турнеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 18:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турнеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/en-bi-si-bajden-razmisluva-za-turneja-niz-evropa-za-vreme-na-godishninata-od-pochetokot-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/en-bi-si-bajden-razmisluva-za-turneja-niz-evropa-za-vreme-na-godishninata-od-pochetokot-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Thu, 26 Jan 2023 18:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=792501

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер. Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска. Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за Украина, посочуваат изворите. Телевизијата не наведе дали има сознанија за тоа американскиот претседател да ја посети и Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/en-bi-si-bajden-razmisluva-za-turneja-niz-evropa-za-vreme-na-godishninata-od-pochetokot-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Пелоси ја почнува турнејата низ Азија, неизвесна посетата на Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/#respond Fri, 29 Jul 2022 07:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=711669

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, заедно со другите членови на делегацијата на американскиот Конгрес денеска ќе ја почне посетата на Азија, но се уште не е јасно дали ќе го посетат и Тајван, јави Ен-Би-Си Њуз повикувајќи се на два неименувани извора. Еден од изворите, кој имал увид во маршрутата, рече дека посетата на Тајван била означена како можна. За време на престојот во Азија, Пелоси ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Сингапур. Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди американскиот претседател Џо Бајден дека Пекинг е загрижен за можна посета на островот од претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Си изјави дека Вашингтон треба да ја почитува политиката на Кина и посочи дека земјата цврсто се противи на независноста на Тајван и странското мешање. Бајден рече дека американската политика кон Тајван не е променета и дека Вашингтон силно се противи на едностраните напори за промена на статус кво или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец, соопшти претходно Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/feed/ 0
Мик Џегер позитивен на Ковид-19, одложена турнејата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mik-dzeger-pozitiven-na-kovid-19-odlozena-turnejata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mik-dzeger-pozitiven-na-kovid-19-odlozena-turnejata/#respond Tue, 14 Jun 2022 06:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=690477

Пејачот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер вчера објави дека е заразен со коронавирусот, со што се откажува нивниот настап во Амстердам, Холандија. „Многу ми е жал што мораме да го одложиме шоуто во Амстердам со толку кратко известување вечерва. За жал, штотуку испаднав позитивен на Ковид. Нашата цел е да го презакажеме датумот што побрзо и да се вратиме што поскоро“, напиша 78-годишниот пејач на Твитер. Легендарниот британски бенд ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид на 1 јуни, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mik-dzeger-pozitiven-na-kovid-19-odlozena-turnejata/feed/ 0
Кевин Харт и Крис Рок со заедничка турнеја во САД https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-hart-i-kris-rok-so-zaednichka-turneja-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-hart-i-kris-rok-so-zaednichka-turneja-vo-sad/#respond Wed, 09 Mar 2022 09:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=643841

Комичарите Кевин Харт и Крис Рок ја најавија својата заедничка „стенд-ап“ турнеја во САД, под наслов „Only Headliners Allowed“. Настапите се закажани за во Њујорк и Њу Џерси, од 21 до 25 јули. Билетите ќе бидат пуштени во продажба в петок, 11 март. „Крис секогаш ми беше ментор и, уште поважно, тој е мој брат и другар во оваа комедија. Едвај чекам да ја напишам историјата со него и да ги уништам овие пазари!!!! Закопчајте ги коланитее, ‘дечки’… Полетуваме!“, напиша Харт на Инстаграм, а Рок додаде – „Следуваат уште датуми“. Харт минатиот месец ја потврди и својата солотурнеја со 30 датуми која ќе трае од јули до октомври. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-hart-i-kris-rok-so-zaednichka-turneja-vo-sad/feed/ 0
Тања Савиќ е новата кралица на бакшишот: Пејачката гази по пари во Америка (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tanja-savikj-e-novata-kralica-na-bakshishot-pejachkata-gazi-po-pari-vo-amerika-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tanja-savikj-e-novata-kralica-na-bakshishot-pejachkata-gazi-po-pari-vo-amerika-foto-video/#respond Sat, 19 Feb 2022 19:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=633671

Пејачката Тања Савиќ моментално е во Америка на турнеја, а по фотографиите во костим за капење, сега покажа како е на нејзините настапи, па јасно е дека од „ветената земја“ ќе се врати со многу подлабоки џебови. Покрај работата во Америка, Тања ужива во слободното време и паузира од бројните скандали кои ја следат последните месеци, пред се поради наводната врска со Драшко Станивуковиќ. Парите околу пејачката само летаат, а на подот има куп пари кои Тања дури и ги згази. Фановите се уште се прашуваат дали се работи за вистински или лажни банкноти. Видеото може да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tanja-savikj-e-novata-kralica-na-bakshishot-pejachkata-gazi-po-pari-vo-amerika-foto-video/feed/ 0
Влатко Стефаноски на регионална турнеја https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlatko-stefanoski-na-regionalna-turneja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlatko-stefanoski-na-regionalna-turneja/#respond Thu, 01 Jul 2021 08:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=530354

Музичкиот уметник со светско реноме, гитаристот Влатко Стефановски тргнува на регионална турнеја. На концертите, покрај добро познатите хитови, ќе претстави и ново, реномирано студиско издание на „Taftalidza Shuffle“. Подмладената тројка, која покрај Влатко ја сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, ќе ја започнат својата летна турнеја денеска во Панчево, по што ќе заминат за Хрватска. Триото Влатко Стефановски в петок ќе настапи во Загреб на „Бундекфест“, а следниот ден во Осијек. Турнејата продолжува на 4 јули со концерт во Палиќ, по што следат настапи во Трогир на 9 јули, во Шибеник на 10 јули и на Брач на 11 јули. Словенечката публика ќе има можност да види концерт во Нова Горица, на 17 јули, додека на 20 јули, Влатко Стеафановски ќе настапи во Будва, на култната манифестација „Град Театар“. На 30 јули ќе има голем концерт на стадионот „Ташмајдан“ во Белград. Како што соопшти „Croatia Records“, Влатко Стефановски покажа ненадмината техника и уникатен сензибилитет подеднакво успешно во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез – жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележуваа како уметник. Во текот на својата кариера, Влатко ја делеше сцената со најголемите гитаристи во светот, вклучувајќи ги Томи Емануел, Јан Акерман и Сточело Розенберг, а регионалната публика секогаш покажуваше длабока почит и интерес за неговата музика. Најновиот студиски албум „Taftalidza Shuffle“, објавен под закрилата на „Croatia Records“, кој Влатко Стефановски ќе го претстави на претстојната турнеја, со месеци го држи врвот на продажните листи за компакт-дискови и винили. Публиката на концертите на Стефановски ќе ја има можност да слушне и дел од новиот материјал на гитаристичкиот виртуоз од светски калибар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlatko-stefanoski-na-regionalna-turneja/feed/ 0
Елтон Џон со нови датуми за големата проштална турнеја https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/elton-dzon-so-novi-datumi-za-golemata-proshtalna-turneja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/elton-dzon-so-novi-datumi-za-golemata-proshtalna-turneja/#respond Mon, 28 Jun 2021 08:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=528781

Британската музичка ѕвезда Елтон Џон (74) избра нови 30 датуми следната година, кога ќе настапува во Европа и Северна Америка во рамки на големата проштална турнеја која беше прекината поради коронавирус пандемијата. Пред сето ова тој ќе настапи во Акор Арената на 10, 12 и 13 октомври оваа година, а овие концерти се распродадени. Продолжението на турнејата ќе започне во мај 2022 година во Франкфурт, а ќе заврши шест месеци подоцна во Лос Анџелес. Прошталната турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ Елтон ја започна во  2018 година, а се предвидуваат над 300 концерти ширум светот за три години. По европската и северноамериканската турнеја се предвидени четири концерти во Австралија и Нов Зеланд на почетокот од 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/elton-dzon-so-novi-datumi-za-golemata-proshtalna-turneja/feed/ 0
Заев и Филипче вчера возеа мотори, додека 32 лица починаа од коронавирус- опозицијата бара одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/#respond Sun, 11 Apr 2021 07:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=495439

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија. Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево. Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери. Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие денешниот ден си го искористија за нивното луксузно хоби. Денеска реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Нови 1.092 случаи на корона и 32 починати лица, 32 семејства завиени во црно. Филипче и Заев рушат црни биланси. Македонија со Филипче и Заев, се искачи високо на листите на починати лица, и тоа на листите на „Блумберг“, „Фајненшл Тајмс“. И наместо да поработи, Филипче заедно со Заев организираат возење со мотори кое им стана традиција. Дополнително, Филипче, Заев и нивните служби се занимаваат со снимање на протестите на опозицијата. Филипче и Заев прават се, само не се грижат за здравјето на народот, имаат време за забава, имаат време да најдат провизии, за возењето мотори веќе сите знаат, стои во партиското соопштение и се додава: „Поради негрижата има 4.128 починати од корона, и Заев и Филипче ќе одговараат за секој згаснат живот. Филипче и Заев одете си! И не само што треба да си одат, Филипче и Заев, ќе одговараат за секој згаснат живот! Заев и Филипче се дел од мафијата која хара по државава. Заев и Филипче имаат крвави раце и  нивната неспособност убива“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/feed/ 0
Поради коронавирусот: Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-koronavirusot-selin-dion-povtorno-ja-odlozi-evropskata-turneja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-koronavirusot-selin-dion-povtorno-ja-odlozi-evropskata-turneja/#respond Thu, 18 Feb 2021 09:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=470401

Поради пандемијата на коронавирусот, познатата канадска пејачка Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја што беше закажана за периодот од 16 март до 16 јуни оваа 2021 година. Новите датуми се поместени меѓу 25 мај и 24 септември 2022 година, објави нејзиниот тим. Според новите најави, „Светската турнеја на храброста“ во Европа почнува со концерт на 25 мај следната година во Бирмингем, Англија. Ова е второ одложување на турнејата – првично планирана за 2020 година. -Навистина се надевав дека ќе се видиме во Европа оваа пролет, но за жал мора да почекаме уште малку, ситуацијата сè уште не е доволно безбедна, рече пејачката во своја видеопорака, на француски и англиски јазик. За во Париз се предвидени неколку концерти догодина – на 16., 17., 20., 21., 23. и 24 септември.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-koronavirusot-selin-dion-povtorno-ja-odlozi-evropskata-turneja/feed/ 0
Помпео пристигна во Израел, првата станица од неговата блискоисточна турнеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-pristigna-vo-izrael-prvata-stanica-od-negovata-bliskoistochna-turneja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-pristigna-vo-izrael-prvata-stanica-od-negovata-bliskoistochna-turneja/#respond Mon, 24 Aug 2020 08:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=394478

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во Израел, првата станица од посетата на Блискиот исток, за да го искористи моментот во напорите на американската администрација за нормализирање на израелско-арапските односи. Помпео во Ерусалим ќе се сретне и разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неодамна објавениот историски договор за воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во кој посредуваше Вашингтон. Тема на разговорите ќе бидат и ситуацијата во Иран и Кина. Договорот меѓу Израел и ОАЕ е клучна историска победа за Трамп, во обидот да биде реизбран за претседател, и претставува одраз на промените на Блискиот исток, каде заедничката загриженост за потезите на најголемиот израелски непријател – Иран, ја надмина традиционалната арапска поддршка за Палестинците. САД, Израел и Обединетите Арапски Емирати овој месец го објавија договорот за воспоставување дипломатски односи, што, исто така, бара Израел да ги замрзне своите планови за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, каде Палестинците планираат да ја воспостават својата идна држава. Помпео ќе се сретне и со владиниот партнер на Нетанјаху, министерот за одбрана, Бени Ганц, и министерот за надворешни работи, Габи Ашкенази. По Израел, Помпео ќе ги посети Судан, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а можни се посети и на некои други места во Заливот, соопшти Стејт департментот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-pristigna-vo-izrael-prvata-stanica-od-negovata-bliskoistochna-turneja/feed/ 0