тротинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 15:18:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тротинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виена воведува нови правила за електричните тротинети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-voveduva-novi-pravila-za-elektrichnite-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-voveduva-novi-pravila-za-elektrichnite-trotineti/#respond Fri, 01 Sep 2023 15:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=873453

Во Виена денеска стапува во сила нов пакет мерки поврзани со движењето на електричните тротинети по улиците. Компаниите што ги даваат овие возила за изнајмување мора да ги исполнуваат релевантните технички услови - возилата мора да бидат опремени со трепкачи, регистарски таблички, со звучен предупредувачки сигнал, две сопирачки, стабилен држач и QR код. Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ќе се контролираат на ист начин како и другите возила. Се разговара и за забраната за носење тротинети во јавниот превоз, како што налагаат актуелните прописи во Лондон, Барселона и Берлин.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-voveduva-novi-pravila-za-elektrichnite-trotineti/feed/ 0
Од утре во Париз се забранети електричните тротинети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=872929

Од петок, 1 септември, Париз ќе стане првата европска престолнина што ќе ја забрани работата на електронските тротинети на своите улици. На референдумот одржан во април граѓаните на Париз со речиси 90 отсто ја поддржаа забраната на овие уреди. Забраната се однесува на изнајмени електрични тротинети што ги нудат неколку компании од 2018 година. Само во мала зона во центарот на Париз ќе биде дозволено нивно работење додека целосно не се укине. Тие беа понудени поради нивното влијание врз намалувањето на загадувањето, но беа критикувани затоа што, според властите, само во јули во Франција починале десет корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/feed/ 0
АПЛИКАЦИЈАТА НЕ ПРЕСТАНУВА ДА БРОИ – внимавајте да не стигнете до извршител за изнајмување на на тротинетите, скопјанец веќе „ИЗГОРЕЛ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikatsijata-ne-prestanuva-da-broi-vnimavajte-da-ne-stignete-do-izvrshitel-za-iznajmuvane-na-na-trotinetite-skopjanets-veke-izgorel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikatsijata-ne-prestanuva-da-broi-vnimavajte-da-ne-stignete-do-izvrshitel-za-iznajmuvane-na-na-trotinetite-skopjanets-veke-izgorel/#respond Tue, 23 May 2023 14:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=837959

Семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им зема од сметката средства иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата. Родител се пожали дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата. За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот во 4 наутро. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што можно е апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари. „ Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални багови на една апликација кои не настапуваат секогаш, може скоро никогаш да не се појават но може во еден период да се појават често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во работа истата, не биле пронајдени тие багови што е во случајов еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот. И замислете се појави таков функционален баг како синоќа што се случи со апликацијата на ќерка ми. Си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака да се вози, приметува дека таа си брои. 9ден е минута. За 24ч ќе ви набилда 13000ден. За 10 дена 130.000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема кај да се обратите. Сметката е направена мора да си ја платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е коси кубење. Се е залудно. Додека не го платите долгот не можете да избришете картичка, не можете да избришете акаунт. Не можете да се сокриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборам ништо на памет. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка. Му благодарам и за тоа. “, напиша незадоволниот корисник на својот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikatsijata-ne-prestanuva-da-broi-vnimavajte-da-ne-stignete-do-izvrshitel-za-iznajmuvane-na-na-trotinetite-skopjanets-veke-izgorel/feed/ 0
Град Скопје: Од утре започнува аплицирањето за субвенции за велосипеди и електрични тротинети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-od-utre-zapochnuva-apliciranjeto-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-od-utre-zapochnuva-apliciranjeto-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/#respond Thu, 25 Aug 2022 12:52:48 +0000 https://kurir.mk/?p=723834

Град Скопје утре на градската веб страница ќе објави два Јавни повици за Cубвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат. Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, начинот на спроведување на повиците, како и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk. Покрај информациите, граѓаните од утре ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје www.skopje.gov.mk да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. Јавните повици ќе бидат објавени издвоено на веб страницата на Град Скопје, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје. Јавниот повик ќе трае заклучно со 01.11.2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. Оваа 2022 година Градот Скопје обезбедени повеќе средства за субвенции и тоа само за овие јавни повици предвидени се 12 милиони денари за субвенции за велосипеди и 3 милиони денари за електрични тротинети. За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-od-utre-zapochnuva-apliciranjeto-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/feed/ 0
Стефковски ги додели решенијата за субвенции за електрични тротинети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-dodeli-reshenijata-za-subvencii-za-elektrichni-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-dodeli-reshenijata-za-subvencii-za-elektrichni-trotineti/#respond Wed, 24 Aug 2022 10:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=723145

Денес 24.08.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенции на граѓаните на општина Гази Баба кои набавиле електричен тротинет. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба. За доделувањето градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Денес во просториите на општина Гази Баба ги поделив решенијата за субвенционирање на граѓаните кои набавиле електричен тротинет. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба и истата беше мое ветување кое го дадов пред граѓаните за време на изборната кампања и денес е реалност. Изминатиот период ги спроведовме и мерките за субвенции на граѓаните за велосипеди, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата исто така како мерки кои за прв пат се реализираат во општина Гази Баба. Кога се работи чесно и домаќински во буџетот на општината има пари за се. Жителите на Гази Баба го живеат новото време во кое се градат нови паркови, детски и спортски игралишта, канализациони и водоводни системи, се асфалтираат локални улици, се реконструираат училишни спортски сали. Заврши времето кога ветувањата кои се даваа за време на изборите се забораваа! - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-dodeli-reshenijata-za-subvencii-za-elektrichni-trotineti/feed/ 0
ОД ПОНЕДЕЛНИК: Субвенции за велосипеди и тротинети во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-subvencii-za-velosipedi-i-trotineti-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-subvencii-za-velosipedi-i-trotineti-vo-aerodrom/#respond Fri, 01 Jul 2022 11:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=698354

Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети: - за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари; - за електричен тротинет во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице. Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат: - Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник) - Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром - Фотокопија од трансакциска сметка на барателот - Оригинална фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет - Изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција. Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-subvencii-za-velosipedi-i-trotineti-vo-aerodrom/feed/ 0