed/ 0
Владата во Триполи најави примирје и побара демилитаризација на Сирт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-tripoli-najavi-primirje-i-pobara-demilitarizacija-na-sirt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-tripoli-najavi-primirje-i-pobara-demilitarizacija-na-sirt/#respond Fri, 21 Aug 2020 13:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=393520

Либиската Влада, поддржана од ОН, објави прекин на огнот и повика на демилитаризација на градот Сирт кој е контролиран од силите на Калиф Хифтер. Покрај тоа, владата во Триполи повика на деблокирање на снабдувањето со нафта наметнато од ривалската страна претходно оваа година и распишување парламентарни и претседателски избори следниот март. Силите на командантот Калиф Хифтер почнаа офанзива во април 2019 година, во обид да го заземат главниот град Триполи, но нивната офанзива пропадна уште во јуни, откако здружените сили за Триполи, со турска поддршка, успеаја да го одвратат непријателот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-tripoli-najavi-primirje-i-pobara-demilitarizacija-na-sirt/feed/ 0
Мас во ненајавена посета на Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mas-vo-nenajavena-poseta-na-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mas-vo-nenajavena-poseta-na-tripoli/#respond Mon, 17 Aug 2020 14:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=391702

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска престојува во ненајавена посета на Триполи, каде истакна дека светот не смее да биде измамен од мирот што моментно преовладува во Либија и дека мора да се најде начин да се стави крај на конфликтот во земјата уништена од граѓанска војна. Мас рече дека ќе се состане со официјални лица од меѓународно признатата влада во Либија, за да разговараат за „излез од оваа многу опасна ситуација“, во која, како што рече, обете завојувани страни добиваат оружје од своите сојузници во странство. Во обид да посредува во мировните напори, Германија беше домаќин на самитот во Берлин во јануари, на кој претставници на обете страни се согласија да го почитуваат ембаргото на испорака оружје ветија дека ќе се ангажираат за целосен прекин на огнот, но договорот подоцна беше прекршен во неколку наврати. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mas-vo-nenajavena-poseta-na-tripoli/feed/ 0
АФРИКОМ: Паравоената група „Вагнер“ поставува мини околу Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikom-paravoenata-grupa-vagner-postavuva-mini-okolu-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikom-paravoenata-grupa-vagner-postavuva-mini-okolu-tripoli/#respond Wed, 15 Jul 2020 14:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=376399

Командата на САД во Африка (АФРИКОМ) ја обвини паравоената единица „Вагнер“, спонзорирана од руската Влада, дека поставува мини и други експлозивни направи околу Триполи. АФРИКОМ истакна дека има докази односно фотографии на кои се гледа како групата „Вагнер“ од средината на јуни поставува мини околу Триполи и Сирт. – Групата „Вагнер“ спонзорирана од руската држава, покажува целосно непочитување на безбедноста и сигурноста на Либијците. Таквата неодоговрна тактика ќе го пролонгира конфликтот. Групата е одговорна за страдањето и за смртта на цивилите, се наведува во соопштението на АФРИКОМ. Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт. Силите на генерал Калифа Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати. Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња. Русија, првенствено прегу „Вагнер“, Обединети Арапски емират и Египет го поддржуваат генералот Хафтар, додека Турција ја поддржува меѓународно признаената Влада во Триполи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikom-paravoenata-grupa-vagner-postavuva-mini-okolu-tripoli/feed/ 0
Прекршено примирје во Либија: Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/#respond Wed, 06 May 2020 16:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=342613

Најмалку тројца цивили се убиени во напад врз либискиот главен град Триполи, што го предводеле силите на генералот Калифа Хафтар, јави агенцијата Анадолија. Амин ал-Хашими, консултант за односи со јавност во Министерството за здравство, изјави дека силите на Хафтар денеска го гранатирале Триполи. Тој потврди дека во нападот загинале тројца цивили, а 19 се повредени, меѓу кои има и деца. Ал-Хашими, исто така, истакна дека гранати паѓале на крајбрежниот пат во регионот Таџура, додавајќи дека тоа е единствениот пат што го поврзува Триполи со околните области на истокот од земјата. Либија од 2011 година се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи. Либиската Влада за национално единство, со седиште во Триполи, ја ужива поддршката од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека владата на Хафтар, чие седиште е во Тобрук, ги предводи силите поддржани од Русија, но и од Египет и Обединетите Арапски Емирати Силите на Хафтар во четвртокот соопштија дека е прогласен прекин на огнот во текот на светиот месец Рамазан. Ахмед Ал-Мисмари, портпарол на либиската национална армија (ЛНА), изјави дека сите воени операции во Либија биле прекинати во текот на месецот на постот, но денеска се појави вест дека е прекиното примирјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/feed/ 0
ЛНА го забрани користењето на аеродромот во Триполи за сите видови авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lna-go-zabrani-koristenjeto-na-aerodromot-vo-tripoli-za-site-vidovi-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lna-go-zabrani-koristenjeto-na-aerodromot-vo-tripoli-za-site-vidovi-avioni/#respond Wed, 22 Jan 2020 20:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=293385

Командантот на Либиската национална армија (ЛНА), генералот Калифа Хафтар соопшти дека вовел забрана како за воената, така и за цивилната авијација на единствениот меѓународен аеродром во главниот град Триполи – „Митига“, заканувајќи се со соборување на секој што ќе ја прекрши забраната, изјави вечерва официјалниот претставник на вооружените сили, Ахмед Мисмари, цитиран од Тасс. Тој конкретно посочи дека Армијата почнува да го спроведува претходно договорениот план за воведување зона за забранети летови од Гарјан и југоисточно од Тархуна, до брегот на Триполи, што го вклучува и аеродромот во престолнината, како и воено-воздухопловната база што таму се наоѓа. -Областа Митига е затворена воена зона, така што користењето на аеродромот од кој и да е цивилен или воен авион, независно од неговата припадност или сопственост, е строго забрането, рече Мисмари. „Тоа ќе го сметаме за прекршување на прекинот на огнот и сите авиони ќе бидат под итно уништени. И тоа е нашето последно предупредување”, додаде тој. „Митига“ се претвори во полигон на турските војници за напади врз ЛНА, како и транзитен пункт преку кој борците се транспортираат до другите региони на Либија, вклучувајќи ја и терористичката група Исламска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lna-go-zabrani-koristenjeto-na-aerodromot-vo-tripoli-za-site-vidovi-avioni/feed/ 0
Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-pri-napad-na-aerodromot-vo-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-pri-napad-na-aerodromot-vo-tripoli/#respond Thu, 15 Aug 2019 14:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=230005

Едно лице загина откако ракети го погодија единствениот аеродром кој функционира во либиската престолнина Триполи, соопшти управата на аеродромот. Аеродромот Митига го прекина сообраќајот и ги пренасочи сите летови до градот Мисрата, кој се наоѓа 200 километри источно од Триполи. Аеродромот е погоден повеќе пати откако силите лојални на генералот Халифа Хафтар започнаа офанзива за преземање на главниот град од меѓународно признатата влада, но ретко имало жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-pri-napad-na-aerodromot-vo-tripoli/feed/ 0
Најмалку 115 луѓе се убиени во борбите за Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-115-lugje-se-ubieni-vo-borbite-za-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-115-lugje-se-ubieni-vo-borbite-za-tripoli/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=104856

Во борбите за контрола врз либискиот главен град Триполи во изминатиот месец биле убиени најмалку 115 лица, а 383 се ранети, соопшти либиското Министерство за здравство. Се работи за две вооружени групи, едната локајна на Владата, а другата организирана околу Седмата пешадиска бригада на либиската армија, која властите се обидоа да ја расформираат. Овој обид предизвика бунт, при што бригадата, која дејствува од градовите Тархуна и Мизрата, се обидува да преземе контрола врз главниот град. На почетокот на септември беше договорен прекин на огнот со посредство на Обединетите нации, но тоа не траеше долго. Либија е во состојба на граѓанска војна од Арапската пролет и соборувањето на нејзиниот водач Моамер Гадафи од страна на САД, Велика Британија и Франција во 2011 година. Триполи и западните делови на земјата досега беа во рацете на меѓународно призната Влада, додека истокот го контролираат ривалски единици, но и контролата врз Триполи сега е отворено прашање. Граѓанската војна придонесе Либија да стане главна транзитна зона за африкански мигранти кон Европската унија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-115-lugje-se-ubieni-vo-borbite-za-tripoli/feed/ 0
Ракетиран аеродромот во Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-aerodromot-vo-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-aerodromot-vo-tripoli/#respond Wed, 12 Sep 2018 05:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=99624

Аеродромот „Митига“ во либискиот главен град Триполи е ракетиран ноќеска, при што, според вооружената група која го држи под контрола, немало жртви или материјална штета. „Митига“ е една од главните врски на Либија со светот, а во време на нападот кон него патувал патнички авион кој полетал од Александрија во Египет. Леталото е пренасочено кон аеродромот во Мисрата, поради заканата од ракетниот напад. Повеќе вооружени групи водат борби за контрола врз Триполи откако либиската Влада се обиде да расформира единица на армијата во чија лојалност се сомневаше. Тоа предизвика бунт и улични пресметки во градот. Аеродромот „Митига“ беше затворен од 31 август до 6 септември поради борбите во Триполи, а беше повторно отворен со помош на Обединетите нации. Одговорност за нападот презеде група која се нарекува Младинско движење на Триполи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-aerodromot-vo-tripoli/feed/ 0
ОН: Либиски групи договорија примирје во Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-libiski-grupi-dogovorija-primirje-vo-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-libiski-grupi-dogovorija-primirje-vo-tripoli/#respond Wed, 05 Sep 2018 06:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=96465

Завојувани либиски групи во Триполи договорија примирје по една недела борби во кои беа убиени најмалку 50 луѓе, соопшти ОН. – Договорот предвидува итен прекин на борбите и механизам за надгледување на почитувањето на договорот, соопшти мисијата на ОН во Либија. Примирјето треба да даде можност и за обнова на работата на аеродромот Митига во близина на Триполи, како и отворање за сообраќај на сите патишта од и кон главниот град. Судирите во јужниот дел на Триполи почнаа на 27 август и според западни медиуми повеќе од 1.800 семејества ги напуштиле домовите бегајќи кон други реони во Триполи или во други градови. САД, Франција, Велика Британија и Италија го поздравија примирјето со заедничка изјава. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-libiski-grupi-dogovorija-primirje-vo-tripoli/feed/ 0