тризла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jun 2023 13:12:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тризла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/porojnite-dozhdovi-so-najgolemi-posleditsi-vo-prilepskata-naselba-trizla/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/porojnite-dozhdovi-so-najgolemi-posleditsi-vo-prilepskata-naselba-trizla/#respond Sun, 04 Jun 2023 13:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=841928

Поради синоќешното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици најгголеми последици и интервенции на надлежните имаше во прилепската населба Тризла и околу каналот на Дабничка Река во оваа населба. Поплавени беа улиците, главно во најголемата улица „Тризла“ вода имаше во неколку домови и подурми, а се испумпуваше во куќите околу каналот на Дабничка река. Вода навлезе и во подрумот на џамијата во населбата каде се испумпуваше. Според податоците за 24 часа до 8 часот изутрината во прилеп наврна најмноргу - 23 литри на метар квадратен. Интервенраа, а денеска ги мијат улиците од кал и наноси, екипите на прилепските комунални претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комуналец“. Прилепската противпожарна единица пак од синоќа интервенираше со 5-6 екипи со вкупно 16 пожарникари. - Се испумпуваше вода во 6-7 куќи околу каналот на Дабничка река а имавме и три интервенции низ градот од струјни удари, вели команидорт на прилепскјата противпожарна единица Кристијан Момироски. Поројните дождови за два-три часа истурија многу вода што одамна не е забележано, па реката не можеше да ја прими сета одеднаш, ниту од атмосверската канализација. - Со часови интервениравме, ноќеска, а денеска ги миевме и чистевме улиците од високите талози на песок, земја, отпад. Помогна населението и секако навремени беа интервенциите на противпожарната единица.. рече на теренот во населбата Тризла Игор Гулабоски, директор на прилепското претпријатие „Водовод и канализација“. На терен излегоа и градските власти. Жителите од населбата велат дека било страшно, вода насекаде и наноси. Алмир Сулејманоски, жител на населбата Тризла објаснува за поплавувањетѕо на подрумот на џамијата. - Подрумот е многу низок, па нема одводна канализација и се поплави. Пораше водата да се испумпува. Помогна аверниците, интервенираа пожарникарите и јавните комунални претпријатија. Соработката беше навремена, изјави Сулејманоски. Надлежните будно ја следат состојбата со врнежите за да може да интервенираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/porojnite-dozhdovi-so-najgolemi-posleditsi-vo-prilepskata-naselba-trizla/feed/ 0
Без струја на -10 степени: Жителите на прилепската ромска населба измрзнаа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-struja-na-10-stepeni-zitelite-na-prilepskata-romska-naselba-izmrznaa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-struja-na-10-stepeni-zitelite-na-prilepskata-romska-naselba-izmrznaa/#respond Fri, 18 Jan 2019 14:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=153850

Над триесетина семејства од ромската населба „Тризла“ во Прилеп, веќе еден месец периодично, а последниве десетина дена и редовно, електрична енергија во своите домови добивале само по два часа дневно. Причината за ваквата состојба бил извесен дефект во локалната Трафостаница, за кој, екипите на ЕВН не можеле точно да кажат кога ќе бил трајно отстарнет, објави Алфа. Нередовното, двочасовно снабдување со струја, освен што им го комлицирало секојдневието во овие зимски услови на минусни температури, предизвикало и бројни дефекти кај домашните уреди. Револтот и загриженоста кај овие луѓе стануваат уште поголеми и заради престојниот почеток на второто полугодие за учениците. Од ЕВН, ги отфрлаат овие обвинувања, правдајќи се дека таквата состојба било последица на кражбите на струја кои биле евидентирани во оваа населба. Инаку, прилепската ромска населба „Тризла“, во предизборието беше една од најексплоатираните од страна на сегашната власт по однос на решавањето на бројните проблеми со кои се соочуваат нејзините жители, меѓу кои и со квалитетното напојување со електрична енергија. Прилогот на Алфа, погледнете го во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-struja-na-10-stepeni-zitelite-na-prilepskata-romska-naselba-izmrznaa/feed/ 0