туризам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 13:48:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png туризам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Системското поставување во туризмот со години не функционира, потребна е итна реорганизација, има акциски план, сето тоа само треба да се спроведе“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sistemskoto-postavuvane-vo-turizmot-so-godini-ne-funktsionira-potrebna-e-itna-reorganizatsija-ima-aktsiski-plan-seto-toa-samo-treba-da-se-sprovede/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sistemskoto-postavuvane-vo-turizmot-so-godini-ne-funktsionira-potrebna-e-itna-reorganizatsija-ima-aktsiski-plan-seto-toa-samo-treba-da-se-sprovede/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=882325

„Денес е 27-ми септември, Светски ден на туризам. И токму овој ден го одбравме за да продискутираме за состојбите и за предизвиците на македонскиот туризам. Кога ќе кажеме Македонија, прва асоцијација се македонските убавини, реките, планините, езерата, сонцето. И на кој се надоврзува фактот дека станува збор за библиска земја, гостопримлив народ, извонредна храна и сите предиспозиции за една земја да може се нарече атрактивна туристичка дестинација. Но, за тоа колку Македонија е позната во светот, какви кадри вадиме во туристичка индустрија, како ја промовираме Македонија, колку државата се залага за туристичкиот развој, со кои проблеми се соочува македонскиот туризам и кои се решенијата ќе проговориме со денешните дискутанти на оваа трибина“, порача Слободан Блажевски, претседател на Централна комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Состојби и предизвици на македонскиот туризам“. Тој посочи дека како претседател на Централна комисија за туризам смета дека се ова што ќе се каже ќе влезе во програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот туризам и ќе се оствари. Нема туризам доколку нема промоција, изјави на трибината Влатко Сулев, претседател на Туристички агенции за дојдовен туризам, кој истакна дека за туризмот мора да се има план за 5 или 10 години и секоја година да се посвети на некаков пазар, за да може заеднички во рамки на можностите да се активираме, инаку ќе нема резултати. „Резултатите кои се сега се плод на макотрпна работа и вложувањата на приватниот туристички сектор. Самиот сектор вложува многу повеќе во промоција отколку што вложува државата и тоа мора да се промени. Системското поставување во туризмот со години не функционира, потребна е итна реорганизација, има акциски план, сето тоа само треба да се спроведе. Ни треба национална туристичка агенција каде приватниот сектор ќе има директен импакт. Не може да има институција за промоција на туризам а да нема комуникација. Не можеме да влијаеме на тоа што директно не засега“, рече тој. Сулев додаде дека ако сакаме да се профилираме како туристичка дестинација, бидејќи туризмот е гранка која создава претприемачи, треба да се поддржи преку промоција од страна на државата но потребна е поддршка и на другите алки поврзани со туризмот. Денес Димитар Кавраков, претседател на Македонска асоцијација на водичи и придружници истакна дека институциите остануваат глуви на нивните барања и прашања со што им ја отежнуваат работата и на нелојалната конкуренција е која што исто така претставува проблем за туризмот во Македонија. „Да го честитам денот на туристичките работници, ние сметаме дека на некој начин сме амбасадори на туризмот, бидејќи на туристите им ја презентираме Македонија. Ние како водичи кои што ја презентираме Македонија имаме проблем со недостатоци кои што не зависат од нас туку зависат од системот. Првиот недостаток е што 80 % од своето време го трошиме на оправдување за ѓубрето, лоша инфраструктура, автопатот Скопје -Охрид, тука немаме помош од властите“ нагласи Кавраков. Кавраков истакна дека институциите остануваат глуви на нивните барања и прашања со што им ја отежнуваат работата. „Пример за кои што институциите не ни излегуваат во пресрет е пред се дека немаме никаква помош финансиска, исто така за жал сега легитимациите се купуваат и добиваме кадар каде што се мешаат Галичник и Галичица, имаме проблем со кучињата скитници, со осветлување на местата, фалат плочите на спомениците, инфраструктурата во старата Скопска чаршија е многу лоша, градби кои што не се заштитени“, истакна Кавраков. Кавраков се осврна и на нелојалната конкуренција која што е проблем во туризмот пред се на странските водичи кои што објаснуваат за Македонија а никој тоа не го контролира. Пратеничката во македонскиот Парламент, Лидија Петкоска истакна дека грижата на власта за туризмот најмногу се гледа преку износот на буџетските средства кои што се издвојуваат за туризмот, преку стратегиите, политиките и визијата туристичкиот развој, додека пак грижата на законодавниот дом се гледа во уреденоста на законската материја. „Ако тргнеме од овие параметри, односно ако ги земеме во предвид буџетските трошки кои што се издвојуваат за развој на туризмот, ако го земеме предвид фактот дека, буквално, сите стратегии се само на ниво на најава и убава желба, отсуството на визија надополнето со неуреденоста на законската материја, ќе дојдеме до заклучокот дека, за жал, од 2017 година до денес имаме власт која ниту сака, ниту знае ниту може да ја препознае важноста на туризмот за вкупниот развој на македонската економија. Агенцијата за промоција на туризмот располага со буџет од 1,4 милиони евра средства кои што, ако се земе во предвид фактот дека Република Македонија е сеуште неистражена туристичка дестинација, се навистина премалку за Македонија да биде солидно промовирана во светот и да се најде на светската туристичка мапа како атрактивна туристичка дестинација“, рече Петкоска. Таа посочи дека не секогаш е се до парите, односно со домаќинско работење може да се остварат големи резултати дири и без големи расходи од државната каса, додавајќи дека ако смислиме мерки за стимулирање и развој на постоечката понуда, ако понудиме содржини кои ќе ги задржат туристите подолго во Македонија нема да заостануваме во развојот и во понудата на нашите конкуренти. На панел дискусијата свое излагање имаше и ректорот на Универзитет Скопје, Аце Миленковски, кој истакна дека во туризмот е потребна итна реорганизација и за да се постигнат конкретни резултати. -Ширум целата наша татковина ќе наидете на, ќе бидам брутален да кажам, хотел промаја. Ниту еден објект не е ограден, не е заграден, не е означен, нема продавница за сокови, за сладолед, нема туристички водич, нема тоалети. Ако идете на Кокино, таму немате кој ви е домаќин да ве пречека, некој да ве води низ карпите и ако ви се пие вода да не ја носите со вас меѓу двата прста, во задниот џеб или во ранецот. Треба комплетна реорганизација на општествените услови на живеење и на работење во нашата татковина не само во туристичкиот бизнис, во туристичката индустрија, туку комплетно. За да го стигнеме тоа што го бараме, истакна Миленковски. Тој исто така додаде и дека доказ за тоа што работите одат во надолна линија е тоа што 33 години не може да го надмине рекордот на пристигнати туристи во Македонија од 88-89-тата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sistemskoto-postavuvane-vo-turizmot-so-godini-ne-funktsionira-potrebna-e-itna-reorganizatsija-ima-aktsiski-plan-seto-toa-samo-treba-da-se-sprovede/feed/ 0
Статистика: Албанија трета во светот по раст на туризмот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/statistika-albanija-treta-vo-svetot-po-rast-na-turizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/statistika-albanija-treta-vo-svetot-po-rast-na-turizmot/#respond Fri, 18 Aug 2023 15:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=868501

Светската туристичка организација ја рангираше Албанија на третото место по раст на туризмот, по Катар и Саудиска Арабија. Албанскиот премиер Еди Рама ги објави најновите статистички податоци на СТО, кои се однесуваат на периодот јуни 2022-јуни 2023 година. „Еве ја и компаративната табела од јуни минатата до јуни оваа година, штотуку објавена од Светската туристичка организација, каде Албанија е на третото место по раст во туризмот, по Катар и Саудиска Арабија, но без Светско првенство“, напиша Рама на Фејсбук. Бројот на туристи  во јуни е поголем за 76,4 отсто во однос на јуни минатата година, додека периодот јуни 2022 јуни 2023 година нивниот број  е зголемен за 49,7 отсто. Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони туристи, годинава се очекува бројка од 10 милиони.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/statistika-albanija-treta-vo-svetot-po-rast-na-turizmot/feed/ 0
Во јуни во земјава имало 110.319 туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-juni-vo-zemjava-imalo-110-319-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-juni-vo-zemjava-imalo-110-319-turisti/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=865858

Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевањата при што 30,6 отсто од ноќевањата ги направиле домашните, а 69,4 отсто странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 32,9 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-juni-vo-zemjava-imalo-110-319-turisti/feed/ 0
Скопје домаќин на Европско одбојкарско првенство, се очекуваат до 20.000 ноќевања од странски туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/#respond Fri, 21 Jul 2023 11:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=858731

Дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи го очекуваат Скопје кој е еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, се очекува зголемен број навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји. -Скопје очекува значително зголемен број туристи за Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и септември, очекуваме дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од дестинации - навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора и други земји, истакна Јаневски на средба со новинарите. Според него, се покажува дека спортскиот туризам, како и авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур оператори на светско ниво, даваат резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/feed/ 0
Централна комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот туризам од ЌЕ ТУРИЗАМ се претвори во ОЧЕКУВАМЕ ТУРИЗАМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralna-komisija-za-turizam-na-vmro-dpmne-makedonskiot-turizam-od-ke-turizam-se-pretvori-vo-ochekuvame-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralna-komisija-za-turizam-na-vmro-dpmne-makedonskiot-turizam-od-ke-turizam-se-pretvori-vo-ochekuvame-turizam/#respond Sun, 26 Mar 2023 15:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=816575

Секој што ја читал драмата Чекајќи го Годо знае на што точно мислам. Годо (во случајов - туристите) нема сам да дојде колку и да го чекаш, треба да му создадеш услови, да го осмислиш, да работиш, да го врендираш, промовираш...па дури тогаш - ќе дојде! За жал, од вчерашната изјава на самопрогласениот директор Љупчо Јаневски сфаќаме дека македонскиот туризам од ЌЕ ТУРИЗАМ, се претвори во ОЧЕКУВАМЕ ТУРИЗАМ, стои во објавата на Централна комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ. Па да го потсетиме Јаневски што сè очекуваме откако е дојден на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот: - Ја очекуваме стратегијата за туризам; - Ја очекуваме квалитетната инфраструктура; - Ја очекуваме промената на моделот за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет; - Ја очекуваме измената на Законот за туристичка дејност; - Ја очекуваме измената на Законот за угостителска дејност; - Ја очекуваме дигитализацијата во туризмот; - Ја очекуваме туристичката инспекција; - Ја очекуваме туристичката полиција... И...додека македонскиот туризам очекува, ни заминува и последниот келнер, кувар, рецепцинер... Единствено нешто што не недостасува во приказната македонски туризам е посетата на саемите од страна на саемскиот, самопрогласен директор (новинар) Љупчо Јаневски, кој сето ова го говори петта година со ред. Само за споредба, додека саемскиот директор се фали со остварени над 2,8 милиони ноќевања, Србија остварила 12,2 милиони ноќевања! И бидејќи нашиот не знае, да му кажеме како Србија го постигна тоа. Прво, Србија беше една од првите земји кои се отворија за странските гости во текот на пандемијата, додека нашата Македонија беше затворена за странски гости, бидејќи Македонија на чело со вака неспосеобен кадар не може да се приспособи шест години, а камоли така одненадеж! Штета што Корона вирусот не ни се најави бар 10 години унапред, па можеби ќе го дочекавме подготвени. Второ, на домашните туристи Србија им додели 354.000 ваучери за одмор во Србија, додека во Македонија реализацијата на ваучерите беше едвај 55%. Трето, Србија бележи раст на туризмот заради префрлање на промотивните активности во дигиталната сфера, додека кај нас дигитализацијата во туризмот значи неповрзани институции и како што кажав погоре, е на ниво на најава со години. Четврто, Србија бележи раст и благодарение на спортските случувања, кои кај нас не се ни на ниво на најава. И петто, растот на туризмот во Србија е благодарение на поволната сообраќајна инфраструктура која кај нас е благо речено – катастрофална, ги брка туристите и создава лоша слика за државата! Најверојатно саемскиот патува со авион и не знае, па во своите изјави не ја ни спомнува ужасната инфраструктура како причина за лошата состојба во туризмот. Исто така, додека ОЧЕКУВАМЕ, вреди да се спомне дека: - Немаме релевантни, официјални бројки од наша државна институција за остварен промет од типот на: учество на туризмот во БДП, учество на туризмот во вработеноста, во вкупниот извоз...или со еден збор, немаме никаква домашна статистика за економскиот импакт на туризмот; - Податоците за сместувачки капацитети (број на соби, опременост и слично) се од 2015та година, или поточно од времето на претходната влада, кога некој анализираше, работеше и нудеше решенија, наместо ДА ОЧЕКУВА. И за крај - ДА, ОЧЕКУВАМЕ! Очекуваме на чело на туризмот да дојдат способни личности кои нема да оставаат туризмот да ни се случува стихијно: Кој – дојде – дојде!, туку ќе работат на реална промоција на Македонија како туристичка дестинација, на вистинска дигитализација во туризмот, на развој на нови форми на туризам, на нови стратегии во туризмот итн.итн. Во спротивно, ќе останеме на шините на времето и наместо Годо (туристите) ќе бидеме прегазени од возот на времето затоа што ненапредување во туризмот не значи стоење во место, туку значи големо назадување. Сета среќа што наближуваат изборите за конечно на чело на бродот наречен Македонски туризам да застане капетан кој ќе знае дека сидрито - никако не влече напред, стои во објавата на Комисијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralna-komisija-za-turizam-na-vmro-dpmne-makedonskiot-turizam-od-ke-turizam-se-pretvori-vo-ochekuvame-turizam/feed/ 0
Дваесетина градочалници во посета на Тетово за соработка во развој на туризмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetina-gradochalnitsi-vo-poseta-na-tetovo-za-sorabotka-vo-razvoj-na-turizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetina-gradochalnitsi-vo-poseta-na-tetovo-za-sorabotka-vo-razvoj-na-turizmot/#respond Wed, 22 Mar 2023 11:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=814926

Претставници на 17 општини од Косово и Србија денеска беа во посета на Општина Тетово и разгледување на градот, а со цел развивање на соработка во областа на туризмот. Градоначалници, заменици градоначалници и административци разговараа со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово кој рече дека нема некоја формална организација на општините туку на туристички развој. -Соработката меѓу нашите држави во регионот веќе постои, а ние како градоначалници претставници на народот може да придонесеме да се засили соработката помеѓу нашите држави. Имаме заеднички проекти со некои општини, оваа посета е во духот на разгледување на можностите за идна соработа, во интерес на граѓаните, на нашите општини. Како што рече амбасадорот, соработка во рамките на некои области кои ги имаме поконкретно во делот на туризмот. Значи тоа што веќе нашите држави и влади соработуваат преку заеднички состаноци, а ние сакаме тоа да го имплементираме на терен во конкретна соработка меѓу општините, истакна Биљал Касами. Беше организирана посета на повеќето тетовски знаменитости како Шарена џамија и Арабати Баба Теќе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetina-gradochalnitsi-vo-poseta-na-tetovo-za-sorabotka-vo-razvoj-na-turizmot/feed/ 0
Јаневски: Град Скопје не е доволно конкурентен поради немање јасна програма за дочек на Новата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=779166

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети. -Голем бројна домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски. Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ. -Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/feed/ 0
Јаневски: Почна декември, а Скопје и другите градови се уште немаат програма за Нова Година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/#respond Thu, 01 Dec 2022 09:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=769351

Нашите туристички дестинации можеби нема да бидат добро пополнети во последниот квартал од 2022-ра, зашто бевме повеќе фокусирани на скапата струја, отколку на тоа какви аранжмани да направиме за Нова година, смета директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во разговор за МИА, Јаневски забележува дека декември почна, а градовите се уште не излегле со понуда за пречек или некаква прослава, ниту се знае дали ќе бидат украсени. -Се случува еден феномен. Почна декември, а немаме ниту една програма за Нова Година, ниту знаеме дали градовите ќе бидат украсени. Тогаш како да очекуваме туристи?, нагласува директорот. Јаневски се осврнува и на актуелните понуди за дочек. Вели дека на ова поле треба веднаш нешто да се направи. Според него, најатрактивен за Нова година ќе биде Охрид, а новогодишните празници, генерално, ќе бидат во знакот на домашните туристи кои ќе престојуваат главно во домашните капацитети. -Дали во овој момент имаме некаква понуда, дали некаде се рекламира Нова година од страна на нашите тур-оператори за домашните центри? Да, но се работи за регионот, за дочек во ски-центри, за Нова година во другите главни градови од регионот. На тоа поле треба многу брзо нешто да направиме. Во однос на претстојните празници, мислам дека, сепак, ќе предничи Охрид, градот познат по туризмот и евентуално Скопје зашто има многу поврзувања со другите градови. Но, очекувам и многу домашни туристи низ другите градови во државата. Всушност, дочекот на Нова година ќе го одбележат домашните туристи во домашните кашацитети, нагласува Јаневски во разговорот за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/feed/ 0
Србија урива рекорди во туризмот и преку проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-uriva-rekordi-vo-turizmot-i-preku-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-uriva-rekordi-vo-turizmot-i-preku-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/#respond Tue, 27 Sep 2022 10:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=737917

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ по повод Светскиот ден на туризмот соопшти дека туризмот во Србија ги урива сите рекорди, дека од почетокот на годината Србија ја посетиле три милиони туристи, од кои над еден милион и 300 илјади се странски, а дека бројот на пристигнувања на туристи е зголемен за 48,1 отсто во однос на истиот период лани, јави дописникот на МИА од Белград. Таа посочи дека одржувањето на првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, како и определбата на Република Србија, Република Албанија и Република Северна Македонија за проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, ја покажува експанзијата на туризмот и разбирање на неговата економска моќ, а дополнителни потврди и охрабрувања се покажале и на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба. – Одличните природни услови за лозарство, богатата историја, културното наследство и народното искуство, како и потенцијалот на планинскиот и бањскиот туризам даваат можност за креирање на нови и за развој на постоечките туристички производи. Ги прошируваме познатите и градиме нови патеки на туризмот кои ќе нè доведат до уште поголеми успеси, кажа министерката Матиќ, се наведува во соопштението од нејзиното министерство. Во 1979 година, Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) го востанови 27 септември како Светски ден на туризмот, со цел и порака дека е неопходно да се развие свеста на меѓународната заедница за важноста на туризмот и неговиот културен, социјален, економски и политичките вредности. Светскиот ден на туризмот оваа година се одбележува под слоганот „Преиспитување на туризмот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-uriva-rekordi-vo-turizmot-i-preku-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/feed/ 0
Одбележување на Светскиот ден на туризмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-turizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-turizmot/#respond Tue, 27 Sep 2022 05:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=737771

Во организација на Министерството за економија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот. На одбележувањето во Клубот на пратенциите ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши. Во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот оваа година ќе бидат доделени признанија за животно дело во туризмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-turizmot/feed/ 0