туристички водичи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Mar 2021 11:36:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристички водичи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милошоски на средба со охридските туристички работници, угостители и туристички водичи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/#respond Sat, 06 Mar 2021 11:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=478129

Охрид, средба со туристички работници, угостители и туристички водичи, објави на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Покрај Милошоски на средбата присуствуваа и пратениците Рашела Мизрахи и Кирил Пецаков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-sredba-so-ohridskite-turistichki-rabotnici-ugostiteli-i-turistichki-vodichi/feed/ 0
Туристичките водичи бараат поддршка од државата и протоколи за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-i-protokoli-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-i-protokoli-za-rabota/#respond Fri, 26 Jun 2020 09:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=363285

Неодложно изнаоѓање начин за финансиска поддршка посебно на оние што не остваруваат дополнителна дејност, зацврстување на институционалниот дијалог и изготвување протоколи за работа, бара Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) при Сојузот на стопански комори. Потпретседателот на МАТВП, Елвир Садиковиќ денеска на прес-конференција рече дека веќе четврти месец секторот трпи големи финансиски загуби поради откажаните аранжмани, а нема никаква помош од државата иако уредно ги плаќа даноците. – Финансиската поддршка во моментот е неопходна за туристичките водичи на кои ова им е основна дејност и немаат приходи по било која друга основа. За таа цел нашите апели се да бидеме вклучени во економските мерки, за амортизирање на штетите и опстанок на луѓето кои се занимаваат со оваа дејност која е од особен интерес за државата, истакна Садиковиќ. Тој потсети дека Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници веќе има доставено допис до надлежните институции со предлог-мерки за ублажување на последиците во дејноста. – Она што е од особена важност во овој период е изготвување протоколи за работа на туристичките водичи, за што сме подготвени максимално да го дадеме својот придонес за нивна успешна реализација. Веруваме дека институциите ќе ги разгледаат нашите предлози како институционален партнер кој веќе има разработено мерки кои треба да овозможт поддршка на краток рок согласно моменталните услови во кои се наоѓаме поради здравствено-економскaта криза, но и долгорочно со нивната имплементација може да се стави ред во дејноста и да се елиминира нелојалната конкуренција која предизвикува штети и врз буџетот на државата, напомена Садиковиќ. Според него, секторот обединува околу 1.000 туристички водичи, кои од март не остваруваат приходи, како резултат на состoјбата со КОВИД-19. -Секторите во економијата што беа затворени со уредба иако тешко, сепак, почнуваат да се отвораат, но состојбата на туристичките водичи е уште пoкомплицирана зашто не се знае кога може да ги очекуваме првите странски туристи за кои би биле ангажирани. Истото важи и за појдовниот туризам. Согласно комуникацијата на МАТВП со организациите од регионот и пошироко, состојбата во Србија е слична како кај нас, за разлика од БиХ, Турција и останатите земји каде владите имаат одвоено средства за туристичките водичи и помош на нашата дејност да ја надмине кризата, истакна потпретседателот на Асоцијацијата. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-i-protokoli-za-rabota/feed/ 0
Туристичките водичи бараат поддршка од државата за да ја надминат кризата предизвикана од Ковид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-za-da-ja-nadminat-krizata-predizvikana-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-za-da-ja-nadminat-krizata-predizvikana-od-kovid/#respond Thu, 18 Jun 2020 09:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=359390

Туристичките водичи бараат поддршка од државата за да ги надминат финансиските загуби кои ги трпат поради пандемијата со КОВИД-19. Тие денеска информираа дека не се вклучени во ниту еден од пакетите што ги дава државата за надминување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата. – Во моментот како резултат на пандемијата, туристичките водичи трпат големи финансиски загуби заради откажаните аранжмани и немаат никаква поддршка, а уредно ги плаќаат сите давачки кон државата. И покрај сите уредно доставени писмени барања до Владата и до Министерството за економија, досега немаме никаков одговор. Ова е професија од посебен интерес за државата и бараме од Владата и Министерството за економија да не ги игнорираат нашите барања бидејќи сме во незавидна, тешка положба. Бараме изнаоѓање на неодложни начини за финансиска поддршка на нашата професија, истакна на прес-конференција претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков. Очекувањата на асоцијацијата се дека кон крајот на годината евентуално би можела да се подобри ситуацијата во овој сектор со доаѓањето на странските туристи. – Сите мерки на владата што се преземаат по повод пандеијата многу често и нас не изненадуваат и не е баш розева иднината. Од контактите со нашите соработници ни влева малку надеж дека кон крајот на годинава евентуално ќе спласне целата ситуација и дека странците, од кои најмногу живееме, ќе почнат да ја посетуваат нашата земја, рече Кавраков. Според претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори Владимир Граматиков, состојбата во туризмот е загрижувачка и овој сектор го чека тежок период. Она што туристичкиот сектор очекува да биде направено во следниот период е активна меѓународна промоција на земјата како безбедна туристичка дестинација, адаптирање на моделот на субвенционирање кон новонастанатите потреби на пазарот и поддршка на авиосообраќајот како главен двигател на туризмот. – Светот постепено се враќа кон туризмот. Шпанија и Италија кои беа најпогодени, веќе ги отвораат границите и ги примаат првите туристи, но и на светско ниво гледаме дека сите големи светски дестинации масивно работат на промоција на своите држави како безбедни туристички дестанции. Конкуренцијата на светскиот пазар е огромна. Светски познатите дестинации вложуваат огромни напори и големи суми на субвенции за да ги привлечат туристите. Свесни сме дека оваа година многу помалку ќе се патува поради економската ослабеност и поради стравот од КОВИД и на нас останува дали нешто ќе преземеме и ќе фатиме чекор со останатите земји, нагласи Граматиков. Инаку, денеска Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници потпиша меморандум за соработка со кој пристапи кон Сојузот на стопански комори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichkite-vodichi-baraat-poddrshka-od-drzavata-za-da-ja-nadminat-krizata-predizvikana-od-kovid/feed/ 0
Македонската асоцијација на туристички водичи пристапува кон ССК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-asocijacija-na-turistichki-vodichi-pristapuva-kon-ssk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-asocijacija-na-turistichki-vodichi-pristapuva-kon-ssk/#respond Thu, 18 Jun 2020 05:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=359263

Сојузот на стопански комори (ССК) и Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) денеска ќе потпишат договор со кој МАТВП ќе пристапи кон ССК. Договорот ќе го потпишат претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Владимир Граматиков и претседателот на МАТВП, Димитар Кавраков. На прес-конференцијата, по потпишувањето, ќе бидат изнесени и предлозите до надлежните институции за поддршка на туристичките водичи. -Туристичките водичи и придружници веќе три месец не ја остваруваат својата дејност, а не се опфатени во пакетот економски мерки за поддршка на стопанството. За таа цел ќе бидат изнесени предлозите кои се официјално доставени и до надлежните институции за нивна поддршка на краток рок согласно моменталните услови во кои се наоѓаат како резултат на здравствено-економскaта криза, наведува ССК. Според Сојузот, решавање на бројните предизвици во оваа дејност на долг рок, преку зајакнување на дијалогот со релевантните институции ќе придонесе за воспоставување ред во оваа значајна дејност за државата, како и елиминирање на нелојалната конкуренција која прави штети и врз националниот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-asocijacija-na-turistichki-vodichi-pristapuva-kon-ssk/feed/ 0