Туристичко угостителска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Mar 2022 16:38:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Туристичко угостителска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/#respond Fri, 11 Mar 2022 16:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=645619

Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот. Во своето излагање пред присутните на Собранието Керим потенцираше дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор. „Ќе го вратиме сјајот на туристичко-угостителскиот сектор и ќе го презентираме туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми. Во партнерски однос со институциите ќе се залагаме сите членови на ТУК да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора во наредниот период ќе ја реорганизираме во пет посебни сектори кои ќе функционираат во рамки на Комората, угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот“, истакна Керим. Согласно поделбата од секој сектор ќе биде избран и по еден потпретседател на Туристичко-угостителската комора, со цел сите деловни субјекти од различни дејноста да имаат рамноправен пристап во одлучувањето. Керим најави и воспоставување на регионални претставници во повеќе градови од државата Скопје, Битола, Куманово, Крушево и Дојран, со што со активностите подеднакво ќе бидат реализирани во сите региони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/feed/ 0
Туристичко угостителска комора бара измена на новите мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/#respond Fri, 20 Aug 2021 10:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=552961

Туристичко угостителска комора на Македонија ставајќи акцент за заштита на здравјето како приоритет, од почетокот на здравствено-економската криза активно дава придонес со доставување на мерките кои се ефикасни и спроведливо со цел намалување на трансмисијата на болеста, а истовремено кои имаат најмали негативни економски последици. Во таа насока ја истакнуваме потребата да се направат измени на најновата Одлуката за превентивни препораки и мерки која стапи на сила пред два дена. -Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид на угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан COVID19 во последните 45 дена. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен PCR тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК. Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Сметаме дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста. -Исто така укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат до последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање на документи за, лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот а не од објектот, истакна Ангеловски. Ана Марија Алексова, член на ТУК презентираше дополнителни барањата кои се однесуваат на секторот туризам. -Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување на сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност 7 дневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест. Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да се земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен PCR тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека, истакна Алексова. Таа потенцира неопходно е да се земе во превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка. „Истакнуваме и дека туристичката сезона се уште трае и треба да се креираат мерки кои се создадат услови за таа да може да се заврши и да се реализираат аранжманите кои беа одложени од минатата година на безбеден и сигурен начин. Со измените кои ги бараме и кои се веќе доставени до Владата сметаме дека ќе се постигне подобра заштита на колективното здравје, како и намалување на штетните економски последици“, истакна Алексова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-bara-izmena-na-novite-merki/feed/ 0
Угостителите и туристичките агенции утре излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-utre-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-utre-izleguvaat-na-protest/#respond Mon, 19 Apr 2021 05:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=499007

Туристичко-угостителскиот сектор утре ќе протестира пред Владата се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции. – Секторот се наоѓа во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат економски мерки за финансиска поддршка, ќе се соочи со целосно уништување, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори. Нивни претставници денеска на прес-конференција ќе ги презентираат деталите за утрешниот протест. Кон протестот, како што најавија, ќе се приклучат и туристичките агенции кои, како што соопштија, имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-i-turistichkite-agencii-utre-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани: Туристичко-угостителската комора бара итна финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-osnovni-prihodi-kje-ostanat-okolu-30-iljadi-gragjani-turistichko-ugostitelskata-komora-bara-itna-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-osnovni-prihodi-kje-ostanat-okolu-30-iljadi-gragjani-turistichko-ugostitelskata-komora-bara-itna-finansiska-pomosh/#respond Mon, 05 Apr 2021 15:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=492709

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор. – Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора. Од Комората посочуваат дека овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и оти граѓаните кои работат во овој сектор тонат во долгови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-osnovni-prihodi-kje-ostanat-okolu-30-iljadi-gragjani-turistichko-ugostitelskata-komora-bara-itna-finansiska-pomosh/feed/ 0
Туристичко-угостителска комора: Новите рестриктивни мерки за угостителските објекти се селективни и непрецизни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-novite-restriktivni-merki-za-ugostitelskite-objekti-se-selektivni-i-neprecizni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-novite-restriktivni-merki-za-ugostitelskite-objekti-se-selektivni-i-neprecizni/#respond Tue, 15 Dec 2020 16:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=443635

Туристичко-угостителската комора на Македонија соопшти дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се непрецизни и селективни поради што се доведува во прашање ефектот кој се планира да го постигнат. Од Туристичко-угостителската комора посочуваат дека досега ги поддржувале сите здравствени мерки кои придонесуваат за намалување на последиците од пандемијата и активно го промовирала почитувањето на протоколите за работа, но сега сметаат дека единствен ефект од новите решенија ќе биде драматично влошување на состојбата на угостителскиот сектор. – Повеќе пати досега беше изнесено барање Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да презентираат епидемиолошки анализи кои ќе покажат дека угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности. Досега не се презентирани такви податоци, поради што мора да заклучиме дека угостителството е избрано за рестрикции како пример за пред јавноста, поради немањето желба или можност власта да се справи со други жаришта. Највидлив пример за несоодветното однесување на надлежните институции е нереагирањето на прославите кои беа организирани во партиски штабови надвор од сите протоколи, без дистанца и со блех музика, истакнуваат од Туристичко-угостителската комора. Според комората, мерките се непрецизни, бидејќи не е јасно на кои угостителски објекти се однесува. – Да потсетиме дека кога претходно имаше рестрикции Државниот пазарен инспекторат толкуваше дека тие ги вклучуваат и хотелите. Исто така саканиот ефект, сузбивање на епидемијата, нема да се постигне и доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно. Во такви улови луѓето само ќе се префрлат од угостителските во другите објекти кои работат. Исто така нејасно е и каков ефект ќе даде ограничување на работењето на угостителските објекти во земјава, ако не се забрани патување во странство. Неопходно е воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки да биде паралелно проследено со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот, додаваат од Туристичко-угостителската комора. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelska-komora-novite-restriktivni-merki-za-ugostitelskite-objekti-se-selektivni-i-neprecizni/feed/ 0
ТУК: За дел од угостителите уште нема протоколи, Комисијата итно да ги донесе за да се превенира хаос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-za-del-od-ugostitelite-ushte-nema-protokoli-komisijata-itno-da-gi-donese-za-da-se-prevenira-haos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-za-del-od-ugostitelite-ushte-nema-protokoli-komisijata-itno-da-gi-donese-za-da-se-prevenira-haos/#respond Thu, 30 Jul 2020 08:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=383518

Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, денес одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно, ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Континуирано на состаноците на ТУК со Комисијата за заразни болести, се укажува дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат, поради неизготвување на протоколи, со што се става под знак прашање егзистенцијата на нивните вработени. -Туристичко угостителската комора уште на почеток на месец јули, изготви предлог протоколи за работа според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, се уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно како и досега ќе се соочуваме со приватно во сопствена режија организирање на прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи. Очекуваме Комисијата за заразни болести да донесе препораки за отворање, затоа што состојбите поради недостатокот на протоколи може да излезе вон контрола. Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно согласно природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора и додаде дека доколку наскоро не се започне со работа овие субјекти нема да издржат да опстојат на пазарот. Претпријатијата од оваа дејност се адаптираа на новите услови, сите тие се придржуваат на новиот начин на работа, неопходен во услови на моменталната состојба. Во исто време и доколку како и во останатите дејности се донесат протоколи за заштита од ширење на пандемијата, истите ќе се почитуваат во целост и ќе се превенира неконтролирано организирање прослави во домашни услови и приватна режија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tuk-za-del-od-ugostitelite-ushte-nema-protokoli-komisijata-itno-da-gi-donese-za-da-se-prevenira-haos/feed/ 0