ТУК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Aug 2021 10:17:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ТУК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Туристичко угостителска комора бара измена на новите мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/#respond Fri, 20 Aug 2021 10:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=552961

Туристичко угостителска комора на Македонија ставајќи акцент за заштита на здравјето како приоритет, од почетокот на здравствено-економската криза активно дава придонес со доставување на мерките кои се ефикасни и спроведливо со цел намалување на трансмисијата на болеста, а истовремено кои имаат најмали негативни економски последици. Во таа насока ја истакнуваме потребата да се направат измени на најновата Одлуката за превентивни препораки и мерки која стапи на сила пред два дена. -Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид на угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан COVID19 во последните 45 дена. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен PCR тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК. Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Сметаме дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста. -Исто така укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат до последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање на документи за, лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот а не од објектот, истакна Ангеловски. Ана Марија Алексова, член на ТУК презентираше дополнителни барањата кои се однесуваат на секторот туризам. -Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување на сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност 7 дневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест. Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да се земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен PCR тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека, истакна Алексова. Таа потенцира неопходно е да се земе во превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка. „Истакнуваме и дека туристичката сезона се уште трае и треба да се креираат мерки кои се создадат услови за таа да може да се заврши и да се реализираат аранжманите кои беа одложени од минатата година на безбеден и сигурен начин. Со измените кои ги бараме и кои се веќе доставени до Владата сметаме дека ќе се постигне подобра заштита на колективното здравје, како и намалување на штетните економски последици“, истакна Алексова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/feed/ 0
Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-se-pridruzuva-na-protestot-na-tuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-se-pridruzuva-na-protestot-na-tuk/#respond Wed, 21 Apr 2021 11:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=500328

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. -Помпезното најавување цела година на работна група за креирање нов Закон за вршење сметководствени работи, повторно се сведе на целосно нетранспарентно и нестручно подготвување на нов Нацрт Закон кој нема допир со реалните потреби на сметководителите. Револтирани од долгогодишната злоупотреба на позициите од овие лица, а по претходно доставена Реакција за која не добивме одговор, Комора на сметководители одлучи од утре, четврток, 22.04, од 12 часот, да се приклучиме на протестите пред Министерство за финансии, организирани од ТУК се до исполнување на нашите барања, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители. Првото барање кое го адресираат сметководителите се однесува токму на изготвување нов Закон за вршење сметководствени работи кој ќе обезбеди заштита на фелата ќе гарантира права наспроти обврските, но истиот да се креира и донесе во инклузивен и транспарентен процес без обиди за манипулации од структурите во Министерство за финансии. -Повеќе од една година како се справуваме со здравствено – економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид – 19, каде недостатокот на соодветна и навремена поддршка придонесе за илјадници компании да престанат со вршење дејност и десетици илјади загубени работни места. Со жалење констатираме дека истата судбина ги очекува и дел од над 1800 претпријатија од сметководствениот сектор доколку продолжи игнорантскиот однос од страна на институциите за надминување на проблемите. Имајќи предвид дека токму сметководителите се единствената врска меѓу државата и стопанството и спроведувањето на сите економски мерки во пракса беше реализирано токму преку нас, затоа е неопходна и потребата од директна финансиска поддршка за зачувување на дејноста. Сето ова затоа што ликвидноста ни е на алармантно ниско ниво поради намалената економска активност и тешката наплата на побарувањата , истакна Митковски и објасни дека за надминување на состојбите се потребни неповратни финансии за сите друштва и трговци поединци од дејноста, поделени во 3 категории според број на вработени. Државните институции наметнуваат рокови до кои ригидно се држат ставајќи го прибирањето на статистичките податоци над дигнитетот и добросостојбата на фелата и граѓаните кои работат во оваа професија. Ограничените човечки ресурси и кратките рокови сред пандемија само дополнително ги акцентираат недостатоците на системот, па оставени сами на себе сметководителите вложуваат натчовечки напори и работат деноноќно да постигнат се во рок, по цена на сопственото здравје и живот. Со секое доцнење во носење на мерките и законите, со доцнење во имплементација на дополнителните обврски од страна на институциите, товарот за надоместување на времето да се аплицира во рок, повторно е на грбот на сметководителите. „Постапките што со месеци се одолговлекува со прибирање ситни политички поени во обиди за надмудрувања, сметководителите треба да го сработат во нереални рокови, притоа без наплата на трошоци и разни надоместоци затоа што не постои соодветна регулација на пазарот. Затоа бараме системско решение за пролонгирање на рокови за годишни сметки и даночни пријави, флексибилност и задолжителна консултација со експерти од дејноста за секоја дополнителна обврска со рок. Од овие причини и но и поради револтот акумулиран од непочитување на нашата професија, Комора на сметководители ги повикува сите сметководители и овластени сметководители, сите граѓани и здруженија кои ни даваат поддршка, во 12 часот пред Министерството за финансии да го изразиме нашиот револт до исполнување на нашите барања. Времето за преговори одамна помина, празните демагогии за задоволување на суетите ја доведоа сметководствената професија на маргините во општеството. Се што можеме е да го подигнеме нашиот глас и да се избориме со ригидноста на институциите за местото што ни припаѓа", изјави Андреева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-se-pridruzuva-na-protestot-na-tuk/feed/ 0
Угостителите и туристичките агенции денеска излегуваат на протест, остануваат на улица до исполнување на барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=499590

Туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне ќе протестира пред Министерството за финансии се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции. Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква што не е обезбедена до сега. -Со протестот сакаме јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства, истакнаа на вчерашната прес-конференција претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор. -Повеќе од една година чекавме надлежните институции да научат и да отпочнат добро да ја менаџираат корона кризата и да ги разберат нашите барања за поддршка на нашето „преживување”. Наместо тоа, навлегуваме во втора година, во која здравствената криза е полоша во однос на претходната, а полоша е и состојбата во која се наоѓа туристичко-угостителскиот секторот. Се поголем број на претпријатија се затвораат, а вработените остануваат без извор за егзистенција во време на криза и пандемија. Нема време за чекање, поддршка е потребна сега и веднаш за сите, затоа излегуваме на протест на кој ќе останеме се до исполнување на нашите барања. Поддршка ни дадоа сите оние кои на директен или индиректен начин се засегнати со состојбата, оние кои ја сфаќаат безизлезната ситуација во која се наоѓаме, изјави Перица Голомеиќ, од Туристичко-угостителската комора. Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка има и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” и многу други. За спас на угостителските дејности се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти поделени во 3 категории врз основа на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада и кои со месеци немаат никаква помош како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додека не ни дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор, велат од ТУК. Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома” да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/feed/ 0
ТУК: На протест бараме спас за сите во секторот, остануваме на улица до исполнување на барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/#respond Mon, 19 Apr 2021 10:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=499244

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква што не е обезбедена до сега. -Поради тоа утре 20.04.2021 година излегуваме на протест, точно на пладне пред Министерството за финансии, онаму од каде се управува со парите во државната каса и од каде најдобро треба да знаат колку помошта ни е потребна. Со протестот сакаме јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства, истакнаа на денешната прес-конференција претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор. -Повеќе од една година чекавме надлежните институции да научат и да отпочнат добро да ја менаџираат корона кризата и да ги разберат нашите барања за поддршка на нашето „преживување”. Наместо тоа, навлегуваме во втора година, во која здравствената криза е полоша во однос на претходната, а полоша е и состојбата во која се наоѓа туристичко-угостителскиот секторот. Се поголем број на претпријатија се затвораат, а вработените остануваат без извор за егзистенција во време на криза и пандемија. Нема време за чекање, поддршка е потребна сега и веднаш за сите, затоа излегуваме на протест на кој ќе останеме се до исполнување на нашите барања. Поддршка ни дадоа сите оние кои на директен или индиректен начин се засегнати со состојбата, оние кои ја сфаќаат безизлезната ситуација во која се наоѓаме, изјави Перица Голомеиќ, од Туристичко-угостителската комора. Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка има и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници" и многу други. За спас на угостителските дејности се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти поделени во 3 категории врз основа на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада и кои со месеци немаат никаква помош како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додека не ни дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома" да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/feed/ 0
ССК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssk-nepovratna-finansiska-pomosh-za-spas-na-turizmot-i-ugostitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssk-nepovratna-finansiska-pomosh-za-spas-na-turizmot-i-ugostitelstvoto/#respond Thu, 08 Apr 2021 09:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=494206

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Од декември нема никаква помош, а веќе сме април. Претпријатијата од овие сектори остро реагираат поради задоцнетата имплементација на последниот пакет на економски мерки. За секторите кои бележат пад на промет од над 80 отсто, а во некои дејности падот е и 100 отсто оваа помош е повеќе од неопходна. Поддршката за исплата на платата за јануари воопшто не е предвидена, а за месеците февруари и март иако до сега веќе требаше да биде исплатена, се уште се чека на донесување на законската регулатива која е неопходна за имплементација. Состојбата дополнително се влошува и поради тоа што носењето на новите рестриктивни мерки кои значат речиси целосно затворање на објектите од угостителство, дел туризмот и сродни објекти, не е проследено со дополнителна финансиска помош. Рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата. -Следејќи ги активностите на надлежните институции, но и на оние од кои во поширокиот општествен контекст од кои зависи имплементација на економските мерки се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата од туристичко- угостителскиот сектор со што се загрозуваат огромен број работни места. Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата, вели Ана Марија Алексова, член на Управен одбор на ТУК. Таа потенцираше и дека се ризикува да се најдеме во ситуација кога ќе се создадат услови за повторна активност на туристичкиот сектор да нема професионални и лиценцирани туристички агенции, професионални и лиценцирани туристички работници и водичи. -Тоа не треба да се дозволи во мала и отворена економијата како нашата во која туристичкиот сектор е еден од оние кои можат да дадат сериозен стимул за раст и развој по надминување на кризата. Очекуваме надлежните институции да овозможат помошта од петтиот пакет итно да биде исплатена, да се даде неповратна финансиска поддршка за дејностите кои се опфатени со рестриктивните мерки, како и да се преземат мерки за спас на претстојната туристичка сезона, изјави Алексова. ТУК бара да биде редизајнирана економската мерка „ваучерите за туризам“ која и досега беше дел од пакетот за спас и за која има најава дека ќе продолжи. Имено потребно е во нејзината имплементација вклучување на сите сегменти на туристичката дејност. Тоа би подразбирало овие ваучери да бидат достапни и да се реализираат преку туристичките агенции, со вклучување на категоризирани хотелите, лиценцирани туристички водичи, превозниците од транспортниот сектор со што граѓаните би добиле комплетна услуга, а средствата кои се доделуваат како помош на тој начин би биле распределени на сите чинители на кои им е потребна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssk-nepovratna-finansiska-pomosh-za-spas-na-turizmot-i-ugostitelstvoto/feed/ 0
Официјализирана соработката за подобрување на состојбите во туризмот и угостителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/#respond Tue, 30 Jun 2020 10:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=365730

Создавање платформа за заедничко делување со особен акцент на воспоставување квалитетен социјален дијалог, е една од целите на Договорот што денеска го потпишаа Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори и Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикати на Македонија. Целите на соработка, како што истакнаа потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски и потпретседателот на СУТКОЗ, Саше Бајчевски, се јасно прецизирани во насока на продлабочување на заемните заложби за унапредување на состојбите во секторите туризам и угостителство. -Заедно ќе делуваме за имплементација на практики за изнаоѓање квалитетни решенија, градење социјална кохезија и владеење на правото. Она што е од особен интерес е и размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Посветено ќе делуваме во насока на сузбивање на сивата економија во секторот и почитување на законите кои ја регулираат областа, изјави потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски по потпишувањето. Според него, она што е од голема важност за квалитет на услугите е институционалното делување со заеднички проекти за подигнување на стандардите на пазарот на труд. -Во актуелните услови на здравствено-економска криза од која се особено погодени туризмот и угостителството, единствено со заедничка конструктивна соработка со сите релевантни чинители од областа ќе можеме да ги надминеме бројните предизвици со кои сме соочени, дополни Ангеловски, посочувајќи дека се неопходни поддршка од надлежните институции и слух за потребите на реалниот сектор и вработените за справување со сегашните и идните предизвици. Регионалниот претседател за туризам и угостителство – Охрид при СУТКОЗ, Стефчо Маслов додаде дека мора да се искористат сите институционални можности за поддршка на претпријатијата и вработените во секторот. -Неопходно е заеднички да делуваме за да се задржат работните места и да се подобрат условите за работа. Посветено ќе работиме на воспоставување приоритети на краток и на долг рок со цел подобрување на условите за работа во туризмот и угостителството, рече Маслов. Заедничките заложби на потписниците на договорот ќе бидат насочени кон почитување на меѓународните стандарди во секторот со крајна цел зголемување на стандардот на вработените и заеднички економски просперитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/feed/ 0