трска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 16:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гори трска во близина на индустриската зона во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-trska-vo-blizina-na-industriskata-zona-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-trska-vo-blizina-na-industriskata-zona-vo-struga/#respond Fri, 31 Mar 2023 16:16:07 +0000 https://kurir.mk/?p=818616

Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. - Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа со едно возило, изјави Мазари. Палењето трски на крајбрежниот појас во Струга е пракса која се повторува секоја пролет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-trska-vo-blizina-na-industriskata-zona-vo-struga/feed/ 0
Зголемени површините со трска долж Охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=753754

Површините со трска долж охридското крајбрежје на територија на Општина Охрид се зголемени, покажуваат теренските истражувања на здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – регионален зелен центар Охрид во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Координаторот на проектот Иван Малезанов информира дека после повеќе од 10 години се прави ново документирање на појасите со трска, што за нив било голем предизвик. – Во споредба со постарата документација која ни беше достапна, забележавме зголемување на површините со трска од селото Подмоље до Свети Наум Охридски. Особено би сакал да го издвојам подрачјето од Подмоље до Охрид, каде проширувањето на трската е навистина изразено и во езерото и на брегот, истакна Малезанов. Тоа, како што посочува, е првиот чекор кон креирање извештај за моменталната состојба на појасите на трска и предлог – иницијатива за промена на степенот на законска заштита, кои се основа за понатамошна разработка на план за управување со ваков тип на природно наследство. Теренското истражување било реализирано во периодот од 15 септември до 17 октомври оваа година. Биле направени комбинирани теренски истражувања, од вода со пловен објект и од копно со теренско возило, како и копнени теренски истражувања. – Се изврши лоцирање и евиденција на сите појаси на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од селото Подмоље до Свети Наум, се водеа дневни забелешки за моменталната состојба на секој од појасите (мерење на површината, дали појасите се проширени или намалени и сл.), се прибираше фото и видео материјал се со цел спроведување на идните предвидени активности и изработка на предвидената документација како финален продукт од овој проект, појасни Малезанов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/feed/ 0
ФОТО: Повторно гори трската во струшко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-gori-trskata-vo-strushko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-gori-trskata-vo-strushko/#respond Wed, 03 Mar 2021 12:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=476604

Речиси без исклучок кога е во прашање струшкиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро, овој период од годината, пламнуваат пожари во реоните со трска која е живеалиште на бројни видови растителен и животински свет и значаен сегмент од езерскиот еко систем. Во текот на вчерашниот ден пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското Езеро, во близина на село Калишта. Изгоре поголема површина трска, објавува Охридњуз. -Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. – соопшти полицијата. Во најголем дел од ваквите случаи, причина за опожарувањето на трската на Охридското Езеро е човекот. Сторителите во најголем дел од случаите минуваат неказнето. Оттаму јавноста со право го поставува прашањето, кој и зошто ги штити уништувачите на животната средина и најстарото и највредно езеро во овој дел од Европа, со која цел, и што прават надлежните институции и инспекциски служби на локално и централно ниво?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-gori-trskata-vo-strushko/feed/ 0
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnovnoto-javno-obvinitelstvo-struga-povede-postapka-protiv-dve-lica-za-sechenje-na-trskata-od-ezerskoto-krajbrezje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnovnoto-javno-obvinitelstvo-struga-povede-postapka-protiv-dve-lica-za-sechenje-na-trskata-od-ezerskoto-krajbrezje/#respond Tue, 26 Mar 2019 09:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=178883

На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител. Во изминатиот период Основното јавно обвинителство Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnovnoto-javno-obvinitelstvo-struga-povede-postapka-protiv-dve-lica-za-sechenje-na-trskata-od-ezerskoto-krajbrezje/feed/ 0
Голема површина трска гори кај Асамати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-povrshina-trska-gori-kaj-asamati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-povrshina-trska-gori-kaj-asamati/#respond Mon, 11 Mar 2019 20:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=173767

Голема површина трска е зафатена во пожар кој дивее во близина на преспанското село Асамати. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Ресен, Дирекцијата за заштита и спасување и други релевантни институции го обезбедуваат теренот, но поради непристапноста не можат да интервенираат. Командирот на ТППЕ Ристе Илиевски во изјава за МИА потврди дека се работи за површина од над пет-шест хектари трска, но поради блатото не можат да се приближат да гасат. Ресенската пожарна вечерва го локализира и пожарот кај местото викано Макази, на патниот правец Битола – Ресен поради кој во прекин беше сообраќајот од 17 до 19 часот. – На терен интервениравме со четири возила. Опожарено е земјоделско земјиште, бавчи и овоштарници, информира Илиевски. Поради зачестените пожари во Преспанскиот регион вечерва имаше состанок Општинскиот координативен штаб на кој, како што информира градоначалникот Живко Гошаревски била разгледана актуелната состојба и ставање во функција на сите материјално-технички и оперативни ресурси во општината. Од состанокот произлегле и конкретни мерки, насоки и активности за превентивно делување на терен со цел спречување нови пожари. – Општина Ресен уште еднаш апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал, да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор, истакна Гошаревски. Доколку граѓаните забележат пожар веднаш да ја известат противпожарната служба на 193 или да се јават во Полициската станица Ресен на 192, односно Центарот за управување со кризи 195. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-povrshina-trska-gori-kaj-asamati/feed/ 0