циклон моча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 11:35:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png циклон моча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Циклонот Моча усмрти најмалку 400 луѓе во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsiklonot-mocha-usmrti-najmalku-400-luge-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsiklonot-mocha-usmrti-najmalku-400-luge-vo-mjanmar/#respond Tue, 16 May 2023 11:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=834806

Циклонот Моча уби најмалку 400 луѓе во мјанмарската држава Ракхајн и предизвика сериозни штети во западните делови на земјата, изјави денеска за германската новинска агенција ДПА портпаролот на опозициската влада на национално единство во егзил. Циклонот прерасна во најмоќниот ураган што го погоди регионот изминатата деценија, а неговото влијание беше особено почувствувано во Ракхајн, држава на западниот брег на Мјанмар, која е дом на муслиманското малцинство Рохинџи, прогонувано од владејачката воена хунта. Според портпаролот поголемиот број од жртвите се дел од ова малцинство. Владата на национално единство беше формирана по воениот удар во Мјанмар во 2021 година како алтернатива на владејачката хунта. Таа однапред ги предупреди луѓето за приближувањето на циклонот и врши активност на организирање меѓународна помош за настраданите. Тропскиот циклон стигна до брегот на Мјанмар и соседниот Бангладеш во неделата со ветрови кои на некои места достигнаа брзина и над 250 километри на час. Целосниот обем на штетите по елементарната непогода сè уште не е утврден поради прекинот на комуникациските услуги во голем број населени места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsiklonot-mocha-usmrti-najmalku-400-luge-vo-mjanmar/feed/ 0
Ветрови со брзина од 259 км/ч: Циклонот Моча стигна до бреговите на Бангладеш и Мјанмар, евакуирани голем број луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vetrovi-so-brzina-od-259-km-ch-tsiklonot-mocha-stigna-do-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-evakuirani-golem-broj-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vetrovi-so-brzina-od-259-km-ch-tsiklonot-mocha-stigna-do-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-evakuirani-golem-broj-luge/#respond Sun, 14 May 2023 10:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=833987

Циклонот Моча денеска стигна до бреговите на Бангладеш и Мјанмар, каде што се евакуирани стотици илјади луѓе. Циклонот е придружен со ветрови кои достигнуваат брзина од 259 километри на час. Невремето е еквивалентно на ураган од петта категорија, најсилниот на скалата Сафир-Симпсон, соопшти американскиот Центар за предупредување за тајфуни. Се очекува центарот на циклонот да се движи помеѓу Кокс Базар во Бангладеш и Ситве, град со 150.000 жители во Мјанмар, соопшти Метеоролошката служба на Бангладеш. Се очекува Моча да предизвика бранови до четири метри. Ќе донесе големи количини на врнежи поради што постои опасност од свлечишта. Многу повеќе луѓе би можеле да настрадаат доколку бурата се пресели во внатрешноста на Бенгалскиот Залив, предупреди сателитски центар на Обединетите нации. - Спасувањето животи е наш главен приоритет, изјави Мијанур Рахман, експерт за катастрофи во Бангладеш, кој евакуираше околу 300.000 луѓе пред бурата да удри на копното, што се очекува околу пладне. Хуманитарните работници се загрижени за ризиците за повеќе од милион бегалци Рохинџи, од кои половина милион се деца, кои живеат во кампови во крајбрежниот град Кокс Базар во близина на патеката на циклонот. - Ранливите луѓе се во процес на преместување во безбедни засолништа, а исто така подготвуваме и пакети со помош, изјави Фарах Кабир од невладината организација ActionAid Бангладеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vetrovi-so-brzina-od-259-km-ch-tsiklonot-mocha-stigna-do-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-evakuirani-golem-broj-luge/feed/ 0