турист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 17:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трагедија: Турист се удави во Охридско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-turist-se-udavi-vo-ohridsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-turist-se-udavi-vo-ohridsko-ezero/#respond Sun, 27 Aug 2023 17:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=871568

Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум. Според првичните информации од полицијата, станува збор за странски државјанин роден 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија. Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-turist-se-udavi-vo-ohridsko-ezero/feed/ 0
И ова е начин да се бориш со управата: Навивачите на Малага направија шоу на аеродром, потпишаа со турист! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/#respond Thu, 24 Aug 2023 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=870350

Оваа несекојдневна сцена ни ја пружија навивачите на шпанскиот фудбалски клуб. Фудбалскиот клуб Малага ова лето не е претерано активен на фудбалскиот пазар и по тој повод навивачите одбрале специфичен начин да пратат порака до управата. Група од неколку навивачи со транспаренти, лажни дресови и маркери налетала на турист на аеродромот и се правела дека тој е нов играч на нивниот клуб. Веднаш му дал дрес на патникот за да го потпише, додека еден од навивачите глумел дека е обезбедување. Веруваме дека снимката ќе ве воодушеви. Несекојдневен начин навивачите да пратат порака до управата на клубот, тоа мора да им се признае. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/feed/ 0
Трагедија на Халкидики, почина турист на плажа на која летуваат многу Македонци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-halkidiki-pochina-turist-na-plazha-na-koja-letuvaat-mnogu-makedontsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-halkidiki-pochina-turist-na-plazha-na-koja-letuvaat-mnogu-makedontsi/#respond Fri, 11 Aug 2023 09:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=865804

Србин почина на одмор во Грција во Неос Мармарас, на Халкидики. Станува збор за државјанин на Србија, кој во бессознание од водата го извлекла сопругата, објавија српските медиуми. Мажот е пренесен во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, каде е констатирана смрт, а обдукцијата ќе ја врши Крим-патолошката лабораторија. Прелиминарна истрага спроведува Третото пристаниште Неос Мармарас. Претходно во Никити на Ситонија, српски државјанин доживеал срцев удар додека со семејството играл во вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-halkidiki-pochina-turist-na-plazha-na-koja-letuvaat-mnogu-makedontsi/feed/ 0
Турист се удави на одмор во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turist-se-udavi-na-odmor-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turist-se-udavi-na-odmor-vo-bugarija/#respond Tue, 18 Jul 2023 09:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=857645

Турист загина во Поморие, град во jугоисточниот дел на Бугарија. Трагедијата се случила вчера попладне, јавуваат бугарските медиуми. Триесет и осумгодишниот софијанец со ќерката влегол во морето, а набргу потоа бил забележан во беспомошна состојба од спасувачите. И покрај укажаната лекарска помош, мажот починал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turist-se-udavi-na-odmor-vo-bugarija/feed/ 0
Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskiot-turist-vo-grcija-ima-varichela-a-ne-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskiot-turist-vo-grcija-ima-varichela-a-ne-majmunski-sipanici/#respond Mon, 23 May 2022 05:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=680279

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)“. Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата. Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskiot-turist-vo-grcija-ima-varichela-a-ne-majmunski-sipanici/feed/ 0
Мачу Пикчу отворен за само еден турист од Јапонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/#respond Tue, 13 Oct 2020 07:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=415567

Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист, кој чекаше скоро седум месеци за да влезе во архитектонскиот древен комплекс на Инките. Туристот е „заглавен“ во јужноамериканската земја поради пандемијата на коронавирус. – На Џеси Такајама му беше дозволено да ја види историската знаменитост благодарение на специјалното барање коешто го упати. Од средината на март, тој е блокиран во малиот град Агуас Калиентес, кој се наоѓа во долината кај Мачу Пикчу, рече министерот за култура, Алехандро Неира. – Тој пристигна во Перу со цел да си го оствари сонот – да влезе. Јапонскиот државјанин влезе со нашиот управител на паркот за да може да го стори тоа пред да се врати во својата земја, додаде министерот. Во Перу, досега, 33.305 лица починаа од коронавирусот. Тоа е највисока смртност по глава на жител во светот. Меѓународните летови во меѓувреме се повторно отворени, но пандемијата го уништи туризмот во земјата. Такајама, кој добил билет за Мачу Пикчу во март, во саботата ја посети културно-историската знаменитост. Тој е првиот турист што по седум месеци влезе во Мачу Пикчу. – Толку е неверојатно! Ви благодарам!, изјави тој во свое видео од врвот на Мачу Пикчу. Неира најави дека во ноември ќе биде отворен комплексот и за домашни и за странски туристи. Ќе бидат дозволени само 30 отсто од вообичаениот капацитет. Мачу Пикчу во нормални услови го посетуваа 675 луѓе на ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/feed/ 0
Турист напишал негативна препорака во хотел во Тајланд, сега му се заканува затвор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-napishal-negativna-preporaka-vo-hotel-vo-tajland-sega-mu-se-zakanuva-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-napishal-negativna-preporaka-vo-hotel-vo-tajland-sega-mu-se-zakanuva-zatvor/#respond Tue, 29 Sep 2020 11:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=410054

Американецот Весли Барнс, кој што работи на Тајланд е уапсен поради наводно нанесување штета на угледното одмаралиште „Си Вју“ на островот Кох Чанг. Господин Барн напишал критики кои ги објавил на повеќе интернет сајтови посветени на туризмот, во кои трвди дека имал работа со „непријателска личност“ која се „однесувал како да не сака никој тука“ во текот на неодамнешната посета во популарното одмаралиште. Според британскиот Телеграф, коментарите на туристот Весли Барнс во кој го обвинува хотелот за „модерно ропство“ се тргнати од Трип Адвајсор. -Сопственикот на одмаралиштето „Си Вју“ поднел жалба во која навел дека господинот Барн неоправдано објавил критики за хотелот на веб локацијата Трип Адвајсор, соопштил полковник на полицијата во Кох Чанга. Од хотелот изјавиле дека против поранешниот гостин превземале законски мерки за да би се спречиле понатамошни додатни негативни критики: -Одлучивме да поднесеме жалба против Весли Барнс и неговата критика упатена до хотелот, бидејќи сфативме дека во догледно време може повторно да продолжи да пишува негативни критики.

Фото: Shutterstock

Во додатната изјава е објаснето дека туристот Весл Барнс не се тужи за „само една лоша критика“, туку за измислена приказна: -Во своите негативни критики на Трип Адвајсор и на Гугл напушал измислени приказни кои вклучувале ксенофобични конатации, обвиненија за ропство, па дури и коментари во кои читателите би можеле да го поврзат летовалиштето со корона вирусот. Покрај нељубезните критики, Барнс исто така е обвинет поради расправија со персонал од хотелот, затоа што сакал да донесе своја боца вино додека вечерак во хотелскиот ресторан. Дошло до „жешка“ расправија па морало да интервенира и хотелскиот менаџер. Бил приведен и вратен на Кох Чанг, каде што бил кратко задржан пред да биде пуштен со кауција.

Фото: Pixabay

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-napishal-negativna-preporaka-vo-hotel-vo-tajland-sega-mu-se-zakanuva-zatvor/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД- турист пронајден мртов во куќата во која престојувал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-turist-pronajden-mrtov-vo-kukjata-vo-koja-prestojuval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-turist-pronajden-mrtov-vo-kukjata-vo-koja-prestojuval/#respond Wed, 26 Aug 2020 15:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=395723

Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во куќа на бул.„Македонски просветители“, било пронајдено починато лице, кое престојувало во куќата. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатото лице ќе се врши обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-turist-pronajden-mrtov-vo-kukjata-vo-koja-prestojuval/feed/ 0
Германски турист прва жртва на новиот коронавирус во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-turist-prva-zrtva-na-noviot-koronavirus-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-turist-prva-zrtva-na-noviot-koronavirus-vo-egipet/#respond Mon, 09 Mar 2020 07:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=313725

Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата. Египетското Министерство за здравство соопшти дека се работи за 60-годишен Германец кој пред една недела влегол во земјата и бил хоспитализиран во болницата во одморалиште на Црвеното Море во Хургада. – Лицето кое почина од Ковид-19 е германски државјанин кој покажал симптоми на инфекција по доаѓањето од Луксор во Хургада, соопшти министерот за здравство Калед Мугахад. Во Египет со вирусот се заразени 55 лица од кои 45 се на крузер во пристаништето во Луксор, а 19 од нив се странци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-turist-prva-zrtva-na-noviot-koronavirus-vo-egipet/feed/ 0
УЖАС: Ајкула уби турист во познато летувалиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-ajkula-ubi-turist-vo-poznato-letuvalishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-ajkula-ubi-turist-vo-poznato-letuvalishte/#respond Sun, 05 Aug 2018 20:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=84824

Aјкула усмрти чешки турист во водите во близина на египетско одморалиште на Црвеното Море, објавија локалните власти. „Инцидентот се случил во четвртокот, 20 километри северно од Марса Алам, популарна нуркачка точка, каде што има ајкули“- информираше портпаролот, Атеф Вагди. Локалните медиуми претходно објавија дека делови од телото се пронајдени на плажа во Марса Алам. „Чешката амбасада во Египет и египетското Министерство за здравство соработуваат со цел телото во најбрз можен рок да му биде предадено на семејството“- додаде Вагди. Во 2015 година германска туристка загина при напад на ајкула во речиси истиот дел од Црвеното Море. Друга Германка смртно настрадала во 2010 година, а претходните години четири туристи беа тешко повредени во напади на ајкули долж брегот на Шарм ел Шеик, најпопуларното египетско летувалиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-ajkula-ubi-turist-vo-poznato-letuvalishte/feed/ 0