туристка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 09:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туристка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРАГЕДИЈА НА КРИТ: Туристка го загуби животот откако паднала карпа врз хотелската соба каде што таа престојувала https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-krit-turistka-go-zagubi-zivotot-otkako-padnala-karpa-vrz-hotelskata-soba-kade-shto-taa-prestojuvala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-krit-turistka-go-zagubi-zivotot-otkako-padnala-karpa-vrz-hotelskata-soba-kade-shto-taa-prestojuvala/#respond Sun, 30 Oct 2022 13:22:50 +0000 https://kurir.mk/?p=752691

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот. Животот го загуби 45-годишната жената, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во спасувачката акција учествувале 50 пожарникари со 20 возила, спасувачки екипи волонтери и претставници од општините и било извлечено безживотното тело на жената. Акцијата за пронаоѓање траела над четири часа, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни. Според командантот на противпожарната служба на Крит, Јоргос Цикалакис, на полноќ добиле повик за пад на карпата врз хотел по што веднаш почнала акцијата. -Успеавме да извлечеме повредено, но во добра состојба 10-годишно момче заедно со неговиот татко, а нашите сили се концентрираа во потрагата по исчезнатата сопруга на спасениот, чие безживотно тело беше пронајдено, рече Цикалакис за грчките медиуми. Хотелот со соби за изнајмување е сместен на падините на планина и во близина на плажата. Претседателот на здружението на хотелиери од Јерапетра за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека „се шокирани од трагичниот настан што никој не можеше да го предвиди“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-na-krit-turistka-go-zagubi-zivotot-otkako-padnala-karpa-vrz-hotelskata-soba-kade-shto-taa-prestojuvala/feed/ 0
Гола туристка се фотографираше пред катедрала и ги налути Италијанците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/#respond Fri, 21 Oct 2022 12:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=749054

Туристка се фотографираше гола пред катедрала во Амалфи, Италија и предизвика бурни реакции меѓу локалните жители. Настанот е снимен и објавен на Facebook, а на снимањето присуствувале три лица кои ќе одговараат за „непристојно дело“, пишува CNN. Од снимката се гледа непознато женско лице, замотано само со црвена лента, како позира пред влезот на катедрала изградена во 1067 година. Писателката и историчарка Лаура Тајер, која пишува на блогот Ciao Amalfi, тврди дека сцената ги навредила локалните жители. „Шокантно е што тоа се случи пред црква. Дуомо е место за богослужба и место кое жителите многу го почитуваат. Таа катедрала и влезот во неа имаат посебно место во спомените на локалните жители. Оваа врата се отвора за процесии, венчавки, за погреби, за моменти кои се дел од животот“, вели таа. Катедралата е посветена на светиот Апостол Андреј, а неговите реликвии наводно се чуваат овде од 1206 година.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/feed/ 0
Туристка убиена во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistka-ubiena-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistka-ubiena-vo-hrvatska/#respond Thu, 18 Aug 2022 12:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=720514

Страшно злосторство се случи денеска во раните утрински часови кај Умаг, Хрватска, пренесува „Јутарњи лист“. Истарската полиција околу 4.55 часот добила пријава од Брзата помош дека интервенирале во стан во Закиње каде пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија. И покрај интензивните напори на лекарите, несреќната жена по еден час починала бидејќи повредите кои ги имала биле страшни, пренесува хрватскиот весник. -Полициски службеници на местото на инцидентот вршат увид и ги утврдуваат сите околности, велат од истарската полиција за медиумите. Според неофицијални информации на весникот од местото на настанот, наводно се работи за кривично дело во стан во кој престојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател, а претходните денови гласно се расправале. Наводно жената со сопругот во последните десет години редовно доаѓала на истото место на летување и се спријателила со сопствениците на куќата. Неодамна дошла со десет години помлад пријател, исто така Италијанец, да му го покаже станот за да може и тој да си резервира сместување за следната година. -Под стрес сум и шокирана. Заспав и негде околу 2:30 часот ме разбуди бучава од станот горе. Таа викаше, но не разбрав што точно зборува бидејќи само што се разбудив. Полека тргнав по скалите бидејќи сум болна, а потоа слушнав страшни удари и кршење на стакло. Ја видов вратата скрешна, стакло насекаде, Брзата помош дојде брзо. Му се јавив на нејзиниот сопруг брзо да дојде бидејќи се случи голема трагедија. Тој беше запрепастен. И замислете, може да дојде дури за три дена, како што планираше и претходно, бидејќи, како што ми кажа, во Украина е на работа, изјавила кратко за „Јутарњи“ една од сопственичките на куќата. Од ПУ на Истра велат дека уапсиле 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со оваа трагедија и дека во моментов е под кривична истрага. Сè уште се утврдува што било пресудно кавгата да прерасне во кривично дело за кое му се заканува повеќегодишна затворска казна. Исто така, се уште не е познато дали осомничениот во моментот на делото бил под дејство на алкохол или дрога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistka-ubiena-vo-hrvatska/feed/ 0
Хорор на одмор во Грција: Жена пронајдена мртва на плажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-na-odmor-vo-grcija-zena-pronajdena-mrtva-na-plaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-na-odmor-vo-grcija-zena-pronajdena-mrtva-na-plaza/#respond Tue, 01 Sep 2020 08:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=397596

Британска туристка е пронајдена мртва откако ја удрил глисер на Крф. Телото е пронајдено од крајбрежната полиција на плажата Авлаки. Отворена е истрага за тоа како дошло до несреќата и за пронаоѓање на тој што го управувал пловилото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-na-odmor-vo-grcija-zena-pronajdena-mrtva-na-plaza/feed/ 0