турски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Nov 2020 09:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Загинаа четири лица во судир на грчки танкер со турски рибарски брод https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-chetiri-lica-vo-sudir-na-grchki-tanker-so-turski-ribarski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-chetiri-lica-vo-sudir-na-grchki-tanker-so-turski-ribarski-brod/#respond Wed, 11 Nov 2020 09:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=427829

Најмалку четири лица загинаа, откако кусо пред шест часот утрово, во близина на Караташ, во областа Адана во Турција, се судриле грчки танкер со турски рибарски чамец, соопштија од крајбрежната служба на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Рибарскиот чамец се превртел, а спасувачките тимови, ги извлекле безживотни тела на четири од петте лица во чамецот, а акцијата продолжува за да се пронајде уште едно лице, кое се води за исчезнато. Причините за несреќата, што се случила на 15 наутички милји од брегот, сѐ уште се непознати. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, танкерот што пловел под грчко знаме е со 27 членови на екипажот, од кои 13 се Грци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-chetiri-lica-vo-sudir-na-grchki-tanker-so-turski-ribarski-brod/feed/ 0
Турскиот брод „Оруч Рејс“ се враќа во Источен Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/#respond Mon, 12 Oct 2020 07:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=415223

Турција издаде нова навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источниот Медитеран од денеска до 22 октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на неговиот официјален Твитер профил кусо напиша: „Оруч Рејс“. Новата турска Навтекс, според грчките медиуми опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, јужно од островите Родос и Кастеоризо, односно речиси во истиот дел како и навигациските информации издадени во август за истиот брод. Медиумите во Грција коментираат дека овој потег на Турција претставува нова провокација и ескалација и ги минира закажаните прелиминарни контакти меѓу двете земји. Од грчкото МНР на 22 септември соопштија дека Грција и Турција се договорија наскоро да го одржат во Истанбул, 61-от круг од прелиминарните контакти. Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, во четвртокот се сретна со неговиот турски колега Чавушоглу, а завчера рече дека датумот за прелиминарните контакти треба да го одреди Турција, бидејќи е домаќин на средбата. – Турската страна, господинот Чавушоглу, се обврза да предложи конкретен датум. Следната средба ќе биде во Турција, според редоследот, бидејќи последната, во 2016 година беше во Атина, па така Турција, која ќе биде домаќин на следната средба, треба да одреди и соодветен датум. Очекуваме од турската страна, рече Дендиас. Последен пат прелиминарни разговори меѓу Анкара и Атина беа одржани во 2016 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/feed/ 0
„Оруч рејс“ со непроменета позиција, Дендиас на средба со Помпео https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oruch-rejs-so-nepromeneta-pozicija-dendias-na-sredba-so-pompeo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oruch-rejs-so-nepromeneta-pozicija-dendias-na-sredba-so-pompeo/#respond Fri, 14 Aug 2020 09:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=390620

Турскиот брод „Оруч рејс“, утрово плови јужно од грчкиот остров Родос и југоисточно од Крит, во, како што смета официјална Атина, грчкиот континентален гребен, а во истовреме, Грција се обидува дипломатски да ги блокира активностите на Турција во Источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Виена ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ. Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања. Министерот за надворешни работи на Грција ќе се сретне и со неговиот австриски колега со кој заедно ќе земат учество на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните актвности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен“. Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за радиото „Скај“ рече дека од денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ очекуваат јасна поддршка од унијата за грчките позиции. За случувањата во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, вчера телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис ја информирал Меркел за турските прекршувања во пресрет на состанокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија. Според туската новинска агенција „Анадолија“, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право, засновано на дијалог и правичност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oruch-rejs-so-nepromeneta-pozicija-dendias-na-sredba-so-pompeo/feed/ 0
Турскиот брод „Оруч Рејс“ го промени правецот, Грција бара да го напушти грчкиот континентален гребен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-brod-oruch-rejs-go-promeni-pravecot-grcija-bara-da-go-napushti-grchkiot-kontinentalen-greben/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-brod-oruch-rejs-go-promeni-pravecot-grcija-bara-da-go-napushti-grchkiot-kontinentalen-greben/#respond Wed, 12 Aug 2020 08:43:56 +0000 https://kurir.mk/?p=389560

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ доцна синоќа го промени правецот и плови североисточно, без да е познато дали се враќа кон пристаништето во Анталија, но според грчките медиуми, и понатаму се наоѓа во морскиот дел за кој Грција смета дека е нејзин континентален гребен, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција објавуваат дека турскиот брод воопшто не започнал со истражувањата, веројатно поради бучавата од воените бродови од двете земји. Дополнително, коментираат дека „Оруч Рејс“, континуирано го следат бродови на грчката воена морнарица. Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос синоќа одржа состанок на Советот за одбрана на кој присуствуваа началниците на Генералштабот на армијата, на воената морнарица, на военото воздухопловство зада се оцени ситуацијата во поширокиот регион. За последните турски активности, Грција побара свикување на вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, а шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека „нема да постои никаква толеранција за обидите на Турција“. -Се обраќаме до сите. Јасно ставаме на знаење дека Грција ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права. Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен, рече Дендиас. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера телефонски разговараше со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис за турските активности во Источниот Медитеран. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-brod-oruch-rejs-go-promeni-pravecot-grcija-bara-da-go-napushti-grchkiot-kontinentalen-greben/feed/ 0
Мицотакис ќе ги информира лидерите на политичките партии за турскиот брод, непроменета позицијата на „Оруч Рејс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/#respond Tue, 11 Aug 2020 09:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=389164

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што тврди Грција, грчкиот континентален гребен, но без при тоа да има започнато со истражувањата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска телефонски ќе ги информира лидерите на политичките партии, а рано утрово веќе разговараше со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и ја информираше за последните случувања во Источниот Медитеран. Според грчките медиуми, бучавата од бродовите на турската воена морнарица кои го придружуваат „Оруч Рејс“, како и од бродовите од грчката воена морнарица што се наоѓаат во истиот дел, не дозволуваат да се создадат услови за почеток на истражувања. Државната телевизија ЕРТ објави дека во текот на ноќта, грчките бродови правеле дополнителна бучава за да се спречат истражувањата, но испраќале пораки дека турските бродови се наоѓаат во грчкиот континентален гребен. Одговорот од бродовите на воената морнарица на Турција бил дека тие се во рамките на турската ексклузивн економска зона. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Стејт Департментот ја повикале Анкара да запре со активностите во Источен Медитеран, што ги зголемуваат тензиите во регионот. Министерството за национална одбрана на Турцијана официјалниот „Твитер“ профил вчера објави фотографии од „Оруч Рејс“ како плови кон крајната дестинација, во придружба на бродови од турската воена морнарица. Грчката амбасада во Анкара, по упатствата од министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, вчера достави демарш до турското МНР, додека пак официјална Атина, преку соопштение од Министерството за надворешни работи порача дека Грција „нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права“ и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“. За стуацијата во Источен Медитеран, Мицотакис вчера разговараше со Генералниот секретар на НАТО, а Дендиас со министерот за надворешни работи на Германија. Новата заостреност во грчко – турските односи започна откако вчера Турција издаде нова навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч рејс“ во морскиот дел јужно од Кастелоризо. Следеше одговор од хидрографската служба на грчката воена морнарица со контра нафтекс и одговор дека турската активност е нелегална поради тоа што е во дел во рамките на грчкиот континентален гребен. Координатите на турската Нафтекс, според грчките медиуми се идентични и во истиот морски дел, како и претходната навигациска информација издадена пред 20-ина дена, меѓутоа тогаш, бродот остана закотвен на пристаништето во Анталија и воопшто не ги започна истражувањата, но ги заостри односите меѓу Грција и Турција, а германските медиуми тогаш пишуваа дека Ангела Меркел интервенирала за смирување на тензиите. Конкретната турска Нафтекс, според медиумите во Грција, завршува онаму каде што започнуваат координатите од договорот меѓу Грција и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, а новинарите коментираат дека новата Нафтекс е реакција и одговор на Турција, на конкретниот договор меѓу Атина и Каиро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-gi-informira-liderite-na-politichkite-partii-za-turskiot-brod-nepromeneta-pozicijata-na-oruch-rejs/feed/ 0