Турку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Aug 2020 12:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Турку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-letovite-od-skopje-za-turku-zaradi-izvozot-na-korona-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-letovite-od-skopje-za-turku-zaradi-izvozot-na-korona-2/#respond Wed, 19 Aug 2020 12:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=392624

Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, град во Финска каде изминатите денови од вкупно три авионски лета над 40 патници добиле позитивен тест на Ковид 19. Како што известуваат финските медиуми, министерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог сите летови од Скопје да се суспендираат. Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје. Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома, изјавил Карака за хелсиншки ,,Саномат”. Градоначалникот на Турку, Мина Арве, во понеделникот откри дека почнала преговори за да се подобри сигурноста на летовите од Скопје до Турку со нискобуџетниот авиопревозник Визер со седиште во Унгарија. Десетици патници на летови на Визер кои доаѓаат во Турку се позитивни на коронавирусот откако ќе им се направи тест на аеродромот во финскиот град загрижувајќи ги и градските власти и финската влада. Денеска почнавме разговори со Град Турку, Финавиа и Визер како да обезбедиме дека на авионите за Турку нема да доаѓаат и нема да се качуваат патници инфицирани со коронавирус. За ова сите сме загрижени. Авиокомпаниите не смеат да се остават сами на себе, самите да се справуваат со овој проблем, вели Арве. Таа додала дека задачата за тестирање и карантин за оние што се враќаат во Финска од одмори, паѓа на грбот на државата, која и онака има голем број на луѓе што треба да ги тестира. Таа побара негативниот тест да биде задолжителен пред патникот да се качи на авион. Комисијата за заразни болести денеска до владата предложи да се воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници од Косово кои транзитираат низ Република Северна Македонија. Транзит патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Сите 115 патници кои во саботата слетале од Скопје во Турку Финска, се префрлени во карантин во овој град. Градот информираше дека во саботата 95 проценти од патниците по слетувањето биле тестирани за присуство на коронавирусот и 12 добиле позитивен резултат. Турку е град во југозападна Финска кој почна да ги тестира патниците што доаѓаат на летови од Скопје на 8 август. Оттогаш тестирани се патници од 3 лета од главниот град на Македонија и вкупно инфицирани со ковид биле четириесет и тројца. Наредбата за изолација е одлука на инфектолог од Турку. Оние патници на кои ќе им биде наложена мерка карантин имаат дозвола да го користат јавниот превоз за неопходни патувања но со задолжителна прекривка на носот и устата. Вакви неопходни патувања се на пример посета на доктор или патување од самиот аеродром до дома по летот. На позитивните пациенти им се забранува да одат на работа, во училиште, градинка, во продавници или други јавни места за време на изолацијата. Финските здравствени власти решија да воведат задолжителен карантин и тестирање за сите патници што доаѓаат од високоризични земји, откако во Турку слета авион со 24 патници од Скопје кои беа позитивни на коронавирусот. Во тој прв од трите летови имало 157 патници кои се согласиле доброволно да се тестираат. Министерството за здравство излезе со информација дека на конкретниот лет најголемиот број патници биле со косовски пасош а само двајца со македонски пасош. Дел од косовските државјани само транзитирале низ Македонија за да го фатат летот од скопскиот аеродром, во периодот кога воопшто не се бараше ПЦР тест за транзит, туку само требаше да приложат електронски авио билет и изјава дека ќе ја напуштат Македонија за три часа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-letovite-od-skopje-za-turku-zaradi-izvozot-na-korona-2/feed/ 0
Уште 12 позитивни на Ковид-19 пристигнале од Скопје во Турку https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-12-pozitivni-na-kovid-19-pristignale-od-skopje-vo-turku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-12-pozitivni-na-kovid-19-pristignale-od-skopje-vo-turku/#respond Tue, 18 Aug 2020 07:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=391920

Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку биле позитивни на Ковид-19, соопштија финските власти. На летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. На сите патници им се издадени писмени наредби за домашен карантин, што ќе го надгледуваат локалните власти. Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на корона вирус. Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Финските власти не соопштија детали за здравствената состојба на заразените и колку од нив се хоспитализирани, но најавуваат можна промена на режимот на патување со високоризичните земји, меѓу кои ја вклучуваат и Македонија. Загриженост поради зголемниот број импортирани случаи на Ковид-19 изрази и градоначалничката на Турку, Мина Арве. Побара да се размисли за воведување задолжителен негативен тест за сите кои влегуваат во Финска, како и други ограничувања за патниците кои доаѓаат од ризични земји. Министерката за внатрешни работи Марија Охисало изјави дека владата бара најефикасни начини за да се спречи ширењето на корона вирусот. Најави и можна привремена забрана на летовите од земјите со висок ризик од Ковид-19, како и изготвување регистар на држави и нивно групирање во црвена, зелена и жолта зона. Оние што пристигнуваат од црвените зони ќе бидат задолжително тестирани и ставени во карантин, а за патниците од жолтите области, ќе има само карантин. Во зелената група се земји кои во период од две недели имаат помалку од осум инфицирани на 100.000 жители луѓе и за нив ќе нема ограничувања за влез во Финска. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-12-pozitivni-na-kovid-19-pristignale-od-skopje-vo-turku/feed/ 0
Петмина патници од летот Скопје-Турку во вторникот позитивни на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-patnici-od-letot-skopje-turku-vo-vtornikot-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-patnici-od-letot-skopje-turku-vo-vtornikot-pozitivni-na-kovid-19/#respond Thu, 13 Aug 2020 07:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=390061

Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19. Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопшти дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба. Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест. Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани. Најавија дека надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни. Претходно, финските власти соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направените тестирања, 26 биле позитивни на Ковид-19. Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку. Македонското Министерство за здравство соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по анализа на сите информации ќе бидесбиде одлучено дали во иднина ќе се бараат ПЦР тестови за граѓаните на соседните држави кои само транзитираат низ земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-patnici-od-letot-skopje-turku-vo-vtornikot-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
Сите патници кои од Скопје пристигнаа во Турку ќе бидат тестирани и ставени во карантин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-patnici-koi-od-skopje-pristignaa-vo-turku-kje-bidat-testirani-i-staveni-vo-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-patnici-koi-od-skopje-pristignaa-vo-turku-kje-bidat-testirani-i-staveni-vo-karantin/#respond Wed, 12 Aug 2020 05:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=389428

Сите патници кои синоќа со авион на Визер од Скопје притигнаа во финскиот град Турку се ставени во карантин и ќе бидат тестирани за Ковид-19. Риита Лиукса, директор на Одделот за цивилна заштита на Турку, изјави дека патниците кои живеат во Финска ќе одат во домашен карантин, а за другите карантин обезбедуваат локалните власти. Сè уште нема информации колку од околу 130 патниците кои пристигнаа од Скопје се Финци, а колкумина се странци. На патниците не им е дозволено да користат јавен превоз на пат од аеродромот до местото на карантин. Надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни. Финските власти претходно соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направеното тестирање, 26 биле позитивни на Ковид-19. Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку. Македонското Министерство за здравство вчера соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по анализа на сите информации ќе бидесбиде одлучено дали во иднина ќе се бараат ПЦР тестови за граѓаните на соседните држави кои само транзитираат низ земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-patnici-koi-od-skopje-pristignaa-vo-turku-kje-bidat-testirani-i-staveni-vo-karantin/feed/ 0