туристички сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Mar 2023 10:42:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристички сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nedostig-na-rabotnitsi-vo-albanskiot-turistichki-sektor-samo-vo-valona-angazhirani-okolu-600-strantsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nedostig-na-rabotnitsi-vo-albanskiot-turistichki-sektor-samo-vo-valona-angazhirani-okolu-600-strantsi/#respond Fri, 10 Mar 2023 10:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=810386

Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници. - Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи или медиумите, дека оние кои се без работа, ќе ја добијат вистинската информација дека условите за вработување не се како пред две или четири години, туку дека се многу добри. Платите се речиси двојно зголемени, условите за работа станаа поудобни, минимална плата веќе нема, вели Бединај. Менаџерот на една од градските хотелски структури во Валона, Јетмир Шабани, посочува дека имаат постојано вработен персонал, односно во текот на целата година, но во летната сезона приливот на туристи бара зголемување на работната сила. -Отворени сме не само за Валона туку и за цела Албанија да има квалификувани луѓе и да има работна сила. Но, имајќи го предвид иселување на младите, кое во последно време е сè помасовно бараме и странци, изјавил Шабани. Повикувајќи се на Агенцијата за вработување во Валона, весникот наведува дека само во овој приморски град, моментно се вработени 582 странски државјани, од нив 300 се од Италија, 70 од Турција, 30 од Индија, исто толку од Полска и по 20 од Косово и од САД. -Кога станува збор за ангажирање странци, нив претходно ги имавме повеќето од земји, како Бангладеш или Непал, но тие тука доаѓаа привремено за да најдат можност да заминат во некоја од западно европските земји. Поради оваа причина, бизнисите веќе се фокусираа на работната сила од Филипините или од Бали, затоа бараме државата да ги поедностави процедурите за нивен влез и престој, наведуваат од Сојузот на мали и средни бизниси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nedostig-na-rabotnitsi-vo-albanskiot-turistichki-sektor-samo-vo-valona-angazhirani-okolu-600-strantsi/feed/ 0
И туристичкиот сектор бара помош за да ја преживее зимата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-bara-pomosh-za-da-ja-prezivee-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-bara-pomosh-za-da-ja-prezivee-zimata/#respond Fri, 21 Oct 2022 19:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=749245

Поевтина струја и олеснување на давачките за хотелиерите се само едни од мерките за туристичкиот сектор да ја преживее оваа зима. Најнапред пандемијата а сега и енергетската криза ги погоди туристичките центри. Директорот на агенцијата за туризам Јаневски посочи дека за хотелите долж ривиерата од голема помош овој период од годината се семинарите и конференциите. Според добрите познавачи од областа на туризмот приоритетно е да се интервенира во туризмот и угостителството да не дојде до згаснување на секторот. Туристичките водичи пак на став дека потребна е автентичност и разновидност во понудата за продолжување на сезоната.
Инаку според најавите на туристичките работници за Новогодишните и Божиќните празници закупени се поголемиот дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро и тоа претежно од странски и туристи од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-bara-pomosh-za-da-ja-prezivee-zimata/feed/ 0
Угостителите и туристичките агенции денеска излегуваат на протест, остануваат на улица до исполнување на барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=499590

Туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне ќе протестира пред Министерството за финансии се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции. Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква што не е обезбедена до сега. -Со протестот сакаме јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства, истакнаа на вчерашната прес-конференција претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор. -Повеќе од една година чекавме надлежните институции да научат и да отпочнат добро да ја менаџираат корона кризата и да ги разберат нашите барања за поддршка на нашето „преживување”. Наместо тоа, навлегуваме во втора година, во која здравствената криза е полоша во однос на претходната, а полоша е и состојбата во која се наоѓа туристичко-угостителскиот секторот. Се поголем број на претпријатија се затвораат, а вработените остануваат без извор за егзистенција во време на криза и пандемија. Нема време за чекање, поддршка е потребна сега и веднаш за сите, затоа излегуваме на протест на кој ќе останеме се до исполнување на нашите барања. Поддршка ни дадоа сите оние кои на директен или индиректен начин се засегнати со состојбата, оние кои ја сфаќаат безизлезната ситуација во која се наоѓаме, изјави Перица Голомеиќ, од Туристичко-угостителската комора. Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка има и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” и многу други. За спас на угостителските дејности се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти поделени во 3 категории врз основа на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада и кои со месеци немаат никаква помош како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додека не ни дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор, велат од ТУК. Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома” да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-deneska-izleguvaat-na-protest-ostanuvaat-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/feed/ 0
ТУК: На протест бараме спас за сите во секторот, остануваме на улица до исполнување на барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/#respond Mon, 19 Apr 2021 10:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=499244

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква што не е обезбедена до сега. -Поради тоа утре 20.04.2021 година излегуваме на протест, точно на пладне пред Министерството за финансии, онаму од каде се управува со парите во државната каса и од каде најдобро треба да знаат колку помошта ни е потребна. Со протестот сакаме јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства, истакнаа на денешната прес-конференција претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор. -Повеќе од една година чекавме надлежните институции да научат и да отпочнат добро да ја менаџираат корона кризата и да ги разберат нашите барања за поддршка на нашето „преживување”. Наместо тоа, навлегуваме во втора година, во која здравствената криза е полоша во однос на претходната, а полоша е и состојбата во која се наоѓа туристичко-угостителскиот секторот. Се поголем број на претпријатија се затвораат, а вработените остануваат без извор за егзистенција во време на криза и пандемија. Нема време за чекање, поддршка е потребна сега и веднаш за сите, затоа излегуваме на протест на кој ќе останеме се до исполнување на нашите барања. Поддршка ни дадоа сите оние кои на директен или индиректен начин се засегнати со состојбата, оние кои ја сфаќаат безизлезната ситуација во која се наоѓаме, изјави Перица Голомеиќ, од Туристичко-угостителската комора. Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка има и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници" и многу други. За спас на угостителските дејности се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти поделени во 3 категории врз основа на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада и кои со месеци немаат никаква помош како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додека не ни дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома" да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-na-protest-barame-spas-za-site-vo-sektorot-ostanuvame-na-ulica-do-ispolnuvanje-na-baranjata/feed/ 0
Туристичкиот сектор бара исплата на ветените платите од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-bara-isplata-na-vetenite-platite-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-bara-isplata-na-vetenite-platite-od-drzavata/#respond Tue, 16 Mar 2021 14:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=483260

Туристичкиот сектор бара финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите, како и исплата на ветената поддршка за февруарските плати. Според секторот, и по една година падот на прометот во туристичките агенции е 90 проценти, туристичките водичи седат дома, автобусите на превозниците се паркирани, а хотелите зјаат празни. Со затворањето на границите, заострувањето на мерките и немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона. -Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а се уште не поминати на Собрание, веднаш. Помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога ќе биде потребна. Ако не се добие помошта, сите чинители во оваа дејност ќе почнат со работа во други дејности и потоа ќе бидат потребни години за повторно да се врати оваа гранка во живот. Веќе многу туристички работници, водичи, вработени во хотели и во туристички агенции почнуваат да работат на други позиции, а прашање е дали после пет години ќе се вратат со истиот ентузијазам и квалитет во туризмот, се наведува во соопштението од туристичките работници. Како што се додава, дали ќе се затворат туристичките агенции зависи од слухот на државните институции за континуирана помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-bara-isplata-na-vetenite-platite-od-drzavata/feed/ 0
Туристичкиот сектор и по една година во иста ситуација – бараат исплата на плати ветени за месец февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-i-po-edna-godina-vo-ista-situacija-baraat-isplata-na-plati-veteni-za-mesec-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-i-po-edna-godina-vo-ista-situacija-baraat-isplata-na-plati-veteni-za-mesec-fevruari/#respond Tue, 16 Mar 2021 13:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=483216

Туристичкиот сектор и по една година е во истата ситуација Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а сеуште не поминати на Собрание, веднаш. Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите. Каков е ставот на институциите, дали ќе има континуитет во финансиската помош или ќе остават полека да почне да згаснува оваа дејност?! И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош?! Со затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона. Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а сеуште не поминати на собрание, веднаш. Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите. Доколку истата не се добие сите чинители во оваа дејност ќе започнат со работа во други дејности и потоа ќе бидат потребни години за повторно да се врати оваа гранка во живот. Веќе многу туристички работници, водичи, вработени во хотели и во туристички агенции почнуваат да работат на други позиции, а прашање е дали после 5 години ќе се вратат со истиот ентузијазам и квалитет во туризмот?! Дали ќе се дозволи да се затворат туристички агенции?! Сето ова зависи дали државните институции ќе имаат слух за неопходната континуирана помош во оваа дејност. Сектор за туризам ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkiot-sektor-i-po-edna-godina-vo-ista-situacija-baraat-isplata-na-plati-veteni-za-mesec-fevruari/feed/ 0
Туристичките агенции соочени со бројни предизвици, бараат континуирана финансиска поддршка за опстанок на секторот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-agencii-soocheni-so-brojni-predizvici-baraat-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-opstanok-na-sektorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-agencii-soocheni-so-brojni-predizvici-baraat-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-opstanok-na-sektorot/#respond Thu, 04 Feb 2021 10:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=464067

Лиценцираните туристички агенции и водичи се со крајно лимитирана деловна активност и се соочуваат со бројни предизвици и голема неизвесност. Туристичко-угостителската комора на Македонија апелира за континуитет на економските мерки кои дадоа резултати за да се спречи загуба на работните места, и истите да се овозможи да се дел од петтиот пакет мерки за економски спас. Туристичките агенции апелираат да се продолжи со мерките за поддршка на секторот и да нема застој во исплата на финансиската поддршка за плати, бидејќи тоа ќе има големо влијание врз задржувањето на работните места и опстанокот на оваа дејност во која се вработени над 3.000 луѓе во околу 500 регистрирани правни субјекти. -Туристичкиот сектор во услови на бројни бариери за транзит низ границите предизвикано од кризата се уште се наоѓа во исклучително тешка состојба поради што апелираме да се продолжат мерките за поддршка. За опстанок на секторот неопходен е континуитет, односно да нема застој во обезбедување на финансиска поддршка за исплата на плати. Овој сектор се соочува со ограничувања, но веруваме дека со соодветна и навремена финансиска помош од државата, проактивен однос на туристичките оператори и строго почитување на протоколите може да се надминат состојбите и да се зачува деловната активност и вработувањата додека да се подобрат состојбите, изјави Ана Марија Алексова, која посочи дека и за превозниците е од исклучителна важност да има промена на протоколите, односно да се дозволи зголемување на процентот на дозволена исполнетост на капацитет на автобусите. „Бараме ограничувањето од 50 отсто на дозволената пополнетост на капацитетот на автобусите во меѓународниот и регионалниот превоз да биде зголемено на 75 отсто, со почитување на дополнителните протоколи за заштита првенствено носење маски. За организирање на превозот во вакви услови е на работ на рентабилноста, додека за споредба во воздушниот превоз е дозволено капацитетот да биде целосно исполнет“, истакнува Алексова. Поради намалениот број на туристи и немањето на туристички аранжмани во исклучително неповолна состoјба се наoѓаат и туристичките водичи и придружници. "На раб на егзистенција сме бидејќи немаме никаква работа ниту приходи скоро цела година, поради што бараме и со петтиот пакет на мерки да продолжи континуитетот на поддршката што ја добивме во форма на неповратна финансиска помош“, изјави Елвир Садиковиќ. Според последните податоци на Заводот за статистика бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 %. Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %. Туризмот е значајна гранка во националната економија и претставува голем потенцијал за поттикнување на нејзиниот раст, но се покажа за исклучително чувствителен на надворешни влијанија како што е актуелниот случај на кризата предизвикана од глобалната пандемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-agencii-soocheni-so-brojni-predizvici-baraat-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-opstanok-na-sektorot/feed/ 0
И туристичкиот сектор на респиратор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-na-respirator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-na-respirator/#respond Sat, 24 Oct 2020 11:36:36 +0000 https://kurir.mk/?p=420126

Корона кризата целосно го парализира работењето на туристичкиот сектор во Македонија, кој во изминативе години доживеа значителен подем. И по завршувањето на летната сезона, која требаше барем малку да ја заживее оваа гранка, сепак туроператорите се плашат дека ќе се соочат со колапс. Ваучерите за летување кои во првите месеци од кризата ги додели државата, не помогнаа да се ублажи ударот врз туризмот. И покрај мерките во четвртиот пакет на Владата туристичките компании не можат да обезбедат ликвидност и да преживеат. Имаат нови барања за справување со кризата. Бараат бесплатни ПЦР-тестови за корона, со превод на англиски јазик за сите странски државјани. - Потребни се бесплатни ПЦР-тестови за корона, со превод на англиски јазик, за сите странски државјани, со туристички престој во категоризирани хотели на територијата на нашата држава, кои ќе им бидат потребни при влез назад во матичната држава‘‘ вели Даниела Михајловска Василевска, самостојна советничка во Стопанската комора на Македонија. И покрај најавата на Владата дека на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто-плата во висина од 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра, како и тоа дека ќе има поврат на туристичката такса за 4.740 субјекти што организирале ноќевања во 2019 година, со што ќе бидат вратени вкупно два милиони евра, сепак туристичкиот сектор вели тоа не е доволно. - Доколку продолжи индиферентноста на државата, може да се случи закана од губење десетици илјади директни работни места во туризам и транспортот, губење можности за ранливите популации и заедници, кои имаат најголема корист од туризмот и реален ризик од губење на виталните ресурси за заштита на природното и културното наследство низ целиот свет‘‘ вели Дончо Нацев, сопственик на една од туристичките агенции Како што објаснува тој, туризмот треба да напредува, а тоа значи дека ограничувањата за патување мора да бидат ублажени или укинати навремено и одговорно. Според светските податоци и големите консултантски агенции, пораст на приходите во туризмот може да се очекува дури во 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-turistichkiot-sektor-na-respirator/feed/ 0