Цар Борис Трети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 11:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Цар Борис Трети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Цар Борис“ избришан од Централниот регистар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsar-boris-izbrishan-od-tsentralniot-registar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsar-boris-izbrishan-od-tsentralniot-registar/#respond Tue, 04 Apr 2023 11:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=820018

Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должниост, откако на 30 март министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзни со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх итн. Одлукатана министерот, пак, следеше откако Комисија за употреба на имиња на историски личности минатат недела даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Во образложението Комисијата за имиња наведе дека бугарскиот цар Борис Трети е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка. Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, но не го сторија тоа. Претходно беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsar-boris-izbrishan-od-tsentralniot-registar/feed/ 0
Комисијата за употреба на историските имиња ќе решава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-ke-reshava-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-treti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-ke-reshava-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-treti/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=817144

Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, од Централниот регистер беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-ke-reshava-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-treti/feed/ 0
Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид поднело барање за промена на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-tsar-boris-treti-od-ohrid-podnelo-barane-za-promena-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-tsar-boris-treti-od-ohrid-podnelo-barane-za-promena-na-imeto/#respond Wed, 15 Feb 2023 12:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=800815

Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени. Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола досега не е поднесено барање. Според постечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Според измените на Законот за здруженија и фондации усвоени во ноември 2022 година, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи,претходно денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија при што биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата. -На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-tsar-boris-treti-od-ohrid-podnelo-barane-za-promena-na-imeto/feed/ 0
Бугарскиот клуб „Цар Борис“ ќе го менува името, а „Ванчо Михајлов“ ќе тужел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/#respond Wed, 15 Feb 2023 09:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=800713

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Средбата е на барање на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW. Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур. Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише. Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа. Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/feed/ 0
ФОТО: Кога Христијан Пендиков беше МАКЕДОНЕЦ, овие коментари на Бугарите нема да им се допаднат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-koga-hristijan-pendikov-beshe-makedonets-ovie-komentari-na-bugarite-nema-da-im-se-dopadnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-koga-hristijan-pendikov-beshe-makedonets-ovie-komentari-na-bugarite-nema-da-im-se-dopadnat/#respond Mon, 23 Jan 2023 09:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=790551

Откако беше физички нападнат во Охрид и со владин бугарски авион беше испратен на лекување во Софија, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, беше посетен од министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков. Бугарите покажаа вознемиреност од чинот што “нивни“ човек бил нападнат во Македонија иако неговото изјаснување за Бугарија воопшто не била причина за физичката пресметка. Полицијата  уапси три лица од Охрид како осомничени за физичкиот напад врз нивниот сограѓанин во еден угостителски објект. Како што јавија дел од медиумите, дали напанатиот Христијан Пендиков воопшто смеел да ја напушти државата не биле прашани ниту од јавното обвинителство, со оглед дека против Пендиков пред еден месец е поднесена кривична пријава за трговија со кокаин. Дали се прекршени процедурите обвинителството допрва ќе проверува. Оттаму додаваат дека за овој конкретен случај биле превземени соодветни мерки. -При разговор со обвинителите оштетениот Пендиков даде два искази кои сосема се разликуваат. Првиот пат тврдеше дека бил нападнат од три лица кои ги познава, додека при вториот распит тврдеше дека бил нападнат од едно познато и две непознати лица. Несовпаѓања има и во дел од исказите на сведоците на инцидентот, но обвинителите ги обезбедија сите снимки со кои ќе се расчисти случајот, посочуваат од обвинителство. Бугарите кои експресно пратија авион да го земат и лекуваат, сепак, не знаат дека тој пред некое време немал баш убави зборови за нив. Тој тогаш се претставувал како горд Македонец. Ова се дел од неговите коментари: „Јас немам македонски пасош, а не дај Боже бугарски“. „Тоа е Пиринска Македонија“. „Не е Бугарин, тој е Македонец“. „Секој треба да се бори за Македонија затоа што друга татковина немаме“.      

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-koga-hristijan-pendikov-beshe-makedonets-ovie-komentari-na-bugarite-nema-da-im-se-dopadnat/feed/ 0