турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 10:42:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Интернационален турнир во фудбал во општина Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-internatsionalen-turnir-vo-fudbal-vo-opshtina-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-internatsionalen-turnir-vo-fudbal-vo-opshtina-gorche-petrov/#respond Thu, 07 Sep 2023 10:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=875652

Од денес во општината Ѓорче Петров на теренот на фудбалскиот клуб „Њу Старс“, како и на теренот во Градскиот парк ќе се одржува интернационален турнир во фудбал на кој учество ќе земат повеќе од 100 екипи од Македонија и од регионот. Поради големиот интерес за овој турнир,пријавени се екипи и од земјите од регионов, па така учество покрај Македонија, ќе земат и екипи од Албанија, Косово, Србија и Бугарија. Овој турнир ќе се одржува на две локации, едната е на теренот во Ѓорче Петров, а втората е во Градскиот парк. Истиот е организиран од клубот „Њу Старс“ од општината Ѓорче Петров. Од клубот „Њу Старс“ велат дека сакаат овој турнир да прерасне во уште поголем, со цел сплотување на младите. Мотото на овој турнир е „Да им дадеме шанса и да им подадеме рака на сите деца“. Турнирот официјално го отвори градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. -Денес присуствував на отворањето на турнирот во фудбал “New Stars Cup 2023”во организација на фудбалската школа “New Stars” од Општина Ѓорче Петров, која во изминатите години бележи раст на дечиња кои фудбалски се едуцираат на територијата на нашата општина, како и дечиња кои се дел од младите категории во репрезентацијата на Македонија, рече во своето обраќање Стојкоски. -Натпреварите ќе се одиграат на три терени на територијата на Скопје, меѓу кои и стадионот “Млади Лавови” во нашата општина, каде што ќе имаме убава можност да погледнеме повеќе фудбалски екипи од вкупно 120 екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија, кои ќе настапат на овој турнир. Турнирот е пред се од пријателски карактер, односно одлична можност за сите дечиња да другаруваат, да стекнат нови пријателства, како и да развијат борбен и натпреварувачки дух, се со цел да градат нови перспективи на патот кон спортскиот успех, истакна Стојкоски. Градоначалникот порача дека Општината ќе продолжи да биде поддржувач и промотор на спортот и спортистите, се со цел општина Ѓорче Петров и во иднина да биде синоним за победи и врвни спортски достигнувања. Свое обраќање имаше и претседателот на клубот „Њу Старс“ и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. -Очекувам дека овој турнир ќе прерасне во еден традиционален турнир, препознатлив не само во Македонија туки и пошироко во регионов. „Њу Старс“ произведе многу фудбалери кои што настапуваа во сите младински категории на нашите национални тимови, кои што се професионални фудбалери во нашата прва и втора македонска фудбалска лига. Со задоволство можам да кажам дека пред неколку дена уште еден наш фудбалер кој што повеќе од десет години тренираше кај нас, потпиша за реномиран европски клуб, а тоа нас не' прави горди и не тера да продолжиме да работиме повеќе, рече во своето обраќање Ѓорѓиоски. Ѓорѓиоски додаде дека негова цел и цел на клубот „Њу Старс“ е да прават нови фудбалски ѕвезди, но дека уште поголема цел е да има здрави млади личности со силни карактери кои во иднина ќе бидат носители на ова наше општество.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-internatsionalen-turnir-vo-fudbal-vo-opshtina-gorche-petrov/feed/ 0
Еурофарм Пелистер на Меѓународен турнир во Турција https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-na-megunaroden-turnir-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-na-megunaroden-turnir-vo-turtsija/#respond Tue, 29 Aug 2023 14:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=872129

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер кон крајот на оваа недела ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Турција во рамки на завршните подготовки за новата сезона во која битолскиот клуб ќе ја брани домашната титула и ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони. - Нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во турскиот град Сакарија, како еден од четирите учесници, заедно со унгарски Веспрем, српска Војводина и Мешков Брест од Белорусија, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер. Полуфиналните натпревари се на програмата в петок, а се среќаваат Еурофарм Пелистер – Веспрем и Војводина – Мешков Брест. Финалето на Меѓународниот турнир во Сакарија е закажано за в сабота.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-na-megunaroden-turnir-vo-turtsija/feed/ 0
Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-se-plasirashe-vo-polufinaleto-na-turnirot-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-se-plasirashe-vo-polufinaleto-na-turnirot-vo-frantsija/#respond Sat, 18 Mar 2023 08:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=813412

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со извонредните настапи на ИТФ турнирот што се одржува во Франција. Тој успеа да се пласира во полуфиналето откако во два сета со 7:5 и 6:1 триумфираше над домашниот тенисер Александер Реко. Ивановски кој на турнирот е поставен за трет фаворит во решавачкиот меч за пласман во финалето повторно за противник има играч од Франција. Првиот македонски рекет во полуфиналето ќе се соочи со Гимар Вајенбург кој денеска успеа со 2:0 да го совлада Симон Бупен од Белгија препуштајќи му само еден гем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-se-plasirashe-vo-polufinaleto-na-turnirot-vo-frantsija/feed/ 0
Зверев прв носител на турнирот во Сеул https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-prv-nositel-na-turnirot-vo-seul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-prv-nositel-na-turnirot-vo-seul/#respond Wed, 31 Aug 2022 19:51:28 +0000 https://kurir.mk/?p=726931

Германскиот тенисер Александер Зверев, кој сè уште се рехабилитира од повредата на глуждот во полуфиналето на Ролан Гарос, ќе се врати на АТП Тур на турнирот во Сеул. Зверев денеска беше назначен за прв носител на турнирот во јужнокорејскиот главен град што е на програмата од 24 септември до 2 октомври. Организаторите на турнирот објавија дека, покрај Зверев, ќе настапат уште двајца тенисери кои се меѓу ТОП 10 на АТП листата – Каспер Руд од Норвешка и Камерон Нори од Велика Британија. Сеул првпат од 1996 година ќе биде домаќин на АТП турнир. Станува збор за еден од шесте турнири кои требаше да се одржат во Кина, а се откажани поради коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-prv-nositel-na-turnirot-vo-seul/feed/ 0
Стефковски го отвори турнирот во фудбал “Гази Баба Куп 2022” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-go-otvori-turnirot-vo-fudbal-gazi-baba-kup-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-go-otvori-turnirot-vo-fudbal-gazi-baba-kup-2022/#respond Fri, 26 Aug 2022 07:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=724202

Денес 26.08.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го отвори турнирот во фудбал за млади категории "Гази Баба Куп 2022". Градоначалникот Стефковски е и овогодишен покровител на турнирот кој општина Гази Баба го организира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, Здружението на граѓани "Спорт Јуниор" и Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба. За отворањето на турнирот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: - Започна турнирот во фудбал за млади категории "Гази Баба Куп 2022". Утрово на игралиштето на ФФМ имав можност да го отворам турнирот во мал фудбал за млади категории "Гази Баба Куп 2022". Чест ми е што сум овогодишен покровител на овој турнир кој општина Гази Баба го организира заедно со Фудбалската федерација на Македонија, Здружението на граѓани "Спорт Јуниор" и Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба. На турнирот ќе учествуваат над 1000 дечиња од клубови во Република Македонија но и познати клубови надвор од Македонија. Општина Гази Баба е најспортската општина во Скопје и тоа го докажуваме преку секојдневните инвестиции во спортот. Со спортот се промовира натпреварувачкиот дух, смислата за тимска работа и потребата од истрајност и посветеност за постигнување на зацртаното. Спортот ги учи младите дека целта се постигнува преку почитување на правилата на игра, односно играње фер - плеј и преку напорна и континуирана работа, правила што ќе им бидат од огромна корист во понатамошниот тек на животот на младите, напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-go-otvori-turnirot-vo-fudbal-gazi-baba-kup-2022/feed/ 0
16-ти меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: „Жена од султана“ специјална гостинка на финалната вечер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/16-ti-memorijalen-fudbalski-turnir-ljubomir-rajchevski-rajche-zena-od-sultana-specijalna-gostinka-na-finalnata-vecher/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/16-ti-memorijalen-fudbalski-turnir-ljubomir-rajchevski-rajche-zena-od-sultana-specijalna-gostinka-na-finalnata-vecher/#respond Fri, 12 Aug 2022 09:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=717519

На 14. август 2022 година (недела) е закажана завршната вечер на која ќе се одигра големото финале, ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кој се одржува во период од 15.07.2022 – 14.08.2022“ – порачуваат организаторите на фудбалскиот турнир, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните. За тоа најдобар пример е општината Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи. Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевск – Рајче, чие потекло беше токму оттаму. Настанот е под генерално покровителство токму на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво. Организациониот одбор на турнирот ги кани сите љубители на фудбалот да дојдат и да бидат дел од финалето на овој традиоционален спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и вредни награди. Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот. Годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјална гостинка најавува уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која ќе го увеличи големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап. Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/16-ti-memorijalen-fudbalski-turnir-ljubomir-rajchevski-rajche-zena-od-sultana-specijalna-gostinka-na-finalnata-vecher/feed/ 0
У14: Втор триумф на македонските кошаркари на турнирот во Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/#respond Mon, 30 May 2022 14:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=683722

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 14 години ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во романскиот град Плоешти, совладувајќи го денеска Косово со 77-68. По триумфот над Турција во второто коло, македонските кошаркарски надежи одиграа уште еден квалитетен натпревар и на полувреме имаа солидна предност од 40-29. Косово го доби третиот период со 22-18, за да намали на 51-56, но „црвено – жолтите“ беа подобри во финишот во кој ја одбранија предноста и стигнаа до втората победа на собирот во Романија. Ѓорѓевиќ беше најефикасен во македонските редови со 20. поени, додавајќи и осум скокови, додека Цветковски постигна 17 кошеви. Претходно денеска, македонската женска репрезентација до 14 години загуби од Косово со 63-22.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/feed/ 0
Турнир во мал фудбал во Кавадарци во чест на 7-ми Мај – Денот на македонската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turnir-vo-mal-fudbal-vo-kavadarci-vo-chest-na-7-mi-maj-denot-na-makedonskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turnir-vo-mal-fudbal-vo-kavadarci-vo-chest-na-7-mi-maj-denot-na-makedonskata-policija/#respond Wed, 04 May 2022 10:25:52 +0000 https://kurir.mk/?p=671598

Во чест на овогодинешното одбележување на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, ОВР Кавадарци спроведе превентивна активност под мотото „Полицијата и учениците се дружат“. Денеска (04.05.2022) од 10.00-12.00 часот на спортското игралиште во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци се одржа турнир во мал фудбал со екипи од трите средни училишта и една екипа од младите полициски службеници при Полициската станица Кавадарци, а на која беа доделени дипломи и пехари на најдобрите. Бидејќи Кавадарци може да се пофали со спорт и спортски клубови, а ОВР Кавадарци е во постојана соработка со Сојузот на спортови на Кавадарци, како и со Сојуз на училишни спортови во Кавадарци и локалната самоуправа, преку денешниов турнир во мал фудбал под мотото „Полицијата и учениците се дружат“, ОВР Кавадарци имаат за цел да ја потврдат уште еднаш таквата соработка помеѓу сите овие субјекти со што ќе се подобри и комуникацијата и соработката со полицијата со цел превенирање на насилство помеѓу учениците во училиштата на какви било јавни собири и на спортски натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turnir-vo-mal-fudbal-vo-kavadarci-vo-chest-na-7-mi-maj-denot-na-makedonskata-policija/feed/ 0
Новак го доби првиот противник во Дубаи! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-go-dobi-prviot-protivnik-vo-dubai/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-go-dobi-prviot-protivnik-vo-dubai/#respond Sat, 19 Feb 2022 10:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=633464

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ првата официјална пресметка сезонава ќе ја одигра против Италијанецот Лоренцо Музети во првото коло на турнирот во Дубаи, беше одлучено со ждрепка. Ако го помине Музети, Новак ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карен Кацанов и Алекс Де Минаур, Австралиецот кој преходно не се однесуваше добро со српскиот ас. Проектирано, потоа Ѓоковиќ би можел да се сретне со Роберт Баутиста Агут, додека полуфиналето ќе го има Денис Шаповалов. Втор носител на турнирот е Андреј Рублев, кој само во борбата за трофејот може да се сретне со Новак, а во вториот дел од ждрепката се Енди Мареј, како и Јаник Синер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-go-dobi-prviot-protivnik-vo-dubai/feed/ 0
Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал (футсал) „8-ми септември” – Маџари-Триангла за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zavrshi-tradicionalniot-turnir-vo-mal-fudbal-futsal-8-mi-septemvri-madzari-triangla-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zavrshi-tradicionalniot-turnir-vo-mal-fudbal-futsal-8-mi-septemvri-madzari-triangla-za-2021-godina/#respond Fri, 01 Oct 2021 14:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=571406

Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал (футсал) “8-ми Септември” – Маџари- Триангла за 2021 година, кој се оддржа во време траење од еден месец и тоа од 08.08.2021 година до 25.09.2021 година. Местото на одржување на Традиционалнен турнир во мал фудбал (футсал) “8-ми Септември” – Маџари- Триангла за 2021 година беше игралиштето на вештачка трева на ул Модест Мусоргски, во дворот на градинката Детелинка во Маџари, Триангла, Гази Баба, Скопје. На Турнирот се одиграа 222 натпревари во 43 дена, а беа постигнати 1.168 голови. Прво место на Турнирот освои екипата на СОС ВИТА Здружение на инвалиди. Второ место на Турнирот освои екипата на КФ Шкендија. Трето место на Турнирот освои екипата на Буларт Констракшн. Четврто место на Турнирот освои екипата на Мобиленд. На турнирот за најдобар играч беше прогласен Халим Селаманај од СОС Вита, додека за најдобар голман беше прогласен Иван Стојановски од КФ Шкендија. На турнирот правдата ја делеа судиите Владимир Кипријановски и Симеон Стефков. Феноменалното финале на ден 25.09.2021 година беше уште еден доказ дека турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“ во Маџари – Триангла е најдобриот турнир што се организира во Скопје и Македонија. Огромниот број на посетители низ текот на целиот турнир, професионалноста на екипите и големите награди покажаа дека овој турнир покрај традицијата, претставува и симбол на солидарност, дружење и меѓусебно почитување. Пред сè, организаторот изрази и голема благодарност за главниот покровител Град Скопје и Општина Гази Баба кои што со нивната помош овој турнир го достигна врвот во организација и натпреварување, нешто што досега не се случило во нашиот главен град. Организаторот изрази и благодарност и до сите помагатели и спонзори што најдоа начин и можност да ни помогнат во логистиката се да биде на врвно ниво, а исто така и до Црвен Крст на Гази Баба што секогаш беа тука да помогнат и интервенираат во случај на мали повреди и незгоди кај играчите. Помагатели на Турнирот: ЈКП Гази Баба, 90,3 , Mozzart, ЦРЦ Цертус, Астра Казино, COLINES, Magari enterprisec, Viza transport, Hype., Cheap Taxi, Паркет Паркет, Агенција за млади и спрот, BE ACTIVE, Европска недела на младите, multimob, law office Jakimovska, Вардар Градба, Енергомонт, Truck Partner, Дигиком, SANIK, Изворска, Zegin, Спортска Мрежа, Гостилница Дома, Гостилница Софра Хиподром, Компанија Атанасовски и други. Тие испратија и искрени честитки и пофалби до сите ученици што се пријавија да учествуваа за придонесот и организацијата на турнирот „8-ми Септември“ , со што се покажува и докажува дека е најдобрата манифестација во мал фудбал што некогаш се одржала во државата. Организацијата на Турнирот продожува и следната година, која ќе биде уште поголем спектакл имајќи предвид дека е јубилејна 15-та година по ред во одржување на турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“ во Маџари – Триангла! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zavrshi-tradicionalniot-turnir-vo-mal-fudbal-futsal-8-mi-septemvri-madzari-triangla-za-2021-godina/feed/ 0