трнодол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Oct 2021 10:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трнодол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова автобуска линија за населбите Жданец и Трнодол – автобусот со број 29 ќе се сообраќа низ оваа траса https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nova-avtobuska-linija-za-naselbite-zdanec-i-trnodol-avtobusot-so-broj-29-kje-se-soobrakja-niz-ovaa-trasa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nova-avtobuska-linija-za-naselbite-zdanec-i-trnodol-avtobusot-so-broj-29-kje-se-soobrakja-niz-ovaa-trasa/#respond Fri, 22 Oct 2021 10:15:38 +0000 https://kurir.mk/?p=583648

ЈСП Скопје информира дека од понеделник (25.10.2021 година) ќе почне да функционира линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно. Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје. Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“. Автобусите ќе се движат по улиците „Жданец“, па до влезот на Трнодол, па по ул. „Козле“, бул. „8 Септември“, бул. „Партизански одреди“ до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса. Ќе се користат посточеките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред: *од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч. *од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nova-avtobuska-linija-za-naselbite-zdanec-i-trnodol-avtobusot-so-broj-29-kje-se-soobrakja-niz-ovaa-trasa/feed/ 0
Богоев се пофали, граѓаните го демантираат: Вака ли го исчистивте снегот градоначалнику? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogoev-se-pofali-gragjanite-go-demantiraat-vaka-li-go-ischistivte-snegot-gradonachalniku-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogoev-se-pofali-gragjanite-go-demantiraat-vaka-li-go-ischistivte-snegot-gradonachalniku-foto/#respond Mon, 22 Mar 2021 10:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=486017

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, се пофали со тоа што му е работа, дека го исчистил снегот. Иако тоа е негова должност, дури и за тоа што се пофали на Фејсбук, не е сработено. „Комуналните служби работат на расчистување на паднатите гранки и дрвја во сите населби, со цел да се олесни движењето на граѓаните. Паралелно, се чисти снегот и пред градинките, основните училишта и други пофреквентни места. Вчеравечер, зимската служба истури сол на повисоките места како Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ (Козле). Да бидеме одговорни учесници во сообраќајот“, напиша градоначалникот на својот профил. Граѓани од Трнодол и Жданец утрово ја контактираа редакцијата на КУРИР. -Градоначалникот лаже. Вели чистел, а ние ќе се лизгаме со автомобилите и не можеме ни пешки да отидеме до продавница. Ништо не е исчистено, вели еден граѓанин. -Вака исчистиле во Трнодол. Единствено што е тргнато од снегот е тоа каде што автомобилите поминувајќи направиле со гумите некој пат за поминување. Ова е срамота, секогаш после снег сме оставени како отсечени, вели друг граѓанин. Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција ни испратија и фотографии. „Вака ли го исчистивте снегот градоначалнику?“ - прашуваат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogoev-se-pofali-gragjanite-go-demantiraat-vaka-li-go-ischistivte-snegot-gradonachalniku-foto/feed/ 0
Населбата Трнодол денеска без вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naselbata-trnodol-deneska-bez-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naselbata-trnodol-deneska-bez-voda/#respond Fri, 12 Feb 2021 14:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=467950

Без вода денеска од 15:15 часот се корисниците од населбата Трнодол. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект ф 100 мм на улицата „Лесновска“ бр.14. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naselbata-trnodol-deneska-bez-voda/feed/ 0
Камион сред бел ден исфрли шут кај Трнодол (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamion-sred-bel-den-isfrli-shut-kaj-trnodol-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamion-sred-bel-den-isfrli-shut-kaj-trnodol-video/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=430789

Наместо во депонија, двајца несовесни граѓани со камион се ослободија од сметот во Трнодол, на падините на Водно. Аматерското видео од овој настан што се случил вчера, ги обиколи социјалните мрежи и предизвика револт кај жителите на населбата. Канал 5 денеска го посети местото, и она што можеше да се види таму е дека сметот постојано се трупа пред дворовите на жителите на населбата,а долот веќе наликува на мини депонија.. Ова не е прв случај да се одлага отпад на локацијава. Долот е речиси полн со градежен смет, зеленилото се уништува, а општината не поседува механизација со која би го исчистила. Од општина Карпош велат дека се запознати со случајот. -Најостро се спротивставуваме на кажаното во видеото дека О.К. дала дозвола за фрлање на градежен шут на оваа локација. Напротив, како локална самоуправа ние се бориме против создавањето на вакви диви депонии, велат од општината и додаваат дека немаат механизација со која можат да го расчитат просторот.- ОПШТИНА КАРПОШ. Градоначалникот Шилегов вели дека констатирана е состојбата од лице место и дека ќе се спроведат законски санкции. -Во текот на измените на кривичниот законик, делот, односно главата која што се однесува на животната средина, веќе од прекршочна да премине исклчучиво во кривична, и таков случај каков што го имавме вчера, да завршува и со заплена на возилата, истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Шилегов додаде дека е добро граѓаните да алармираат за ваквите постапки, бидејќи градот засега има дваесетина инспектори за животна средина кои се недоволни. Градоначалникот соопшти дека инсиститира градот да добие комунална полиција која ќе има и превентивна улога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamion-sred-bel-den-isfrli-shut-kaj-trnodol-video/feed/ 0
Без вода населбите Козле, Жданец, Трнодол и Нерези https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-voda-naselbite-kozle-zdanec-trnodol-i-nerezi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-voda-naselbite-kozle-zdanec-trnodol-i-nerezi/#respond Wed, 08 Jul 2020 08:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=371501

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека поради  дефект на улицата „Лесновска“ бб (влезот на Трнодол), со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците на дел од населба Козле (висока зона), Жданец, Трнодол и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 до завршување со активностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-voda-naselbite-kozle-zdanec-trnodol-i-nerezi/feed/ 0
Вистината на Трнодолци: Пред фактите и боговите молчат, освен градоначалникот на општина Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vistinata-na-trnodolci-pred-faktite-i-bogovite-molchat-osven-gradonachalnikot-na-opshtina-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vistinata-na-trnodolci-pred-faktite-i-bogovite-molchat-osven-gradonachalnikot-na-opshtina-karposh/#respond Tue, 24 Dec 2019 09:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=281511

Вистината за Трнодол. Пред фактите и боговите молчат! Освен градоначалникот на Општина Карпош. Уште еднаш напоменуваме дека остануваме на сите наши барања доставени до Општината, советниците, комисиите за урбанизам, до Градот Скопје и до советниците, велат Трнодолци. -Или со други зборови, бараме било кој предлог ДУП на Општина Карпош да се носи во постапка со почитување на Уставот, законите, правилниците и сите други меѓународни документи кои се ратификувани во нашата држава и со кои се гарантираат основните човекови права и слободи. Повторување на лаги и дезинформации на градоначалникот во изјави дадени од неговиот бункер без храброст да се соочи со вистината на јавна презентација, е реакција на немоќ и немање аргументи базирани на закон. И да потсетиме: согласно член 2 став 2 од Законот за ПУП, ДУП-от кој е предложен и изгласан од советниците на Општината, Општината мора да спроведе во целост инаку се предвидени казнени мерки, лични и институционални, потенцираат Трнодолци и додаваат: „Значи ветувањата во стилот не верувај во тоа што гледаш туку во тоа што ти ветувам не поминуваат кај слободоумните граѓани на Трнодол. Тоа ние во повеќе наврати јасно го предочивме, а тврдењата дека сме изманипулирани дури од две политички партии е во контекст на претходното сценарио за самоодбрана на градоначалникот. За да поверуваме во ветувањата на градоначалникот треба истите да биде преточено во сосема НОВ ДУП каде нашите несогласувања ќе бидат корегирани согласно законските нормативи за УПП и Заштита на животната средина, од причина што предложениот ДУП е донесен во против правна и против уставна постапка“. Дел од тие несогласувања трнодолци, ги повторуваат за да потенцираат дека, како што велат, е лага оти е „удоволено“ на нивните барања. - Не се согласуваме со решението во новиот предлог ДУП за поделба на населбата на два дела и спојување на еден дел од населбата кон Шпанско село, а друг дел од населбата (дел од ул.Јан Хус и над Јан Хус) кон населба Жданец и бараме да се изготви нов регулациски план за Трнодол со почитување на целовитоста на населбата и природните зададености на теренот; - Не се согласуваме со решението во новиот предлог ДУП за затворање на влезот и излезот на населбата Трнодол кон улица „Козле“ и проектирање на нов влез и излез, преку долот, позади сервис „Тотоле“, преку едниствената улица „Нерешка“ за влез и излез во населба Жданец; - Не се согласуваме со решението во новиот предлог ДУП со вцртување на новопроектирана сообраќајница - како сервисна улица низ населба „Трнодол“, која е дел од постојната ул.„Трнодол“, преку дел од постојната ул.„Лесновска“ до вкрстувањето со ул.„Презвитер Константин“, делот од ул.„Презвитер Константин“, па се до приклучувањетo на „Јужна обиколница Водно“ и отворање на населбата кон „Шпанско село“ и Козле, бидејќи истото ќе значи зголемување на сообраќајот на моторни возила и градежна машинерија низ самата населба која и така во моментот ги надминува границите на максималниот капацитет. - Не се согласуваме со решението во новиот предлог ДУП со предвидени градежни парцели за колективно домување под брдото на објекти од 18, 16 и 13 метри висина, помеѓу бензинската на Макпетрол, Германска амбасада и самото брдо. Во новиот предлог ДУП НЕ е предвидено решение за заштита на земјиштето од лизгање при изградба на овие парцели и НЕ е земен во предвид во 2010 г. направениот елаборат за геомахинички испитувања на земјиштето и заштита на тлото под населбата од лизгање; - Не се согласуваме што пред изработка на новиот предлог ДУП не е направена хидролошка студија за водотеците при проектирање на решенија за долот и каналот помеѓу Трнодол и Шпанско село кој во дел претставува претставува заштитна поројница и при несоодветни решенија може да дојде до поплавување и поткопување на брдото и дел од населбата Козле; А листата е многу долга и спремни сме да ја изложиме на било која национална телевизија, поготово во дебатна емисија со градоначалникот, се разбира доколку тој има храброст да се соочи со аргументите!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vistinata-na-trnodolci-pred-faktite-i-bogovite-molchat-osven-gradonachalnikot-na-opshtina-karposh/feed/ 0
Презентација и анкета во 2020-та: Што точно ќе се прави со ДУП-от за Трнодол? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prezentacija-i-anketa-vo-2020-ta-shto-tochno-kje-se-pravi-so-dup-ot-za-trnodol/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prezentacija-i-anketa-vo-2020-ta-shto-tochno-kje-se-pravi-so-dup-ot-za-trnodol/#respond Sun, 22 Dec 2019 08:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=280645

Предлог ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол и дел од Козле ќе биде ставен на повторна јавна презентација и јавна анкета во првата половина на 2020 година, соопшти општина Карпош. -Во јавноста кружат неосновани обвиненија дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле, ќе биде донесен на следната седница на Советот на Општина Карпош, што е апсолутно неточно. Целиот процес ќе продолжи да се одвива отворено како и до сега, а на барање на жителите, јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови. На тој начин, се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите сограѓани да дојдат и да се информираат за новиот Предлог – ДУП, додаваат од општината. Предлог – ДУП не предвидува никакви нови населби или уништување на зеленилото, се наведува во соопштението и се додава дека целосно е заштитен зелениот појас и истиот ќе добие намена Д2 односно заштитно зеленило. -Намалена е катноста на објектите, а спорната Јужна обиколница со новиот ГУП ќе биде целосно избришана. Во овој ДУП истата се предвидува единствено од технички аспект, заради законски нужното усогласување со посточекиот ГУП, нагласува општината. Со новиот Предлог – ДУП, се вели во соопштението, се воведуваат и дополнителни мерки за максимална безбедност на теренот. -Имено, Предлог ДУП-от предвидува задолжителни геомеханички испитувања на теренот, заштита на земјиштето со потпорни ѕидови и шипови пред почеток на било каква градба. Само за илустрација, веќе постоечкиот ДУП кој сега е на важност, воопшто не ги содржи овие дополнителни мерки кои би се однесувале за објектите под Трнодол (позади „Макпетрол“), нагласува општината. Апелира до граѓаните да бидат спокојни во однос на безбедноста и ефектите кои може да ги има градењето врз истата. -Завршено е времето кога ДУП-овите се носеа на сила, далеку од очите на јавноста! И покрај големиот број на лажни информации и напади, ќе продолжиме транспарентно да го водиме овој процес и ќе ги искористиме сите легитимни средства, за да им овозможиме на нашите сограѓани подобар увид во Предлог – ДУП-от, се вели во соопштението. Новата Јавна анкета ќе трае и по завршување на работното време на граѓаните, за да се овозможи поголема видливост на ДУП-от и да ги процесираме нивните забелешки преку анкетните листови. Во меѓувреме, на веб страната е достапен графички и текстуален дел од овој ДУП,. -Насилството и агресијата не смеат да бидат одлики на една од најразвиените општини во нашата држава, Општина Карпош. Затоа ќе продолжиме процесот да го водиме низ призма на транспарентност, дијалог и соработка со сите вклучени чинители, се нагласува во соопштениетo. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prezentacija-i-anketa-vo-2020-ta-shto-tochno-kje-se-pravi-so-dup-ot-za-trnodol/feed/ 0
Граѓаните со детали ја откриваат вистината за Трнодол: „Последниот бастион пред урбаната мафија“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-so-detali-ja-otkrivaat-vistinata-za-trnodol-posledniot-bastion-pred-urbanata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-so-detali-ja-otkrivaat-vistinata-za-trnodol-posledniot-bastion-pred-urbanata-mafija/#respond Wed, 18 Dec 2019 10:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=279149

Граѓаните од населба Трнодол револтирани, вознемирени и нападнати. По вчерашниот скандал, тие се обратија за на јавноста да ги откријат деталите за Трнодол. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:  Со цел никогаш повеќе да не се повтори ваков примитивизам кој го креираше општина Карпош ви испраќаме точни информации околу случувањата на најавената презентација за предлог ДУП-отза нас. Трнодол, а која требаше да се оддржи на 17.12.2019 во Месната заедница Пецо Божиновски. Ние како граѓани сме првенствено разочарани од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, кој сака насилно да го донесе овој ДУП, па и по цена да падне крв. Ќе ви презентираме само ФАКТИ околу случувањата при обидот за  Јавна презентација и проблемите со овој скандалозен ДУП. Атмосфера пред настанот: Еден час пред презентацијата, веќе од 14:30, салата и дворот на месната заедница запчнува да се полни со сомнителни партиски типови со криминално досие од други делови на Градот и кои немаат никаква врска со ДУП-от. Малку потоа доаѓа друга група патриски членови, кои ја запоседнуваат салата, а еден дел од сомнителните типови на партиското обезбедување се наоѓаат и пред вратата за да им забранат влегување на камерманите од телевизиските куќи. Покрај забраната за влегување на камерманите и медиуми во салата беше забрането снимање и сликање од страна на граѓаните и опомена од партиските војници на СДСМ да не се снима – често со физичка закана. Зошто? Одговорот сам се наметнува од настаните што следат. Истовремено граѓаните од Трнодол се обидуваат да влезат во преполната сала, каде има само 36 седишта и присуство на преку 120 луѓе од КОИ ПОЛОВИНАТА МОРАА ДА БИДАТ НАДВОР ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАШЕ МЕСТО НИ ЗА СТОЕЊЕ. Најкултурно беше побарано од организаторот неколку пати да им се овозможат достоинствени и нормални услови за презентација, и сите граѓани кои немаат никаква допирна точка со овој ДУП да ја напуштат салата и да се направат нормални услови за работи. Тогаш присутните обструктори започнаа да го одработуваат сценариото за кое и беа испратени. Одбиваа да заминат, имено презентацијата била јавна  и тие имале право да присуствуваат. Засегнатите граѓани од Трнодол тогаш побараа да се спреми нова презентација во нормални услови, во поголема сала имајќи го во предвид присуството и на  возрасни луѓе од населбата заинтересирани конечно да ги чујат причините за потребата за донесување на еден ваков криминален ДУП. Велиме криминален од причина што со предлог ДУП-от, како и регулацискиот план на кој тој се темели, се направени еден куп законски прекршоци. Нашата намера беше уште еднаш, сега во поширока форма од претходно,  аргументирано и со документи да ги предочиме тие прекршувања и предочиме на почитување на законската регулатива. Тоа ни беше оневозможено бидејќи „платениците“ на Градоначалникот започнаа со ситни закачки и заканувања и веќе беше јасно дека овде излагање тешко дека ќе има. Впрочем и тоа им беше и намерата, воопшто да нема презентација, бидејќи на градоначалникот му беше јасно дека сиот прљав веш може да излезе на виделина. На команда од надвор во салата влегува уште една група рекетари и го удира еден од нашите комшии, потпомогнат од своите соучесници. Дека е удрен нашиот сосед, а не еден негов службеник, може да се потврди од  записник од Ургентниот центар каде нашиот сосед беше прегледан. За среќа кај граѓаните од Трнодол, кои беа во поголем број, превладеа разумот и рекетарите беа избуткани надвор од салата без да настане физичка пресметка за тие да почнат да трчаат и бегаат вон бараката знаејќи дека наскоро ќе дојде полиција. Притоа партиската војска му обездува кордон на лицето - тепач да избега. Сега се поставуваат неколку прашања :
  1. Зошто повторно се свикува презентација во оваа иста сала, кога на обидот за презентација во месец август им беше предочено дака ваква мала сала за 40-тина луге, апсолутно не одговара, а тоа беше и една од причинте зошто истиот и не се оддржа?
  2. Што бараа партиските војници и рекетари и чии наредби слушаа ?
  3. Зошто беше забрането снимање и забрана за влез на камерманите од телевизиите, дали оваа презентација беше од јавен интерес или требаше нешто да се прикрие?
  4. Зошто Градоначалникот лично не се појави на презентацијата иако во август месец од него тоа беше побарано ?
  5. Зошто е забрането снимање на седниците на советот во општина Карпош , дали тоа е уште еден знак дека се што ќе се донесе во општината треба да остане во тајност и да нема докази за сите одлуки од страна на Општината?
  6. Зошто градоначалникот секогаш дава сам изјави и не е излезен на некоја дебата или јавна презентација на ДУП каде што има група на граѓани, дали тој би ја донел својата фамилија во мала тесна сала преполна со криминогени типови да бидат изложени на ризик по своите животи и здравје како што беа изложени граѓаните?
Индикативно е дека градоначалникот се служи со невистини и полувистини и пласирање на лажни документи сакајќи да не претстави како партиски изманипулирани насилници. На медиумите им приложува лажен документ, односно потпишаниот записник од состанокот инициран од нивна страна, прикажувајќи го како доказ за согласност. Тоа воопшто не е точно како што не е точно ни дека се направени било какви значајни промени во предлог ДУП-от а што би оделе во полза на граќаните на Трнодол. Ако градоначалникот сака да биде транспарентен како што се прокламира, зошто не каже дека во месец октомври оваа година, трите спорни локации во продолжение на германската амбасада на кои треба да никнат шестокатници во подножјето на брдото и заштитниот појас, се продадени на фирми кои се добро познати по својот начин на работење во сите општини. Уште повеќе во контекст на транспарентност, предлагаме на некоја од националните телевизии да се одржи дебата помеѓу Стефан Богоев , Преседателот на Советот на Оптина Карпош со двајца наши претставници и на која би ги предочиле секој сопствените факти околу вчерашниот настан и предлог ДУП-от со сите документи во видео реализација, па телевизиската публиката нека процени кој ја говори вистината. Бидејќи во тврдењата дека нема да има нова населба, над населбата Трнодол, дека нема да се пресече патот кон улицата Козле, дека нема да се гради Јужна обиколница, дека нема да има сервисна улица низ самата населба итн. итн.  ќе може да поверуваме ако и само ако истите се имплементирани во предлог ДУП-от. Вака изјавите се во стилот - „не верувај во тоа што гледаш туку во тоа што јас ти кажувам“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-so-detali-ja-otkrivaat-vistinata-za-trnodol-posledniot-bastion-pred-urbanata-mafija/feed/ 0