туристичка такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Jan 2023 10:46:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристичка такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Турција почнува да се наплаќа туристичка такса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-pochnuva-da-se-naplakja-turistichka-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-pochnuva-da-se-naplakja-turistichka-taksa/#respond Sun, 01 Jan 2023 10:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=782972

Во Турција од денеска се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции. Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус. Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-pochnuva-da-se-naplakja-turistichka-taksa/feed/ 0
Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-turcija-od-1-januari-kje-se-naplakja-turistichka-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-turcija-od-1-januari-kje-se-naplakja-turistichka-taksa/#respond Wed, 14 Dec 2022 13:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=775516

Во Турција од 1 јануари се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции. Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус. Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата со коронавирус. Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-turcija-od-1-januari-kje-se-naplakja-turistichka-taksa/feed/ 0
Венеција воведува резервации за еднодневни посети на центарот на градот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-rezervacii-za-ednodnevni-poseti-na-centarot-na-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-rezervacii-za-ednodnevni-poseti-na-centarot-na-gradot/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:30:27 +0000 https://kurir.mk/?p=667830

Венеција ќе воведе систем резервации за еднодневни посети на центарот на градот, со цел да се намали прекумерниот метеж во времето кога гостите се враќаат во овој туристички град по паузата поради пандемијата. Еднодневните посети ќе чинат од три до 10 евра, во зависност од периодот од годината. Целта на системот за платена резервација не е да го ограничи бројот на туристи во овој италијански историски град, туку да ги поттикне посетителите да ја посетат Венеција во помалку згуснат период од годината – кога цената на резервацијата ќе биде пониска. – Ќе почнеме со експериментална фаза во која резервациите нема да бидат задолжителни, туку по избор, и ќе бидат бесплатни, изјави локалниот претставник за туризам, Симоне Вентурини. Однапред најавените еднодневни посети на Венеција ќе станат задолжителни во 2023 година, при што еднодневните посетители ќе треба да плаќаат надомест од три до 10 евра, во зависност од периодот од годината кога ќе го посетат центарот на градот. На посетителите кои доаѓаат на еднодневни патувања ќе им бидат понудени стимулации во облик на попусти на билетите за музеите. Датумот на стапување во сила на новиот систем ќе биде објавен наредниве недели. Туристите кои ќе преноќат во Венеција и веќе ја плаќаат т.н. туристичка такса, нема да мора да ја плаќаат резервацијата. – Овогодишните велигденски празници привлекоа огромен број посетители, од кои 100.000 ноќеваа во градот, а 40.000 пристигнаа на само неколку часа да ѝ се восхитуваат на базиликата Свети Марко или „да здивнат“ на Мостот на воздишките, рече Вентурини. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро смета дека системот за резервации е вистинскиот начин за порамномерно управување со туризмот. „Ќе бидеме првите во светот што ќе го спроведеме овој експеримент“, напиша тој на Твитер. Откако резервациите однапред ќе станат задолжителни и ќе ги заменат ненајавените туристички посети, влезот на посетителите во центарот на градот ќе се контролира на автобуските и железничките станици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-rezervacii-za-ednodnevni-poseti-na-centarot-na-gradot/feed/ 0
Амстердам воведува нови такси за туристите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/#respond Wed, 02 Oct 2019 08:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=246911

Амстердам воведува нова такса за полнење на градскиот буџет. Туристичките такси секако се едни од највисоките во Европа, а од идната година ќе се најдат на прво место. Амстердам воведува дополнителни три евра за ноќевање. Тоа значи дека таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда ќе биде поголема од ноќевање во некој друг главен град во Европа во хотел со пет ѕвезди. Двокреветна соба со купатило има такса од 16 евра по ноќевање и дополнителни три евра по човек за едно ноќевање, а во Берлин во луксузен хотел ноќевање во иста соба има такса од 12 евра. Во хотел од пет ѕвезди во Рим таксата изнесува 14 евра, што во моментов е најмногу во Европа, но тоа ќе биде помалку од таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда кога во Амстердам ќе биде реализирано зглемувањето. -Голем број на посетители придонесуваат за зголемените трошѓоци за одржување на безбедноста и чистотата во градот, како и за одржувањето на јавниот простор во добра состојба, вели градскиот портпарол. Зголемување на туристичката такса најави и Венеција и тоа во висина од 10 евра за туристите кои доаѓаат на еден ден, додека за сите останати кои ќе останат да преноќат ова зголемување нема да важи. Градовите кои исто така се „борат“ со голем број туристи се Барселона и Дубровник, но истите немаат најавено зголемување на туристичките такси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/feed/ 0
Венеција ќе воведе туристичка такса до десет евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-kje-vovede-turistichka-taksa-do-deset-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-kje-vovede-turistichka-taksa-do-deset-evra/#respond Mon, 25 Feb 2019 11:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=168040

Венеција, која годишно ја посетуваат 24 милиони туристи, планира да воведе туристичка такса во износ до 10 евра. Висината на таксата ќе се движи од 2,5 до 10 евра по лице, зависно од тоа дали посетителите доаѓаат во или надвор од сезона. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро појасни дека парите од таксата ќе бидат користени за покривање на високите трошоци за одржување и чистење на градот. Италијанската Влада ја одобри новата мерка, со која градот ќе добие дополнителни десетина милиони евра. Италијанците долго време се жалеа дека туристите и излетниците уживаат во градот без голем економски придонес. Од 24 милиони туристи кои ја посетуваат Венеција годишно, 15 милиони се излетници, од кои најголем број си носат храна и не трошат воопшто пари во градските кафулиња и ресторани. Поради невообичаената географија на Венеција, услугите, како што е транспорт на ѓубре, се до 40 отсто поскапи отколку во другите италијански градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-kje-vovede-turistichka-taksa-do-deset-evra/feed/ 0