туристички работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 16:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристички работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски на средба со туристичките работници од Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-turistichkite-rabotnitsi-od-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-turistichkite-rabotnitsi-od-ohrid/#respond Tue, 03 Oct 2023 16:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=884714

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мцицкоски денеска оствари средба со туристичките работници кај автопатот Кичево – Охрид, во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Туристичките работници укажаа на проблемите со кои се соочуваат, а како најголем го издвоија проблемот со патната инфраструктура истакнувајќи пред се’ дека автопатот итно треба да се заврши. Мицкоски меѓу другото истакна дека еден од главните приоритети од првиот ден на формирањето на новата влада ќе биде токму завршувањето на овој автопат ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-turistichkite-rabotnitsi-od-ohrid/feed/ 0
МНР нема никакви онлајн информации на англиски за влез во државава, реагираат туристичките работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nema-nikakvi-onlajn-informacii-na-angliski-za-vlez-vo-drzavava-reagiraat-turistichkite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nema-nikakvi-onlajn-informacii-na-angliski-za-vlez-vo-drzavava-reagiraat-turistichkite-rabotnici/#respond Mon, 28 Jun 2021 12:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=528928

Министерството за надворешни работи никако не успева да ги пласира вистинските информации потребни за влез во државата. Нема страница на англиски јазик на која бизнисмените и евентуално заинтересираните туристи би прочитале кои се условите за влез во земјава. Има само за Македонци кога патуваат надвор, но и тие информации се стари, од ноември, а сега е јули. И Министерството за здравство, иако најодговорно за овие податоци, нема сајт на англиски во однос на условите за влез во државата. Има само една веб страница „корона вирус“ на која информациите се од 20 мај 2020 година, реагира денеска Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија. Според Здружението, амбасадите имаат повеќе информации за влез во државава од нашите институции, што е недозволиво. Во меѓувреме, како што беше речено на прес-конференција, земјава ги губи не само туристите, туки и позициите како туристичка дестинација. Нема чартери, нема автобуси во доволен број, ниту доволно организирани патувања кон Северна Македонија. Слабеат позициите на државава кај традиционалните пазари, додека на регионалниот не се зајакнуваат, а уште потешко може да се размислува за нови пазари. Ова создава впечаток дека туризмот не е препознаен како сектор во економската политика на државата. Потпретседателите на Здружението, Александар Кузманоски и Асим Меџедовиќ, истакнаа дека дипломатијата потрфли во овој сегмент. И тоа што моментно има малку туристи во земјава, главно од Полска, не е заслуга на државата, туку на бизнис секторот, на иницијативата на туристичките работници и на ризикот што тие целосно го презеле на свој грб. За подобрување на состојбата, освен силна промоција посебно во регионот, Здружението предлага и поддршка на авиосообраќајот, како и бесплатен паркинг за сите странски возила и авотбуси – мерка која би траела најмалку до стаблизирање на туристичкит сектор. – Ние континуирано и укажуваме на државата дека не си ја врши работата. Ве упатувам на страниицата на МНР. Нема, не постои информација на англсики јазик, нема инфо за условите за влез во државата на англиски. Како ние да им објасниме на гостите, а не се работи само за туристи, туку и за бизнис. Државата има обврска да пласира квалитетни информации за тоа што се случува, мора редовно да ги апдејтира податоците за ние готови да ги преземеме и да ја промовираме, истакна Кузманоски. Тој дополни дека интерес за земјава има, но недостасуваат информации за проток, за влез и излез. – Мора да се комуницира со тур-операторите од другите сржави за да добијат сигурност дека сме подготвени како дестинација да ги пречекаме турситите од аспект на безбедност. Ние, како бизнис, многу брзо се престроивме, но не и државата, истакна Кузманоски. Меџедовиќ соопшти дека чартерите од Холандија се се уште неизвесни, а има и најави дека ќе бидат комплетно откажани. – Имаше информации дека ќе доаѓаат туристи од Бенелукс и Холандија, како и од Турција, но со оглед дека бевме подолго време во црвена зона и не направиме промоција и директна дипломатска офанзива да се контактираат тие тур-оператори, задоцнивме и се уште доцниме. Од Полска турстите кои се дојдени, пак, се на иницијатива на приватниот сектор. Направени се индивидуални напори и тоа е всушност заслуга на тур-операторот кој сам го презема целосниот ризик, напомена Меџедовиќ. Одговорајќи на новинарски прашања, Меџедовиќ рече дека цените на аранжманите за странство годинава се пониски во однос на 2019-та. Авиобилетите на дестинациите на кои работат македонските туристички агенции се поевтини, а истото важи и за хотелското сместување. И за домашните капацитети цените се пониски. – Пакет аранжманот е многу поевтин во однос на 2019-та, но има дестинации со поголеми рестрикции, западноевропски, кои од нивна причина имаат повисоки цени. На традиционалните дестинации како Грција, Турција, Египет, цените се пониски. Дома цените се исто така пониски, со исклучок можеби на хотелите кои работат со минимален капацитет. Но, тие што работат со целосен капацитет се поевтини, објасни Меџедовиќ. Тој оцени дека кај нашите туристи има интерес за патување надвор, особено по вакцинирањето и обезбедувањето на неопходните предуслови за одмор од страна на секоја држава. Изнесувајќи ги актуелните состојби, Даниела Василевска од Стопанската комора нагласи дека за добра туристичка сезона, таргет мора да биде организираното туристичко патување. Потребна е и обемна медиумска кампања за поттикнување на домашниот туризам, како и зајакната промоција во европските држави кои се наши традиционални пазари. Владата, рече Ваислевска, има слух за предлозите, идеите и иницијативите на туристичките работници, досега е разговарано со владини претставници, но нема примена, а уште помалку реализација. – Ургентна потребата од итна подршка и агресивна промоција, посебно во регионот, за да се спаси барем дел од годинашната сезона и да се овозможи поповолна позиција во 2022-ра. Во периодот што следи, од клучно значење ќе биде и зајакнувањето на односите со поголемите странски тур-оператори со кои се негува традиционална соработка преку директна комуникација на сите нивоа. Истото се однесува и на односите со авионските компании кои оперираат кон и од Северна Македонија. Бизнисот таквиот вид поддршка не ја гледа или пак немаме информации дека се случува, подвлече Василевска. Здружението смета дека вауечерите за социјалните категории граѓани се добра мерка која ќе има некаков бенефит, но нема да биде доволна да го поддржи туризмот во обликот како лани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nema-nikakvi-onlajn-informacii-na-angliski-za-vlez-vo-drzavava-reagiraat-turistichkite-rabotnici/feed/ 0
Угостителите револтирани од власта ,најавата за отворање на терасите не ги спречи и денеска да протестираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-revoltirani-od-vlasta-najavata-za-otvoranje-na-terasite-ne-gi-sprechi-i-deneska-da-protestiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-revoltirani-od-vlasta-najavata-za-otvoranje-na-terasite-ne-gi-sprechi-i-deneska-da-protestiraat/#respond Mon, 26 Apr 2021 13:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=502260

Угостителите, туристичките агенции и сметководителите денеска протестираа пред Владата барајќи средба со економскиот тим на Владата. Очекуваат да бидат повикани на средба во Владата и при имплементацијата на шестиот пакет мерки да бидат земени предвид и нивните барања. Во следните денови ќе им остават простор на надлежните институции да постапат по нивните барања, а по празниците, ќе излезат со нов план на активности доколку не наидат на разбирање. – Без вистинска и континуирана поддршка, нема спас за овој сектор. Веруваме дека средствата кои се предвидени во шестиот пакет мерки можат да помогнат да се ублажат штетите со кои се соочува туристичко-угостителскиот сектор, доколку се имплементираат на соодветен начин. Имајќи предвид дека постапките и процедурите за нивна имплементација сеуште не се познати и објавени, бараме во имплементацијата да се земат предвид и нашите барања бидејќи тие произлегуваат од реалните потреби на најпогодените сектори, изјави денеска Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора. Барањата, како што истакна Ангеловски, веќе се доставени до Владата. Угостителите и туристичките агенции, кои минатата недела протестираа пред Министерството за финансии, бараат финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност, како и финансиска неповратна помош за лиценцираните туристички агенции. Се бара и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителски објекти поделени во три категории според бројот на вработени, како и утврдување на мораторум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки или од Развојната банка се додека траат рестриктивните мерки. Туристичките агенции бараат и ваучерите од проектот „Дома си е дома“ да одат преку нив и да биде преименувана одлуката на Владата за нереализираните ваучери за патување, односно наместо до 31 декември годинава, рокот да биде продолжен до 31 декември 2022 година. Сметководителите, кои се приклучија на протестот, бараат директна неповратна финансиска помош, транспарентно донесување закон за сметководствени работи, пролонгирање на роковите за годишните сметки и даночните пријави, како и задолжителна консултација со експерти од дејноста за секоја дополнителна обврска со рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-revoltirani-od-vlasta-najavata-za-otvoranje-na-terasite-ne-gi-sprechi-i-deneska-da-protestiraat/feed/ 0
Угостителите и туристичките работници од денес ќе протестираат пред владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-i-turistichkite-rabotnici-od-denes-kje-protestiraat-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-i-turistichkite-rabotnici-od-denes-kje-protestiraat-pred-vladata/#respond Mon, 26 Apr 2021 07:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=502040

Ќе протестираат угостителите, туристичките работници, сметководителите, танцовите училишта и други. За досегашни собири пред Министерството за финансии велат дека се игнорирани. Доставиле барања, но не добиле никаков одговор. Протестите на Туристичко-угостителската комора ќе продолжат пред Влада, а од двата сектора велат дека ќе протестираат се додека не бидат прифатени нивните барања. За досегашните собири пред Министерството за финансии велат дека се игнорирани. Доставиле барања, но не добиле никаков одговор. Тврдат дека треба да бидат сериозно сватени затоа што имаат реални проблеми, поради кои овие дејности трпат сериозни загуби. Повеќе сектори се на работ на егзистенцијата и ако државата не им помогне, ќе ги затворат фирмите и ќе ги отпуштат работниците. Досега Владата со неколку сетови на мерки помогна, но оттаму велаат дека нивните барања не биле разгледани во целост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-i-turistichkite-rabotnici-od-denes-kje-protestiraat-pred-vladata/feed/ 0
Милошоски на средба со охридските туристички работници, угостители и туристички водичи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/#respond Sat, 06 Mar 2021 11:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=478129

Охрид, средба со туристички работници, угостители и туристички водичи, објави на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Покрај Милошоски на средбата присуствуваа и пратениците Рашела Мизрахи и Кирил Пецаков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/feed/ 0
Туристичките работници бараат од Владата итно решавање на нивните проблеми, најавуваат и протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-baraat-od-vladata-itno-reshavanje-na-nivnite-problemi-najavuvaat-i-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-baraat-od-vladata-itno-reshavanje-na-nivnite-problemi-najavuvaat-i-protesti/#respond Tue, 01 Sep 2020 12:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=397783

Туристичките работници со допис до новата Влада, која вети дека по формирањето веднаш ќе ги стави на дневен ред барањата кои чекаат да бидат разгледани повеќе од три месеци. „Очекуваме дека Министерството за економија и Владата веднаш ќе превземат мерки за нашиот сектор туризам, кој дефинитивно е најзагрозениот и најпогодениот во оваа Ковид 19 криза. Нашите барања се веќе доставени до Министерот за економија, Кресник Бектеши, кој е запознаен со огромните проблеми со кои се соочивме со затворањето на границите и неможноста да продолжиме да работиме и да егзистираме. Се надеваме на слух и разбирање од нивна страна, бидејќи помошта ни е неопходна за да можеме да опстоиме“, велат туристичките работници. Тие напоменуваат дека доаѓаат есенските и зимските денови, кои секако се мртов период, а со неможноста да се реализираат летните аранжмани, уште повеќе им се отежнува ситуацијата. „Голем дел од агенциите, превозниците и водичите со престанувањето на финансиската поддршка за плата не исплатија плати за јули и август, а веќе ни пристигнуваат опомени. Не сме во можност да ги покриеме ниту основните трошоци за плата, кирија, сметки и останатите тековни трошоци. Бараме конечна разврска на нашите проблеми, бидејќи се грижиме за работните места на вработените и нашата иднина. Подготвени сме да ги прикажеме извештаите од нашите приливи во изминатите шест месеци, за да докажеме дека состојбата е сериозна и не бараме да профитираме, едноставно да опстоиме додека да дојдат подобри времиња“, додаваат тие. Сметаат дека институциите се веќе доволно запознаени со проблематиката и затоа под итно треба да се донесе одлука за помош. „Најавивме втор протест, кој го одложивме до формирањето на Владата. Сега очекуваме позитивен одговор од нивна страна, или ќе бидеме приморани повторно да излеземе на улиците, секојдневно додека не добиеме каков било одговор“, велат туристичките работници. Во секторот туризам работат повеќе од 5000 лица, а им се заканува затворање на повеќе од 300 агенции. Тука секако спаѓаат и превозниците и туристичките водичи. Агенциите повеќе од шест месеци се спречени да ја работат својата дејност. Доколку продолжи овој тренд, ќе згасне една цела гранка на економијата, која придонесува во буџетот на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-baraat-od-vladata-itno-reshavanje-na-nivnite-problemi-najavuvaat-i-protesti/feed/ 0
Туристичките работници повторно најавија протест: Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-povtorno-najavija-protest-filipche-dopolnitelno-ni-ja-otezna-rabotata-koja-i-onaka-e-rechisi-nepostoechka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-povtorno-najavija-protest-filipche-dopolnitelno-ni-ja-otezna-rabotata-koja-i-onaka-e-rechisi-nepostoechka/#respond Sat, 08 Aug 2020 07:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=387928

Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош. Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците. Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси  затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување. -Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување.Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам. Им била ветувана помош по завршување на изборите, но, посочуваат, сега се чека да се формира Влада и така во недоглед. Реагираат на изјавата на министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој препорачува да не се патува и посочуваат дека во таков случај државата треба да им помогне. -Како сектор кој се уште е најзагрозен поради пандемијата,направивме секакви напори за да допреме до совеста и човечноста на државата, но како и пред изборите кога имаше ветувања дека веднаш ќе се преземат дејствија по нивното завршување, сега чекаме Владата да се формира и така до недоглед. Како тоа да не е доволно, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка, со изјавата: Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат. Најостро ја осудуваме оваа негова изјава и сметаме дека не само што не ни помагаат, туку дополнително ни ја отежнуваат работата. Агенциите бидејќи немаат никаква финансиска поддршка, оставени сами на себе, се обидуваат и со најмалите расположливи услови да направат каква било продажба. Доколку министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна!, стои во соопштението од туристичкиот сектор. Туристичките работници организираа мирен протест во центарот на Скопје на 29. минатиот месец. Повторно побараа помош и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа тогаш, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-povtorno-najavija-protest-filipche-dopolnitelno-ni-ja-otezna-rabotata-koja-i-onaka-e-rechisi-nepostoechka/feed/ 0
Туристичките работници утре на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-utre-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-utre-na-protest-pred-vladata/#respond Tue, 28 Jul 2020 06:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=382352

Со мирен протест пред Владата утре туристичките работници ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради корона вирусот. Како што соопштија, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин”, улиците „11 Октомври”, „Димитрие Чуповски” и „Васил Главинов”, булеварите „ВМРО” и „Илинден”, до Владата. Протест, нагласуваат, нема никаква политичка позадина, а со оглед дека се одржува во време на пандемија, преземени ќе бидат сите заштитни мерки, носење маски и дистанцирање. – Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат разгледани. Од таа причина, одлучивме масовно да ја изразиме големината на нашиот проблем, преку мирен протест, кој ќе се одржи во среда (29.07.2020) со почеток во 16 часот, информираат организаторите. Планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека цели пет месеци се без никакви примања, без никаква можност за одржување на секторите (туризам и превозници), како и дека доколку државата не помогне, ќе бидеме приморани во наредните денови да стават клуч. -Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5.000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава, дополнуваат организаторите на протестот. Туристичките работиници во два наврата реагираа и укажуваа на големината на проблемот со кој се соочуваат. Освен што побараа поддршка од државата, предложија и конкретни мерки за надминување или барем ублажување на ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-rabotnici-utre-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkite-rabotnici-pred-bankrot-baraat-itna-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkite-rabotnici-pred-bankrot-baraat-itna-pomosh-od-drzavata/#respond Fri, 10 Jul 2020 13:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=373205

Неповратна помош преку Фондот за туризам според остварен промет во 2019 година и субвенционирање на платите од 14.500 денари до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, бараат туристичките агенции од државата. Велат дека се пред банкрот зашто пет месеци не работат. Сите резервации им се откажани и не остваруваат никаков приход. Ако ваквата ситуација продолжи, можно е во август, како што предупредија денеска на прес-конференција, 5.000 семејства  да останат буквално на улица. За превозниците бараат да се преиспита одлуката од Комисијата за здравство и наместо 50 проценти, како што е сега, капацитетот на исполнетост на возилата да се дозволи да биде 70 отсто од седиштата, како и до 2021 година да важи зелениот картон за 2020 кој е веќе платен, но не и искористен. – Апелираме најитно, иако е време на избори, нашите барања да се разгледаат и да се решат позивитно. Во спротивно, на туристичкиот сектор, особено на туристичките агенции и превозниците, им се заканува банкрот. Состојбата е алармантна и исклучително загружувачка ако се земе предвид колку семејства опстануваат и се прехрануваат од оваа дејност, рече извршната директорка на Стопанска комора за туризам на Македонија, Биљана Пејоска Ристеска, апелирајќи налдежните да ја сфатат состојбата најсериозно. Таа објасни дека Комората досега имаше одлична соработка со институциите и голем дел од предложените мерки на секторот беа прифатени. Но, тоа бил краткорочен сет, согласно ситуацијата тогаш. – Сега, со оглед дека состојбата нема и не може да се поправи до крајот на годината, предлагаме втор сет, но долгорочни мерки како дополнување на претходните за кои, пак, бараме пролонгирање. Се работи за вкупно девет мерки од кои две се клучни. Субвенционирањето на платите со 14.500 денари да биде до крајот на годината и со него да бидат опфатени сите агенции, вклучувајќи ги и оние што почнале со работа во јануари, односно оние кои немаат најмалку шест месеци активност. Овие две мерки се егзистенцијални, социјални и ги опфаќаат сите категории вработени, потенцира Пејоска Ристеска. Вториот сет мерки се однесуваат и на туристичките водичи, посебно на оние кои живеат од оваа дејност и немаа друг, дополнителен приход. СКТМ, меѓу другото, бара и пролониграње на кредитирањето за една година, како и целосно ослободување од ДДВ на турстичките агенции во дојдовниот туризам. Комората вчера ги достави мерките до Министерството за економија од каде очекува одговор во најбрз можен рок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/turistichkite-rabotnici-pred-bankrot-baraat-itna-pomosh-od-drzavata/feed/ 0