тропска бура џулија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Oct 2022 07:07:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тропска бура џулија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/#respond Mon, 10 Oct 2022 07:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=743310

Тропската бура „Џулија“ синоќа пристигна над источниот дел на Тихиот Океан, откако ја зафати Никарагва со дожд и ветрови што оштетија стотици станбени објекти. Локалните власти во соседен Хондурас претходно известија за три смртни случаи во невремето, вклучувајќи жена и четиригодишно момче кои се удавиле откако нивниот брод се превртел во близина на границата со Никарагва. Третата жртва е 22-годишна девојка која била однесена од порој. Бурата вчера изутрината ја погоди карипската страна на Никарагва, областа во близина на Лагуна де Перлас со центарот на невремето на околу 220 километри југоисточно од градот Салвадор. Според американскиот Национален центар за урагани, се очекува „Џулија“ да се поместува кон север долж крајбрежјето на Хондурас, Ел Салвадор и на Гватемала. Околу милион жители на крајбрежниот дел на Никарагва останаа без струја и Интернет поради соборените далноводи, како и одлуката на Владата да го исклучи напојувањето со електрична енергија во одредени области од безбедносни причини, изјави потпретседателот на Никарагва Розарио Муриљо. Националниот систем за катастрофи на Никарагва вчера соопшти дека целата земја е во црвена тревога откако обилните врнежи предизвикаа излевање на неколку реки. Директорот на системот за справување со елементарни непогоди Гилјермо Гонзалес пред медиумите изјави дека нема смртни случаи во земјата, но оти повеќе од 13 илјади семејства се евакуирани, а повеќе од 800 куќи поплавени. „Оваа ситуација сè уште не е завршена“, предупреди Гонзалес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/feed/ 0
Тропската бура Џулија прерасна во ураган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-prerasna-vo-uragan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-prerasna-vo-uragan/#respond Sun, 09 Oct 2022 07:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=743001

Тропската бура Џулија прерасна во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради нејзиното приближување. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор. Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-prerasna-vo-uragan/feed/ 0