трошење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 12:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трошење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уреди кои ви трошат струја, а вие за тоа не знаете, ќе се изненадите од ЧЕТВРТИОТ уред https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/#respond Thu, 13 Jul 2023 12:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=856252

Со цел да се заштеди електрична енергија, луѓето сè повеќе ги исклучуваат светлата и апаратите секогаш кога тие не се во употреба. Тоа е одлична стратегија, бидејќи оставањето на уредите вклучени, непотребно ја троши електричната енергија, а тоа води до зголемување на вашите сметки. Сепак, исклучувањето на уредот не е секогаш доволно – многу апарати „црпат“ струја дури и кога се исклучени, ако напојувањето е вклучено. Овие  уреди се „најризични“ во тој поглед Телевизија Ако имате модерен телевизор со LED осветлување, ќе трошите многу помалку струја отколку кога би користеле старомоден уред. Сепак, дури и кога е исклучен, но приклучен во струја – овој телевизор продолжува да троши, па затоа е паметно да го исклучите кога не го користите. Компјутери Ако го оставите компјутерот вклучен во струја во текот на ноќта, тој продолжува да троши електрична енергија дури и кога екранот е црн, а компјутерот неактивен. Телефон Честопати ги полниме батериите на мобилните телефони преку ноќ, што впрочем е лоша идеја. Веројатно ќе се наполни за час или два, а потоа ќе продолжи да троши струја во текот на ноќта, иако повеќе не му треба. Апарати за кафе и микробранови печки Иако не трошат многу енергија, овие уреди користат електрична енергија за дигиталните дисплеи дури и кога не се во употреба. Традиционални ламби Ако имате вклучена ламба, таа црпи дополнителна енергија дури и кога светлото е исклучено. Значи, доколку повеќе не ви е потребна, задолжително извлечете го кабелот и сметките ќе ви бидат помали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/feed/ 0
ТРОШАТ КАКО ДА НЕ ПОСТОИ УТРЕ! Овие хороскопски знаци не умеат со парите! https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/troshat-kako-da-ne-postoi-utre-ovie-horoskopski-znaci-ne-umeat-so-parite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/troshat-kako-da-ne-postoi-utre-ovie-horoskopski-znaci-ne-umeat-so-parite/#respond Wed, 29 Jun 2022 19:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=697497

Астролозите велат дека овие хороскопски знаци не умеат со пари! Трошат пари на ситници, па често остануваат без денар. Стрелец Работат напорно за да заработат пари, но не се баш добри во чување пари. Не сакаат да прават компромиси кога е во прашање убавото време и авантурата. Што се однесува до нив, животните искуства се поважни од состојбата во банката. И овој фактор може да доведе до финансиски проблеми. Риба Рибите се несебичен знак. Прво ќе мисли на другите, а потоа на себе. Ќе донираат, ќе му помогнат на пријател кој има потреба дури и ако имаат помалку пари. Ќе се задолжат или ќе ја користат својата кредитна картичка. Тие нема да размислат двапати пред да инвестираат во нешто што мислат дека е вредно дури и ако всушност не можат да си го дозволат тоа во моментот. Водолија Водолијата е вистински пример за личност која секогаш прави големи работи. На пример, тој ќе купи нов телефон, дури и ако неговиот мобилен телефон е целосно исправен. Недоследноста во трошењето може да доведе до проблеми подоцна. Лав Генерално се прилично претпазливи со парите и трошењето, но кога станува збор за давање, губат контрола. Ќе ги задоволат своите најблиски секогаш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/troshat-kako-da-ne-postoi-utre-ovie-horoskopski-znaci-ne-umeat-so-parite/feed/ 0
Дали криете од партнерот колку трошите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-kriete-od-partnerot-kolku-troshite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-kriete-od-partnerot-kolku-troshite/#respond Tue, 31 May 2022 19:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=684539

Прашањето за пари е многу важна тема помеѓу партнерите кои се во врска. Дали сите пари ќе одат во „заедничката каса“ или секој ќе има своја заработка? Мислењата се поделени, а истражувањата покажаа дека многу луѓе всушност кријат пари од своите партнери, но и точната бројка колку заработуваат. Студијата спроведена на 843 Американци покажа дека 6 отсто од нив кријат банкарска сметка или кредитна картичка подалеку од партнерот со кој живеат. Исто така, се покажало дека во неколку наврати знаеле да потрошат голема сума на пари, а нивните партнери не знаеле ништо за тоа. За споредба, 26 отсто од мажите и 14 отсто од жените ги кријат парите од своите партнери, покажа истражувањето. Научниците дошле и до интересни заклучоци дека всушност мажите се тие кои одат на импулсивен шопинг и дека само 18 отсто од жените поддржуваат такво каприциозно однесување. 31 процент од мажите признале дека немаат проблем да го прифатат импулсивното купување на партнерките. Една нова студија покажува многу поголеми бројки. Во последната анкета, 44 отсто од испитаниците ги кријат своите трошоци од партнерот. Тие исто така откриле дека новите генерации имаат поголема веројатност да направат финансиски неверства отколку постарите. Истражувањето дошло и до заклучок дека парите се сепак главната работа за која паровите се караат, но и раскинуваат. За да избегнете финансиско неверство, се препорачува да зборувате за пари, колку трошите и да бидете апсолутно транспарентни за финансиите. Други експерти за пари предлагаат да се постави некој вид дигитален аларм, така што секој партнер е свесен кога и колку се троши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-kriete-od-partnerot-kolku-troshite/feed/ 0
Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/#respond Mon, 16 May 2022 13:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=677364

Иако се подобрува пристапот до информациите од јавен карактер, локалните институции остануваат прв проблем. Најчесто се избегнува одговорот каде и како се трошат јавните пари, беше речено на едукативната работилница во Прилеп што ја организира Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Според Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер најголеми баратели се невладините организации, а најмалку граѓаните кои, според анкетите, не си ги знаат доволно правата. Анкетите досега покажаа дека граѓаните не го знаат правото за пристап до информациите од јавен карактер. Најчесто бараат информации за нивни лични предмети кои се водат пред институциите. Апелираме до граѓаните своите права да си ги бараат со материјалните закони кои ја регулираат соодветната материја. Сметаме дека така ќе се постигнат подобри резултати. Целта на денешнава средба со граѓаните во Прилеп е да ги запознаеме со нивното право за пристап до информациите од јавен карактер, изјави Бојческа. Рокот за да се добие информација од јавен карактер е веднаш или до 20 дена. Лани Агенцијата повела 342 прекршочни постапки. -Агенцијата сериозно ги сфаќа прекршочните одредби во Законот за пристап до информациите од јавен карактер. Само за пример, минатата година спроведовме 342 прекршочни постапки за службени лица кои го ограничуваат правото до информациите од јавен карактер. Меѓу прекршителите се кокални самоуправи, општините Охрид и Струга, во делот на животната средина, здравствени иснтитуции кои, пак, поради корона ситуацијата беа позатворени. За службените лица казната е 250 евра, а за одговорните 500 евра, вели Бојческа. Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“ од Прилеп вели дека никогаш не добиле информација „од прво“, а најтешко се доаѓа до информацијата како се трошат јавните пари. -Како локална организација, годишно имаме 50-тина барања до пристап на информации од јавен карактер, од кои најголемиот дел се до локални институции. на локално ниво е потежок пристапот до информации од јавен карактер, податоците полесно се добиваат кај централните институции. кај локалните институции чест е одговорот дека тие немаат такви подтоци какви што бараме. А кога ќе почнеме усно да с еобјаснуваме, произлегува дека тие всушност го имаат податокот. најтешко им е да го дадат одговорот за трошењето на јавните пари. Генерално, на локалните институции им треба подобро запознавање со процесот на давање информации од јавен карактер. генерално, никогаш на прво не сме ги добиле информациите, или треба дополнително да објаснеме кој податок ни е потребен, или рокот се пречекорува, па со жалба до Агенцијата им е наложено да ги дадат податоците. Граѓаните се жалаат на недостапност на информации, пред сѐ, со трошењето на јавните пари, смета Шапкоски. Годишно се поднесуваат 5 000 до 6 000 барања. Според Герман Филков од Центарот за комуникации, за да се стигне до информацијата треба упорност и граѓаните да се охрабрат. -Како баратели на информации, поднесуваме околу 1000 барања годишно. Искуството е различно, од институција до институција. Генерално, институциите стануваат поотворени кон барањата за слободен пристап, но морам да кажам дека поотворени се кон невладиниот сектор, а позатворени кон медиумите и граѓаните, веројатно станува збор за некоја навика или практика. Имаме институции кои одговараат за ден-два, а други го чекаат последниот рок од 20 дена, а има и кои не одговараат и по 60 дена. Затоа вложуваме жалби во Агенцијата за слободен пристап до информациите. Според нашето искуство, кога ќе се поднесе барање, да се контактира институцијата, да не се чека на нивната „добра волја“ за ако сакаме сигурно да ја добиеме информацијата. Ги охрабрувам граѓаните да бараат информации, зашто треба да запаметиме дека тие информации се наши, граѓаните се сопственици на јавните информации, изјави Филков. Работилницата се одржа во рамки на ИПА2 проектот „Транспаретност и отчетност на јавната администрација“, финансиран од ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/feed/ 0
ФОТО: На сметка на Градот Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=623081

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објави порталот МКД.мк. Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. И Владимир Симоновски командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај. Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст. Извор: МКД.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/feed/ 0