Туркменистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Mar 2022 08:23:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Туркменистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-aktuelniot-pretsedatel-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turkmenistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-aktuelniot-pretsedatel-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turkmenistan/#respond Tue, 15 Mar 2022 08:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=647322

Сердар Бердимухамедов, синот на актуелниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како кандидат на владејачката Демократска партија на Туркменистан победи на претседателските избори во земјата, освојувајќи 72,97 отсто од гласовите на избирачите,  денеска соопшти Централната изборна и референдумската комисија на земјата. „Во согласност со член 76 од Изборниот законик на Туркменистан и врз основа на одлука на Централната изборна комисија од 14 март 2022 година, вицепремиерот на Туркменистан Сердар Гурбангули Бердимухамедов е назначен за претседател на Туркменистан со освоени 72,9 отсто од гласоците“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Изборната комисија. Комисијата потсетува дека претседателските избори во Туркменистан се одржаа на 12 март. На нив гласале околу 3.362.052 лица или 97,17 отсто од запишаните избирачи, соопшти Изборната комисија. На претседателските избори учествуваа девет кандидати, од кои осум добија од 1,08 до 2,22 отсто од гласовите, соопшти Изборната комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-aktuelniot-pretsedatel-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turkmenistan/feed/ 0
Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turkmenistan-tvrdi-deka-vo-zemjata-nema-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turkmenistan-tvrdi-deka-vo-zemjata-nema-sluchai-na-kovid-19/#respond Sat, 14 Nov 2020 09:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=429346

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов тврди дека во неговата земја нема случаи на коронавирусот, објавија денеска локалните медиуми. Изјавата на Бердимухамедов е дадена за време на отворањето на нова болница за инфективни болести. Тој ја поздрави „големата ангажираност“ на државата при избегнувањето на вирусот, пишува државниот весник „Неутрален Туркменистан“. – Како резултат на преземените превентивни мерки досега во земјата не се регистрирани случаи на Ковид-19, нагласи Бердимухамедов. Туркменистан и Северна Кореја се меѓу помалку од десетина земји во светот, кои се уште не потврдиле ниту еден случај на коронавирус. Останатите се тихоокеански островски држави. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turkmenistan-tvrdi-deka-vo-zemjata-nema-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0
Никој не знае дали има заболени, а ако некој носи маска и ракавици ќе биде уапсен- оваа земја ја забрани употребата на зборот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikoj-ne-znae-dali-ima-zaboleni-a-ako-nekoj-nosi-maska-i-rakavici-kje-bide-uapsen-ovaa-zemja-ja-zabrani-upotrebata-na-zborot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikoj-ne-znae-dali-ima-zaboleni-a-ako-nekoj-nosi-maska-i-rakavici-kje-bide-uapsen-ovaa-zemja-ja-zabrani-upotrebata-na-zborot-koronavirus/#respond Thu, 02 Apr 2020 08:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=326007

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници. Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции. За граѓаните кои надвор се движат со маски и зборваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени. Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек односно со растението див седеф (Peganum harmala). Тој наредил растението да се користи за дезинфекција на јавните места во државата. Во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikoj-ne-znae-dali-ima-zaboleni-a-ako-nekoj-nosi-maska-i-rakavici-kje-bide-uapsen-ovaa-zemja-ja-zabrani-upotrebata-na-zborot-koronavirus/feed/ 0
Изведена прва опера во Туркменистан по 19 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/#respond Wed, 20 Nov 2019 07:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=266340

Туркменистан, авторитарната и затворена земја во Централна Азија, синоќа ја поздрави својата прва странска опера, Палјачи, по скоро 19-годишна забрана заради која таа уметничката форма ја сметаше за некомпатибилна со туркменскиот менталитет. Националниот театар во Ашгабат беше полн со гледачи за оваа позната опера од италијанскиот композитор Руџер Леонкавало. Во рамки на „меѓународен фестивал на културата“ беа одржани и други претстави. Режисерот на операта Даниеле де Плано прецизираше дека операта „Паљачи“ се прикажува како дел од програмата за културна размена меѓу Италија и поранешна советска република. „Се надевам дека ова е почеток на новата пат направен од најблиските врски помеѓу Туркменистан и операта, особено италијанската опера“, додаде тој. Првиот претседател на независен Туркменистан, Сапарамурат Нијазов, кој почина во 2006 година, забрани странски опери и балети во 2001 година, во обид да ја заштити туркменската култура. Туркменистанците сметаат дека тие форми на уметност се тесно поврзани со периоди на руска и советска доминација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/feed/ 0
Претседателот на Туркменистан компонираше божикна песна (видео) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turkmenistan-komponirashe-bozikna-pesna-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turkmenistan-komponirashe-bozikna-pesna-video/#respond Thu, 27 Dec 2018 19:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=145912

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов компонираше божикна песна, што ја изведе заедно со неговиот 14-годишен внук во една телевизиска емисија. Композицијата, која Бердимухамедов ја изведи свирејќи на бел клавир, придружуван од неговиот внук на синтисајзер, ги повикува Туркменистанците заедно „да запеат песна за љубовта“. – Со прекрасната мелодија и нејзините искрени зборови, песната продира во душата на слушателите и врз нив остава силен впечаток, изјави водителот на телевизиската емисија Туркмен Овази најавувајќи ја нумерата. Песната наречена „Сон“ покрај на туркменски, е снимена и на англиски и германски јазик. Бердимухамедов ја презеде претседателската функција во 2006 година по смртта на првиот претседател на независен Туркменистан, Сапармурат Нијазов. Бердимухамедов, слично како и Нијазов, почнува да гради сопствен култ на личноста, па си изгради голем златен кип во главниот град Ашхабад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turkmenistan-komponirashe-bozikna-pesna-video/feed/ 0
Неверојатна одлука: Претседателот на Туркменистан ги забрани црните автомобили- причината бизарна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-odluka-pretsedatelot-na-turkmenistan-gi-zabrani-crnite-avtomobili-prichinata-bizarna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-odluka-pretsedatelot-na-turkmenistan-gi-zabrani-crnite-avtomobili-prichinata-bizarna/#respond Thu, 11 Jan 2018 08:42:54 +0000 http://kurir.mk/?p=9241

Овие денови во Туркменистан на сила стапи закон според кој црните автомобили се илегални, па поради тоа започна запленувањето на таквите возила. Луѓето кои што веќе имаат купено црни автомобили, сега остануваат без нив без воопшто да бидат предупредени од претходно. Туркменистанските власти веднаш започнале со запленување на возилата со црна боја кои што сега се носат на општинските депонии ширум државата. Овој најблаго кажано трагикомичен закон кој што е донесен во Туркменистан бил изгласан наводно затоа што претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов сака бели автомобили. Претседателот кој што го води еден од најрепресивните режими во светот, инаку вози зелен Бугати Вејрон. Сепак, на граѓаните чии што автомобили се црни и запленети, понудена им е една можност за да си ги вратат назад автомобилите - мора да ги префарбаат во бела боја и фарбањето на автомобилот мора да биде на нивен трошок. Државата уште во 2015-та година го забранила увозот на црните автомобили, а на луѓето им било сугерирано да купуваат бели автомобили затоа што „белата боја носела среќа“. Претседателот Бердимухамедов имал и визија целиот главен град на Туркменистан, Ашгабат да го прекрие со мермер и да го оствари својот сон, туркменистанската престолнина да стане целосно бел град. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-odluka-pretsedatelot-na-turkmenistan-gi-zabrani-crnite-avtomobili-prichinata-bizarna/feed/ 0