трошок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Oct 2020 10:34:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трошок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иако основното образование е бесплатно и задолжително, Владата во епидемија на корона ги става на трошок родителите во износ од 500 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-osnovnoto-obrazovanie-e-besplatno-i-zadolzitelno-vladata-vo-epidemija-na-korona-gi-stava-na-troshok-roditelite-vo-iznos-od-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-osnovnoto-obrazovanie-e-besplatno-i-zadolzitelno-vladata-vo-epidemija-na-korona-gi-stava-na-troshok-roditelite-vo-iznos-od-500-evra/#respond Sat, 03 Oct 2020 10:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=411868

Иако поголемиот дел од средношколците и родителите на децата од основните училишта беа против тоа наставата да се одвива од далечина, тоа е децата да учат од дома, сепак властите одлучија истата да се одвива онлајн, освен децата од прво до трето одделение како и неколку основни и училишта кои ги исполнувале условите за физичка настава. За онлајн наставата, владата обезбеди платформа која уште од првиот ден покажа неквалитетност, поточно на истата голем број на ученици не можеа да вклучат . Меѓутоа  платформата не е единствениот проблем со кој се соочуваат учениците. Околу 40 илјади ученици немаат компјутер  за да ја следат наставата. И додека голем дел од семејствата немаат финансиска можност да си купат компјутери за нивните деца, министерката за труд и социјална политика наместо да се потруди да ги обезбеди истите, таа им порача на родителите дека можат да ги купат за викенд  без ДДВ. Инаку во Уставот на државата јасно пишува дека основното образование е бесплатно. Имено, членот 44 од Уставот на Република Македонија гласи: -СЕКОЈ има ПРАВО на образование. Образованието е ДОСТАПНО за секого под ЕДНАКВИ услови. Основното образование е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и БЕСПЛАТНО. Додека пак членот 2 од Законот за основно образование гласи: (1) Секое дете има право на основно образование. (2) Се забранува ДИСКРИМИНАЦИЈА по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, СОЦИЈАЛНА, политичка, верска, ИМОТНА и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон. Па така, ако родителите треба да набават компјутер, лаптоп или друго информатичко-комуникациско средство за нивните деца да можат непречено да ја следат наставата, се поставува прашањето дали образованието е бесплатно и дали со воведување на онлјан наставата се крши Уставот на Република Македонија и Законот за основното образование. Во однос на Законот за основно образование, децата кои немаат можност за следење на онлајн настава, мора да бидат физички присутни. Со тоа се крши член 2 став 2 каде јасно се забранува дискриминацијата по многу основи, меѓу кои и социјална, имотна и општествена припадност на учениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-osnovnoto-obrazovanie-e-besplatno-i-zadolzitelno-vladata-vo-epidemija-na-korona-gi-stava-na-troshok-roditelite-vo-iznos-od-500-evra/feed/ 0