труење со храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 13:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png труење со храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно работи кујната во детското одморалиште во Охрид каде беше пријавено труење со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-raboti-kujnata-vo-detskoto-odmoralishte-vo-ohrid-kade-beshe-prijaveno-truene-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-raboti-kujnata-vo-detskoto-odmoralishte-vo-ohrid-kade-beshe-prijaveno-truene-so-hrana/#respond Fri, 04 Aug 2023 13:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=863415

Повторно е во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беа уништени повеќе од 200 килограми храна поради пријавено труење. Акцијата, како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, се спроведувала од 18 до 21 јули. -Уништивме млечни производи, преработки од месо, риба,..., буквално се што најдовме што не беше безбедно. Утврдена беше контаминација со бактерии, и на површините и кај вработените. Кујната беше затворена веднаш, уште на 18 јули. Недоследностите се отстранети и кујната во одморалиштето е повторно во функција, а против економскиот оператор ќе следи соодветна постапка, информира Бабовски. Во разговор за МИА што беше објавен деновиве, директорот откри и дека од почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје, пријавени се и спроведени истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, пак, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини, предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан и против операторот е изречена казнена мерка - глоба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-raboti-kujnata-vo-detskoto-odmoralishte-vo-ohrid-kade-beshe-prijaveno-truene-so-hrana/feed/ 0
Од почетокот на годината само едно труење со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetokot-na-godinata-samo-edno-truenje-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetokot-na-godinata-samo-edno-truenje-so-hrana/#respond Wed, 10 Aug 2022 09:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=716491

Вкупно 72 претставки за безбедност на храната од кои 12 за променети органолептички својства кај млечни и сувомесни производи, 10 со наводи за присуство на контаминенти, 10 за сомнеж во безбедноста на производите и осум за сомнеж за труење со храна, се поднесени до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во првите шест месеци од годинава. Сепак, податоците на Институтот за јавно здравје со кои располага АХВ, покажуваат дека досега е евидентиран само еден случај на труење со храна, неодамна, во фабриката „Кромберт“ во Битола. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Николче Бабовски, продолжуваат засилените и вонредните инспекциски контроли, посебно во туристичките центри, зашто во ек е летната сезона. – Целта на засилените контроли е спречување евентуални труења и инфекции од храна кои лесно може да се случат како последица на високите температури. Со контролите се опфатени сите туристички центри, вклучително и планинските. Официјалните ветеринари и инспекторите вршат надзор на хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе-барови, маркети и други оператори со храна, каде во овој временски период има зголемена фреквенција на туристи, нагласува Бабовски. Зајакнати контроли, дополнува директорот, се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места. Но, паралелно со контролите, се постапува и по поднесените претставки од страна на потрошувачите, а се спроведува и мониторинг програмата за безбедност на храната во рамки на која се земаат мостри од различен број производи и лабораториски се тестираат. Во првите шест месеци од годинава, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 22 564 надзори, при што утврдиле само 1 072 недоследности за кои се изречени соодветни мерки. Како небезбедни, од страна на инспекторите и операторите се уништени околу 54 тони храна, најголем дел или 53 070 килограми храна од животинско потекло. Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во однос на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, но и лично или на [email protected], истакнува Бабовски и додава дека безбедноста на храната е грижа на сите вклучени во системот, почнувајќи од државата и институциите, операторите со храна, но и потрошувачите. Во 2021 година беа пријавени две труења, а во 2020-та имаше само еден случај. Во 2019 година евидентирани се три инциденти, во 2018 година вкупно осум, а во 2017-та 10 труења со храна. – Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната што го има имплементирано АХВ е фактот дека од година во година се намалува бројот на случаите на труења со храна на лица кои завршиле на болничко лекување, оценува Бабовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetokot-na-godinata-samo-edno-truenje-so-hrana/feed/ 0
Шестмина ученици отруени со брза храна во Ниш https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shestmina-uchenici-otrueni-so-brza-hrana-vo-nish/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shestmina-uchenici-otrueni-so-brza-hrana-vo-nish/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=656303

Шест средношколци од Ниш се отруле со храна купена во објект за продажба на брза храна кој се наоѓал во непосредна близина на комплексот во кои се Економското, Угостителското и Трговското училиште, дознава агенцијата Бета во Брзата помош. Петте екипи на Брзата помош ги пренеле во Детската интерна клиника на дополнителни прегледи и лекување. Од таа здравствена установа изјавиле дека интервенирале нивни две екипи и дека се уште се на терен, во случај уште некое дете да не се чуствува добро. - Се сомневаме на труење со храна затоа што учениците пола час или час откако ја изеле храната од тој објект почнале да се жалат на мачнина и повраќање, изјавиле од Брзата помош, пренесуваат српските медиуми. Тие исто така навеле дека пет деца се згрижени во Детската интерна клиника, а едно е пуштено на домашно лекување. Директорот на Економското училиште за агенцијата Бета изјавил дека учениците по големиот одмор и ужината се пожалиле на мачнина и поради тоа училиштето повикало Брза помош. Тој додал дека меѓу шесте ученици кои се затруле од храна има и ученици од сите три училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shestmina-uchenici-otrueni-so-brza-hrana-vo-nish/feed/ 0
Лекар од Крива Паланка прикрил случај на труење со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-od-kriva-palanka-prikril-sluchaj-na-truenje-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-od-kriva-palanka-prikril-sluchaj-na-truenje-so-hrana/#respond Fri, 01 Oct 2021 18:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=571453

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, лекар – специјалист, не поднел пријава за заболување од заразна болест до надлежната Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје Куманово – Подрачна единица Крива Паланка во врска со настан – труење со храна од 19.10.2020.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-od-kriva-palanka-prikril-sluchaj-na-truenje-so-hrana/feed/ 0
Во 2019 година во земјава немало ниту едно труење со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2019-godina-vo-zemjava-nemalo-nitu-edno-truenje-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2019-godina-vo-zemjava-nemalo-nitu-edno-truenje-so-hrana/#respond Tue, 14 Jan 2020 11:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=289422

Системот за безбедност на храната е функционален. Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење, иако биле пријавени три случаи со 19 лица, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оценувајќи дека ваквите резултати се солидни ако се земе превид дека во 2017 година 21 лице завршиле на болничко лекување, а лани 35. Според Атанасов, минатата година во трите случаи причинителот не е потврден зашто пријавените 19 лица имале благи симптоми. – Во светски рамки годишно се евидентираат по околу 600 милиони случаи на труење со храна, а од нив 430.000 завршуваат со смрт. Оттука, можеме да кажеме дека кај нас системот на безбедност на храната функционира и во него се вклучени сите инволвирани: потрошувачите, институциите, операторите со храна и лабораториите, рече Атанасов на средба со новинарите. За поефикасна и уште подобра контрола, како и за поголема безбедност на храната, АХВ, потенцира директорот, воведе систем за брзо известување според европските стандарди, почна да спроведува Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна, имплементира мониторинг на храната третирана со јонизирачко зрачење, а почна активно да работи и Националниот совет за безбедност на храната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2019-godina-vo-zemjava-nemalo-nitu-edno-truenje-so-hrana/feed/ 0
Колективно труење со храна во центар за пребројување на гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolektivno-truenje-so-hrana-vo-centar-za-prebrojuvanje-na-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolektivno-truenje-so-hrana-vo-centar-za-prebrojuvanje-na-glasovi/#respond Fri, 15 Nov 2019 13:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=264528

Најмалку 50 претставници од главниот Центар за пребројување на гласови во главниот град на Шри Ланка, Коломбо се хоспитализирани поради труење со храна. Според портпаролот на Националната болница во моментот се хоспитализирани 50 жени и мажи. Тие биле донесени во болница по оброкот што го имале во Центарот за пребројување на гласови. Изборната кампања за претседателските избори заврши во средата вечерта. Повеќе од 150.000 луѓе се распоредени за изборите во 12.600 гласачки места и околу 50 центри за пребројување на гласовите ширум земјата. Околу 15,99 милиони граѓани со право на глас утре ќе избираат меѓу 35. Претседателски кандидати, меѓу кои има само една жена. Резултатите од анкетите најавуваат тесна борба помеѓу претставникот на владејачката партија, министерот за домување Саџита Премадас и Готабај Раџапакс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolektivno-truenje-so-hrana-vo-centar-za-prebrojuvanje-na-glasovi/feed/ 0
Цело семејство од Сараево затруено откако јаделе полнети пиперки и лубеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celo-semejstvo-od-saraevo-zatrueno-otkako-jadele-polneti-piperki-i-lubenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celo-semejstvo-od-saraevo-zatrueno-otkako-jadele-polneti-piperki-i-lubenici/#respond Wed, 17 Jul 2019 09:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=219298

Седум лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Сараево под сомневање дека се затруени од храна односно од полнети пиперки и лубеници. Нивната здравствена состојба е стабилна откако самите се пријавиле во болницата, жалејќи се на стомачни проблеми, пишува весникот „Дневни аваз“. „Информирани сме дека седуммина членови на едно семејство побарале медицинска помош во Клиниката за инфективни болести со симптоми на интоксикација со храна. Во овие моменти, не можеме да зборуваме за можната причина за инфекцијата“, соопштиле од Кантонската администрација за инспекциски работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celo-semejstvo-od-saraevo-zatrueno-otkako-jadele-polneti-piperki-i-lubenici/feed/ 0
Труење на свадба во Струга, десетина гости завршија во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-na-svadba-vo-struga-desetina-gosti-zavrshija-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-na-svadba-vo-struga-desetina-gosti-zavrshija-vo-bolnica/#respond Mon, 15 Jul 2019 09:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=218539

Десетина лица се примени во болница откако се затруле на свадба во Струга. Неофицијално причината била тортата, а Агенцијата за храна и ветеринарство испитува примероци од храната за да ги утврди причините. Гостите синоќа биле примени во болницата, со симптоми на дијареа и повраќање, но биле пуштени на домашно лекување. Случајот ќе го испитува и Центарот за јавно здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-na-svadba-vo-struga-desetina-gosti-zavrshija-vo-bolnica/feed/ 0
Масовно труење со храна: 11 лица починаа, 90 завршија во болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-truenje-so-hrana-11-lica-pochinaa-90-zavrshija-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-truenje-so-hrana-11-lica-pochinaa-90-zavrshija-vo-bolnica/#respond Sat, 15 Dec 2018 10:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=140548

Единаесет лица, меѓу кои две деца, починаа денеска од труење со храна послужена во храм во јужната индиска држава Карнатака, соопшти полицијата. Од масовното труење, како што го окарактеризира полицијата, 90 лица се во болница со дијареа, повраќање и проблеми со дишењето. Медиумите во Индија известуваат дека труењето со храна е поради одредени пестициди, но полицијата смета дека е премногу рано да се даваат заклучоци за причините за труењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-truenje-so-hrana-11-lica-pochinaa-90-zavrshija-vo-bolnica/feed/ 0
АХВ ја откри причината за труењето на работниците со храна во Виница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-otkri-prichinata-za-truenjeto-na-rabotnicite-so-hrana-vo-vinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-otkri-prichinata-za-truenjeto-na-rabotnicite-so-hrana-vo-vinica/#respond Tue, 25 Sep 2018 08:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=105615

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект- сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна. Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост. Затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница согласно договор, дистрибуирала храна два пати во текот на неделата. Aгенцијата за храна и ветеринрство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-otkri-prichinata-za-truenjeto-na-rabotnicite-so-hrana-vo-vinica/feed/ 0