тумор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 19:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тумор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатни консултации со специјалистот по ортопедија, трауматологија и лечење тумори на коските и меките ткива Проф. Д-р Сами Сокјуџу на 28.10.2023 г. во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-konsultatsii-so-spetsijalistot-po-ortopedija-traumatologija-i-lechene-tumori-na-koskite-i-mekite-tkiva-prof-d-r-sami-sokjudhu-na-28-10-2023-g-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-konsultatsii-so-spetsijalistot-po-ortopedija-traumatologija-i-lechene-tumori-na-koskite-i-mekite-tkiva-prof-d-r-sami-sokjudhu-na-28-10-2023-g-vo-skopje/#respond Sat, 21 Oct 2023 19:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=891746

На ден 28.10.23 Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи“ повторно ќе го пречека ортопедот од светска класа - проф.д-р Сами Сокјуџу во Велес. Авторитетниот ортопед од болницата Медикал Парк Флорија, Истанбул,Р.Турција ќе спроведе БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ за сите пациенти со ортопетски болести на мускулно-скелетниот систем на кои им е потребно второ медицинско мислење и се заинтересирани за можностите за лекување во странство за нивната болест. Тоа може да ви биде корисно во следниве области:
  • Мортонов невром
  • Тумори на коските и меките ткива
  • Дислокација на рамото
  • Кинење на ротаторната манжетна
  • Повреди на рамениот зглоб
  • Калцификација на прстите
  • Парститис синдактилија
  • Халукс валгус
  • Калцификација на зглобот на коленото
  • Трауматски повреди на зглобот на колкот
  • Рамни стапала
  • Плантарен фасциитис
  • Деформитети на коските
  • Зглобен мускул
  • Акромегалија и други абнормалности во должината на екстремитетите
Сите пациенти со ортопедски заболувања кои сакаат да добијат стручно медицинско мислење од проф.д-р Сами Сокјуџу во Велес на 28.10.23, мора однапред да закажат термин за бесплатна консултација на телефон: ☎ +389 71 314 005 ☎ +389 43 220 904 Или да го побараат својот посакуван термин онлајн на: 📬 [email protected] На лице место, пациентите мора да достават медицински документи и тестовите за снимање што се направени до денес. Ве молиме имајте во предвид дека за време на консултациите нема да се вршат физички прегледи. Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на медицинските документи кои моментално им се достапни на пациентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-konsultatsii-so-spetsijalistot-po-ortopedija-traumatologija-i-lechene-tumori-na-koskite-i-mekite-tkiva-prof-d-r-sami-sokjudhu-na-28-10-2023-g-vo-skopje/feed/ 0
ШОКАНТНО: Од тело на млада девојка изваден тумор потежок од неа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shokantno-od-telo-na-mlada-devojka-izvaden-tumor-potezhok-od-nea/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shokantno-od-telo-na-mlada-devojka-izvaden-tumor-potezhok-od-nea/#respond Fri, 28 Apr 2023 17:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=828806

Лекарите во Полска извадиле циста на јајниците тешка 100 килограми од тело на девојче. Универзитетската клиничка болница од земјата соопшти дека на јајникот на девојка (24) настанала празнина полна со течност. -Дијаметарот на туморот беше околу еден метар, изјави докторката Ана Богачик од гинеколошкото одделение. Пациентката, висока 158 см, тежела 182 килограми кога се пријавила во болница пред една недела. Прегледот бил исклучително тежок бидејќи пациентот не можел да се смести ни во КТ скенерот. -Како медицински тим, генерално знаевме што се случува, изјави шефот на гинекологија, Томас Клуз. За време на операцијата, лекарите прво извадиле околу сто литри течност, а потоа ја отстраниле цистата. Тие не нашле никакви патолошки промени во карлицата или стомакот. Пациентката рекла дека не била порано во болница бидејќи се плашела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shokantno-od-telo-na-mlada-devojka-izvaden-tumor-potezhok-od-nea/feed/ 0
Овој цвет е симбол за надеж во борба против туморот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-tsvet-e-simbol-za-nadezh-vo-borba-protiv-tumorot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-tsvet-e-simbol-za-nadezh-vo-borba-protiv-tumorot/#respond Tue, 31 Jan 2023 14:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=794238

Во многу земји ширум светот овој цвет е симбол за надеж во борба против туморот, но сега научниците велат дека токму овој чест цвет во скоро сите дворови и градини може да игра поконкретна улога во борба против оваа болест. Станува збор за нарцисот. Имено, истражување спроведено во белгијскиот универзитет „Université libre de Bruxelles“ укажало дека алкалодите од нарцисот може да го блокираат производството на протеини кои туморите ги користат за да растат повеќе. Станува збор за alkaloid hemantamin, терапевтски молекул од природно потекло. Во групата вакви молекули спаѓаат и морфиумот, кининот и ефедринот. Овој алкалоид поттикнува стабилизација на протеините, па доколку и додатни истражувања утврдат, може да елиминира и ќелии на тумор со тоа што би ги врзал со рибозоми кои се одговорни за синтеза на протеините. И самите научници велат дека откритието е сјајно, но доколу ви падне на памет сами да се обидете да користите нарцис во здравствени цели, размислете уште еднаш- доколку неговото стебло го џвакате и јадете, доаѓа до осип и вртоглавици.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-tsvet-e-simbol-za-nadezh-vo-borba-protiv-tumorot/feed/ 0
Неверојатен случај: Жена победила 12 различни тумори, лекарите ја анализираат крвта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/#respond Sat, 05 Nov 2022 17:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=756264

Неверојатен случај може да помогне во лекувањето на ракот, се надеваат научниците! 36-годишна жена стана првиот пациент во светот кој имал 12 различни тумори, од кои пет малигни и агресивни. Таа ги преживеа сите тумори, а истражувачите во Шпанија кои ја следат нејзината состојба велат дека имунолошкиот систем на пациентката е „исклучителен“ за запирање на ракот. Туморите ги нападнале нејзиниот мозок, грлото на матката и дебелото црево, од кои првиот бил дијагностициран кога била мало девојче. Лекарите се надеваат дека нејзиниот случај може да помогне во лекувањето на ракот и откриле дека туморите на жената се предизвикани од тоа што таа наследила специфична генетска мутација од двајцата родители. Се верува дека таа е единствената личност во светот со генетска необичност што е меч со две острици. Од една страна, има неприродна способност да ги победи канцерогените клетки, додека од друга страна, ги прави исклучително подложни на повторно создавање. -Сè уште не разбираме како оваа личност можела да се развие за време на ембрионската фаза, ниту како можела да ги надмине сите овие патологии, вели д-р Маркос Малубрес, кој го предводи шпанскиот Национален центар за онколошки истражувања (CNIO) и кој објави студија во научното списание „Science Advances“. Според Мигел Уриосте, коавтор на студијата, никогаш не бил забележан друг случај како овој. -Академски не можеме да зборуваме за нов синдром, бидејќи тоа е опис на еден случај, но биолошки е така, вели истражувачот Уриосте. Кога пациентката првпат пристигнала на клиниката, и бил земел примерок од крв за да се анализираат гените кои најчесто се поврзуваат со наследниот рак, но не било откриено ништо сомнително. Научниците потоа откриле мутации во генот наречен MAD1L1, кој игра суштинска улога во процесот на клеточната делба и пролиферација.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/feed/ 0
Шерон Стоун потврди дека има тешка дијагноза, оди на операција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-stoun-potvrdi-deka-ima-teshka-dijagnoza-odi-na-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-stoun-potvrdi-deka-ima-teshka-dijagnoza-odi-na-operacija/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=754845

Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот, Шерон Стоун објави дека и е дијагностицираната сериозна болест. На Твитер објави дека има тумор кој треба да се отстрани, со што ги изненади и загрижи обожавателите. -Штотуку имав уште една погрешна дијагноза и неточна процедура. Овој пат двоен епидурал. По влошување на болката отидов на второ мислење: Имам голем фиброиден тумор кој мора да се извади, стои во објавата на актерката. Фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат околу или во матката. Се состојат од мускулно и фиброзно ткиво и може да се со различна големина. Познати се и како миоми на матката. Актеката испрати и важна порака до сите жени со цел да внимаваат на своето здравје. -Посебно за дамите: Не се правете дека не ви е важно, побарајте друго мислење. Тоа може да ви го спаси животот, наведе Стоун.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-stoun-potvrdi-deka-ima-teshka-dijagnoza-odi-na-operacija/feed/ 0
Констракта во шок и неверување – по оваа вест едвај се додржа на нозе, нејзиниот сопруг има тешка болест! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konstrakta-vo-shok-i-neveruvanje-po-ovaa-vest-edvaj-se-dodrza-na-noze-nejziniot-soprug-ima-teshka-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konstrakta-vo-shok-i-neveruvanje-po-ovaa-vest-edvaj-se-dodrza-na-noze-nejziniot-soprug-ima-teshka-bolest/#respond Thu, 31 Mar 2022 13:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=656381

Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи. Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба. Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста. За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello. Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konstrakta-vo-shok-i-neveruvanje-po-ovaa-vest-edvaj-se-dodrza-na-noze-nejziniot-soprug-ima-teshka-bolest/feed/ 0
Пејачот Том Паркер (33) ја загуби битката со туморот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-tom-parker-33-ja-zagubi-bitkata-so-tumorot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-tom-parker-33-ja-zagubi-bitkata-so-tumorot/#respond Thu, 31 Mar 2022 06:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=656052

Том Паркер (33), член на групата The Wanted почина вчера откако пред две години му беше дијагностициран тумор на мозокот во терминална фаза, глиобластом. Веста за неговата смрт ја потврди сопругата Келси, а музичарот првите симптоми ги имал кога доживеал напад на семеен одмор. -Нашите срца се скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме да го замислиме животот без неговото заразно смеење и енергична присутност, напиша сопругата. Во објавената порака на Инстаграм, од групата напишале дека „се скршени поради трагичната и прерана смрт“ на Том Паркер. -Том беше прекрасен сопруг на Келси и татко. Беше наш брат. Со зборови не можеме да ја опишеме болката која ја чувствуваме. Засекогаш во нашите срца, напишаа од бендот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by The Wanted (@thewantedmusic)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-tom-parker-33-ja-zagubi-bitkata-so-tumorot/feed/ 0
Мислела дека е бремена бидејќи нејзиниот стомак се зголемувал, но докторите ја открија страшната вистина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mislela-deka-e-bremena-bidejkji-nejziniot-stomak-se-zgolemuval-no-doktorite-ja-otkrija-strashnata-vistina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mislela-deka-e-bremena-bidejkji-nejziniot-stomak-se-zgolemuval-no-doktorite-ja-otkrija-strashnata-vistina/#respond Wed, 20 Oct 2021 07:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=582373

Американката Аманда Шулц (29) пред една година забележала дека нејзиниот стомак постојано се зголемува, иако вежбала секој ден и водела здрав начин на живот. Многумина мислеле дека е бремена, па дури и самата веруваше во тоа. Меѓутоа, лекарскиот преглед ја отфрлил можноста за бременост и било утврдено дека во нејзиното тело расте огромен тумор. Аманда тврди дека била секогаш активна, вежбала секој ден и се хранела здраво, но на почетокот мислела дека тоа не е доволно. Во меѓувреме, таа го зголеми ритамот на вежбање и дополнително ја подобрила својата исхрана. Потоа почнала да слабее, но стомакот сепак постојано и растел. -Се откажав од сите млечни производи бидејќи мислев дека се работи за алергија на лактоза, но ништо не се промени. Потоа престанав да јадам глутен, а потоа се откажав од месо. Ништо не помогна, изјави таа во интервју за телевизиската програма „Despierta America“. По една година загриженост, посетила лекар и се елиминирала можноста дека станува збор за бременост, деталните прегледи утврдиле дека има џиновски малигнен тумор што мора итно да го отстрани од телото. Со операцијата го отстранила туморот, тежок дури осум килограми и била во многу солидна состојба. Туморот бил успешно отстранет, и за среќа, не се проширил на други делови од телото. Аманда се обидува да го врати својот животен стил додека ја споделува својата приказна со другите луѓе со цел да посвети поголемо внимание на нејзиното здравје.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Amanda Shoultz (@amanda.shoultz)

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mislela-deka-e-bremena-bidejkji-nejziniot-stomak-se-zgolemuval-no-doktorite-ja-otkrija-strashnata-vistina/feed/ 0
„Го победив туморот“: Младиот македонскиот јутјубер со емотивно видео https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pobediv-tumorot-mladiot-makedonskiot-jutjuber-so-emotivno-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pobediv-tumorot-mladiot-makedonskiot-jutjuber-so-emotivno-video/#respond Tue, 08 Jun 2021 18:52:54 +0000 https://kurir.mk/?p=520713

„Го победив туморот“ е насловот на видеото кое Стефонатор со месеци со душа чекаше да го сними за да одбележи триумф над ракот. Стефан Рашковиќ дозна дека има тумор на тестиси во јули минатата година и оттогаш помина низ две операции и неколку циклуси хемотерапија за да може низ солзи-радосници да каже „имав резултати завчера, што ми кажаа дека сум излечен“. „Изгледа кончено заврши овој хорор и се чувствувам како сега, во моментов, да ми почнува некој си втор живот“ – вели младиот јутјубер, потенцирајќи дека сега ќе може повторно да се врати со полна пареа на креирањето на содржини. „Сакам да им дадам поддршка на сите што во моментов поминуваат низ ова, и полесно од моето и потешко од моето... Мислам дека најдобриот совет што можам да ви го дадам е да работите многу на вашата психа и да гледате да останеше што е можно психички здрави и да не се давате. Да се опкружите само со позитивни луѓе, со позитивни работи да не гледате толку лошо во ова лошо. Да пробате да го игнорирате колку-толку и да се молите дека ќе си помине и дека е само еден лош период што е тука за да ве направи вас многу посилни“ – сподели тој и им се заблагодари на сите за огромната поддршка која ја добивал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pobediv-tumorot-mladiot-makedonskiot-jutjuber-so-emotivno-video/feed/ 0
Македонскиот јутјубер се огласи неколку месеци откако откри дека се бори со туморот на тестисите – повторно се расплаче, но овој пат од радост! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/#respond Sat, 05 Jun 2021 11:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=519344

Откако пред речиси четири месеци македонскиот Јутјубер Стефан Расковиќ Стефонатор (24) јавно кажа дека има тумор на тестисите, сега, во најновото видео откри дека ја победил болеста. „Конечно заврши овој хорор“, вели Стефонатор низ солзи и откива што му се случувало изминатите месеци, додека бил на лекување и ги чекал последните резултати. „Уште немам проговорено три збора, а ми идат солзи на очи. Стварно не знам, ќе пробам да зборам, па што биде нека биде. Ова е продолжение на видеото кое претпоставувам дека сите го знаете. Последно знаете дека снимањата после хемотерапијата покажаа дека постои нешто активно во мене и дека јас морам да правам втора операција. Направив едно видео во кое кажав дека направив операција, јас закрепнав доста брзо, па се чекаше патолошкиот наод кој ќе покаже дали постојат било какви клетки кои укажуваат на тумор. Овојпат се покажа дека не постојат такви клетки, чекав да направам уште едно финално испитување. Како најрелевантна снимка да ми покаже дали стварно можам да седнам и да го снимам ова видео. Имав резултати завчера што ми кажаа дека сум излечен. Знам дека треба во моментов многу да славам и се радувам. Ова се солзи радосници“, вели Стефан во видеото. Целото видео погледнете го во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/feed/ 0