трошоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Feb 2023 07:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трошоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Домаќинствата во Европа се мачат да ги платат сметките поради зголемените трошоци за живот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/#respond Tue, 28 Feb 2023 07:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=805848

Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко. Проблемот има многу компоненти, но онаа што најмногу ги засега политичките лидери и најмногу влијае врз домаќинствата е инфлацијата и растот на цените на храната. Во февруари цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната го продолжуваат нагорниот тренд. „Кога зборуваме за цените на енергијата наспроти трошоците за храна, постои ефект на „доцнење“ што треба да го земеме предвид“, објаснува Рик Де Оливеира, енергетски аналитичар во ТЕЛФ АГ. „Овие пониски цени на енергијата што ги имаме во моментов треба да се претворат во пониски трошоци за производство на храна за да ја видиме цената (разликата). На пример, цените што ги гледаме денес во супермаркетите - ги одразуваат цените на енергијата пред шест месеци, кога храната е произведена. Така, веруваме дека за околу шест месеци ќе забележиме пад на цените на храната ако се стабилизираат цените на енергијата“. Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година. Унгарија е „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%). Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%). „Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот“, предвидува Де Оливеира. Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум. Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите. Се разбира, војната во Украина исто така придонесе за ескалирање на проблемот. Руската инвазија ја зголеми цената на житото и другите основни производи на рекордно ниво. Зголемувањето на каматните стапки го намали притисокот врз цените, но набљудувачите велат дека временските услови, војната и материјалните трошоци би можеле да ги одржуваат цените на храната покачени подолго време. Кризата доведе до улични протести во многу европски земји и штрајкови во други, како што е Велика Британија, каде вработените во јавниот сектор се во расправија со владата за платите и условите за работа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/feed/ 0
За МИНИМАЛНИ месечни трошоци во јануари биле потребни 50.799 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/#respond Wed, 15 Feb 2023 11:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=800771

На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари. Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/feed/ 0
Македонските граѓани живеат се посиромашно: Еве кои производи се поскапени и колку се зголемени трошоците за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragani-zhiveat-se-posiromashno-eve-koi-proizvodi-se-poskapeni-i-kolku-se-zgolemeni-troshotsite-za-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragani-zhiveat-se-posiromashno-eve-koi-proizvodi-se-poskapeni-i-kolku-se-zgolemeni-troshotsite-za-zhivot/#respond Tue, 14 Feb 2023 13:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=800394

Индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година (инфлација), во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17.1 %, а индексот на цените на мало зголемување од 13.3 %, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) Во однос на претходниот месец, пак, индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, изнесува 100.1, а на цените на мало изнесува 99.6. Пораст на трошоци во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец има кај: кафето, чајот, какаото за 1.9 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, свежото и разладеното овошје… Исто така, и кај собирањето смет за 4.6 %, весници, книги и канцелариски материјал за 4.3 %, електричната енергија за 3.7 %, производи за лична хигиена за 1.4 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината, теписите и другите подни покривки, фризерските салони и центрите за разубавување… туристичките аранжмани за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, поправки на живеалиштето, течните горива за домаќинствата, велосипедите, гасот за домаќинствата, цврстите горива за домаќинствата за 0.2 % и друго. -Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.3 %, маслото и маснотиите за 3.2 % и виното за 0.5 %. Намалување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 23.4 %, снабдувањето со вода за 4.4 %, медиумите за снимање за 3.0 %, обувките за 2.6 %, услугите за сместување за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, облеката за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.2 %, објави ДЗС.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragani-zhiveat-se-posiromashno-eve-koi-proizvodi-se-poskapeni-i-kolku-se-zgolemeni-troshotsite-za-zhivot/feed/ 0
Муцунски: Популистичките статистики ништо не значат за граѓаните кои имаат се поголеми трошоци за живот и живеат се посиромашно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mucunski-populistichkite-statistiki-nishto-ne-znachat-za-gragjanite-koi-imaat-se-pogolemi-troshoci-za-zivot-i-ziveat-se-posiromashno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mucunski-populistichkite-statistiki-nishto-ne-znachat-za-gragjanite-koi-imaat-se-pogolemi-troshoci-za-zivot-i-ziveat-se-posiromashno/#respond Sun, 22 May 2022 17:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=680235

Во однос на номиналното зголемување на платата која статистички се случува, но, граѓаните се сведоци дека заради енормно зголемената инфлација тие номинални средства вредат се помалку, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за просечната плата од 500 евра, при посетата во Битола, потенцирајќи дека оваа просечна плата не доволна поради растот на инфлацијата и трошоците за живот кои граѓаните се повеќе ги осиромашуваат. - Доволно е само да го споредиме растот на цените на основните продукти кои ги купуваме во маркет, растот на цената на енергенсите, очекуваниот раст на цената струјата за отприлика еден месец, сето тоа влијае врз стандардот на граѓаните кои секојдневно живеат се посиромашно и посиромашно, истакна Муцунски. Тој посочи дека не е доволно вие да имате номинални зголемувања на просечната плата, а истовремено тоа да не е доволно за стандардот на граѓаните и да немате зголемување на продуктивноста и на економијата. - Во таа смисла тоа се популистички изјави кои се даваат, но фактички за граѓаните ништо не значат, бидејќи тие ден за ден се се посиромашни. Треба економска агенда која ќе нуди продуктивност и развој и привлекување на странски директни инвестиции, тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ знаеме да го направиме, нагласи Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mucunski-populistichkite-statistiki-nishto-ne-znachat-za-gragjanite-koi-imaat-se-pogolemi-troshoci-za-zivot-i-ziveat-se-posiromashno/feed/ 0
ЗА ЖАЛ, МЕРКУР Е ПОВТОРНО РЕТРОГРАДЕН: Овие 5 знаци во мај ќе имаат непредвидени трошоци https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/za-zal-merkur-e-povtorno-retrograden-ovie-5-znaci-vo-maj-kje-imaat-nepredvideni-troshoci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/za-zal-merkur-e-povtorno-retrograden-ovie-5-znaci-vo-maj-kje-imaat-nepredvideni-troshoci/#respond Tue, 03 May 2022 16:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=671248

Мај носи неколку интересни движења на планетите, а покрај тоа се очекуваат и затемнувања на Сонцето и ретрограден Меркур. Сето тоа значително ќе влијае на секој аспект од животот, а финансиите ќе бидат под посебно влијание следниот месец. Овен Во петтиот месец на овните им се советува да внимаваат кога се во прашање финансиите. Без разлика дали менувате сигурна работа за да станете хонорарец или решавате некои стари долгови, ситуацијата ќе изгледа нестабилна. Енергијата ќе ви биде слаба во средината на мај поради затемнувањето на Месечината, но запомнете дека сите неволји ќе поминат наскоро и дека на крајот на месецот се ќе изгледа многу подобро. Близнаци Неочекуваните трошоци кои ќе се случат на почетокот на мај ќе ги принудат Близнаците да направат некои финансиски корекции. За среќа, Близнаците обично се опкружени со добри и дарежливи пријатели кои ќе им ги олеснат проблемите со парите. Освен тоа, на крајот на месецот ви се отвораат можности за нови деловни успеси. Рак Ракот е уште еден знак дека по сила на околности ќе мора да се справи со непредвидени трошоци, кои во овој случај се поврзани со околината, семејството и пријателите. Важно е да се договорите со блиски луѓе, со кои Раковите имаат врска која вклучува заеднички финансии, за парите да не се мешаат во другите аспекти на врската. Стрелец Стрелци, иако финансиите моментално ви се под контрола, во мај ќе добиете чувство дека можете повеќе. Ве советуваме да инвестирате во дополнително образование и вештини кои би можеле да се исплатат пред да знаете. Јарец Јарците мора да бидат особено внимателни во мај, бидејќи можно е социјалните и романтичните аспекти од животот да почнат сериозно да влијаат на нивните финансии. Иако работите ќе изгледаат хаотично на почетокот на месецот, што може да доведе до невидени деловни одлуки, ситуацијата ќе се смири по затемнувањето на Сонцето на 16 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/za-zal-merkur-e-povtorno-retrograden-ovie-5-znaci-vo-maj-kje-imaat-nepredvideni-troshoci/feed/ 0
СДК: Кој ги подмирил трошоците на Тупанчевски, Фетаи и Нанев за патот во Палермо? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653279

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Бидејќи станува збор за избрани и именувани лица, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, вели Ивановска. САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша тројцата со смс порака за трошоците, но не доби одговор до објавување на текстот. Судијата Нанев е поранешен долгогодишен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Македонија синоќа ја победи Италија со 1:0 и во вторник во Порто ќе игра против Португалија за пласман на СП 2022. Фудбалската федерација на Македонија редовно носи свои гости на патувањата на репрезентацијата, обично со чартер летови. ФФМ е најбогатата спортска федерација во земјата и не прима пари од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/feed/ 0
На едно четиричлено семејство му се потребни 36.146 денари месечно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/na-edno-chetirichleno-semejstvo-mu-se-potrebni-36-146-denari-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/na-edno-chetirichleno-semejstvo-mu-se-potrebni-36-146-denari-mesechno/#respond Mon, 07 Mar 2022 12:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=642624

Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто. За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава според синдикалната кошничка му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто и за облека и обувки 2.156,61 денар, поточно 5,97 отсто. За култура семејството требало да одвои 1.067,86 денари, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравје 749,07 денари или 2,07 отсто од вкупната сума на минималната синдикална кошничка. Минималната синдикална кошничка што ја определува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се однесува на задоволување на основните месечни потреби за едно четиричлено семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/na-edno-chetirichleno-semejstvo-mu-se-potrebni-36-146-denari-mesechno/feed/ 0
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари во однос на септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=594588

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според овие податоци, синдикалната минимална кошничка во октомври изнесува 34.584 денари. Храната учествува со 42,7 проценти во вкупната структура на кошничката или за храна и пијалоци потребни биле 14.779 денари. За режиски трошоци биле потребни најмалку 10.879 денари, а за хигиена 2.390 денари. – Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од Синдикатот. Оттаму оценуваат дека е оправдано барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и линеарно зголемување на останатите плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/feed/ 0
Зголемени минималните трошоци на едно четиричлено семејство, најмногу се троши за храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-minimalnite-troshoci-na-edno-chetirichleno-semejstvo-najmnogu-se-troshi-za-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-minimalnite-troshoci-na-edno-chetirichleno-semejstvo-najmnogu-se-troshi-za-hrana/#respond Fri, 08 Oct 2021 11:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=575393

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август. Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошница, во септември минималните трошоци изнесувале 34.393 денари што во споредба со август претставува зголемување за 51 денар. Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-minimalnite-troshoci-na-edno-chetirichleno-semejstvo-najmnogu-se-troshi-za-hrana/feed/ 0
Граѓаните живеат тешко: Две минимални плати не можат да ги покријат основните животни трошоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-ziveat-teshko-dve-minimalni-plati-ne-mozat-da-gi-pokrijat-osnovnite-zivotni-troshoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-ziveat-teshko-dve-minimalni-plati-ne-mozat-da-gi-pokrijat-osnovnite-zivotni-troshoci/#respond Sat, 25 Sep 2021 07:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=567912

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство му се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу осум илјади денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за МИА велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница. Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Посебен товар за граѓаните е и почетокот на учебната година. Минимално за ова, според ССМ, би се потрошиле осум илјади денари само за еден ученик.

Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.

-Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

ССМ извесен период бара минималната плата да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата, а при последното усогласување во март годинава побара да не се земе предвид падот на Бруто домашниот производ како еден од трите параметри за усогласувањето, но нивниот предлог не беше прифатен.

-Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот со која како работници, без да се грижиме за нашата егзистенција, ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, посочуваат од ССМ во изјавата за МИА.

Од ресорното Министерство за труд и социјална политика, пак, укажуваат дека во изминатиот период се бележи пораст на платите во државата. Повикувајќи се на официјалните статистички податоци за јули годинава посочуваат дека нето платата е зголемена за 1.309 денари во однос на јули минатата година.

-Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето плата за јули 2021 година, која е објавена во септември 2021 година, изнесува 28.540 денари и е повисока за 1.309 денари во однос на истиот месец од претходната година или 4,8 проценти. Нашите очекувања се и понатаму да има пораст на платите во земјата со што ќе се влијае и на состојбата на животниот стандард на граѓаните, стои во одговорот што МИА го доби од Министерството.

Во однос на предлогот на ССМ да не се зема предвид негативниот пораст на БДП при усогласувањето на минималната плата, од МТСП појаснуваат дека во законот се утврдени критериуми за корекција и оти какво и да било менување на овие критериуми, мора да биде разгледано во рамки на социјалниот дијалог.

-Минималната плата се утврдува со Законот за минимална плата и истата се објавува секоја година во март а се применува од април. Во Законот се утврдени критериуми за корекција на минималната плата. И сегашното законско решение за утврдување, односно критериумите за корекција на истата се утврдени со социјалните партнери. Поради ова сметаме дека какво било менување на критериумите кои ќе имаат влијание на минималната плата треба да биде предмет на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, наведува МТСП.

Минималната плата во земјава изнесува 15.194 денари во нето износ. Ново усогласување се очекува во март следната година. При усогласувањето предвид се земаат три параметри – една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-ziveat-teshko-dve-minimalni-plati-ne-mozat-da-gi-pokrijat-osnovnite-zivotni-troshoci/feed/ 0