Црвениот Крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 12:40:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Црвениот Крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Награда „Оскар на хуманоста“ од Црвен крст на Македонија за Клиника Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nagrada-oskar-na-humanosta-od-tsrven-krst-na-makedonija-za-klinika-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nagrada-oskar-na-humanosta-od-tsrven-krst-na-makedonija-za-klinika-zhan-mitrev/#respond Wed, 10 May 2023 12:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=832724

Д-р Жан Митрев и Клиника Жан Митрев добија признание од Црвениот крст на Македонија „Оскар на хуманоста“. Наградата и признанието се доделени за покажана хуманост и безрезервна поддршка на активностите на организацијата.

-Добрината треба да издржи, и ако некој прави лошо, треба да му се врати со добро. Затоа постојат и вакви добри, хумани луѓе кои без разлика на сѐ, прават само добри дела. Некои аматерски, некои доброволно, волонтерски, професионално, но прават добри работи и помагаат на другите. Јас сум навистина горд што сум тука, меѓу вас, со толку многу добри луѓе и оваа награда само ме убедува дека хуманоста и искрената добрина го менуваат светот на подобро, истакна д-р Митрев при подигањето на наградата.

Клиника Жан Митрев својата поддршка на активностите на Црвениот Крст на Македонија ги покажува континуирано со учествување во сите хуманитарни и донаторски активности организирани од страна на организацијата, како и со редовни доброволни крводарителски акции со кои се придонесува за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство. Со масовното учество во крводарителските акции од страна на вработените како и со останатата помош од Клиника Жан Митрев за хуманитарните активности на Црвениот Крст, клиниката се потврдува како колектив со високи етички, хумани и морални вредности.

Оскарот на хуманоста беше доделен во рамки на одбележување на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nagrada-oskar-na-humanosta-od-tsrven-krst-na-makedonija-za-klinika-zhan-mitrev/feed/ 0