турски театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Aug 2020 06:59:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турски театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турскиот театар со претставата „Бог на масакарот“ за затворање на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turskiot-teatar-so-pretstavata-bog-na-masakarot-za-zatvoranje-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turskiot-teatar-so-pretstavata-bog-na-masakarot-za-zatvoranje-na-ohridsko-leto/#respond Sun, 30 Aug 2020 06:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=396724

Со претставата „Бог на масакарот“ во изведба на НУ „Турски театар“ од Скопје се спушта завесата на годинешното јубилејно 60-то по ред издание на Фестивалот „Охридско лето“. Неслучајно настапот на Турскиот театар е избран за терминот на свеченото затворање на „Охридско лето“, за на тој начин да се одбележи јубилејот на установата – 70-годишнината од основањето. За претставата „Бог на масакарот“ режисерката Билге Емин вели дека го презентира насилството во луѓето, дивјаштвото што демне во секој од нас… Претставата започува со мислата „Дека без оглед на сé, постои нешто што се вика уметност на соживот“ но со развојот на дејствието започнува да се доведуваат во прашање виталните животни вредности како што се: брак, деца, професија, социјална средина, статус итн. Во текот на драмското дејствие на гледачот му се наметнуваат низа витални прашања: дали „дивјаштвото” е вродена состојба или чувство кое подоцна ни било наметнато; дали ние управуваме со институцијата брак или ние сме управувани од институцијата; имајќи на ум дека секој гледач може да се соочи или на своја кожа да ги осети наведените состојби. „Егото го води човекот до изумирање. Без оглед колку човекот се обидува да излезе од системот, системот го привлекува. Не можете да се спротивставите на системот. Во мигот кога ќе се спротивставиш твојот „Бог на дивјаштвото“ ќе биде уништен од неговиот Бог на дивјаштвото. Важно е: Дали да се држи чекор со системот или не? Дали да се постигне решение на проблемот или не? Сето тоа е определено од одлуките и изборот на поединецот“, вели Емин. Улогите во претставата ги толкуваат Сузан Акбелге, Џенап Самет, Филиз Ахмет и Селпин Керим. Сценографија е на Татјана Блажевска – Христовска, костимограф Марија Пупучевска а асистент на режисерот Џенап Самет. Претставата ќе се игра на сцената Долни Сарај со почеток од 21 часот. Инаку, ова фестивалско издание на „Охридско лето“ поради ситуацијата со коронавирусот се одржа во термин различен од вообичаениот, со намален број содржини, пред строго ограничен број гледачи. Независно рестриктивните мерки за заштита публиката во Охрид изминатите 27 фестивалски дена можеше да ужива во 26 музички концерти и шест театарски претстави, избрани за и во вонредни околности и покрај ограничувањата, да се задржи високото уметничко ниво што го носи брендот „Охридско лето“, како врвна културна институција со реноме градено со децении.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turskiot-teatar-so-pretstavata-bog-na-masakarot-za-zatvoranje-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Турскиот театар остана без директор: Шабан си даде оставка, обвинува за политички притисоци врз него https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turskiot-teatar-ostana-bez-direktor-shaban-si-dade-ostavka-obvinuva-za-politichki-pritisoci-vrz-nego/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turskiot-teatar-ostana-bez-direktor-shaban-si-dade-ostavka-obvinuva-za-politichki-pritisoci-vrz-nego/#respond Tue, 24 Jul 2018 19:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=80668

Вршителот на должноста директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан, даде оставка. Тој во оставката адресирана до министерот за култура, вели дека се соочувал со притисоци и уцени и на овој начин изразува револт и протест против сите обиди за, како што вели, партизација на театарот. „Како в.д. директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум. Екипата се комплетира со седум колеги од техничката екипа на Турски театар Скопје. Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце. Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на Турскиот театар и намерна опструкција на политичката ‘елита’ за непречена работа на Турски театар – Скопје, ме натераа да поднесам неотповиклива оставка на функцијата директор бидејќи сум професионалец, а ние, уметниците, знаеме кога е време и кој е начинот на протест сè со една цел: го кревам гласот против партизација и поделби наметнати од партизација на турските политички партии“, напиша Шабан на „Фејсбук“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turskiot-teatar-ostana-bez-direktor-shaban-si-dade-ostavka-obvinuva-za-politichki-pritisoci-vrz-nego/feed/ 0