Тритан Шеху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Aug 2020 14:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тритан Шеху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанските лекари бараат да се зголеми тестирањето и да се избегнуваат групирања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-lekari-baraat-da-se-zgolemi-testiranjeto-i-da-se-izbegnuvaat-grupiranja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-lekari-baraat-da-se-zgolemi-testiranjeto-i-da-se-izbegnuvaat-grupiranja/#respond Sun, 02 Aug 2020 14:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=385233

Поранешниот албански министер за здравство, познатиот анестезиолог и универзитетски професор, Тритан Шеху, оцени дека речиси ништо не функционирало во земјата во борбата со Ковид-19 и оти се е многу полошо отколку на почетокот на пандемијата. – Денеска, во оваа тешка ситуација, јас не гледам стратегија. Владата ја смени улогата, стана проповедник. Нејзината улога не е да проповеда, туку да организира здравствената заштита и да спроведува неопходни мерки и активности во интерес на здравјето на населението. Ова е должност на Владата. Речиси ништо не функционира. Факт е дека се е полошо отколку на почетокот на пандемијата, изјави Шеху гостувајќи во емисија на „Ора њуз“ телевизија. Според него и понатаму Албанија е последна земја во Европа по бројот на направени тестови дневно. – Треба да правиме минимум 2.500 тестови на ден. Ова е потребата што Албанија ја има денес. Повторувам денес сме во многупати полоша ситуација и продолжуваме без реални и вистински мерки, водејќи ја земјата кон период на неизвесност, рече тој апелирајќи и до населението строго да ги почитува препораките а не да се однесува како ништо да не се случува. Поради се поголемиот број новозаразени и еден од најпознатите албански инфектолози, Тритан Кало, упати апел, пред се до младата популација да избегнуваат групирање на плажите и во кафулињата, колку што е можно повеќе, зашто не само што го загрозуваат сопственото здравје, туку и на нивните родители. Тој со загриженост додаде дека во ковид болниците видно е зголемен бројот на млади лица на кои им е потребно болничко лекување, а не е мал бројот и на починати. Наместо барови, пабови, кафулиња, тој им препорача на младите луѓе да поминуваат повеќе време на отворено, истакнувајќи дека можат да засадат и дрвја. Во Албанија вчера беше регистран нов негативен рекорд на новозаразени. Од 505 направени тестови, позитивен резултат беше добиен кај 120, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-lekari-baraat-da-se-zgolemi-testiranjeto-i-da-se-izbegnuvaat-grupiranja/feed/ 0