туберкулоза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 05:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туберкулоза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Туберкулозата стана најзаразната болест во светот, најмногу поради војните во Украина и Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tuberkulozata-stana-najzaraznata-bolest-vo-svetot-najmnogu-poradi-vojnite-vo-ukraina-i-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tuberkulozata-stana-najzaraznata-bolest-vo-svetot-najmnogu-poradi-vojnite-vo-ukraina-i-sudan/#respond Tue, 09 May 2023 05:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=832071

Туберкулозата сега е најзаразната болест на планетата, надминувајќи ги Ковид-19 и СИДА-та, бидејќи секој ден одзема 4.000 животи, од кои 700 се детски животи, изјави претставник на Обединетите нации. Највисоките органи на Светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на случаи на туберкулоза, поттикнат од големиот број случаи на болеста во воените зони како што се оние во Украина и Судан. Според извршната директорка на организацијата Стоп за туберкулоза, Лусисе Дитију, пред пандемијата на Ковид-19 не е забележано драматично зголемување на случаите на туберкулоза. „Но, по Ковид, го забележавме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, каде што луѓето кашлаат крв, се многу слаби и така натаму“, рече таа. Како и Ковид, туберкулозата се пренесува преку воздухот. Дитију вели дека економските последици од Ковид и војните, пред сè во Украина, а сега и во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето кои се заразиле со туберкулоза и за дијагностицирањето нови случаи. Украина има најголем број луѓе за кои се проценува дека имаат туберкулоза во Европа - 34.000, а исто така има и најголем број на пациенти кои се отпорни на лекови за туберкулоза, изјави неодамна Дитиу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tuberkulozata-stana-najzaraznata-bolest-vo-svetot-najmnogu-poradi-vojnite-vo-ukraina-i-sudan/feed/ 0
СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkulozata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkulozata/#respond Fri, 24 Mar 2023 08:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=815831

Можеби звучи како болест од минатото, но туберкулозата (ТБ) претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест. Туберкулозата е излечива болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Болеста обично ги оштетува белите дробови, но некогаш може да оштети и други делови од телото, на пример, лимфните жлезди, бубрезите, коските, итн. BcG вакцината штити од тешки форми на туберкулоза и е безбедна и ефикасна, особено за децата. -Како се пренесува туберкулозата? Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт. Кога заразените со активна форма на болеста кашлаат, киваат или плукаат, исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. „Активна“ значи дека микробите на ТБ се размножуваат и се шират во вашето тело. Затоа, лекарите ги советуваат оние кои имаат активна туберкулоза да останат дома и подалеку од другите луѓе колку што е можно повеќе, се додека не бидат повеќе заразни за околината. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии но сѐ уште не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат истата. -Како да ја препознаете? Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци. -Како да го спречиме пренесувањето? Ако имате активна форма на туберкулоза, мора веднаш да се лекувате. Ова може да вклучува земање на поголем број на антибиотски лекови во времетраење од 6 до 12 месеци. Важно е да ги земате сите лекови, како што ви се препишани од вашиот лекар, во текот на целиот временски период - дури и ако се чувствувате подобро. Ако имате латентна ТБ, не можете да ја пренесете болеста на други, но, вашиот лекар сепак може да препорача да земате лекови за да ги спречите бактериите да станат активни. Следете ги овие совети за да спречите другите да заболат од ТБ во текот на првите неколку недели од третманот или додека лекарот не каже дека повеќе не сте заразни: • Земајте ги сите лекови редовно како што ви се препишани, се додека лекарот не одлучи да ја прекине терапијата • Одете на редовни контроли кај вашиот лекар • Секогаш покривајте ја устата со марамче кога кашлате или кивате. • Измијте ги рацете по кашлање или кивање. • Не посетувајте други луѓе и не ги повикувајте да ве посетат. • Останете дома. Не одете на работа, училиште или други јавни места. • Користете вентилатор или отворени прозорци за да се движи свеж воздух низ просторијата во која престојувате. • Не користете јавен превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkulozata/feed/ 0
Хоспитализирани 6 деца со туберкулоза, за два месеци дијагностицирани 11 случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/#respond Fri, 24 Mar 2023 06:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=815786

Бројот на случаи со туберкулоза во нашата земја континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна. Ова го потврдија за МИА од болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Бесник Зеќири, вели дека во Институтот, годишно имаат во просек по 10 до 12 деца. - Заради ковид-пандемијата, овие бројки беа помали во изминатите две години, по пет до осум деца. Годинава, за два месеца имаме дијагностицирано 11 случаи на ТБЦ, и околу 20 со латентна туберкулозна инфекција, изјави за МИА, директорот на болницата Зеќири. Тој појасни дека на нивниот оддел за туберкулоза, моментално болнички се лекуваат шест деца и сите се во стабилна состојба. -За спречување на оваа болест потребна е вакцинација со БЦГ вакцина по раѓање, откривање на болните, најчесто возрасни лица со белодробна тбц кои ја шират заразата, и најважно откривање на контактите и нивно иследување, особено децата кај кои е потребна соодветна заштитна терапија, како не би дошло до развој на болест, посочи Зеќири. Според најновите податоци на Светската здравствена организација, во 2021 година се регистрирани 10.6 милиони случаи на заболени од туберкулоза, што е еквивалент на 134 регистрирани случаи на 100.000 жители за таа година. Република Северна Македонија последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, каде од 2019 година припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители, нагласи за МИА, директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел. -Иако е излечлива и превентабилна болест, 141 година од откривањето на причинителот на туберкулозата, 75 години од откривањето на ефикасни лекови, туберкулозата се уште претставува глобален здравствен проблем. Присутна е во сите земји и сите возрасни групи. Секој може да заболи од туберкулоза. Но, одредени групи на лица се со зголемен ризик да заболат од истата, а тоа се лица кои биле во непосреден контакт со болен од туберкулоза, членови на семејството, особено децата, потоа лицата кои живеат со ХИВ, исто така лица кои живеат во затворени колективи како прифатилишта за мигранти и бездомни лица, затворите, психијатриски одделенија, лица кои живеат со материјални средства под границата на сиромаштијата, како и хронични болни со намален имунитет, каде не постои можност за спречување на болеста - дијабетичари, болни со долготрајна кортикотерапија, болни од малигни заболувања, истакна Зејнел. Постигнатиот напредок кон целите за елиминација на оваа болест во светски и домашни рамки, како што додаде Зејнел, во значителна мерка е компромитиран од страна на ковид-пандемијата, каде поради рефокусираноста на здравствените системи и популацијата кон истата, само е зголемен јазот помеѓу регистрираните случаи и реалната бројка на заболени од туберкулоза. -Иако е присутна кај сите возрасни групи, за жал, гледано според возрасните групи, туберкулозата најчесто се јавува кај најработоспособната популација, помеѓу 20 до 40 година од животот, а машкиот пол е двојно повеќе опфатен, најверојатно поради бихејвиоралните одлики на машкиот пол. Во основа, еден здрав организам најчесто успешно се бори со туберкулозните бацили, каде и во случај на инфекција, таа останува под контрола, во скриена - латентна форма. Кај пет до 10 отсто од инфицираните лица, болеста може да се јави по неколку години поради состојбата на организмот - имунитетот - и факторите на околината. Ако отпорноста на организмот е слаба, тогаш инфекцијата преминува во активна болест, којашто истовремено е и заразна, појасни Зејнел за МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/feed/ 0
Бебето со туберкулоза е во многу тешка состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-so-tuberkuloza-e-vo-mnogu-teshka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-so-tuberkuloza-e-vo-mnogu-teshka-sostojba/#respond Mon, 27 Feb 2023 11:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=805570

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести е во многу тешка состојба, и поставено на механичко дишење, и засега состојбата му е стабилна, изјави за Телма, директорката проф.д-р Стојка Фуштиќ. Доктор Фуштиќ вели дека деветмесечното бебе е донесено на детска клиника во многу тешка состојба во петокот вечерта од болницата во Козле. Директорката уверува дека нема потреба од паника за зараза, затоа што бебето е згрижено според сите протоколи. Бебето и денеска е во многу тешка состојба затоа што има само три килограми, и иако докторите прават се што можат, можно е ваков случај да заврши фатално. Бебето се заразило од неговата мајка, која боледувала од туберкулоза. Доктор Фуштиќ вели дека детето не било заведено во здравствениот систем, и нема податоци каде се лечело.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebeto-so-tuberkuloza-e-vo-mnogu-teshka-sostojba/feed/ 0
СЗО: Повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-raste-brojot-na-smrtni-sluchai-od-tuberkuloza-poradi-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-raste-brojot-na-smrtni-sluchai-od-tuberkuloza-poradi-kovid/#respond Thu, 14 Oct 2021 16:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=579132

Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти денеска Светската здравствена организација. -Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините во дијагнозата, третманот и грижата за милиони луѓе погодени од оваа болест, која е стара, но може да се избегне и излекува, нагласи генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во соопштение. Главната причина е затоа што помалку луѓе се тестирани и лекувани бидејќи ресурсите се пренасочени за борба против пандемијата на коронавирус, истакна СЗО во својот годишен извештај за туберкулоза објавен денеска, а се однесува на 2020 година. Ова е далеку од подобрување бидејќи се повеќе луѓе не знаат дека ја имаат болеста, која е излечива. СЗО проценува дека околу 4,1 милиони луѓе имаат туберкулоза, но дека таа не е дијагностицирана или официјално потврдена, што е значителен скок во споредба со 2,9 милиони во 2019 година. Според извештајот, 214.000 луѓе починале од туберкулоза кај серопозитивни лица минатата година (во споредба со 209.000 во 2019 година), а 1,3 милиони починале од туберкулоза меѓу други лица (во споредба со 1,2 милиони во 2019 година). Тоа е вкупно околу 1,5 милиони смртни случаи, што го враќа светот во 2017 година, наведе СЗО. Пандемијата на Ковид-19 поништи години глобален напредок во борбата против туберкулозата, болест предизвикана од туберкулозен бацил, која најчесто ги зафаќа белите дробови. Покрај карантините што го компликуваа пристапот на пациентите до центрите за нега, пандемијата има бројни влијанија и врз основните услуги за борба против туберкулоза, бидејќи ковидот ги презема медицинскиот персонал и финансиските и техничките ресурси. На пример, бројот на луѓе дијагностицирани со туберкулоза се намали на 5,8 милиони во 2020 година, во споредба со 7,1 милиони во 2019 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-raste-brojot-na-smrtni-sluchai-od-tuberkuloza-poradi-kovid/feed/ 0
Блумберг: Земјите со задолжителна вакцинација против туберкулоза имаат помалку случаи на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-zemjite-so-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-tuberkuloza-imaat-pomalku-sluchai-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-zemjite-so-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-tuberkuloza-imaat-pomalku-sluchai-na-koronavirus/#respond Thu, 02 Apr 2020 17:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=326365

Научници од повеќе западни земји испитуваат дали вакцината против туберкулоза помага во борбата против коронавирус, бидејќи во земјите со задолжителна вакцинација против туберкулоза е забележана помала смртност од Ковид-19, јави денеска „Блумберг“. Истражување од Институтот за технологија во Њујорк постирано на „медРевикс“, ресурс каде се постираат необјавени медицински истражувања, укажува на тоа дека смртноста од коронавирус е помала во земјите каде вакцинацијата против туберкулоза е задолжителна. Изданието наведува дека клиничките работници во шест земји меѓу кои САД, Австралија и Холандија, испитуваат дали ако постарите луѓе и здравствениот персонал вклучен во лечење на болните добијат bacillus Calmette-Guerin (БЦГ вакцинација против туберкулоза), можат навистина да добијат некаква заштита од новиот коронавирус. Такви земји каде вакцината е задолжителна се Јапонија, Јужна Кореа и Кина, но и речиси сите земји од источна Европа како Полска, Украина и Русија. Во Јапонија беа регистрирани најпрвите случаи на коронавирус, но во земјата досега не е воведен карантин, наведува изданието. Јужна Кореја се справи со коронавирусот со мерки кои вклучуваа тестирање на вкупното население на земјата. Во Кина, вакцината била воведен но не се применувала задолжително пред 1976 година, затоа бројот на заразени и починати е релативна мал. Земјите пак каде бројот на заболеност од Ковид-19 е многу поголем, како САД и Италија, препорачувале БЦГ вакцини но само за луѓе со здравствен ризик, додека Германија, Шпанија, Франција и Велика Британија имале политики на БЦГ вакцинација но ги прекинале пред неколку децении, дознава весникот. Во меѓувреме, Кина го демантираше тврдењето на американските разузнавачи дека Пекинг прикажувал пониски бројки на заразени и починати случаи од коронавирус од реалните. -Некои американски официјални лица само сакаат да ја префрлат осудата, соопштија денеска од кинеското Министерство за надворешни работи. „Блумберг“ вчера цитираше официјлани лица од Вашингтон кои укажаа на разузнавачки извештај дека Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетнни бројки на заразени и смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-zemjite-so-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-tuberkuloza-imaat-pomalku-sluchai-na-koronavirus/feed/ 0
Светски ден за борба против туберкулоза, имаме континуиран пад на бројот на заболени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkuloza-imame-kontinuiran-pad-na-brojot-na-zaboleni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkuloza-imame-kontinuiran-pad-na-brojot-na-zaboleni/#respond Tue, 24 Mar 2020 08:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=321129

Во 2019 година во нашата земја биле регистрирани 199 случаи на туберкулоза со што Република Македонија за прв пат се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца на туберкулоза, информираат од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза по повод 24 Март – Светскиот ден за борба против туберкулоза. Стапката на смртност од туберкулоза во 2019 година е 0,2/100 000 и е најниска стапка на смртност забележена досега. Светскиот ден на туберкулозата се одбележува на 24 март секоја година и има за цел подигнување на свесноста за оптеретеноста со туберкулоза во целиот свет,  да се потенцираат можностите за превенцијата и за контрола на болеста која се уште претставува проблем од огромни размери во поголем дел од светот. Светската здравствена организација годинава го одбележува овој ден под мотото „Време е за акција за крај на туберкулозата“ и се оддава посебно признание на улогата и на медицинските сестри и акушерките во дијагностицирањето, лекувањето и превенирањето на туберкулоза и затоа тие се во центарот на вниманието на кампањата – Во Република Северна Македонија се применуваат најновите стандардни за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулоза, кои се инкорпорирани во националната стратегија за контрола на туберкулоза 2018-2022 година базирана на Целите за одржлив развој и глобалната стратегија на Светската здравствена организација насловена како „Крај на туберкулоза до 2030  година”. Благодарение на усогласените активности и мерки за контрола на туберкулоза во нашата земја, од 2002 година до денес бележиме континуирано и постепено намалување на  бројот на заболени од туберкулоза, се наведува во соопштението од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Од туберкулоза, стои во соопштението од Институтот, се уште почесто заболува машката популација околу 65 проценти  и младите на возраст од 25-45 години, додека од вкупниот број на регистрирани околу шест проценти се деца на возраст од 0-14 години. – Во 2019 година 90,5 проценти од болните се новозаболени, а 9,5 отсто се лица кои повторно се лекуваат од туберкулоза. Најчеста локализација на болеста е белодробната. Појавата на резистентни и мултирезистентни форми на туберкулоза во РМ е под контрола иако повремено се регистрираат варирања во бројот на откриените соеви на резистентни бактерии: сепак во 2019 години регистриран е само еден случај со МДР ТБ и еден случај со Рифампицин резистентана туберкулоза што покажува тенденција кон намалување во споредба со претходните години, се вели во соопштението од Институтот. Од 2007 до 2018 година регистрирани се вкупно седум болни со туберкулоза меѓу ХИВ позитивните лица, а во 2019 година регистриран е само еден случај на ТБ/ХИВ. Туберкулозата е болест поврзана со социјални детерминанти, лоши услови на живеење и затоа особено внимание се посветува на контрола на болеста меѓу ризичните, вулнерабилни групи, како што е популацијата во казнено поправните установи, психитриските болници, ромската популација. Бројот на болни од туберкулоза во казнено-поправните установи во 2019 година е намален во однос на претходните години и  изнесува  два случаи. Во психитриските болници во 2019 година откриени се три слуачи со туберкулоза. Меѓу ромската популација бројот на новооткриени случаи со туберкулоза не се зголемува и е идентичен со 2018 година -16 лица. Превентивната програма за контрола на туберкулозата кај населението во нашата земја за 2019 година е финансирана од Министерството за здравство и предвидува реализирање на поголем број на активности за дијагностика, лекување и превенирање на туберкулоза. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-tuberkuloza-imame-kontinuiran-pad-na-brojot-na-zaboleni/feed/ 0
Откриена нова вакцина против туберкулоза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-vakcina-protiv-tuberkuloza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-vakcina-protiv-tuberkuloza/#respond Sat, 02 Nov 2019 11:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=259172

Секоја година, 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, во моментов водечка причина за смртни случаи од заразни болести, а овој тренд би можел да се промени дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува Њујорк тајмс. Новата експериментална вакцина заштити околу половина од луѓето што ја примиле, а може да означи пресвртница во борбата против туберкулозата, најсмртоносна заразна болест во светот, од која годишно умираат 1,6 милиони луѓе, објавија неодамна научниците. Иако ефективноста на вакцината од 50 проценти е далеку од идеалното, сепак, тоа значи спасување милиони животи. Кога се појавија прелиминарни резултати од ново испитување на вакцината пред една година, Светската здравствена организација оцени дека таа претставува „голем научен успех“. Сепак, научниците посочуваат дека е неопходно да се тестира вакцината кај различно население. – Вакцината е ветувачка и веројатно е подобра од вакцината BCG која е откриена пред сто години, рече Марио Равиjон, експерт за општо здравје на Универзитетот во Милано, кој 14 години ја водеше програмата на СЗО за глобална борба против туберкулозата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-vakcina-protiv-tuberkuloza/feed/ 0
Во последните три години во Крива Паланка 10 случаи на туберкулоза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-poslednite-tri-godini-vo-kriva-palanka-10-sluchai-na-tuberkuloza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-poslednite-tri-godini-vo-kriva-palanka-10-sluchai-na-tuberkuloza/#respond Fri, 04 May 2018 07:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=49595

Во период од три години, од 2015 до 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце регистрирани биле десет случаи на лица заболени од туберкулоза, информираат од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба пир Центар за јавно здравје, Крива Паланка. Според статистиките на Центарот за јавно здравје, во изминатите три години од вакцинопревентабилни заболувања во двете општини регистрирани се 14 случаи, од кои најмногу се лица со ТБЦ (туберкулоза). - Вкупно 14 лица заболеле од болести што во минатото биле актуелни, пред воведувањето на вакцинација. Десетте регистрирани лица заболени до туберкулоза се на различна возраст, а кај сите изворот на зараза не е познат. Три лица заболеле од Хепатит Б, и тоа две на возраст од 40 -49 години и еден на возраст од 15  до 19 години. Ова се пациенти кои ја немаат примено вакцината против Хепатит Б бидејќи истата во календарот за редовна имунизација е воведена во 2005 година. И кај овие лица изворот на зараза е непознат, информира доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка. Од вкупно 14-те случаи на лица со заразни вакцинопревентабилни заболувања, регистриран бил и еден случај на паротит. - Случајот на заушки е регистриран кај дете на тригодишна возраст кое ја нема примено вакцината против МРП и во контакт со слично болен се зразил, додава Крстевска. Упати апел до сите родители да ги вакцинираат децата со што и ќе ги заштитат од останатите заразни заболувања против кои постојат ефикасни вакцини,  но и ќе учествуваат во јакнењето на колективниот имунитет кој не смее да да биде под 95 отсто. Ваков колективен имунитет, според Крстевска, ќе се постигне со следење на редовниoт календар на имунизација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-poslednite-tri-godini-vo-kriva-palanka-10-sluchai-na-tuberkuloza/feed/ 0