турски товарен брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Jun 2018 11:30:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турски товарен брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брод тоне во Јадранско море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-tone-vo-jadransko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-tone-vo-jadransko-more/#respond Sun, 17 Jun 2018 11:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=66663

Во јадранскиот архипелаг Јабука изутрината се случила несреќа на турски товарен брод откако вода продрила во потпалубата. Според последните информации, дел од посадата е евакуирана, нема повредени и не забележано загадување на морето. Хрватското Министерство за море соопшти дека во координацијата меѓу хрватската и италијанската страна преземена е акција за спасување во која евакуирани се осуммина членови на посадата. Капетанот на турскиот брод одлучил да остане заедно со четворица членови, колку што е можно повеќе, во обид да го спасат бродот. Бродот е долг 85 метри со 13 членови на посадата, од кои 11 се државјани на Турција и двајца на Индија, и плови под знаме на Турција. Бродот се наоѓа на 52 километри од островот Вис, во подрачје кое излегува од хрватското територијално море. Во соопштението се истакнува дека на позицијата моментно не е воочено загадување на морето, но се додава дека Управата за сигурност на пловидба мора да ги помине сите протоколи со цел спречување и санирање на евентуално загадување, со оглед на тоа што турскиот брод пренесува 3.000 метрични тони синтер магнезит, а во бродскиот магазин има околу 70 тони погонско гориво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-tone-vo-jadransko-more/feed/ 0