турција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција го отповика амбасадорот од Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/#respond Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896445

Турција го отповика својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/feed/ 0
Турција го осуди израелското бомбардирање на болница во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-osudi-izraelskoto-bombardirane-na-bolnitsa-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-osudi-izraelskoto-bombardirane-na-bolnitsa-vo-pojasot-gaza/#respond Tue, 31 Oct 2023 07:02:44 +0000 https://kurir.mk/?p=894709

Министерството за надворешни работи на Турција го осуди израелското бомбардирање во кој беше оштетена болницата на турско-палестинско пријателство во Појасот Газа. На видеото објавено синоќа се гледа дека третиот кат од болницата е тешко оштетен. „Бидејќи сите потребни информации, вклучително и координатите на таа институција, која е единствена болница за болни од рак, им се однапред дадени на израелските власти, нема објаснување за таков напад“, се наведува во соопштението. „Опсадата и овие нехумани напади кои имаат за цел да го лишат палестинскиот народ во Газа од повеќето основни права очигледно го прекршуваат меѓународното право“, се додава во соопштението, во кое се заклучува дека Израел мора да ги запре нападите врз жителите на Газа. Пред нападот немало наредба за евакуација, а претходните денови беа испукани десетици ракети врз областа околу болницата. Во моментов се сместени од 100 до 150 пациенти, 200 вработени и 100 раселени лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-osudi-izraelskoto-bombardirane-na-bolnitsa-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Турција слави 100 години од основањето на Републиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-slavi-100-godini-od-osnovaneto-na-republikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-slavi-100-godini-od-osnovaneto-na-republikata/#respond Sun, 29 Oct 2023 10:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=894167

Во Република Турција денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката и 100 години од прогласувањето на Република Турција. Како што јави Анадолија, Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш. Делегација предводена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска по повод 29 Октомври го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. По тој повод беше интонирана националната химна и положено цвеќе. Турскиот претседател потоа остави порака во Книгата на впечатоци. - Се обидовме правилно да ја заштитиме вашата доверба за време на нашето 21-годишно владеење, чијшто секој момент го поминавме служејќи на нашата земја и нација. Нашата република е побезбедна од кога било досега, во сигурни и компетентни раце, напиша Ердоган. Националниот празник, Денот на Републиката во Турција се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Турција во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Турција. Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни манифестации низ целата земја, вклучително и положување венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-slavi-100-godini-od-osnovaneto-na-republikata/feed/ 0
„Катимерини“: Грција и Турција блиску до договор за справување со мигрантскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=893788

Постојано присуство на претставник на грчката крајбрежна служба во Измир и на турски службеник на Лезбос; „мораториум“ за непријателски изјави и визни олеснувања за турските граѓани на неколку грчки острови, се трите точки за кои веројатно ќе се договорат Грција и Турција за подобро справување со мигрантскиот проблем, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот, повикувајќи се на свои извори објави дека двете земји, се сè поблиску до договор, а разговорите се во тек. Крајниот рок, според „Катимерини“ е 7 декември односно до одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу двете земји во Солун во присуство на грчкиот премиер и турскиот претседател, а целта, според весникот е на крајот да постои „меморандум за разбирање“ во кој би биле вклучени три точки. Прво, двете крајбрежни служби би размениле по еден службеник, односно од Грција службеник би заминал за турскиот град Измир, а од Турција на грчкиот остров Лезбос за да постои подобра комуникација за контрола на мигрантските бранови. - Целта е и грчката и турската страна да знаат „колку чамци“ поминуваат во секој момент и онаму каде што е потребно веднаш да се „пресретнат“. Планот е информирањето што сега се спроведува меѓу министрите и нивните канцеларии да стане институционално преку надлежните органи, односно крајбрежните служби, што ќе се обезбеди со присуство на двајцата службеници во соодветните центри, пишува „Катимерини“. Втората точка, според весникот е заложбата на двете земји да се избегнуваат „потпалувачки“ изјави и од двете страни, а третата се однесува на „активирање на едно старо барање на Анкара за полесно движење на турските граѓани на седум острови во источниот дел на Егејското Море“. Државјаните на Турција, доколку се постигне договорот, ќе можат да пристигнуваат на островите Родос, Лезбос, Самос, Хиос, Кос, Лерос и Кастелоризо, што се во близина на турското крајбрежје и на грчка територија да добиваат виза која ќе има важност од 12 месеци. Во понеделникот, министерот за миграција и азил на Грција Димитрис Керидис и министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја на нивната средба во Анкара се согласиле да работат заедно во борбата против криумчарењето мигранти и да ја зајакнат соработката против нелегалната миграција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/feed/ 0
Предупредување до израелските државјани „што е можно побрзо“ да ја напуштат Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-do-izraelskite-drzhavjani-shto-e-mozhno-pobrzo-da-ja-napushtat-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-do-izraelskite-drzhavjani-shto-e-mozhno-pobrzo-da-ja-napushtat-turtsija/#respond Wed, 18 Oct 2023 10:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=890270

Израел ги советува своите граѓани веднаш да ја напуштат Турција поради стравувања од одмазднички напади по смртоносниот напад врз болница во Појасот Газа. -Сите Израелци кои престојуваат во Турција мора да заминат што е можно поскоро, објави израелскиот Совет за национална безбедност. Предупредувањето за патување во Турција е зголемено на четврто, највисоко ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-do-izraelskite-drzhavjani-shto-e-mozhno-pobrzo-da-ja-napushtat-turtsija/feed/ 0
Турските власти заплениле повеќе од 140 килограми кокаин на брод со јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-vlasti-zaplenile-poveke-od-140-kilogrami-kokain-na-brod-so-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-vlasti-zaplenile-poveke-od-140-kilogrami-kokain-na-brod-so-jaglen/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888188

Турските власти во црноморскиот град Зонгулдак конфискувале 141,5 килограми кокаин на товарен брод што превезувал јаглен, објави турското издание „Хуриет дејли њуз“. Властите започнаа инспекција на бродот „Феникан“ под панамско знаме на 6 октомври по добиена дојава. Акцијата доведе до серија апсења и приведувања. Заеднички ја спроведоа службеници на царинските органи и полициските сили за разузнавање, борба против наркотици и трговија со луѓе. Според информациите, бродот пристигнал од Колумбија. Во акцијата за пребарување биле вклучени и нуркачи. Токму тие открија огромен дел од кокаин скриен меѓу товарот со јаглен. Десетте филипински членови на екипажот на бродот беа веднаш задржани на распит. По процесни дејствија во полициска станица, осомничените се предадени на суд, каде против нив е поведена судска постапка. Потоа, сите 10 лица се ставени во притвор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-vlasti-zaplenile-poveke-od-140-kilogrami-kokain-na-brod-so-jaglen/feed/ 0
Земјотрес од 4,7 степени во Источна Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-4-7-stepeni-vo-istochna-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-4-7-stepeni-vo-istochna-turtsija/#respond Thu, 12 Oct 2023 13:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=888108

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени е регистриран денеска во источниот турски округ Ван, јави турската приватна телевизија НТВ. Земјотресот се случил во 14 часот и 4 минути по турско време во областа на градот Тушба, информира Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри под површината на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-4-7-stepeni-vo-istochna-turtsija/feed/ 0
Турција преговара за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-pregovara-za-osloboduvane-na-zalozhnitsite-koi-gi-drzhi-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-pregovara-za-osloboduvane-na-zalozhnitsite-koi-gi-drzhi-hamas/#respond Thu, 12 Oct 2023 06:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=887887

Турција, која во текот на историјата имала контакти со Хамас, води преговори со цел да ги ослободи цивилите кои ги држи палестинската милитантна организација, изјави висок турски претставник. Турскиот функционер посочи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наредил да започнат разговорите, откако оваа недела контактирал со властите на земјите во регионот и им понудил Турција да посредува во израелско-палестинскиот судир, пренесуваат британските медиуми. -Турција води преговори за цивили кои ги држи Хамас. По наредба на претседателот Таип Ердоган, релевантните институции се ангажирани во процесот, рече неименуваниот турски функционер, без да даде дополнителни детали. По нападот на Хамас врз Израел во текот на викендот, официјална Анкара покрена дипломатска иницијатива за посредување во конфликтот. Турските политичари, вклучително и Ердоган, претходно се сретнаа со членови на Хамас, но нема извештаи за контакти на Анкара со палестинската организација од избувнувањето на последниот конфликт.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-pregovara-za-osloboduvane-na-zalozhnitsite-koi-gi-drzhi-hamas/feed/ 0
Турција ја презема командата на КФОР, нов командант генерал Улуташ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ja-prezema-komandata-na-kfor-nov-komandant-general-ulutash/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ja-prezema-komandata-na-kfor-nov-komandant-general-ulutash/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=887417

Турција од денеска ја презема командата со мировните трупи на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. Церемонијата на примопредавањето на командата се одржа во кампот Филм Сити во Приштина. Нов командант на КФОР, 28. по ред од формирањето на мисијата во 1999 година, ќе биде генерал-мајор Озкан Улуташ. Во изминатата година командата на КФОР ја имаше Италија, а командант во тој период беше генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи. На церемонијата присуствуваа министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла, верски лидери и други високи државни личности, како и командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Б. Мунш. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ja-prezema-komandata-na-kfor-nov-komandant-general-ulutash/feed/ 0
Ердоган реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-reizbran-za-lider-na-partijata-na-pravdata-i-razvojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-reizbran-za-lider-na-partijata-na-pravdata-i-razvojot/#respond Sat, 07 Oct 2023 17:44:04 +0000 https://kurir.mk/?p=886434

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е реизбран за шеф на Партијата на правдата и развојот. Тој ги доби сите 1.399 валидни гласови на четвртиот вонреден партиски конгрес што се одржа денеска во Анкара. Претседавачот на Советот на Конгресот, Али Ихсан Јавуз, рече дека од 1.402 гласа, 1.399 се валидни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-reizbran-za-lider-na-partijata-na-pravdata-i-razvojot/feed/ 0