туристичка атракција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 17:35:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристичка атракција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Снепчет го преименуваше ОУ „Владислав Рибникар“ по масовниот убиец, училиштето означено како „туристичка атракција“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/#respond Fri, 12 May 2023 17:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=833599

На апликацијата „Снепчет“, основното училиште „Владислав Рибникар“, каде неодамна се случи масакр, во кој беа убиени осум ученици и еден чувар, е означено како „туристичка атракција“ на Белград. Имено, на мапата не само што е истакнато училиштето како локација што треба да се посети, туку името на училиштето е означено со Коста К., односно името на 13-годишниот извршител на крвавиот масакр, кој ја зави Србија во црно. Снепчет е бесплатна апликација, особено популарна кај помладата генерација, која има 347 милиони следбеници од втората половина на 2022 година. Главната идеја на апликацијата е да испраќа видеа, фотографии и пораки до корисниците, кои се бришат по неколку минути. Покрај сето горенаведено, преку оваа апликација е можно да ја следите локацијата на вашите пријатели, секако доколку ви дозволат, а цифрата од 4,6 милијарди долари колку апликацијата направила лани, вели многу. Она што загрижува е пропустот на глобално популарната апликација, па училиштето во кое тринаесетгодишникот изврш масовно убиство е означено како „туристичка атракција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/feed/ 0
Стана туристичка атракција во Италија: Автомобил е паркиран на исто место 47 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stana-turistichka-atrakcija-vo-italija-avtomobil-e-parkiran-na-isto-mesto-47-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stana-turistichka-atrakcija-vo-italija-avtomobil-e-parkiran-na-isto-mesto-47-godini/#respond Tue, 02 Nov 2021 12:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=589700

Мистериозен автомобил во Конељано, Италија, паркиран на иста улица, на ист паркинг 47 години, стана туристичка атракција. Анџело Фреголент (94), ја паркирал својата „Ланчија фалвија“ од 1962 година пред киоскот што го води со неговата сопруга Бертила Модоло. Во 1974 година, парот се пензионираше, но го остави возилото таму. Оттогаш, автомобилот е ексклузивна околна знаменитост. –Кога го отворив бизнисот, бев среќен што автомобилот е паркиран пред трафика бидејќи ги растоварав весниците во багажникот и потоа ги ставав внатре, изјави нејзиниот сопственик за „Ил газетано“. Сега старата „Ланчија“ ќе биде и реставрирана, подновена и претворена во споменик, бидејќи несомнено стана дел од урбаните знаменитости на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stana-turistichka-atrakcija-vo-italija-avtomobil-e-parkiran-na-isto-mesto-47-godini/feed/ 0
ФОТО: Отворен новиот Дино парк, погледнете како изгледа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/#respond Sat, 29 May 2021 07:37:00 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516358

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина е официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат. Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. -Дополнително во Дино паркот функционално се распоредени и придружни елементи - патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која заедно со зоолошката градина која и сега е полна со посетители, дополнително ќе ја збогатат туристичката понуда на градот . Скопскиот Дино парк е еден од најзелените тематски паркови во Европа, со засадени над 300 садници на ниски и на високостеблести растенија – кажа Шилегов. Тој дополни дека за изградбата на овој парк од Буџетот на Град Скопје се потрошени околу 350 илјади евра, што во време на епидемијата со корона вирусот претставува добра замена, неколкукратно поевтина од забавниот парк, чија изградба мораше да ја одложиме за една година. Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини само 50 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Нова атракција во замокот на Дракула, може бесплатно да се вакцинирате против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-nova-atrakcija-vo-zamokot-na-drakula-moze-besplatno-da-se-vakcinirate-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-nova-atrakcija-vo-zamokot-na-drakula-moze-besplatno-da-se-vakcinirate-protiv-kovid-19/#respond Mon, 10 May 2021 09:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=508377

Посетителите на замокот на Дракула во оваа туристичка атракција ќе имаат можност да се вакцинираат против Ковид-19, бидејќи тука е воспоставен центар за вакцинација. Докторите и медицинските сестри бесплатно нудат вакцинација со „Фајзер“ за сите посетители на замокот. Вработените во замокот веруваат дека оваа невообичаена услуга, ќе привлече повеќе посетители, чиј број поради пандемијата драстично опаднал. Секој кој сака, во мај месец, може без закажување секој викенд да се појави во замокот на Дракула и бесплатно да се вакцинира. Овие посетители исто така ќе добијат и слободен влез за изложбата на која се претставени 52 средновековни направи за мачење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-nova-atrakcija-vo-zamokot-na-drakula-moze-besplatno-da-se-vakcinirate-protiv-kovid-19/feed/ 0
Потопен воен брод туристичка атракција во Дерми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/#respond Mon, 10 Aug 2020 12:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=388838

Во Дерми, едно од најлуксузните албански одморалишта лоцирано на брегот на Јонско Море, туристите добија подводна атракција. Имено, властите потопија стар воен брод во заливот кај Дерми, на 200 метри од брегот, кој ќе служи како подводна туристичка атракција Станува збор за воениот брод, кинеско производство, кој бил дел од албанската морнарица од 1974 година. Бродот „Кинеска гулабица“ триесет години бил вон употреба, закотвен во воената база Пашалиман. Дерми е мало село во Албанија, дел од областа Химара, населена главно со припадници на грчкото малцинство. На ова место планината се спушта во Јонското Море и изгледа неверојатно. Плажите се со бели камчиња а водата е тиркизно сина и се смета за едно од најлуксузните летувалишта во Албанија. Албанскиот министер за турзам Бенди Кљоси најави дека во напорите да се збогатат формите на туристичката понуда ќе бидат потопени уште шест стари бродови, кои се вон функција, за што веќе се определени исто толку места долж албанското крајбрежје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/feed/ 0