туристичка сезона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 11:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристичка сезона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хотелиерите очекуваат добра туристичка сезона, голема исполнетост за Први Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-ochekuvaat-dobra-turistichka-sezona-golema-ispolnetost-za-prvi-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-ochekuvaat-dobra-turistichka-sezona-golema-ispolnetost-za-prvi-maj/#respond Thu, 27 Apr 2023 11:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=828289

Исполнетоста на сместувачките капацитети на охриско-струшката ривиера за велигденските и првомајските празници најавува добра туристичка сезона, вели првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески. За претстојниот продолжен празничен викенд хотелиерите очекуваат исполнетост од 70 до 80 проценти. - Исполетоста е добра и повеќе од очекуваното. Според тоа, може да се каже дека ќе имаме и добра туристичка сезона на охридското крајбрежје, вели Блажески за МИА. Иако цените за аранжманите се повисоки во однос на претходните години, сепак, тој тврди дека земјава останува поефтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот. И овој продолжен викенд, додава Блажески, најмногу гости ќе има од соседството, а нема да изостанат ниту домашните посетители. Периодов, нагласи, актуелни се кружните тури пред се, со туристи од Турција, а има и локлани групи од Грција. - Холанѓаните и годинава остануваат најбројни на ривиерата со редовни чартер летови на ТУЈ Холандија. Новина се чартерите на ТУЈ Англија од каде има голем интерес и очекуваме поголема исполнетост со англичани, истакна Блажески. Во однос на туристите од Србија, но и за поголема посетеност на охридско-струшкото крајбрежје единствена пречка, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери е изградбата на автопатот. - Очекуваме поголем број туристи од Србија со авио-линијата Белград - Охрид, но мислам дека автопатот е единствена пречка за поголема посетеност. Штом ќе се направи се очекуа зголемување на српските гости за 30 до 40 проценти, а ќе се зголеми бројот и на домашни, нагласи Блажески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-ochekuvaat-dobra-turistichka-sezona-golema-ispolnetost-za-prvi-maj/feed/ 0
Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/#respond Fri, 07 Apr 2023 07:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=821326

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Антена“ истакна дека нема простор за загриженост дека изборите во земјата би можеле да влијаат на туристичката сезона, а паралелно истакна дека очекуваат рекордна година во туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. За евентуалните втори избори кои би биле на почетокот на јули, Кикиљас објасни дека нема да влијаат врз туризмот бидејќи, како што рече, туристичката сезона е веќе започната. Додаде дека веќе има зголемување за 20 отсто кај крузерите и 15 до 20 проценти на пристигнувањата, како на атинскиот, така и на регионалните аеродроми. -Оваа година ќе биде рекордна година во туризмот со многу големи приходи. Ова нѐ прави задоволни, бидејќи туризмот е народната економија на земјата и на малите и средните претпријатија, на грчкото семејство и на малиот и средниот грчки бизнис им дава суфицит и дел. Тоа е индустрија која го поддржува примарното производство, земјоделството, трговијата, градежништвото и ги задржува работниците, истакна Кикиљас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/feed/ 0
ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ МЕРКИ: И невакцинираните можат слободно да влезат во државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/#respond Mon, 11 Apr 2022 06:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=661089

Грција до семптември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можатр слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот. Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат. -Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот. Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/feed/ 0
Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkata-godina-e-kritichna-i-neizvesna-ocenuva-biznis-sektorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkata-godina-e-kritichna-i-neizvesna-ocenuva-biznis-sektorot/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=653278

Критична, ризична и неизвесна ќе биде оваа туристичка година. Веќе ги изгубивме рускиот, украинскиот и полскиот пазар, намалени се групите на нашите традиционални посетители од Белгија и Холандија, а откажани се и голем број аранжмани или можеби ќе се реализираат, но без гаранција, оценува бизнис секторот од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија. Од Здружението на денешниот брифинг со новинарите истакнаа дека ситуацијата е катастрофална, не само поради актуелната пандемија и руско-украинскиот конфликт, туку и поради „несредените“ работи дома. Загрижени се, како што рекоа, дека ако итно не се преземе ништо, ќе ја пропуштиме не само оваа, туку и 2023 година. -Убедливо сме најлоши во регионот, се остварија нашите предупредувања за падот од 60 проценти во 2021 година во однос на 2019-та, пред пандемијата. Неопходно е државата да создадае услови за туризмот, а институциите да си ја вршат работата. Треба да профункционира и Советот за туризам кој „не работи“ веќе 15 месеци и конечно да се стави во функција комитетот за туризам кој е формиран со официјална владина одлука уште во ноември 2020 година, реагира Здружението и додава дека македонскиот туризам буквално не мрднал од позицијата во 2020 година. Според бизнис секторот, третманот на туризмот е сведен на „прошетки“ и „убавини“. -Секторот не е препознаен како економски систем. Пристапот ни е катастрофален. Активностите засега се несериозни и вид параван или симулација на она што фактички се случува. За каков маркетинг зборуваме ако се уште не го знаеме профилот на домашниот и на странскиот турист. Немаме таргет, а правиме промоции. Врз база на што? И кога се зборува за остварени приходи, тоа треба да е по шифра на дејност, зашто се друго е манипулација. Хаос е и во евиденцијата. На пример, регистрирани се 90 национални ресторани, а во „Златна книга“ има 1 400, потенцираат од Здружението кое пред речиси една година испратило вкупно 65 предлози до Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, но до сега се уште нема добиено никаков одговор. Од Здружението предочија дека во 2019 година приходите од труизмот биле околу 480 милиони евра, а според АППТ сега имаме три отсто помалку приход со 60 отсто помалку странски туристи и со пет отсто помалку домашни туристи. -Ова е нонсенс. Бесмислица се и тврдењата на Агенцијата дека украинските туристи ќе ги замениме со турски, како и дека ќе имаме еден милион бугарски туристи. Инаку, според податоците од Министерството за економија и од Владата, имаме 50 хотели помалку категоризирани во 2020-та и 2021-ва во однос на 2018-та и 2019 година и 47 туристички агенции со А лиценца помалку, односно од вкупно 180 хотели, сега имаме 130, а од 177 агенции имаме околу 140 со А лиценца, рекоа од Здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkata-godina-e-kritichna-i-neizvesna-ocenuva-biznis-sektorot/feed/ 0
Од 1 март на плажа кај нашиот сосед: Туристичката сезона во Грција ќе почне многу порано од лани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-na-plaza-kaj-nashiot-sosed-turistichkata-sezona-vo-grcija-kje-pochne-mnogu-porano-od-lani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-na-plaza-kaj-nashiot-sosed-turistichkata-sezona-vo-grcija-kje-pochne-mnogu-porano-od-lani/#respond Thu, 17 Feb 2022 16:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=632818

Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, денеска најави дека туристичката сезона официјално ќе почне на 1 март, многу порано од лани. Грчкиот туризам ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители, кои донесоа приход од четири милијарди евра, откако пандемијата на коронавирусот го запре глобалното патување во 2020 година, пишува „Ројтерс“. Индустријата, која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува минатата година кога сезоната, која официјално почна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година. -Има голема побарувачка и голема динамика за грчкиот туризам во 2022 година, изјави министерот за туризам, Кикилијас, во интервју за „Ројтерс“. Порано отворање на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во зимските месеци ќе може повторно да се отворат порано. Кикилијас, кој беше министер за здравство во екот на пандемијата на коронавирусот, не сакаше да зборува за прогнозите за оваа година, само рече дека ќе биде подобра од 2021 година. Грција напредна над своите цели за приходи за 2021 година, што тој ги опиша како позитивен знак на оптимизам. Земјата веќе ги олесни мерките за ограничување на патувањето воведени за борба против ширењето на Ковид-19, а на целосно вакцинираните посетители не им треба негативен тест за да влезат во земјата. -Грција од денеска е отворена за сите. Но, вистинската сезона, летната сезона, за нас почнува на 1 март, рече Кикилијас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-na-plaza-kaj-nashiot-sosed-turistichkata-sezona-vo-grcija-kje-pochne-mnogu-porano-od-lani/feed/ 0
Грција задоволна од досегашниот тек на туристичка сезона https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-zadovolna-od-dosegashniot-tek-na-turistichka-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-zadovolna-od-dosegashniot-tek-na-turistichka-sezona/#respond Thu, 19 Aug 2021 14:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=552671

Oдлично ја оцени ситуацијата со туризмот во Грција, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на досегашната туристичка сезона. Со оглед на тоа дека во земјата зголемен е бројот на нови случаи на Ковид-19 и дали ова има влијание врз туризмот, Иконому рече дека „на туристичките дестинации, не само на популарните, тешко се наоѓа соба“, додавајќи дека ова е важно не само за туристичкиот сектор, туку и за довербата што туристите ја имаат во земјата. Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, портпаролот на грчката Влада објасни дека следната седмица ќе биде соопштен владиниот план за справување со Ковид-19 за време на есенскиот и зимскиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-zadovolna-od-dosegashniot-tek-na-turistichka-sezona/feed/ 0
Стопанската комора со предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-so-predlog-merki-za-pouspeshna-turistichka-sezona-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-so-predlog-merki-za-pouspeshna-turistichka-sezona-vo-2021-godina/#respond Mon, 16 Nov 2020 10:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=430114

Предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година, ќе соопшти денеска на онлајн прес-конференција Стопанската комора на Македонија. Преку Здружението на угостителството и туризмот ќе бидат пренесени ставовите и иницијативите на членките за поголем проток на странски туристи кои имаат значаен придонес во нето девизниот ефект во државата, како и за раздвижување на секторот и на сите пропратни стопански гранки кои индиректно зависат од функционалноста на туризмот и угостителството. Минатата недела Државниот завод за статистика ги објави податоците за првите девет месеци од годинава, според кои, вкупниот број на туристите е намален за 60,4 отсто, а на странските гости за 83,8 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-so-predlog-merki-za-pouspeshna-turistichka-sezona-vo-2021-godina/feed/ 0
Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-turistichkata-sezona-vo-grcija-registrirani-1-238-sluchai-na-kovid-19-kaj-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-turistichkata-sezona-vo-grcija-registrirani-1-238-sluchai-na-kovid-19-kaj-posetiteli/#respond Wed, 23 Sep 2020 07:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=407118

Од 530.698 направени тестови на над четири милиони посетители на Грција, кои преку копнените граници, авионски или со брод пристигнале во Грција во периодот од 1 јули до 20 септември 2020 година, регистрирани се 1.238 позитивни случаи, а први на листата со најголем број новозаразени посетители се државјаните на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, најголемиот број позитивни случаи на коронавирусот, 886, се по тестовите направени на аеродромите, 324 се на копнените граници, а 28 на пристаништата. Од позитивните случаи, 175 се државјани на Албанија, 138 на Франција, 106 на Бугарија, 93 на Романија и 80 српски државјани. Од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера, во Грција се направени вкупно 1.221.017 тестови, потврдени се 15.928 позитивни случаи, а починаа 352 лица]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-turistichkata-sezona-vo-grcija-registrirani-1-238-sluchai-na-kovid-19-kaj-posetiteli/feed/ 0
Охрид ја троши најслабата туристичка сезона https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-ja-troshi-najslabata-turistichka-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-ja-troshi-najslabata-turistichka-sezona/#respond Sat, 18 Jul 2020 07:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=377990

Охрид календарски ја троши веројатно најслабата туристичка сезона последните неколку децении. Оваа 2020 година требаше да биде рекордна, кога станува збор за туризмот и тоа според повеќе параметри, од предвидените дополнителни авионски линии и нови чартер-летови до охридскиот Аеродром, се до значајните вложувања во подобрувањето на севкупната сместувачка и услужна понуда изминатите неколку години. Епидемијата на корона-вирусот резултираше со откажувања на сите заклучени аранжмани во хотелите, исто како и кај приватните станоиздавачи каде оние што работат преку закуп однапред, односно со откажување на сите однапред предвидени ноќевања. Сезоната што требаше да е во полн ек ја карактеризира мошне слаба посетеност. Градот ова време минатите години беше полн со гости, но сега ситуацијата е далеку од посакуваното. Најпогодени се угостителските објекти, кафулињата и рестораните. На најфреквентните места во градот и на крајбрежјето посетеноста на локалите е благо речено очајна, во секое време има празни места за седење во објектите каде изминатите години едвај се наоѓаше слободна маса. Според зборовите на угостителите, прометот што го остваруваат сега е една четвртина, па и помалку отколку во истиот период изминатите години. Новите протоколи за работа на плажите и мерките за олеснување на работењето на угостителските објекти можеби ќе значат малку порелаксирана атмосфера, но генерална е оценката кај угостителите дека луѓето се одвикнаа да седат по кафулиња. Градот бележи каква таква посетеност само за викендите. И тогаш кога има гости од другите градови во Охрид, тие посетата ја користат за прошетки покрај Езерото, по Кејот, денот го минуваат на плажите, ретко седнуваат по кафеани и ресторани. Шпицот на сезоната вообичаено е за викендот на празникот Илинден, кога посетеноста на Охрид бележи максимум. И оваа година ќе важи истото непишано правило. Забележана е зголемена заинтересираност за сместување кај приватните станоиздавачи, но за периодот после 20 јули, и некаде до после илинденските празници, кога посетеноста постепено опаѓа. Секако тука треба да се исклучат сопствениците на станови и викендички во Охрид и на крајбрежјето затоа што нивните трошоци додека се тука главно отпаѓаат на набавка на прехранбени намирници од продавниците и пазарите, а многу помалку средства се издвојуваат за трошење по рестораните. Во сегашните околности, временските прилики се можеби решавачкиот фактор што ќе ја детерминира посетеноста на Охридската ривиера оваа сезона. Освен за викендите и празниците градот тешко ќе се наполни со гости без поголеми горештини што би ги натерале луѓето да излезат од градските средини и да побараат освежување покрај езеро или можеби на планина. Сите позначајни забавни, кутурни и спортски манифестации се откажани, дел одложени за подобри времиња. Неизвесно е одржувањето и на оние културни и забавни содржини предвидени за идниот месец, оттаму што нивното одржување се уште директно зависи од околностите што ги наметнува епидемијата со КОВИД-19. Можеби некои од мерките за поддршка на туристичкиот сектор како ваучерите за одмор ќе придонесат за ублажување на последиците од ситуацијата, но кога станува збор за Охрид позначајни очекувања кај охридските туристички субјекти нема затоа што тие средства се релативно мали за одмор во нашето најпознато туристичко место каде цените на услугите и сместувањето се вообичаено повисоки отколку во останатите туристички дестинации. Засега странски гости во Охрид се единствено вработени во дипломатско-конзуларните претставништва или службеници на странски компании во земјата. Најголема група туристи досега ова лето беа два автобуса со туристи од Србија, но и за нив сега Охрид е недостапен со оглед на воведните мерки за ограничување влез на српски државјани во земјава. Што се однесува на протоколите за работа на плажите, тука нема што позначајно да се очекува оттаму што на уредените плажи сопствениците едвај чекаат гости, додека на останатите делови од крајбрежјето каде нема концесионери прашање е кој ќе води сметка дали посетителите се придржуваат кон мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Недвојбено ова ќе биде најтешката година за охридскиот и воопшто туризмот во земјата, најмногу поради тоа што нема гости. Се поизвесно е дека ќе ги откажат договорените аранжмани и оние тур-оператори што најавуваа дека доколку се нормализира колку-толку ситуацијата повторно ќе летаат кон Охрид, дури и со намален број патници и помал број закупени капацитети од претходно договореното. Самите хотелиери веќе не очекуваат оваа сезона да има странски гости што би дошле преку организирани патувања, додека за домашните исто со оценка дека ваучерите што ги додели државата како помош ќе бидат искористени за сместување во приватно сместување или во сместувачки капацитети од пониските категории. Потврда на тоа е и многу слабата заинтересираност на гости за сместувачките капацитети од повисока категорија, каде и цените се повисоки. И Светската туристичка организација прогнозира дека оваа 2020 година ќе биде најслабата кога е во прашање туризмот, со пад на остварените добивки во секторот за некаде над 70 проценти. Светските дестинации успехот во туризмот оваа година ќе го мерат според тоа колку ќе биде помал минусот.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-ja-troshi-najslabata-turistichka-sezona/feed/ 0
Мицотакис: Направивме најдобра можна подготовка за туристичката сезона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/#respond Tue, 30 Jun 2020 13:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=365875

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, говорејќи за почетокот на туристичката сезона. На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’. Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници. -За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци, рече Кикиљас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/feed/ 0