труст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jul 2018 11:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png труст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изречени пресудите за случајот „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-sluchajot-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-sluchajot-trust/#respond Fri, 20 Jul 2018 10:52:11 +0000 https://kurir.mk/?p=79106

Основниот суд Скопје 1 Скопје денес ги изрече пресудите во случајот „Труст“. Бизнисменот Сеад Кочан доби шест години затвор и забрана во времетраење од три години да биде управител и одговорно, додека Василије Авировиќ доби затворска казна од три години Судијката Лидија Трајковска Зимбовска додаде дека фирмите „Силекс Неметали“ и „Трансмет“ одговорни за кривичното дело треба да платат 2 милиони денари, кои треба да ги платат во рок од 30 дена од правосилност. Третиот обвинет, Сафет Ватиќ во случајот беше ослободен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-sluchajot-trust/feed/ 0
Пресуда за обвинетите во „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-obvinetite-vo-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-obvinetite-vo-trust/#respond Fri, 20 Jul 2018 05:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=78953

 Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај. Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат. Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши кој билој закон. - Покрај сувото гори и суровото, рече Кочан и додаде дека единствена цел му била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства. Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска. - Како менаџер, иако сум имал обврска да ги проверувам сите документи пред да ги потпишам, тоа не го направив верувајќи цврсто во својот тим, рече Кочан. И Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Според него, обвинението е неосновано и дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба. Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда. Претставникот на „Трансмет“ ДОО Скопје, Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Трансмет“ ДОО Скопје. Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ“ рече дека Судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена одлободителна пресуда за сите. Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети. СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра. Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани. Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-obvinetite-vo-trust/feed/ 0
Завршни зборови на одбраната за „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-odbranata-za-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-odbranata-za-trust/#respond Mon, 16 Jul 2018 06:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=77208

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој осомничени се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, ќе бидат изнесени завршните зборови на одбраната. Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин. Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот и со тоа ќе нема можност од нив да се конфискува, конфискацијата да биде насочена кон основачот. Новина е предлогот на Обвинителството, целосното обвинение кон  „Вато ДООЕЛ“ да биде повлечено. Исто така, Обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна. Обвинителството на минатото рочиште, наведе дека според нивните податоци, фирмата „Трансмет“ има имот што може да се конфискува, додека „Силекс Неметали“, нема, со што, според нивното барање, конфискацијата ќе биде насочена кон нивниот основач. Обвинителството побара да добие записник од рочиштето, односно од завршните зборови на Обвинителството, но Судечкиот совет го одби барањето. Одбраната посочи дека Обвинителството го изменило описот на дејствијата со наведување други, поради што побара одлагање на нивното изнесување на завршните зборови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-odbranata-za-trust/feed/ 0
Рочишта за „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/#respond Tue, 03 Jul 2018 05:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=72259

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“ се закажани за денеска во Кривичниот суд. Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, поради ризична бременост. Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата на која требаше да почне изнесувањето на доказите. Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. На обвинителна клупа денеска треба да седнат и обвинетите во случајот „Т.Н.Т“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Труст“ во кој се обвинети бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/feed/ 0
Нови рочишта за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/#respond Tue, 08 May 2018 06:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=51239

Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметите „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“. Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, беше одложено за денеска, а причина за одложувањето беше е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов. Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија. Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир. Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“. На судењето за предметот „Тенк“ на СЈО на 25 април сведочеше Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски. Во „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“. Ново рочиштето денеска треба да се одржи и за случајот „Труст", во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет", „Силекс" и „Вато" ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ. Според обвинителите на СЈО, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет", „Силекс неметали" и „Вато" злоупотребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Според доказите, обвинителите од СЈО ќе докажат дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/feed/ 0
Ќе се слушаат „бомбите“ за ТНТ, рочишта и за „Труст“ и „Насилство во Центар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-slushaat-bombite-za-tnt-rochishta-i-za-trust-i-nasilstvo-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-slushaat-bombite-za-tnt-rochishta-i-za-trust-i-nasilstvo-vo-centar/#respond Thu, 05 Apr 2018 06:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=36610

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „ТНТ“, „Труст“ и „Насилство во Центар“. На рочиштето за ТНТ треба да бидат слушани 16 аудио разговори од т.н. „бомби“ во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета. Судско рочиште треба да се одржи и за предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година. Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи и рочиште за одвоена постапка од предметот „Насилство во Центар“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-slushaat-bombite-za-tnt-rochishta-i-za-trust-i-nasilstvo-vo-centar/feed/ 0