турска лира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 11:27:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турска лира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-padna-na-rekordno-nisko-nivo-po-pochetokot-na-noviot-mandat-na-erdogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-padna-na-rekordno-nisko-nivo-po-pochetokot-na-noviot-mandat-na-erdogan/#respond Wed, 07 Jun 2023 11:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=843184

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат. Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто. Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација. Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-padna-na-rekordno-nisko-nivo-po-pochetokot-na-noviot-mandat-na-erdogan/feed/ 0
Турската лира зајакна за шест отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-zajakna-za-shest-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-zajakna-za-shest-otsto/#respond Tue, 14 Aug 2018 10:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=87724

Турската национална валута се стабилизира по неколкудневниот пад на курсот, кога достигна рекорни мининални вредности, по што денеска забележа раст од шест проценти. Денеска еден американски долар според официјалниот курс се менува за 6,55 турски лири. Вчера во еден момент доларот достигна рекордна вредност од 7,24 лири, но турската национална валута потоа зајакна по објавувањето на мерките на Централната банка на Турција за обезбедување „целосна ликвидност“ на банкарскиот сектор. Турската лира од почетокот на годината загуби околу 40 проценти од својата вредност, што според експертите, е резултат на обидите на Владата на Турција да воспостави контрола врз монетарната политика на земјата, но и на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, пособено по одлуката на САД за двојно зголемување на царините за увоз на некои турски стоки. Ердоган изминативе денови во неколку наврати ги повика Турците да ги замента своите заштеди во евра и долари за лири, со што би придонеле за зајакнување на вредноста на националната валута. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-lira-zajakna-za-shest-otsto/feed/ 0
Турската Лира продолжува брзо да паѓа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-lira-prodolzuva-brzo-da-pagja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-lira-prodolzuva-brzo-da-pagja/#respond Mon, 13 Aug 2018 09:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=87256

Турција изработи акционен план и ќе започне да го спроведува денеска за да ги смири вложувачите, изјави министерот за финансии, Берат Албајрак, откако курсот на лирата према американскиот долар потона на најниско ниво на вредност во историјата. Албајрак, во интервју за „Хуриет“ рече дека слабоста на лирата е последица на нападите и дека акциониот план е подготвен. „Од денеска, нашите институци ги преземаат потребните чекори“, најави министерот, без да изнесе конкретни детали. Тој појасни дека планот е подготвен за банките и малите и средни претпријатија, на кои најмногу влијаат осилациите на курсот на валутата. Од почетокот на годината лирата на вредност изгуби повеќе од 45 проценти, воглавно поради загриженоста во врска со влијанието на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган врз економијата, неговото барање за ниски каматни стапки и влошувањето на односите со САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-lira-prodolzuva-brzo-da-pagja/feed/ 0
Рекорден пад на вредноста на турската лира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-vrednosta-na-turskata-lira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-vrednosta-na-turskata-lira/#respond Fri, 10 Aug 2018 13:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=86609

Вредноста на турската лира денеска падна на рекорно ниско ниво во однос на американскиот долар, како резултат на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, но и поради обидите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да воспостави контрола врз монетраната политика на земјата. Еден американски долар денеска се менува за 6,614 турски лири. Од почетокот на годината, турската лира загуби дури 35 проценти од својата вредност, што предизвика вознемиреност меѓу банките во Турција, имајќи предвид дека една третина од нивните кредити се во странска вулата. Таквиот драстичен пад на турската лира резултираше и со намалување на вредноста на акциите на некои од поголемите банки од Еврозоната. Како што објави „Фајненшал Тајмс“, и Европската централна банка стравува дека ваквата состојба во Турција би можела да се одрази на работата не некои од водечките банки во Еврозоната, кои имаат свои филијали во оваа земја, како шпанската ББВА, италијанската „УниКредит“ и француската „БНП Париба“. Акциите на ББВА денеска паднаа за 3,5 отсто, на „УниКредит“ за 3,1 проценти, а на „БНП Париба“ за 3,7 отсто, додека во исто време зедничкиот бенкарски индекс во Еврозоната се намали за 2,7 проценти. Во врска со падот на вредноста на турската национална валута се огласи и претседателот Ердоган, кој ги повика Турците да ги менуваат своите заштеди во девизи во турски лири. - Замените ги еврата, доларите и златото што ги чувате под душеците за лири во нашите банки. Тоа е внатрешна и национална борба, порача Ердоган во обраќање пред симпатизери на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП). Тој обвини дека за ваквата состојба во турскиот монетарен систем се виновни странците „кои се обидуваат да и наштетат на Турција“. Според него, замената на девизи за лири ќе биде одговор на турскиот народ на оние кои водат економска војна против Турција. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-vrednosta-na-turskata-lira/feed/ 0